Professional Documents
Culture Documents
Христијанство
Христијанство
во
Христијанство е монотеистичка религија заснована врз
животот, учењата и делата на Исус Христос, според
раскажувањата во Новиот Завет.
Со 2,5 милијарди верници, христијанството е
најраспространетата религија. По потеклото, таа е
сродна со јудаизмот, со кој дели религиозни текстови и
својата рана историја; поточно, заеднички за двете
религии се Хебрејската Библија, која во христијански
контекст е позната како Стар Завет. Христијанството се
смета за аврамска религија, заедно
со јудаизмот и исламот.
Најраспространетата
религија
Со 2,5 милијарди верници, христијанството е
најраспространетата религија. По потеклото, таа е
сродна со јудизмот со кој дели религиозни текстови
и својата рана историја; поточно, заеднички за
двете религии се Хебрејската Библија , која во
христијански контекст е позната како Стар Завет.
Христијанството се смета за аврамска религија ,
заедно со јудизмот и исламот.
Во што веруваат
христијаните
Православието (или ортодоксијата) е христијанско
верско учење (дел од христијанството), најбројна
христијанска црква по католичката. Го разработува
животот и делото на Исус Христос, како и на
неговите дванаесет апостоли, односно Новиот Завет
од Библијата-Сетото писмо. Православните верници
веруваат во Света Троица – Отецот, Синот и Светиот
Дух, како и во мајката Божја
Библија
Христијанството ја смета
Библијата како вдахнат збор од
Бога. Библијата се состои од два
дела Стар завет и Нов завет.
Библијата е напишана од луѓе кои
се вдахновени од Светиот Дух,
затоа зборот е непогрешиво
Божјо Слово. Во протестанската
традиција се верува дека Светото
Писмо ја содржи целата вистина
неопходна за спасение.
Света Троица
• Ова е верувањето дека Бог е единствено и вечно битие кое се состои
од три засебни, вечни и неделиви личности: Отецот, Синот (Исус)
и Светиот Дух.
• Спасител: Најголемиот дел од христијаните го сметаат Исус
за месија чие раѓање било пророчено во Стариот Завет.
• Исус Христос како Бог: Ова е верувањето дека Исус е и наполно Бог
(боженствен) и наполно човек: две природи во една личност,
опишани во Халкидонската вероисповест. Како човек, се верува дека
Исус бил смртен; Страдал од болките и искушенијата на смртниот
човек. Значајно е дека Тој можел да умре. Бидејќи бил боженствен,
Тој можел да продолжи да живее.
• Распетие и воскресение: Ова е верувањето дека Исус умрел на Крстот
, воскреснал и се воздигнал во Небесите по обраќањето на неговите
ученици и апостолите.
• Исус Христос и спасението: Ова е верувањето дека спасение од „грев
и смрт“ се достигнува преку ликот и делото на Исус. Протестантите,
католиците и православните нудат објаснение за тоа како изгледа
спасението. Најголемиот број на христијани го толкуваат спасението
како можност за влез во рајот (и избегнување на пеколот) по смртта,
иако некои теолози не се согласуваат. Прашањето: „кој ќе е спасен“
веќе долго претставува темна мистерија за многу теолози, иако
најголемиот број на протестанти сметаат дека прифаќањето на Исус
како Господ и Спасител е релативно прост проблем.
Гулаб
Гулабот е симбол на Светиот дух.
За време на крштевањето на Исус
Христос врз него се спуштил Светиот
дух во облик на гулаб.
Монограм IX
Ова е еден од најраните монограми на Исус, односно се
состои од почетните букви на името Исус Христос
напишано на старогрчки јазик (Ι - јота и Χ - хи)
Овој симбол се составен од првите букви хи и ро од
старогрчкото име ΧΡΙΣΤΟΣ. Симболот го користел
римскиот император Константин Ι.
ХИ РО
Овој симбол е монограм на крстот. Составен е
од старогрчките букви тау и ро. Старогрчки
σταυρός - крст. Стаурограмот во почетокот се
користел како кратенка за староргчкиот збор за
крст и тоа во најстарите записи на Новиот
СТАУРОГРА завет.
М
Христијански крст
Ихтис е ранохристијански симбол кој во
првобитната црква се користел
како акроним за изразот: »Исус Христос,
Божји Син, Спасител«. Ихтис на грчки
значи риба.
Дванаесет апостоли (апостол, грч. απόστολος,
„пратеник“) се дванаесетте ученици на Исус
Христос, избрани од него за да го
шират Евангелието.
Најпознати апостоли се
• Апостол Петар (Симон)
• Апостол Андреј (брат на Петар)
• Апостол Јаков
• Апостол Јован (брат на Јаков)
• Апостол Филип
• Апостол Вартоломеј (Натанаил)
• Апостол Тома
• Апостол Матеј
• Апостол Јаков Алфеев
• Апостол Тадеј (Леви, Јуда Јаковов)
• Апостол Симон