You are on page 1of 3

Дневник на часови во О.О.

У „Димо Хаџи Димов“ Скопје

19.04.2023 Среда
-Македонски јазик и литература: Изучување на буквите Ф и Х: Вежби во тетратка
(пишување на мала и голема Ф и Х буква), обработка на текст со ново изучените
букви и препишување на текстот.
-Математика: Собирање и одземање до 20 без премин (вежби)
-Англиски јазик: Повторување на годишните времиња.Сложувалка за празникот
Велигден, боење на тематски анимации (јајца, кошници...) .
-Општество: Започнување на нова тема „Во мојот дом“. Дискусија за пристојно
однесување дома и во супермаркет. Цртање на потесното семејство.

20.04.2023 Четврток
-Македонски јазик: Вежби со буквите Ф и Х. Читање на текстот „На големиот
одмор“ и одговарање на прашањата од учебникот. Самостојна работа:
Препишување на текстот во тетратка.
-Физичко и здравствено образование: Трчање околу сталка (бавно, брзо, со
потскокнување и со допирање на рацете со колената), вежби за растегнување,
игра „Годишни времиња“.

21.04.2023 Петок-неработен ден

24.04.2023 Понеделник
- Македонски јазик: Обработка на текст „Телефонски разговор“, дискусија за
телефонските разговори и видовите на разговори. Анализа на текстот и споредба
на личните телефонски разговори со оној прикажан во текстот. Кратка
драматизација на телефонски разговор. (Сценарио за 22.04.2023)
- Математика: Собирање и одземање до 20 без премин (повторување: решавање
задачи на табла), задачи со поголемо, помало и еднакво.
25.04.2023 Вторник
- Македонски јазик: Учениците водат дискусија за загаденоста на воздухот и за
еколошката состојба во градот. Споделуваат мислења за различните фактори кои
предизвикуваат загаденост. Учениците го читаат текстот „Зачаден разговор“ и
даваат предлози за намалување на загадувањето. (Сценарио за 25.04.2023)
- Математика: Одземање без премин (вежби во тетратка и на табла).
- Музичко: Слушање песни од детски фестивали, запознавање со броилки и
слушање на бројалката „Топчето ми падна“. Одговарање на прашања поврзани со
бројалката, броење на зборови во песната, слогово нагласување и броење
стихови.

26.04.2023 Среда
- Македонски јазик: Изучување на буквата Џ: Асоцијации за изгледот на буквата и
споредување со други букви. Наставен лист: Заокружување на зборови кои ја
содржат новоизучената буква, заокружување на буквата и пополнување на
празните места каде што недостасува буквата.
-Општество: Разгледување на новите учебници и првата тема „Улоги и обрски во
домот“. Дискусија за задолженијата во домот на членовите на семејството.
-Математика: Собирање и одземање до 20 (вежби).

27.04.2023 Четврток
- Македонски јазик: Изучување на буквата Ѕ: Пишување по три реда од малата и
големата буква Ѕ. Наставен лист: Слики со зборови кои ја содржат буквата Ѕ,
заокружување на зборовите кои ја содржат буквата и пополнување на празните
места каде што недостасува буквата Ѕ.
- Природни науки: Сили и видови на сили (повторување на почетокот на часот).
Магнети и магнетни сили, ист и спротивен пол кај магнетите. Раскажување на
приказната за Магнус и отривањето на магнетите. Истражување врз кои
материјали се лепи магнетот а врз кои не.
28.04.2023 Петок
- Македонски јазик: Обработка на тест „Џебовите на Ѕвонко“. Читање на текстот и
дискусија за ликот на Ѕвонко. Пронаѓање на зборовите во текстот кои посочуваат
дека Ѕвонко не бил најуредниот ученик и препишување на одредени реченици од
текстот.
- Математика: Собирање и одземање до 20 без премин: Задачи на табла и
текстуални задачи.

01.05.2023 Понеделник-неработен ден

02.05.2023 Вторник
- Македонски јазик: Обработка на текстот „Во автобус“. Дискусија за превозните
средства, искуствата со различните превозни средства, читање на текстот,
дискусија за ликовите и препишување на текстот во тетратка. (Сценарио за
02.05.2023)
- Математика: Собирање и одземање до 20 без премин, игра со собирање и
одземање, задачи на табла и текстуални задачи.

03.05.2023 Среда
- Математика: Собирање со три броја: Вежби во учебникот со броење на квадрати
во боја, решавање задачи на табла и текстуални задачи.
- Англиски јазик: Основни бои, пролетна тема и боење пеперутки.

You might also like