You are on page 1of 12

Архивирање и компресија на

датотеки
Архивирање на податоци
 Множество од датотеки кои се спакувани заедно во една датотека со цел
правење на резервна копија(backup) – АРХИВА.
 Архива е колекција датотеки, кои биле спакувани заедно за бекап (backup =
резервна копија), за да се преместат на некоја друга локација, за чување
надвор од компјутерот (така што поголем простор на хард дискот ќе биде
оставен на располагање), или за некои други цели.
Архивата може да вклучува едноставна листа на датотеки, датотеки
организирани во директориуми или каталог структура (во зависност од тоа
како одредена програма поддржува архивирање.

 Програмите кои вршат архивирање на датотеки можат да бидат јавно


достапни.
Компресија на податоци
 Надворешните мемории на кои се чуваат архивирани датотеки имаат ограничен
капацитет, затоа е важно датотеките да заземаат што помалку простор. Намалување на
датотеките е важно и за работа преку мрежи заради брзината на преносот. Процесот на
намалување на потребниот физички простор за зачувување на податоци со користење на
различни методи на нивно запишување се нарекува компресија на податоци. Експанзија
или декомпресија е инверзна операција која има за цел да ја врати оригиналната
содржина на датотеките. Компресија е намалување на големината на податоци со цел да
се зачува простор или време на пренос.

 Со компресија се постигнува:
◦ заштета на простор на надворешни мемории
◦ Заштета на време при пренесување на податоци преку мрежа

 Постојат два основни вида на компресија:


1. Компресија без губење на податоци – декомпресија дава податоци идентични на оригиналот
2. Компресија со губење на дел од податоците – со декомпресија не се добиваат оригинални
податоци но степенот на компресија е голем
Компресија се врши со програма која користи формула или алгоритам за да се утврди
како да се компресираат или декомпресираат податоците.
 Од типот на датотеките зависи кој вид на компресија ќе се примени и колкаво ќе биде намалувањето.
Доколку се врши компресија без загуби најголемата заштеда се постигнува кај текстуалните датотеки.
Кај графичките и кај музичките датотеки компресијата е многу помала, додека кај видео датотеките
заштеда е незначителна. Кај овие датотеки се врши компресија со загуби, а најпознатите типови на
компримирани датотеки се .jpg за графички датотеки, .mpg за видео датотеки и .mp3 за аудио датотеки.
◦ Најголема заштета се постигнува кај текстуалните датотеки
◦ Кај графичките и кај музичките датотеки компресијата е многу помала

 Познати типови на компримирани датотеки се :

1. .jpg – за графички датотеки


2. .mpg – за видео датотеки
3. .mp3 – за аудио датотеки
Програми за архивирање и
компресија во MS Windows
 На персонални компјутери со оперативен систем Windows,
WinZip е популарна програма која ви овозможува да креирате
архива (една датотека што има голем број на датотеки, кои
планирате да ги зачувате на друг медиум или испратите на
некого по електронски пат). Оваа програма исто така ви
овозможува да ги отпакувате (екстрахирате) датотеките од
архивата. WinZip, исто така, врши компресија на датотеки кои
се архивирани, но компресија не е потребно за да се создаде
архива. WinZip архивата има име на датотека со наставка ".
zip".
 ARJ
 ZIP
 RAR
ARJ
Овозможува чување на една или
повеќе датотеки во компримиран
формат

Наставка : .arj
ZIP
Архиви кои се користат за
дистрибуирање и чување на датотеки
Овозможуваат полесен пренос на
група датотеки
WinRAR
Може да ги отпакува и ARJ и ZIP
архивите
Програма WinZip
Програма за компресирање и
архивирање на датотеки
Брз пренос на податоци
Креирање на Zip датотека
1. File – new archive
2. Во file name се запишува име на
архива кое се креира ( не име на
датотека која се компресира)
Отпакување на zip датотека
Со наредбата action – extract
https://youtu.be/vqG7dDdfoJs
Прашања???
 Дали имате потреба за дополнително зачувување на податоците од дискот .
 Зошто се налага потребата од нивно зачувување кога веќе ги имаме на нашиот
компјутер .
 Како вие лично вршите зачувување на најбитните податоци?
 Што ќе се случи со податоците доколку дојде до трајно оштетување на хард
дискот?
 Што е архивирање ? Зошто е потребно да се врши архивирање на податоци ?
 Што се постигнува со компресија на податоци?
 На која од датотеките primer.doc i slika.bmp ќе се постигне поголем степен на
компресија ?
 Наведи неколку типови на компримирани датотеки.
 Која програма ја користиш за компресирање и архивирање на податоци.
Објасни ја постапката на компресирање на податоци

You might also like