You are on page 1of 13

ВИДОВИ СООБРАЌАЈ

ВО МАКЕДОНИЈА

ИЗРАБОТИЛА:
МАТЕА ТРАЈКОВСКА VII-3 одделение
СООБРАЌАЈ

Превоз, сообраќај или транспорт е движење на луѓе, добра, сигнали и информации од едно


место до друго. Поимот е изведен од латинските зборови trans („преку“) и portare („носи“).
Сообраќајот е стопанска гранка која ја опфаќа просторната поврзаност на географските
области и населби, така што овозможува движење на на луѓето, размена на производи и на
информации.
Сообраќајот како систем го сочинуваат: сообраќајната мрежа, сообраќајните сретства и
сообраќајните институции, односно луѓето. Сообраќајот во општеството има две важни улоги:
економска и општествена.
Формирањето и организацијата на сообраќајниот систем зависи од повеќе критериуми,
принципи и фактори. Најзначајни се: географската положба, релјефот, населението и
развиеноста на стопанството.
Географската положба, како критериум и како фактор, влијае во смисла на тоа дали одреден
простор се наоѓа на линијатана некој сообраќаен коридор или е подалеку. Македонија, како држава се
наоѓа во централниот дел на Балканскиот Полуостров, се наоѓа на линијата на сообраќајниот коридор
10 од Белград, Ниш и Солун до Атина.
Формирањето и изградбата на сообраќајната мрежамногу зависат од одликите на релјефот на
одредена географска територија. Изградбата на сообраќајницитево рамниците е многу полесна,
побрза и поевтина, во споредба со изградбата во ридсите и во планинските простори, во кои е тешка,
бавна и многу поскапа.
Сообраќајниците во Македонија главно се изградени низ композитнитедолини на реките:
Вардар, Брегалница, Крива Река, Црн Дрим, Радика и други. Но, поради лошите релјефни услови и
геолошки состав, нивната изградба била и е мошне тешка.
Населеноста, како фактор во формирањето на сообраќајната мрежа, влијае преку бројноста на
населението. Тоа значи дека колку е поголем бројот на населението во регионите толку е поголема
потребата од изградба на сообраќајници. Развиеноста на стопанството влијае позитивно врз
сообраќајниот систем ако е на повисоко развојно ниво и обратно.
Врз основа на сите позитивни и негативни критериуми и фактори, во Македонија е изградена
основната сообраќајна мрежа од патишта и железници. Мрежата од патишта ја сочинуваат
магистралните патишта со меѓународно значење (како што се релациите на сообраќајницата од
Табановце, Скопје и Гевгелија кон Солун), потоа регионалните патишта со национално значење и
локалните патишта што имаат исклучиво национално значење.
СООБРАЌАЈНИ ГРАНКИ

Сообраќајот, како стопанска гранка се дели: според функциите, според просторните растојанија
што се совладуваат и според амбиентот во кој се одвива.
Сообраќајниот систем според функцијата што ја врши се дели на товарен и патнички.
Според простојните растојанија, сообраќајот се дели на: градски, приградски, регионален,
меѓународен, интерконтинентален и космички.
Според амбиентот во кој се одвива, според одликите на сообраќајната мрежа и сообраќајните
средства, сообраќајот се дели на:

- копнен,
- воден,
- воздушен,
- ПТТ сообраќај и
- електронско-информациски сообраќај.
Според ваквата поделба се развиени посебни сообраќајни гранки.
Копнен сообраќај
Копнениот сообраќај се класифицира како патен, железнички и специјален.

ПАТЕН СООБРАЌАЈ
Се до појавата на железницата, патиштата биле главни носители на копнениот сообраќај. Во
Стариот, Средниот и Новиот век, патиштата воглавно се граделе за воени, верски или административни
потреби. Економската оправданост за изградба на патот доаѓа подоцна, односно започнува со појавата
на траклото, а станува се поголема со зголемувањето на трговската размена помеѓу народите и
државите, па се до појавата на колата, кадешто зема огромен замав. Појавата на колата условила нови
критериуми за конструкцијата на патиштата, како отпорноста на временските услови, трасирањето на
наклони, издржливост од поголема оптовареност, сигурноста и др.
Според статистиките, денес во светот се смета дека има околу 16 милион км патишта. Најмногу се
застапени макадамските со околу 8 милиони, потоа асфалтните и бетонските со околу 5 милиони, а
остатокот отпаѓа на земјаните патишта.
За неѓународната патна мрежа во Европа се смета за одговорна Европската комисија про
Обединетите Нации (UNECE).

ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ
Железница или железнички превоз е транспорт на патници и стоки по пруга. Возилата што
возат на пругата се распоредени во воз; серија на поединечни возила (со или без погон) поврзани
заедно. Овие возила (најчесто наречени вагони или коли) се движат со многу помало триење од
возилата што возат со гуми на поплочен пат, и како резултат, локомотивата што го влече возот многу
поефикасно ја искористува енергијата.
Развој на железницата
Први железни вагони на шини се употребувале уште во XVI век во Германија и Англија за
превоз на ископана руда, влечени од коњи. Англискиот инженер Џорџ Стивенсон (1781-1848) (George
Stephenson) ја измислил првата парна локомотива во 1814 година. Можела со брзина на пешак да
влече неколку рударски вагони.
Со градбата на удобни патнички и товарни вагони, почнува развојот на железницата.
Првата јавна железница воспоставена е на 27 септември 1825 година
помеѓу Стоктон и Дарлингтон во Англија.
Железничкиот промет е многу значаен, но во последно време се намалува
заради автомобилот, камионот и автобускиот сообраќај. После спората парна
локомотива неминовна беше појавата на дизел и електрична локомотива, а како најголем дострел
се возови на магнетни перници, надокнадуваќи ја со тоа брзината, ефикасноста, еколошкиот и
економискиот ефект.
Пампур - малата локомотива
Првата локомотива на Стивенсон
1814 год.

Првата железничка станица во Скопје

Железничка станица во Скопје градена 1937 год


Историја на македонската железница

Првата јавна железница во Македонија воспоставена е на 9 август 1873 помеѓу Скопје и Солун.


Во 1888 година се спојува вардарската со моравската железница.
Во летото 1916 почнува со изградба линијата Ханриево (Ѓорче Петров)
– Охрид преку Тетово, Гостивар, Кичево со крак према Струга и Ташмаруништа но пругата
е теснолинејка наречена „пампур“ или „чајниче“ Во 1923 се поврзува пругата Генерал
Ханрис (денешно Ѓорче Петров) – Охрид со Скопје односно пругата била продолжена од Ханриево до
„Мала станица“ (наспроти денешна НИП Нова Македонија).
Во 1937 година почнува изградбата на новата железничката станица во Скопје која трае 3 години.
Во тоа време станицата во Скопје била една од најубавите на Балканот која имала огромен хол од 1000
м 2 со подземни премини и повеќе покриени перони.
ВОДЕН СООБРАЌАЈ ВО МАКЕДОНИЈА

ВОДЕН СООБРАЌАЈ ВО МАКЕДОНИЈА – вид сообраќај, погоден за транспорт на стока, бил застапен кај нас


во вид на сплаварење по реките, претежно за транспорт на дрва од шумите, како и на Охридското и
Преспанското Езеро, главно за туристички цели. Повеќе од 150 години е стара идејата да се изгради пловен пат
Дунав – Егејско Море, долг 700 км, што би минувал низ Велика и Јужна Морава (Србија), Пчиња и Вардар, со кој
би се скусил патот преку Црно Море за повеќе од 1.000 км. Од експерти на ООН чинењето на пловниот пат во
1973 г. било проценето на милијарда американски долари, но објектите би служеле и за други намени (заштита
од поплави, енергетика).
Морскиот сообраќај е еден од најстарите видови на сообраќај за транспорт на стока и патници. Најпрво
доминирал бродот со весла, од каменото време па се до бронзеното, а подоцна се јавува бродот со едра. Први
морепловци се споменуваат Феничаните. Потоа доминацијата ја превземаат Грците а потоа и Римјаните. 
ВОЗДУШЕН СООБРАЌАЈ

Во Македонија воздушниот сообраќај се одвива преку аеродромите во Скопје и Охрид. Тие се


главните воздушни пристаништа за транспорт на патници и на стоки до европските центри, од каде што
се поврзуваме со другите земји во светот.
Воздушниот сообраќај е еден од најновите видови на сообраќај, а се појавува од првата половина
на XX век. Како таков, тој има поголема улога во превозот на лицата отколку во превозот на стока (освен
на поштенските пратки), а со тоа е и многу важен за развојот на туризмот.Човекот уште многу одамана
имал желба да лета. Првите записи за летањето ги има во грчките легенди за Дадал и Икар.
ПТТ сообраќај и електронски комуникации

ПТТ (акроним од Пошта, телеграф и телефон) – јавен сервис за комуникациски услуги (писма,


пакети, телефон, телеграм). Во текот на дваесеттиот век бил вообичаен назив
за монополистичките претпријатија кои би обезбедувале наведените услуги.
Со развојот на технологијата, поштата која како претпријатие вршело пренос на пораки,
преминала, барем делумно, на нови видови комуникации, па поштите ширум светот развиле сопствени
комуникациски мрежи и технологии за телеграфија, а потоа и за телефонија.
Експлозивниот развој на телекомуникациите особено во последната третина на дваесеттиот век и
со појавата на дигиталните телекомуникации, сметачи, факс-
машини, микропроцесори, пејџери, мобилни телефони и Интернет, телеграфот потполно ја изгубил
својата смисла, па и како услуга и како техника се гаси.
Телекомуникациите како високопрофитабилни се одвојуваат од државата како и од помалку
профитабилните пошти. Во Македонија тоа се случило во 1996 година, кога се формирало
претпријатието за телекомуникации „Македонски телекомуникации“, и претпријатието за поштенски
сообраќај „Македонска пошта“.
Специјален сообраќај

Специјалниот сообраќај ги опфаќа водоводните системи, нафтоводите, гасоводите,


транспортните ленти и жичарниците. Поголеми водоводни системи во Македонија се регионалниот
вовдовод Студенчица, Злетовица, ХС Стрежево и други хидросистеми за наводнување. Нафтоводи има
од Скопје до Солун. Гасоводот е изграден од Бугарија-Крива Паланка до Скопје и се шири понатаму.
Транспортни ленти има во рудникот ‘Ржаново до фабриката "Фени“, кај Кавадарци. За туристички
потреби на планините има жичарници.

You might also like