You are on page 1of 3

ПОВРАТНА СИЛА НА ПРАВОТО НАНАЗАД ВО ВРЕМЕТО

И ЗАБРАНАТА НА РЕТРОАКТИВНО ВАЖЕЊЕ И ПРИМЕНА НА ПРАВОТО

1. Еден најзначајните принципи на кои се заснова правото и се дел од неговата


природа е принципот на важење на правните норми за во иднина (pro futuro).
Значи, од аспект на времето како физичка категорија низ која важи и се
применува правото (односно, општите правни норми и општите правни акти),
тие важат и се применуваат само откога ќе стапат во сила и само врз
општествените реалности кои ќе се случат по нивно стапување во сила, а не
врз оние кои се случиле претходно;

2. Зошто правото односно општите правни норми, во принцип, важат за во иднина


(pro futuro)? Затоа што правото треба да обезбеди правна предвидливост и
правна сигурност во општеството, предвидливост и сигурност во однесувањата
на луѓето, во нивните меѓусебни односи. Со други зборови, субјектите на
правото однапред треба да знаат што е дозволено, што е забрането, однапред да
си ги знаат своите правни овластувања и правни задолженија во правниот
сообраќај;

3. Обратно погледнато, важењето и примената на општите правни норми само за


во иднина истворемено подразбира дека тие, по правило, не смеат да важат и не
смеат да се применуваат наназад во времето. Тоа е познато како забрана за
ретроактивно важење и примена на правото и,исто така, е еден од темелните
приципи и правила на правото.

4. Сумарно, правото важи и се применува само за во иднина и не смее да важи


наназад во времето за работи кои се случиле во минатото, пред неговото
стапување во сила!

5. Дали има отстапување односно исклучок од оваа и ваква забрана за


ретроактивно важење и примена на правото наназад во времето? ДА, има
исклучоци, но под еден предуслов – новата општа правна норма да предвидува
правно решение кое е поповолно за субјектите на правото од претходното!
Значи, само доколку новата општа правна норма предвидува поблаго решение
за засегнатите субјекти на правото, може исклучително да се предвиди таа да
важи и да се применува и за работи кои се случиле пред нејзиното стапување во
сила. Значи, само ако новото правно решение е поблаго за субјектите на
правото, во правото може да се „жртвува“ правната сигурност и правната
предвидливост, а секако во корист на она што е поповолно и полесно за
субјектите на правото (логиката позади е„никој не се жали од полесно и
поблаго, дури и кога тоа е непредвидено и непознато однапред“ ).
САМО ЗА ИЛУСТРАТИВНИ ЦЕЛИ, ЗА РАЗБИРАЊЕ НА ГОРЕНАВЕДЕНИОТ
ТЕМЕЛЕН ПРАВЕН КОНЦЕПТ:
ПРИМЕР БР. 1
Замислете си вака: Се запишувате на правни студии и имате амбиција правната
кариера во иднина да ви биде судија/судијка или обвинител/ка. Тоа значи, по
завршување на правните студии да се запишете на Академија за судии и
обвинители. Според важечките законски одредби во времето на вашето
запишување на правните студии, за запишување на Академијата за судии и
обвинители нема некаков законски услов во однос на просекот на оцени што треба
да го остварите. Стигнувате до петти семестар / трета година на студиите, а
законодавецот во меѓувреме одлучува да ги заостри условите според кои
дипломирани студент(к)и по право ќе може да се квалификуваат да продолжат на
Академијата, и да воведе баш таков законски услов - за запишување на Академија
за судии и обвинители да може да се квалификуваат само студент(к)ите кои
завршиле правни студии со минимум просек 8. Како ќе важи новото законско
решение? Дали вас треба да ве засегне? Не! Новото законско решение односно овој
нов законски услов за просекот од студии треба да важи само за во иднина и да ги
засега само новите генерации студент(к)и кои ќе се запишуваат на правни студии
откога новото законско решение ќе стапи во сила. Ако законодавецот предвиди
новиот законски услов да важи наназад во времето, да важи и за вас што сте се
запишале на правни студии пред неговото стапување во сила, тоа би било повреда
на забраната за ретроактивно важење на правото! Таквото решение е построго,
предвидува поголемо оптоварување, и може да важи само за во иднина. Повредата
на забраната за ретроактивност би подлежела на правни напади (на пример, кај нас,
иницијатива за оценување на уставноста на таквото законско решение пред Уставен
суд по основ на повреда на забраната за ретроакивно важење и примена).
***
Сега замислете ја обратната ситуација: кога сте се запишале на правни студии
имало таков законски услов за просекот, имено просек 8 за да се запишете на
Академијата за судии и обвинители, но во текот на третата година од вашето
студирање, законодавецот носи ново законско решение по кое таквиот законски
услов за просекот оцени од минимум 8 се укинува. Дали укинувањето на новото
законско решение ќе важи само за идните студент(к)и, само за оние кои ќе се
запишуваат откога ќе стапува во сила новото решение? Не! Ќе важи и ќе се
применува и за оние кои се запишале пред стапување во сила на новото законско
решение, односно ќе важи наназад во времето и за оние кои тековно студираат , па
и дури и ако веќе се дипломирани правници (без просек 8). Зошто? Затоа што
новото решение е поповолно и полесно решение за засегнатите субјекти на правото
и затоа ваков исклучок на ретроактивно важење на правото наназад во времето е
дозволиво во правото.
ПРИМЕР БР. 2:
За разлика од претходниот устав од 1974 година, Уставот на Република Македонија
од 1991 не ја предвиди смртната казна како казна во македонскиот правен поредок.
Дали ваквата забрана се однесува/ше само за убиства сторени по стапување во сила
на Уставот, односно само за идни убиства? Не! Ваквото решение како
поповолно/поблаго важеше и ретроактивно односно наназад во времето и за
убиства и убијци кои ги извршиле убиствата пред стапување во сила на Уставот од
1991
Нна пример, оние кои во тој период биле тековно на судење по судовите а за кои
претходно можело да се пресуди смртна казна, по стапување во сила на Уставот од
1991 година, тоа веќе не можеше, односно не можеше судовите да пресудат смртна
казна).
***
Сега замислете обратно: Претходниот устав да не предвидувал смртна казна
односно да предвидувал само доживотен затвор како најтешка казна, а токму
уставот од 1991 да ја вовел смртната казна. Дали смртната казна би важела и за
убиства и убијци кои извршиле убиства пред неговото стапување во сила? Не! Ако
да, тоа би било повреда на забраната на ретроактивно важење на правото бидејќи
новото решение е построго и потешко за субјектите на правото/убијците од
претходното (смртната казна не е поблаго решение од години затвор , па и од
доживотен затвор).

You might also like