You are on page 1of 5

Животно осигурување

НЛБ Банка во соработка со Кроација Живот


Изработиле:

Ели Попоска
Антониа Петрушеска
Животното осигурување е еден од двата главни облика на осигурување,
покрај неживотното осигурување. Овој тип на осигурување опфаќа
осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт,
мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на
живот со поврат на премии
Новиот продукт, како што и самото име кажува, во себе интегрира
повеќе поволности и нуди низа придобивки, а клиентите добиваат
дополнителна сигурност преку осигурувањето на живот, и
осигурувањето од незгода кои се дел од продуктот. „Сигурност плус“
осигурувањето е достапно ексклузивно само во врзана продажба со
НЛБ потрошувачките кредити и нуди поголема достапност на
животното осигурување за сите клиенти корисници на потрошувачки
кредити преку брзиот и лесен пристап во осигурувањето без
пополнување на здравствени прашалници и без вршење на
дополнителни лекарски прегледи. Исто така, корисниците на ова
осигурување ќе имаат олеснето плаќање на премијата за осигурување,
преку месечните рати со кредитот, а износот на осигурената сума
останува ист до крајот на отплата на кредитот (не се намалува со
отплатата на кредитот). Како дополнителна придобивка, покрај
животно осигурување, „Сигурност плус“ во себе вклучува и
осигурување од незгода со покритие за повреди и траен инвалидитет,
а клиентите ќе имаат можност да одберат и премиум пакет со
покритие за операции.
Со воведувањето на овој продукт во соработка со Кроација
осигурување Живот, има голем и значаен исчекор во поглед на
достапноста на животното осигурување, како и понуда на низа
поволности за клиентите. Ја зголемува свесноста за бенефитите кои
ги нуди животното осигурување, овозможувајќи поголема удобност
и сигурност при отплатата на кредитите. Препознавањето на оваа
придобивка кај клиентите сè повеќе се зголемува, а соодветно на
тоа се зголемува и побарувачката за овие кредити.
Новиот продукт за животно осигурување „Сигурност плус“, има за цел да го
зголеми користењето на животното осигурување, да ја подигне свесноста
кај клиентите за важноста на нивната финансиска сигурност, односно,
клиентите да не го чувствуваат осигурувањето како товар, туку како бенефит
и додадена вредност.

You might also like