You are on page 1of 3

Биоетика

Јана Јонческа
Биоетика

Биоетиката е дисциплина која ги проучува човечкото дејствување во однос на животот.


Тоа е интердисциплинарно размислување на темите за човековото здравје, смрт,
живот, животна средина, однос кон животните, развој на науката, политиката и
економијата во контекст на животот. Биоетиката е нова и ефикасна наука таа е спој на
Етиката и науката,чија цел е да се испитаат моралните цели и однесување кои можат
да помогнат да се сочува и да се унапреди животот,природата,животната средина како
и луѓето да се одвикнат од зависностите(пушењето и алхохолизмот).Накратко ова
наука не посочува како да си го чуваме здравјето и да ги користиме и чуваме лековите
што ни помагаат да сме здрави.
Проблеми во биоетиката
Областа на биоетиката вклучува, пред сè, проблеми поврзани со ограничување на
животот (на пр. донирање органи или одбивање на медицинска нега од религиозни
или културни причини). Самите биоетичари честопати не се согласуваат за тоа што
спаѓа во нивната дисциплина: додека некои веруваат дека биоетиката треба да се
занимава со морална евалуација на сите процедури во биологијата или медицината,
други значително би го стесниле тој спектар. Исто така, остануваат спорови за тоа
дали биоетиката се однесува само на третманот на луѓето или на сите суштества
способни да чувствуваат стрес.Постојат многу проблeми и лоши работи во врска со
биоетиката.

You might also like