You are on page 1of 11

НАДОМЕСТУВА

ЊЕ НА
МАТРИЈАЛНА
ШТЕТА
ПОИМ
Надоместувањето на матријална штета е
отстранување на штетните последици настанати од
штетното дејствие на штетникот врз имотот на
оштетениот.

Надоместувањето на штета има две функции кои ги


извршува како санкција и тоа :

-репараторна функција и е насочено кон


остранувањето на штетните последици кои се
настанати од штетното дејствие.

-превентивна функција влијае на лицата кои што


се како потенцијални штетници да не извршат
некое забрането дејствие.
ВИДОВИ НАДОМЕСТУВАЊЕ
НА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА

Материјалната штета се надоместува материјално и


тоа на два начини :

-преку враќање на имотот во состојба во која што


бил пред да настане штетата НАТУРАЛНА
РЕСТИТУЦИЈА

- Преку враќање на имотот во онаа вредносна


состоја во која што бил пред да настане штетата
ПАРИЧНА РЕСТИТУЦИЈА
НАТУРАЛНА РЕСТИТУЦИЈА
Натуралната реституција значи имотот да
се врати во поранешната состојба како што бил
непосредно пред причинувањето на штетата. Со
натуралната реституција може да се надомести
само обичната штета,но не и загубената корист.

Пр. Со уништување на една ограда од дворно место


во куќата на оштетениот,истата може да се поправи,
Поправката може да ја направи штетникот сам или
некое друго лице во негово име и за негова сметка.
ВРЕДНОСНА РЕСТИТУЦИЈА

Вредносната реституција претставува доведување


на имотот на оштетениот во онаа вредносна
состојба во која се наоѓал непосредно пред
причинувањето на штетата.

Тоа може да се постигне со :

-еднократно парично надоместување,

-со последователни давања,

-со плаќање договорна казна и

-со плаќање на затезна камата.


Еднократното парично надоместување се врши
тогаш кога е можно во моментот на надоместувањето
да се утврди неговата вредност изразена во пари.

Парично надоместување со последователни давања


на пари се јавуваат како парична рента кога
материјалната штета е причинета со смрт,телесна
повреда или оштетување на здравјето.

Надоместување на штетата со затезна камата е


случај кога должникот паѓа во задоцнување на
враќањето на главниот долг кој се состои во одреден
паричен однос.

Надоместување штета со договорна казна е кога се


плаќа во случај кога должникот ќе задоцни со
исполнување на непаричен долг.
ОБЕМ И ВИСИНА НА
НАДОМЕСТ НА
МАТРИЈАЛНАТА ШТЕТА
Член 178,став 1

Оштетниот има право на како на надомест на


обичната штета,така и на надомест на испуштена
корист.

Ова значи дека оштетениот има право на враќање на


целосната штета која му е направена.

Обемот на надоместување на матријалната штета


значи надоместување на целосната штета а тоа значи
надоместување на обичната штета,на испуштена
корист и на штетата што оштетениот ја претрпел
поради настанување на определени околности после
причибувањето на обичната штета и испуштена
Може и надоместот за штета кој е изречен да се
намали поради некои одредени причини кои се
наведени како штетата да не е направена намерно
или со невнимание и сл.

Висината на надоместот на матријалната штета е


различен во однос на тоа дали се надоместува
обична штета или испуштена корист. Висината на
определувањето на обичната штета се определува
според цените во времето на донесувањето на
одлуката. Акога станува збор за надоместување на
висината на испуштената корист висината на
надоместувањето се определува според висината
на користа што оштетениот не ја остварил, но што
ќе ја остварел доколку не му била причинета штета.
Посебно за надоместот на матријалната
штета во случај на смрт,телесна повреда и
оштетување на здравјето

Матријалната штета причинета со смрт на


некое лице зависи од тоа дали смрта е непосредна
или настапила по определено подолго време по
извршувањето на дејствието. Во првиот случај
матријалната штета се надокнадува со трошоците
од погребот,од загубаната издршка на лицето на
кое што загинатиот го издржувал и сл. Во вториот
случај матријалната штета се надокнадува
трошоците за лекувањето и другите трошоци во
врска со лекувањето и заработката која е изгубена
поради неспособност за работа на загинатиот.
Материјална штета причинета во случај на
телесна повреда или нарушивање на
здравјето се состои од трошоците за
лекување и другите потребни трошоци во
врска со загубената заработка и
неспособноста за работа за време на
лекувањето. Ако во случај повредениот
поради неспособноста за работа ја изгуби
работата одговорното лице е должно да му
плаќа парична рента како надомест на штета.
Посебно за надоместот на материјалната
штета во случај на повреда на честа или ширење
на невистинити наоди

Услов на ширењето на вакви наоди да дојде до


одговорност за штета на оној кој ги ширел е тој да
знаел дека се невистинити и од тоа да е причинета
материјалната штета. При случај на спор
надлежниот суд е оној кој укажува и утврдува
интересот на штетникот кој го има со кажувањето
невистини.

You might also like