You are on page 1of 11

Картографски проекции и

нивна комаптибилност со
одредени инструменти
Агенда
ГЕОМЕТРИСКИ ЕЛЕМЕНТИ НА
ЗЕМЈИНИОТ ЕЛИПСОИД
• Земјата е физичко небесно тело со елипсоидна форма, на кое се
наоѓаат голем број неправилни релјефни форми. За да може
истата правилно да се претставува, низ нејзината површина
замислени се повеќе точки и линии.
• Основни замислени точки и линии на Земјиниот елипсоид се:
географските полови, меридијаните, напоредниците и екваторот.
• Замислената линија околу која се врти Земјата, а која ги спојува
двата пола се вика Земјина оска.
• Точките во кои оската ја сече површината на елипсоидот се викаат
полови. Тие се северен - Pn и јужен пол – Ps.
Слика бр. 1
Елементи на
Земјиниот
елипсоид
Слика бр.2 Земјиниот елипсоид
Поимно определување на поимот
топографска карта
• Под поимот земјиште се подразбира површинскиот слој на некој
дел од Земјиното копно со сите природни возвишенија и
вдлабнатини, води, растителен свет, населени места,
комуникации и сите други природни и создадени објекти на него.
• Основни средства за проценување и ориентација на земјиштето
се топографските и специјалните карти.
• Поимот карта (лат. збор Charta што значи писмо, извештај,
исправа).
• Карта претставува намалена слика на Земјината површина или
нејзин дел претставен на рамнина.
Картографски проекции
• Збир од математички операции при проектирање на усвоени
математички земјени површини на карта се викаат картографска
проекција. Со неа математички е дефиниран начинот на
проектирање на точки од земјината површина на карта.
• Има повеќе врсти на проекции, но сите може да се поделат во
групи према карактерот на деформација
• (конформни,еквивалентни, еквидистантни и произволни)
• и према начинот на конструирање на картографската мрежа
(азимутни, цилиндрични, конусни и конвенционални).
Математички елементи на карта
• Математичките елементи ја дефинираат математичката основа на
картата, која ги одредува геометриските закони и својства на
картографското претставување. Со овие закони се утврдуваат
меѓусебниот однос и локациската врска меѓу точките, линиите и
површините на Земјата и истите објекти на карта.
• Математичката основа на карта ја сочинуваат следниве
математички елементи:
• геодетска основа;
• картографска проекција; и
• размер.
Геодетска основа
• Геодетската основа го одредува преминот од физичката површина
на Земјата на карта со помош на координатна мрежа.
• За точно премерување на земјиштето, а со тоа и реално
пренесување на истото на карта, се користат пет вида на
математички точки: астрономски, тригонометриски, полигонски,
нивелмански и коти.
• Астрономските точки служат за одредување на географската
ширина и должина, со помош на специјални инструменти за
набљудување на небеските тела. Тие се обележуваат со камен или
бетонски столб. Примената на астрономскиот метод овозможува
брзо и прецизно одредување на географските координати на
точката. Топографскиот знак за астрономските точки е рамностран
триаголник со точка во средината, кој со едно теме е свртен кон југ.
Нивната висинска вредност е дадена во цели метри.
• Тригонометарски точки се наречени точките чиишто географски
координати и надморска висина се одредени по тригонометарски
пат на сметање. Теренската и пресметковна работа во врска со
одредувањето на тригонометарските точки претставуваат
геодетска операција, која се вика триангулација (лат. triangulum –
триаголник).
Мерење на должини на карта -
картометрија
• Зборот картометрија или мерење на карта, потекнува од фрнцускиот збор carte, што значи
карта и грчкиот збор metron, што значи мерење. Картометријата е дел картографијата и се
занимава со проучување на мерењата на плановите, топографските и географските карти.
• Со помош на топографска карта, можат да се извршат одредени картометриски постапки,
како што се:
• одредување положби на точки – цели на земјиштето и растојанието меѓу нив;
• мерење на хоризонтални и вертикални агли;
• одредување површина на некој земјишен простор;
• проверување меѓусебна видливост на точки во дадена насока;
• мерење маршрута и пресметување на времето
• потребно за изведување на марш;
• проценка на земјиштето на одреден правец, зона, реон.

You might also like