You are on page 1of 5

Петар Поп Арсов

Изработено од: Матеј Станимировиќ, Ана Радеска и Нора Сефери


Петар Поп Арсов – Ран живот
Во Богомила, Велес, во семејството на попот Илија и Ѕуна Поп Арсови се родил нивниот втор син
Петар. Поп Арсови биле едно од водечките семејства во Богомила со постојана служба на народот.
Своето рано детство го минувал со своето семејство кое што целосно било предано кон развојот на
црковно-училишното дело. Во Богомила, се стекнал со основно образование. Во Богомила се
задржал до својата 13 година од животот и имал можност да се запознае со тешкиот живот на своите
соселани, наметнат од османлиската власт. Во истиот период се запознал и со слободарските стрмежи
на македонскиот народ изразени преку разни форми на отпор, вклучително и воружената борба која
биланасочена против официјалната власт и разните албански разбојнички банди. По завршувањето
на основното образование во Богомила, се запишал во велешката нижа гимназија која била
финансирана од Велешката црковноучилишна општина. Во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и
Методиј“.Сите се запознале и формирале училиштен кружок кој се занимавал со разни прашања од
минатото, но и од современоста, општата состојба во Македонија. Активноста на овој кружок особено
се почуствувал во 1888 година кога дошло до нов училиштен бунт. Тие го организирале бунтот затоа
што: Не можеле да работат на бугарски јазик, туку сакале да им се предава на нивниот домашен
македонски дијалект . Тогаш Поп Арсов го добил првото револуционерно крштевање и заедно со
своите сомисленици застанал на патот на големобугарските стремежи во Македонија.
Петар Поп Арсов –Револуционерен живот
По растурањето на Младата македонска книжевна дружина. Петар Поп Арсов заминал за Македонија и
се вработил како професор во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во Солун повторно се
сретнал со своите стари познаници меѓу кој и Даме Груев. Во тој период меѓу потесен круг на
македонски интелектуалци се појавила идејата за основање на една револуционерна организација, во
овие случувања активно зел учество и самиот Петар Поп Арсов. Тој ја прифатил иницијативата и станал
еден од шесмината основоположници на Македонската револуционерна организација, и изготвувач на
првиот устав на Организацијата. Во текот на својата дејност во Внатрешната организација извршувал
повеќе функции и отстварил повеќе активности. Бил: претседател на Прилепскиот околиски комитет,
директор на егзархиските училишта во Штип, претседател на окружниот комитет. По Виничката афера,
првото масовното разоткривање на Внатрешната организација од османлиската власт е обвинет за -
организирање востание и е осуден на 101 г. од страна на специјален воен суд. Тој бил испратен во
Подрум Кале, каде бил до 1902 г. Кога бил амнестиран, останал настрана за време на Илинденското
востание, поради апсење по Солунските атентати. Петар Поп Арсов стнал член на Централниот Комитет
на Внатрешната организација. Учествува во работата на Рилскиот конгрес и бил избран за задграничен
претставник, учествувал во дејноста на организацијата сè до нејзиниот неформален расцеп.
Петар Поп Арсов – Крајот на животната
приказна и смрт
Животната приказна на Петар Поп Арсов завршува по неговото
кратко боледување на 1ви јануари 1941 година во 14 часот
попладне во неговиот стан.14 Неговите земни останки биле
изложени во црквата „Св. Седмочисленици" во Софија на
02.01.1941 год. од 10 часот претпладне. Петар Поп Арсов починал
од болест и до денес се спомнува неговото учество во
ослободување на Македонија од Османлиска власт.
Ви благодарам на вниманието!

You might also like