You are on page 1of 5

Активности за домашна работа по македонски јазик

од 26.05. до 29.05.2020
Одд.наставник Зорица Калајџиеска , второ-1 одделение

Задолжителни домашни активности

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 26.05.2020

Обработка на народната приказна „Лажливец“,учебник страна 154

Внимателно прочитај го текстот неколку пати. Потоа одговори ги


следниве прашања усно:
1. Што чувало едно овчарче?
2. Што почнало да бара овчарчето?
3. Кој дотрчал на помош?
4. Што виделе селаните?
5. Кој го нападнал еден ден неговото стадо ?
6. Што си помислиле селаните?
7. Дали некој отишол да му помогне на овчарот? Зошто?
Запиши го планот во тетратка

Воведен дел: Овчарчето викало дека видело волк.


Главен дел: Овчарчето ги измамило селаните неколку пати.
Завршен дел: Никој не му поверувал на овчарчето кога ја кажувало вистината.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 27.05.2020

Обработка на стихотворбата „Семафор“


Учебник стр 79 . Прочитај ја стихотворбата. Потсети се дека секој ред
во стихотворба се вика стих, а повеќе стихови прават строфи.
Домашна задача:Запиши ги зборовите со рима во тетратката по македонски
јазик

Пример : створ----семафор
горам--------стојам
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 28.05.2020

Обработка на лектирата „Зоки Поки“ (2 наставни часа)


Следниве прашања одговори ги усно:

1. Како се вика најдобрата пријателка на Зоран?

 Лидија

 Марика

 Снежана

2. При првата средба Лидија му даде ново име на Зоран, а тоа е :

 Зоки Воки

 Зоки Моки

 Зоки Поки

3. Лидија живееше на

 првиот кат од неговата зграда

 третиот кат од неговата зграда

 подолниот кат од неговата зграда

4.Што почна да учи Зоки Поки?

 Да брои

 Да пишува

 Да чита

5.Дојдоа гости и му донесоа на Зоки ќесе :

 играчки
 карамели

 компири

6.На кој број застана Зоки и не можеше да продолжи понатаму?

 Два

 Пет

 Три

7.Зошто може да се рече дека Зоки Поки е итар?

________________________________________________________________

________________________________________________________________

_____________________________________________________________

8.Баба му на Зоки му рече: «Срам да ти е, Зоки, не зборувам повеќе со тебе.»

Зошто? Затоа што:

 беше добра

 беше лута

 беше среќна

9.Со што Зоки на своето лице си нацрта смешни извиени мустаќи?

 Со карминот на мајка си

 Со паста за заби на мајка си

 Со фломастери на мајка си

10.«Го зеде бокалот од масата, замижа и го истури врз.......»

 главата

 масата
 подот

11.Зоки е болен од:

 грип

 настинка

 сипаници

12.Мечето на Зоки е направено од:

 дрво

 железо

 слама

13.Какво време беше надвор тој ден?

 Врнеше дожд

 Дуваше ветер

 Паѓаше снег

14.По кој повод Зоки цело попладне дочекуваше гости?

 Има именден

 Има роденден

 Има слава
15.Зошто Зоки на крајот од расказот остана со зината уста?

 Го снема балонот

 Ги снема играчките

 Ги снема гостите

Домашна задача: реши го наставниот лист за Зоки Поки

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 29.05.2020


Обработка на текст,, „Другарки“ “

Внимателно прочитај го текстот на страна 153 неколку пати. Потоа


одговори ги усно прашањата што се наоѓаат под текстот.

Домашна работа: Што значи за тебе да имаш добар другар/ка?

You might also like