You are on page 1of 59

OF E C A

Кратки раскази и есеи

5/5/2011
МАНЧЕВСКИ VI ВОЛТЕР АЛ ХАКИМ

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
FACE OF
Манчевски VI Волтер Ал Хаким

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Издава:

Фондација Манчевски

E-mail: manche9@yahoo.com

Дизајн на корица:Манчевски Владо

Уредува: Манчевски Владо

© Сите права на изданието ги има Manchevsky L.T.D. Забрането е умножување копирање и објавување
на делови или на целото издание во сите печатени или електронски медиуми без писмено одобрение на
издавачот.

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Содржина:

Страна 5: Вовед од авторот


Страна 6-13: Висок Притисок
Страна 14 -15: Два расказа во едно попладне ( додека се досадував во зелениот Рај )
Страна 16: Алтроисто и неговата светлина
Страна 17 -19: Дисертацијата на Др. Магареев
Страна 20-22: Посветениот Осветник
Страна 23-24: Денот кога Пандалф Вулкански реши да ја распушти ФИРОМ
Страна 25-31: Кратки раскази за разгоропадениот Ерос
Страна 31-34: Волкот се крие во шумата
Страна 35-38: Таинствениот експеримент на Вулдорф Кринк
Страна 39-41: Фраер
Страна 42-43 Човекот кому единствен занает му беше броењето на облаците
Страна 44-45: Виртуелна Др_ Калница
Страна 46: Tell-toil-tell
Страна 47-48: Кај Жените ловци нема милост
Страна 49-50: Мандалото на Боби Спидфаер
Страна 51-52: Исповедта на еден Роб
Страна 53-54: Трите пријателски прста врз главата на Лорд Вартен Кларк
Страна 55: Пет илјади и една причина да станеш рано на утро и да ја пронајдеш ветената Америка
Страна 56: За ветувањата во Вечниот Круг
Страна 57: Мојата Америка
Страна 58: Кога Сонцето ќе изгрее од западната страна

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Face of
Вовед на Авторот

Година: 2010-11, време на големи пресврти и измами, војни и беда. Размислував како да го потрошам
сопственото време и при тоа да бидам корисен во неинвентивното денгубење пред компјутер. Нормално еден
губи време кога нема што да работи, се чини дека денеска е тоа доста едноставно со помош на технолошкиот
напредок. Човек секогаш се стреми кон височините, во кои инспирацијата е нај ретка и пристигнува последна.
Отворив фејс-бук страна на име: Волтер Ал Хаким и сакав да почуствувам што прави остатокот од светот кога
одмора. Од првин направив неколку фото-стрипа, па почнав со коментари и набргу ја добив сета слика за
можностите кои генијалниот Цукерберг веќе ги беше поставил. Зошто фејсбук? Бидејки инспирацијата ја
најдов во тој театар на карактери кои собираат пријатели на мрежата и меѓусебно споделуваат едно големо
ништо со сликички и наивни текстови. И, како помеѓу некаква претстава во холот на театарот на светот се
ставив во воајерско-романсиерска улога. Пишував во живо, кристализирајки ги од време на време текстовите.
Сакав да постигнам ефект на директно пишување кое во истовреме е изложено пред својата публика.
Резултатот е збирка на раскази и есеи создадени во овоа ново време кое носи се` и ништо. Нешто пред крај
на 2010 му предложив на Христо П. Дучев да пишуваме заедно и така излезе и озлогласеното дело: „Il mondo
è una latrina eterna„ кое што го напишавме делејки електронски текстови и на база: копи – пејст направив
цела една структура на мисли и кратки раскази. Во меѓувреме се роди и Дон Коитус проектот ( мини оперетка
во два чина ) која што сепак зависеше од финансиски средства. Мојот ентузијазам набргу падна под ударот на
финансиската неизвесност и јас за прв пат во мојот живот се најдов во улога работник во фабрика за цигари.
Капиталистичко-македонскиот изрод ме гнетеше со сета сила. Остана уште само едно: пишувањето и
говорењето на вистината. Работниот наслов на делото е: Face of, со цел да го потенцирам изворот на
инспирација. Голема благодарност до мојата сопруга, деца како и многуте фејсбук подржувачи кои неуморно
го подржуваа мојот занес од ништото. Крајот говори дека сепак успеав да врзам крај со крај и да ја издадам
збирката на електронската мрежа. А што повеќе? Среќен и со толку.

Манчевски Владо ( Волтер Ал Хаким )

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Висок Притисок
by Voltaire Al Hakim on Saturday, 23 April 2011 at 14:49

„Наједноставен начин да заминеш од овој свет е кога ќе решиш - да заминеш...„


„Тогаш колку едноставно е сето тоа, погледни кон крајот на масата, што гледаш на неа?„

Откако внимателно ги собраа доказите детективите Папасаурус Рекс и Вулфи Ал Хаки се внурнаа во
анализирање и испрашување на сведоците. Убиството се случило помеѓу единаесет и десет и единаесет и

пет. Сцена на убиството: Ресторант Барот “Ѓаволското Опавче„


Починител на делото: Арсеник Гроблев - Жилетот.

Жртва: Мирко Шукри, локален велшки бизнисмен - педофил.


Барот беше затворен за посетители, во него беа единствено сопственикот и пејачката Зора Мукик Естебан во

својство на сведок. Папасаурус почна со реконструкција на случајот додека Вулфи Ал Хаки го спремаше
лулето со тутун, а можеби и со некаква сива прашина како зачин-додаток на тутунот. Следи ја приказната на

Зора Мукик Естебан, во малку прочистена форма Вулфи, сигурен сум дека ќе дојдеме до почетокот на
трагедијата.

Вулфи зажмире замислено вдишувајки од лулата.


„Мислам, мислам и сценарија разни правам„

„Да почнеме одново каде бевте точно додека пеевте?„


Зора Мукик Естебан започна со давањето на изјавата. Еве една реконструкција на трагично изминатата вечер

во кафе барот „Ѓаволското Опавче„.

Глава 1.

На микрофонот среде барот пееше една средновечна блондинка, на себе носеше еден тесен дводелен
флуоресцентен костим. Иако музиката одеше во оф од страна на еден караоке систем, таа бучно го
надвладуваше и пееше со сет глас на малиот но моќен кинески разглас. Силвио го набљудуваше тоа со
невидена внимателност, прецизно мерејки го секој такт на пеачката. Пејачката се обидуваше од време на

време да заигра, но сето тоа изгледаше како да е врзана за дрво и единствено нешто за кое беше свесна
беше нејзиниот глас кој што шумолеше низ малите звучни кутии кои како некакви млазни мотори го полнеа и

онака малиот простор на кафе барот:„ Ѓаволското Опавче„


На крајот од масата неколку инсекти тегнеа едно помало парче селско сирење и се обидуваа да го стркалаат

низ металните нозе доле по подот. Местото мирисаше на парафин. Неколкуте мали прозора му даваа сонорно
осветлување на барот и во него имаше неколку маси со сомнителни посетители. Во длабочината на барот

гласното довикување повремено го реметеше пеењето на блондинката.

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Неколку господа во поодминати години пиеја кафе и се обидуваа да ислушаат еден помлад човек кој иако

помлад од нив, се обидуваше да делува сериозно:


„ И ете, сите имаат висок притисок! Оној бугаринот со младата девојка пред малку, му се врти во главата? Се

сеќавате?! Останатиот дел од масата потврдно мавташе со главата. Беше очигледно дека помладиот ја води
играта на масата. Сега тој продолжи со флегматична насмевка:
„Пред некој ден со шоферот одам во Австрија, поточно Виена...„
„ И ?! „ - Сите заинтересирано запрашаа на глас. Како да очекуваа некакво месијанско чудо да се случи

додека овој младиов помалку скептично набљудуваше секого од нив. Во очите тој имаше помалку налудничав
изглед, претставителен грозен табиет, или некој кој што во следниот миг би можел да извади револвер и да

пука.
„И... И, го оставам јас со автомобилот кој што се разбира работи за сето време. Надвор беше ладно, ме чека
комисија-европска - конференција, разбирате?„ Останатите потврдно мафтаат со главите. Никој не знае
зошто но сите го слушаат, човекот е луд убиец. Нормален но сепак луд, тој може да убие ладнокрвно, тоа

сите го знаат. Но, во истовреме младиот убиец е и рационален домакин и сметководител, човек од принципи.
Кај него оди и старо и младо на исповед и совет.

„ Кога ете по неколку часа ѕвони мобилниот...„


Сите со отворени очи погодуваат. Што му се случило, размислуваат гласно. Еден вели дека имал секс со

проститутка, друг дека заспал пијан, трет дека извршил голема нужда...
„ Не, висок притисок! Починал! Од висок притисок! А, одлична работа му најдов, само да вози: Приштина -
Виена два пати во месец. Но ете не издржа... „ И како ќе оди овој бизнис кога јас не можам ниту возач за себе
да најдам, стрес, немаштија, камери насекаде. Како во некакво сценаријо на Џеки Чен. Јас треба да станувам
убиец па хирург па директор па возач, па не знам педијатар, па... Па!„
Сите незадоволно го одобрија неговиот бес за состојбите.

Се доближи и пеачката и започна со нова композиција:


„Дон Квит„

Леле колку сум среќа имала ...


Што с'м с'с тебе играла...
Што од љубов заспала
Во гора зелена
У вино варена
На очи шарена
Љубена - Зелена - Мелена...

Толку сањала, гладна скокала, боса играла


Земљу копала
Машину на глас надвикала

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Остадох будала... Од жељу'ту јаку
На раме да ти се искаку...
Ја-ја да ти ги одкорну
Срце у теглу да ти га умочу
Змија главу да ти продужи и искра да ти га остружи
И брак да устоличим с’с твој ортак
Дон Квит-Дон Квит-Дон Квит!
Fade Out...
Дон Квит-Дон Квит-Дон Квит!
Дон Квит-Дон Квит-Дон Квит...
Дон Квит-Дон Квит-Дон Квииииииииииик?!

Во темницата светеше отсјајот на забите на пејачката. Фр-фр-фр, забрефта една синтетска хармоника и го

означи крајот на песната. Пејачката набргу седна и си ги потзатегна градите со еден помошен ремен, тие
добија форма на две лустерски топки. На лик на оние кои П.Џики Елишија ги сонувал додека ја опсервирал

докторката Шибаго во чекалната на мастурбаториумот на докторкава.„ Колку многу глума ни за што.„ му се


виде на Силвио.

Силвио помислуваше да стане и да си отиде, кога во фоајето на барот се појави Стево Машинистот-браварот.
Тој секогаш имаше по некоја анегдота за локалните шерифи. Ќе го почека Стево за да види до каде се

работите.
„ Здраво.„
„ Колку е часот?„
„ Има ли некој трезен, и зошто ми е воскратено правото на глас, Да јас сум геј. Ајде да се дружиме имам цели
десет илјади денари на располагање„
Силвио се насмеа па го отвори својот нов „Мек„.

„ Види како е брз. Мек, а? Змевче... Што велиш?„ Компјутерот мистично го осветли неговиот лик. Тој како да
доби ауреол на светец за миг. Започна да ги отвора страниците и програмите на мек-от и да се фали со него.
Каква конфигурација имал, што се' можел да стори. Какви програми подржувал. Можел да користи два
премиера и три музички програми во истовреме и.т.н. Компјутерот непрестано звцкаше: Зззззззззз-ввввввв-

прееееедддд.
Стево браварот и самиот голем обожувател на компјутери, помалку му подзавиди на Силвио, но сепак заклучи

дека комјутер е компјутер и еден ден тој исто ќе заврши за старо железо како и останатите компјутери.
“Колку го плати?„
„ Ех, колку... Зарем е важно?! Важно е да се ужива и да се твори„ Во Барот повторно започна гласната музика
со пејачката. Градите на оваа како да растеа од час в час. Сега веќе темпото беше доста побрзо, на мигови

одеше до некој апбит транс во кој градите одеа пред самата пејачка и самите пееа некаков занесен мамбо-

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
крик. Стево браварот зе зачеша за врат. Од соседната маса младиот капо Арсеник, сеуште ја раскажуваше

приказната за возачот со високиот притисок:


„И откако пристигнав ме чекаше полиција...„ сите погледаа со ококорени очи - И?! извикаа.
„ И, што и. Почнав да им објаснувам дека имам важна работа и дека воопште не знам што се случило со него.
Како умрел, зошто... Едниот од нив рече дека возачот имал неверојатно висок притисок. Поради самиот
паркинг и густиот сообраќајниот метеж тој толку се изнервирал и починал - веројатно. Па, ајде изјави давај.
Телефонски разговори со Приштина, објаснувања кај неговите. Работите навистина испаднаа големи. Ви
велам не сум јас убиецот! УБИЕЦОТ Е ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК! Тој е убиецот! Притаен убиец! А јас сум
едноставен бизнисмен.„ Инаку ради следење на фактите неговото име беше навистина уникатно: Арсеник
Гроблев. Малиот Арсеник веќе на свои девет години го имаше починето првото убиство. Во далечното
Баликово тој со секира го отепа учителот Митре за мала расправија. Наиме Арсеник веќе владеел неколку
јазика течно кога овој го оставил на дополнителна по математика и македонски. Арсеник веднаш се втурнал
во акција. Не чекал ниту часот да заврши. Зел една секира од школскиот ложач и му ја удрил од глава на

Митре учителот. Набргу почнала јуословенската војна и Арсеник се нашол слободен на улица. Отпрвин тој
соработувал со сите екстремни групации што ја воделе војната и на крај завршил како столар во армијата на

САД. Овие откако го увиделе талентот за убедување на Арсеник, веднаш го унапредиле на повисоки позиции.
Така Арсеник денес беше сопственик на не повеќе од два милиони долари и имот во близина на Кошутњак.

Него му беа доверувани најделикатните случаи на европската хомо-политика. Каде требаше да се убива тука
беше Арсеник.

“Сега мислите дека ве лажам, нели?„ Ги прекина Арсеник со течен македонски гостите на неговата маса. Иако
македонскиот не му беше посебно јака страна како на пример албанскиот или хрватскиот. Си играше со

јазиците како дете со коцки. Час латински па старо грчки се’ додека не стигна до хебрејскиот. Застана и почна
сериозно да размислува, имаше само триесет години а се однесуваше како да му се шеесет и пет. Сериозноста

го беше донекаде омекнала по погледот на животот и смртта. Недостасуваше некаков компанион, можеби
жена во неговиот живот. Тој осаменичко-доверенички став мораше еден ден да заврши. Нема овие цел живот

да ми аминисуваат..? се замисли и ја смести главата за миг во раце. На масата до него седеа Реденторе
Марио, Групчев Мирко Шукри и Атанасов Владо-петелот. Сите тие беа до гуша заглавени во долгови. Еден по
еден се лигавеа кај Арсеник се’ со цел да им даде време. Категорија единствено за човекот важна. Димензија
за која никој во универзумот не водеше сметка. Затоа што да не заборавиме ако времето е сега - тогаш

некаде на пра почетокот на универзумот информацијата што патува кон нас е далечно минато и историја. Во
мислите на Арсеник фалеше уште само тоа. Да почне да се занимава со настанокот на универзумот и времето

кое струи како и другите дегутантни детали својствени единствено за луѓето, кои што тој ги презираше.
“ Како да објаснам дека кога немаше телефони луѓето беа навистина сериозни?„
„Се сеќавате ли на тоа време?„ Го загреба грлото Арсеник.

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Мирко Шукри и Реденторе се погледнаа. Реденторе почна да трепка со ситните сиви очи. Имаше очи на лик

на некаква персиска мачка, иако сиот отромбавен тој се грижеше за своите очи. Редовно ги полнеше со капки
од марката „Прокулин„ Резултатот се гледаше во очите кои што константно му светеа - насолзени...

„Тебе ти говорам бе Реденто! Што ти светнале очите толку?„


„Ах, светат светат, мора малку, знаеш Арсенику за душманите да љубоморат„
„Бре... Бре! Па на планетава повеќе никој нема сила нити душман да стане од каде па ти душмани си снил?!„
„Ах, не говорете така мил Арсенику, никогаш не се знае со овој луд живот што го водиме...„

„ Кога би говорел и би го правел истото, дали би бил сериозен? Или јас ти говорев дека работата е дојдена до
таму што човек не може да си посака ниту душман, како утеха...„
Неколкуте обиди на Мирко Шукри да ги заниша темите вродиа со неуспех. Сепак тој знаеше дека овие
тензични состојби трајат кратко. Во споредба со животот се` е кратко, што е тоа што понекогаш фасцинира а
остатокот од животот принудува на гадење, си велеше...
Арсеник продолжи со сопствената пулсирачка задав. Ова е збор што веројатно нема да се најде во речникот

на македонските творци но за секој случај означува: состојба на неконтролиран компулсивен страв.


“Ич не ги сакам зеленашите„ Повторуваше Арсеник, неговиот сентиментален ридикулизам му даваше чуство

на посебност и значење. Тој сигурно не се поистоветуваше со толпата, иако личеше на еден од нив.
Ситни снобови од предградијата, синови на средната буржујска класа, неодоени со национализам, со чуство

на ресентиман и евклидовска точност. Тој сите би ги вработил како градинари. Би направил еколошка
оперета. Човек да не смее да врви од пет часот до пет. Човек да нема ... шепотеше додека пејачката

трумпаше со новокомпонираните музички аритмии.


„ Тој што не се гледа од милји, тој и не постои. Еве го кревам овој прст кон небото... покажува кон својот

показалец; И, сега како и секогаш не лажам, во вистината избор има...„


Останатиот дел од масата збунето се погледна. Прв почна Мирко Шукри.

„ Е де, па почитуван Арсенику колку желби имаш ти? Што значи тоа сега од милји да се гледа, колку е една
милја? Што тие е ова сега...„
Тишина се распна над нивната маса. Единствено пејачката сеуште рореше на глас. Очите на Арсеник почнаа
бесно да се усвитуваат. Погледна кон пеачката и изнервирано се врати кон останатите.
„ Зошто бе Мирко ти тука ме викна, ајде те молам да ми објасниш?„
Мирко со блага несигурност се насмеа. Како да му рече, кога мора да му рече - си рече.

„ Види Арсеник пријател мој и мецена, јас сум чворц... Кога мислам цврц мислам шворц... Немам скапана
банка и притисоков ми е константно HIGH... Како да ти речам не знам, но многу те молам да ни го оддолжиш
плаќањето на уште неколку рати...„
Арсеник се исправи и удри по асталот. Зеде една хартиена марама и си го избриша носот. Дувна во марамата

како во некоја труба.


„ Тука ве чекав, ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ БРЕ! Дека ако како некакви кокошки кокодакате ќе се спасите од долгот?!

Па нели ви говорев за сета конспирација : БАНКАРИ, ЕВРЕИ, НАУЧНИЦИ, ПЕДЕРИ, НАРКОМАНИ, ГНОСТИЦИ,

10

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
ПРЕЗБИТЕРИАНЦИ, КАТОЛИЦИ, ПРАВОСЛАВНИ, МУСЛИМАНИ! Сите тие се задолжуваат... И? Кој ги плаќа
сметките на крај?! Тој што се потпишал на хартивче! НА ПУСУЛЧЕ АКО САКАТЕ! Кога јадевте и чепатевте
младо месо со бизнисменине од Велес добро ли ви беше?!„ Го фати Мирко Шукри за нос и почна да го влече
по масата.
Силвио откако примети дека нешто се случува на соседната маса на брзина ја нарача сметката и панично
почна да се советува со Стево Машинистот.
„ Би можеле да одиме до „Гладна Сојка Кафе„ ако сакаш, тука станува густо. Си?„
„Си-си-уи-уи-јес-јес... Сум, може да идемо од туј...„ Робусно затутка Стево Машинистот.
Не стигнаа ниту до вратата кога во локалот се слушнаа истрели. Еден врисок го распара воздухот и музиката

згасна. Пејачката се втурна под маса. Мирко Шукри стоеше на нозе сиот пребледен и си ја гледаше
новосоздадената дупка на стомакот. Насекаде течеше крв. Набргу тој се строполи на земја. Арсеник ладно се
оддалечи од асталот. Тој застана пред масата под која се криеше пејачката. Таа ги забележе неговите црни
кожени чевли. Убави чевли си помисли. Едни од оние кои трајат. Сигурно не ги купил од Кина? Додека

набрзина си размислуваше Арсеник се појави под маса со пиштолот вперен кон неа. Арсеник викајки:
„ТИ ДРУГ ПАТ ДА ПЕЕШ ПО КУЛТУРНО! ЕМ НЕ СИ ЗГОДНА ЕМ СИ ЗА НИКАДЕ! ЌЕ ТЕ ОСТАВАМ СЕГА ЗА

ВОЛОВИВЕ ДА ЖИВЕЕШ! НО, ДРУГ ПАТ АКО ВАКА ПЕЕШ... НА КУР НЕМА ДА СЕ СМЕЕШ. И НЕ СЕ КАНДИДИРАЈ
НА НАРЕДНИВЕ ИЗБОРИ! АКО САКАШ ДА ПОЖИВЕЕШ СО СИЛИКОНКИВЕ, ВАЖИ?!
Се заврте кон масата со останатите и повика: ПАРИТЕ ДО ПЕТОК! ИЛИ...
БЕНГ! БЕНГ! БЕНГ! Проструи низ воздухот.

Силвио и Стево веќе влегоа во првото такси што наиде. Градот пулсираше со својата ефтина балканска
динамика. По малите улички мирисаше на урина и повратен зеленчук. Неколку циганчиња свиреа на тарабуки

и го славеа Дон Куитус прекрстувајки го во „АКА-ТЕ КОИТАРУМ - МИНЏАРУМ-БУТАЛЕСКЕ ЈЕК- БЕЗБРОЈ -


ПУТА„. Веднаш до нив Курва Ди Морте гледаше на кристална топка. Калдрмата одѕвонуваше од чевлите на
Арсеник. Тажен тој погледа кон Курва Ди Морте. Сакаш да ми гледаш? - ја запраша.
„Не гледам на вечер„ Одговори таа.

Циганчињата му ги зачистија кондурите и тој беше спремен за друга задача. Полна месечина пред него.
Арсеник се вмушна во едно мало сокаче и влезе во дворот на Аџи Клементина Вдовицата. Се наведна и брцна
под малото килимче пред вратата. Извади еден стар клуч и ја отвори дрвената врата од куќата. Влезе внатре
и некое време стоеше во темница.

„ Да те измијам?„
„Почекај малку да се намирисам од правов и буѓава...„

„ Седни на столчево... Чевлите првин да ти ги соблечам. Види - види колку ти се надуле нозете. Зошто одиш
толку пеш со кондури?„
„Ми се наддуле и јајцата не само нозете, но ти ни нив не можеш да ги оддуваш... Сега прости ми, сакам да си
легнам и да сонувам делфини. Тие немаат нозе. И дишат чудно но прекрасно. Всушност не знам дали дишат?!
Додај ми една енциклопедија, да проверам...„

11

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Аџи Клементина отиде во соседната просторија и почна да спрема вечера. Арсеник истражуваше по книгите

некое време и заспа.


ТОЈ ШТО ГОВОРИ НЕ ПРАВИ! Слушна на сон.

Неговата прва жртва Митре учителот седеше спротив него и му говореше. Чудно но Арсеник примети дека
учителот воопште не беше остарел, туку напротив дури беше и помлад од Арсеник.
„ШТО СЕ ЧУДИШ?„
„ Како воопште да не си остарел? А те убив... „
„ Па како можам да остарам кога ме уби?! Толку време мина и сеуште си глупав!„ Митре облечен во црно
токсидо се движеше низ просторијата не допирајки ја земјата. Арсеник примети дека сепак има промени,

Митре имаше пуштено долги зулуфи и мустаки во стилот на „Наредникот Запата„.


„ НО ТИ И ГОВОРИШ И ПРАВИШ!
„ Арно велиш учителу, јас и говорам и правам. Па нели те спасив од мака и тебе а и ти говорев? Ете сега да
беше жив не ќе издржеше во оваа неправдина! Смени на системи, земји, координати, поредоци - инфлации.
Неверства - порнографиа! ЗАГАРАНТИРАНО НЕ ЗДРАВСТВО! ВЕШТЕРКИ! БАЈАЧКИ! РАДИОАКТИВНИ ПУЛИЊА!
МУЛА ОМАН САФРА! ОСАМА И НЕГОВИОТ КЛАН! ТЕКС ВИЛЕР Е МРТОВ! ВУДИ АЛЕН И ПОНАТАМУ СНИМА
ПОРНО ДРАМИ! НО ПОСЛЕДНОВО НЕМА ВООПШТЕ ДА ТЕ ИЗРАДУВА! Постои еден нов народ... Тишина црно
бела тишина... Нов народ... Народ што има просечно по глава еден милион евра, сепак се нарекува себеси
сиромав... Вреден народ, што сака странски кредити... И сите се умни кај тој народ. Академици... Македонци,
учителе замислете македонци... А?! Што велите?
„НЕ СУМ ДОЈДЕН ЈАС ЗА ТОЈ НАРОД ДА ГОВОРАМ СО ТЕБЕ!„
Формата на главата на Митре започна да се менува. Морфинг како во најлудите и стравични сцени на

Полански. Те едно уво преку глава - те заби на врат. Волк во очи виде Арсеник кај Митре учителот. Те
Архангел Микхаил се јави од стомак да збори. Смртта не дојде да игра шах, таа го испрати Митре учителот.

„ А зошто си ми на сон дојден, тогаш?„


Митре не одговори ништо. Тој се смееше ли смееше, како во еден од оние надреални црно бели филмови на

Бунуел. Арсеник набргу се вкочани со отворени очи.


Аџи Клементина попусто се обидуваше да го разбуди веќе половина час. Арсеник почина точно една минута
пред полноќ. Двата папагала од нејзината спална соба вкрстено се надополнуваа крекајки силогизми од
речникот на Пандалф Вулкански.

12

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Глава 2.

Силвио беше така испијанет што не се сеќаваше на ништо од претходната ноќ. Како во некоја магла се
движеше дезориентирано и паѓаше од време на време. Лактовите од рацете му беа сети издерани. Неколку

ластовички џимкаа под неговиот балкон. Сонцето светеше силно. Каде да најде јува во овоа време. Погледна
во собата и веднаш почна да го бара малиот „Мек„. Компјутерот како да беше исчезнал под земја. Набргу се

јави кај Стево Машинистот. Попусто, и таму немаше никаква информација. Толку му значеше тој компјутер.
Повеќе од самиот себе. Новиот Епл-Мекинтош. Еејјјјјјј! Каде си комјутерче мое! Ееееееееејјјјјјјј! Циу, циу... Ќе
се убијам! Заклучи бргу Силвио. Проблемот беше уште толку поголем што на компјутерот тој имаше неколку
видео снимки во кои Зора Мукик Естебан му го рибаше патлакот под маса. Тој ја беше снимил едно попладне

во барот „Ѓаволското Опавче„. Толку филмски му го направи тоа, му го лапаше па плукаше... Уф, што сега ...
Повика на глас. Веднаш се отрезни и излета низ врата. Пречекори неколку скалила и го виде белиот„ мек„

скршен на пола. Добро е ... си рече. Сега компјутерот беше тука но тој беше искршен. Барем срамот е тргнат
од дневниот ред. В' час го собра комјутерот и го однесе во станот. Првин се обиде да го зацврсти па откако

виде дека не може, го вклучи во струја. Мониторот сепак светна на него се појави натпис: ТОЈ ШТО ГОВОРИ
НЕ ПРАВИ!

13

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Два расказа во едно попладне ( додека се досадував во зелениот Рај )
by Voltaire Al Hakim on Monday, 11 April 2011 at 18:13

Страшниот Микрополис и неговите микро замки

Расказ Бр. 1

Во устата на Кметот Алексис,( не гркот), имаше неколку термити. Тие во својство на жива излегуваа и
непрестано влегуваа во неговата уста, и покрај тоа тој се однесуваше сосема нормално. Јас сум жив! Повика.
Воедно се наполни со некаква гордост. Алексис секојдневно си играше со невољите. Каде тој таму проблем.
Понекогаш и два во истовреме. Следново се случуваше се‘ до еден ден кога Алексис едноставно не пресече.

Тој си рече: Од утре повеќе не сакам да видам човек; така и бидна, тој не само што не ги гледаше туку и
вешто се трудеше да ги избегнува. Што би можеле па тие ( луѓето ) да му бидат од помош? Да го опоменат

кога посакува нешта? Да го укорат неговото постоење? Да му посакаат добредојде? Да го вразумат...


Несомнено сите овие дилеми водеа до една состојба на неврестеничност и шизоидност која кај него

предизвикуваше акутна скепса. Но, тој беше Кмет. Тоа никако не го забораваше. Секогаш кметот прави
забранети работи, оти е кмет. Кметот не губи работа, тој за сето време е кмет. Вака размислуваше Алексис.

Но, тоа не би било: Но, ако не се снило со: НО. Така и Алексис еден ден се соочи со себе: претставник на
адицијата Зеро. Кој е тој навистина да биде нешто различно?! Тој нема право ниту ни да умре, зошто тој сега

би се измачувал со човечки сентименти? Кога никој не се измачува со неговите. Тука се виде себеси како
некаков демијург на сопствениот свет. Нешто како "self employed" дизајнер на животот над смртта ( вечна

тема ). За тоа му беше потребна грозотата на мислењето, нискоста на себе-бендисаноста-полициската


внимателност и истрајност на светец. Микрополисот пак, беше толку мал што не лежи никакво чудо во

приказната на Пандалф Вулкански ( неговата омилена од „Приказни од Скопје 2014„). Наиме Горан
Стефановски се вратил во Дебар Маало и се стаписал откако видел дека микрополисов му ја преуредил

куќата од неговиот Дедо. И сите го говореле следново веќе со години но никој не можел ништо да стори за
тоа. Најголемиот предмет на интерес кај Алексис всушност се појавил токму кога после еден неуспешен обид

за спиење во една кафеана тој бил невкусно протеран од истата како непожелен гостин. Најпосле тој примети
дека на сите им стои на пат. „ Сите му посакуваат болест и поскоро неизлекување. Демек бил многу здрав.

Требало малку да оболи„ , го советуваше неговата сестра Мелинка-Ванеса Роткилска Еијзенштајн Марија.
Сите скрaтено ја викаа Рота. Роткилова одеше толку во далечина што му отвори личен фонд на Алексис. Се‘

што тој требаше да стори е да прими еден чек месечно на износ од тогашни 1000 марки ( Германски ), во
контра износ денес тоа би било 500-ни Евра. Во овој случај Алексис требаше да биде обезбеден со

минимална пензија до крајот на својот живот, а можеби и понатаму ако тој посакаше. Сето ова имаше
единствена смисла ако тој живееше во микрополисот Скопје. Стандардот и околностите тука имаа смисла а и

14

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
храната до некаде го задржуваше супстенцијоналниот вивум на семи-квалитетот. И така Алексис запаѓаше од

мака во мака, од невоља во нова. Од гимназија во нова од нова во стара од таму - наваму. Примери за
неговото запаѓање имаше многу, само немаше кој да му помогне - нему: На Кметот. А и кој да му помогне на

еден Кмет? Па тој е помош за сите нели? Во деновите проследени со морничава испијанетост повторуваше
тој. Беше лудост некој да се осмели да му помогне на еден Кмет; си повторуваше Алексис, како да е некој
карактер од: Долината на Волците. Јас сум волк! Повторувам! Јас сум Волк! И секој ден јадам живо месо! Волк
сум јас! Ритуално се гледаше пред огледало и повторуваше ли повторуваше тој. Се' до еден миг во кој пред

огледалото не виде волк, кој со помалку виолентен тон му с'ржа: Ти и си Волк! Грррррр! Доста со тоа!
Сликата со волкот набргу после тоа исчезна од огледалото и остана познатиот лик на Алексис, кој со чудна

тага во себе примети дека од волкот останала единствено буквата 0, Зеро, Ич - во форма на некаков дим што
чади на време означувајки лакрдија на умот. Што со тоа да бидеш кмет а да нема кој да те удостои- си рече.
Заспа на првата маса во една кафеана и отсонува краток сон. Во тој сон тој беше обичен скитник кого никој
не го познаваше, немаше никакви права и сите го маваа со камења. Како некаков библиски циган-натрапник и

творец на бласфемичен памфлет од средниот век. Тој почна да се препотува и да говори и бунца се' додека
не падна од столот на кој неколкуте завртки сеуште останаа на место и покрај деформираноста произлезена

од неговиот пад. Да беше невољата уште поголема тој запали некаква забранета цигара и веднаш беше
пријавен кај еден друг кмет. Стана и без извинување го напушти местото. Откако неколку мина во

Микрополисот бучно почнаа да лајат по него тој сосема се повлече. Борбата беше сосема не еднаква: Сите
нормални против еден побудален Кмет. Јас сум Волк! Извика на сет глас Алексис и истрча пред првото возило

кое што по некоја случајност беше полициско. Ете сега тој немаше никаков проблем, беше сам во келија и
сите нешта што ги сакаше му беа обезбедувани. Тој имаше кметовски третман. Одживеа цели осумдесет

години веднаш по инцидентот-среќен-несреќен-задоволен-незадоволен. Беше тоа еднаш во страшниот


мегалополис: микрополис.

15

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Алтроисто и неговата светлина

Расказ Бр. 2

Секој ден ќе менувам по една Светле се додека и самиот не светнам и дојдам до самиот извор на светлината.
И тогаш ќе исчезнам во неа, светлината... Алтроисто за сето време го повторуваше следново. Еден ден
навистина блесна околу него. Светлоста почна да го прати. Тој пред неа - таа миљи пред него. Да се обиде да

ја наслика сопствената сенка, сега веќе светла. Не, ќе си игра со неа, весели. Не може туку така сега, со
сенката светла... -- - застана пред огледало Алтроисто. И на огледалото виде како сенката му се беше

приближила толку што почнуваше да го опкружува, дури да го исцртува неговото тело. Реши да се јави на
новата Светле. Ниту желба, ниту лек не виде за светлата. А сепак тој продолжуваше самиот да свети. И
повторувај по мене: и рече на новата Светле - Секој ден менувам по една Светле и светлам во светлото на
тунелот кој води до повторната светлина. Јас сум светло додека не изгорам, процес кој гори додека воздухот

струи низ него... Алтроисто погледна во светлите очи на новата Светле. Повторувај? се наведна тој кон
неа.Но оваа новата Светле не говореше ништо, таа само зрачеше и во обидот да се насмее создаваше голема

жестина. Алтроисто сиот испотен седна наспроти неа. Набргу тој се стопи на земја. Остана куп прав што
потсетуваше на него, долната облека, еден пар чевли и неговите очила за сонце.

16

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Дисертацијата на Др. Магареев
by Voltaire Al Hakim on Sunday, 10 April 2011 at 18:53

Како во ум да имам светилка од 1000 вати. Секогаш кога ќе светне добивам идеја. И спремен сум за
дисертација трајна, научна и сочна... Др. Магареев објаснуваше во аулата на Медицинскиот Факултет. Малата
Фарифа за сето време ги проучуваше неговите движења. Можеше јасно да ги види неговите нозе. Тоа се нозе
на шеесет годишник и човек испиен од непотребна гордост; си рече во себе. Др. Магареев веднаш го примети
сомнежот кај Фарифа. Таа црно муреста девојка потекнуваше од Кенија. Тука беше на гости кај
градоначалникот на Катлановскиот округ. Ајде вие колешке! Уффффф- Пуфффф... Забрефтано ја погледна
Др. Магареев младата Фарифа. - ајде вие да објасните од каде потекнува срамот и стравот од непознатото?
Настапи тишина и мало звучно интермецо во аулата на факултетот. Црната девојка скокна и како некаква
мала антилопа се исправи пупејки го задникот. Веднаш примети дека стариот Др: Магареев посакува нешто
сосема друго отколку сувопарно познавање на работите. Таа ги стегна рацете и почна да ги кутка малите

ноџиња во одводниот отвор за вентилација кој што помалку беше рѓосан од константниот доплив на влага во
него. Ако ова место секојдневно некој го посетува со био-сверно триење се опкладувам дека металот ќе

светне. Радосно запеа таа. Остатокот од студентите веќе на неа гледаше како на чудо, не поради знаењето
туку поради нејзината кожа; црна оптегната и на миг мрсна. Кожа како на некаков африкански јагуар. Заби

бели и светли, усни помалку испапчени кон надвор и задник каков никој не видел до тогаш. Сиот набабрен
кон вселената на темниот патос. Чудо за нив но, врвна мистерија за балканскиот ерос. Прсти тенки на неа и

нозе од темно сонце кое обично свети како на границите за шпекулациите за темниот универзум кој не е
ништо туку светлина. А всушност сето тоа е претворено во негативот на свеста. Црната боја е светлина а

белата е во функција да ја означи и затскрие нај скриената тајна на умот кој сам по себе подразбира шарада
која што го собира секој молекул на телото и страста. Др. Магареев, до пред малку сиот фокусиран на науката

сега гледаше во тие две очи кои го носеа како во некаков пејсаж на млечниот пат во несвесниот коитален
синергис на вештачењето и сведоштвото на ѕвездите. Нему му се виде девојката како сиот црн континент.

Црна реакција на потисокот и притисокот на балканската дивост и виртуозна телесна привлечност. Каков
експеримент, уф, баш би сакал да ја напрчам; замислено отсонува во себе. Да ја земе од зади и да се

изгуби, па да плати со неговата титула... Да ја однесе во кабинетот и да расправа за Исак Њутн со неа.
Скришно умот му работеше како во некаква пра-шума која ги простираше неговите нервни завршетоци точно

во гениталиите на неразумното и страсното. Тоа од кое тој најмногу се плашеше.


- Ајде колешке, се работи за наука...

Погледите на остатокот од студентите говореа за некаква малограѓанска кроткост и воедно страв од Др.
Магареев кој беше познат по својата строгост. Сите тие идни доктори се однесуваа како ново воспоставени

вештери на „ бирото за здравство„ и ситни познавачи на човечката анатомија. Еден ден тие сите ќе плашат
нови и нови генерации на пациенти долж земјата. Остануваше да се одглуми протоколот и да се добие оценка

која ќе гарантира висок успех и рејтинг во сопствениот курикулум значаен единствено на академскиот свет на
вредности и во умот на сериозно умоболниот Др. Магареев. Набргу сите се разотидоа. Др. Магарев

17

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
изненадено примети дека по пат веднаш до него сеуште чекори Фарифа, сета грацилна и темна како питон.

Тој жовијално заигра со јазикот кој што поприми изглед налик на оние гуштери од Галапагос кои што фаќаа
ситни инсекти и мали животинки со едно движење.

Ах, колешке... Сеуште тука? Гладни за знаење?!


- Гладна за храна, докторе. Ние сме гладни за месо и храна, традиционално...
Др. Магареев возбудено се заврте околу себе. Не виде никого. Тој со ситен чекор внимателно се доближи до
малата Фарифа. Сега веќе секој дел од неговото тело доживуваше некаква мини експлозија, детериозација на

фатигалните емоции.
- Гладна колешке, него што... и нам ни е познат тој глад. Вечен глад за месо и сосови, зачини и внатрини и

секретијални бестијалности! Ух се згрозувам но, вистина во право сте. Сакате на мал ручек со мене? Ќе
говориме за Рудолф Штајнер и неговата миспрезентација и детска фантазија за настанокот и фузијата на
душите и телата. Ова се разбира - не официјално... Мила колешке ако дозволите, мислам дека вашите
капацитети ги надминуваат оние на просечниве студенти. За миг го здогледа задникот на Фарифа и сиот

набабри во мислите и се стаписа. како некакво животно сум - повтори во себе... Уф-уф... Умоболен сум... Не,
не сум... Ја сум само напалено климактерично говедо. Уф... Го охрабри насмевката на црната Андромеда.

Фарифа која што веќе имаше каталогизирано искуство во споделувањето на сопственото тело со возрасни
мажи, не виде никаква пречка во ново настанатиот предлог. Трепна со големите очиња и оближнувајки ги

усните со јазикот сочно прифати: Зошто да не, протеински епилог никогаш не е на одмет докторе... Може и
десерт на самиот крај, јас ќе честам ако дозволите... Ги придвижи долгите црни прсти на кои и ноктите

говореа: месото е животен сомбреро кој секој мора да го стави на себе порано или подоцна. Овој Магарев,
сигурно се беше занишал по неа и тоа беше одлична шанса да се продолжат студиите без посебен напор, си

рече во себе. А и животот ја беше научил на лажноста на естетиката и протоколот, знаењето и редот.
Вистината и напредокот - религијата и скепсата...Чуставата и мирисот на успехот... Сништата и нивното

значење. Набргу влегоа во автомобилот на Др. Магареев. Докторот мораше да направи прав маневар и при
тоа го виде наизглед мекиот но во истовреме зачудувачки спокојно цврстиот задник на Фарифа. При тоа тој

сакајки-несакајки го допре предметот на желбата. Фарифа изненадено се насмеа шептејки: Ох... Малку сум не
смасна, простете... Додека седнуваше поголемиот дел од нејзиниот фустан се лизна по цврстите но сеуште
женски црни бутови. Нежни како на гулабица но сочни и убистени како на антилопа тие го отворија мирисот
на поканата во ноздрвите на Др. Магареев, кој како некаков опчинет јарец почна да мека: Мееее, неее...

Ништо не фали се` е тука колешке простете за миг ми се слоши. Седна до неа и го запали автомобилот.
Фарифа го загледа тој на миг манијакален господин.

- Имате клима докторе?


- А?! Клима, да. Сега мила колешке... Температурата беше доста висока во автомобилот, но Магарееф тоа и го

посакуваше. Ќе ја носи накај врвот на Водно, кај Домот на Глувите, и таму кај стариот хотел накај патот за
Нерези ќе ја земе. Веќе му беше отиден умот. Сакаше сиот да се изгуби да изгуби се`, докторската титула

неговата жена деца се`. Ништо не му беше поважно од црното сонце што се опулуваше од меѓу-ножјето на

18

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Фарифа. Дали е бричена? Си фантазираше додека крајоликот стануваше се` позелен и погуст. Набргу

пристигнаа кај Глувите. Но, тој објект беше веќе одамна затворен. Моторот на автомобилот замре. Во
огледалото тој примети лик на волк. Очите му беа испапчени како две фалусоидни пупки. Тој примети по

малку трескавично: Не работи... Во истиот миг се втурна и ги зграпчи двете црни дојки кои што излетаа од
затегнатиот мајски фустан на Фарифа. Неколку минути по тоа Фарифа веќе беше на слобода и надвор од
автомобилот, легната под едно дрво на тревата... Сонцето привираше низ гранките на дрвјата. Сенките го
менуваа нејзиното тело како некаков сочен црно бел сладолед. Доктор Магаррев сиот задишан почуствува

болка во пределот на градите. Тој го слушаше срцето како вознемирено лупа. Запали цигара и легна до неа.
-Колешке вие сте светица, црна светица... како Фатима...

-Зарем светците се делат на црни и бели?


- Не, мислев... се надевам дека ова е тајна наша?
- Каде ви е месото? Гладна сум... Примети Фарифа.
Сонцето полека се скри зад врвот на Водно неколку мравки веќе формираа колона корачајки по нозете на

Фарифа. Сите тие инсекти и секрети, плунки кои како некакви вселенски трици се размножуваа по космосот
го правеа овој свет совршен. Тука немаше никаква апологија на случувањата сите бараа храна. Набргу, на

зајдисонце, Др. Магареев собра сили за уште еден невкусен опит, пенетрација и славење на Дон Коитус.
Фарифа сета раширена зјаеше во ѕвездите. Ете ви ја Андромеда... простенка таа додека Магареев се

обидуваше да го стори тоа одново и од ново... Во центарот на неговите зеници се одразуваа графикони и
параметри за црната дупка. Таа трајно стоеше во неговиот ум требејки ги сите постулати на модерната наука

и водејки кон совршениот класицизам на телото и болот. Грешките на телото и креацијата. Смртта како
единствена оддалеченост помеѓу него и вечноста на не постоењето.

19

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Посветениот Осветник
by Voltaire Al Hakim on Monday, 29 November 2010 at 11:22

Господинот Штирко Штакорски стоеше пред спомениците и гласно негодуваше. Зеде едно помало чеканче и
започна да ја демолира опашката на коцката што требаше да претставува лав. Тој веќе од поодамна беше
спремен да насамари, па дури и да убие ако е потребно за револуцијата. Неговата бујна фантазија одеше до
таму што тој како лиљак леташе од корнер до корнер низ сиот град, наслушнувајки секаква тривијалност и
можност за шпекулација. Така ја беше замразил партијата што беше на власт што не можеше да замисли
ниту минут без да не посака да му се освети на виновникот за озлогласениот барок во Шкопи-град. За рака
на вистината неговиот некогашен мецена патронот- докторот Р’чко Спанковски веќе се беше здомил во
владеачката партија и не сакајки токму тој му шеташе по умот на сиротиот Штакорски. Пред неколку години
тој беше на една изложба во „Ла Академија Куравте“ каде што Др. Р’чко Спанковски ги излагаше своите
дела. Штирко многу внимателно ја следеше работата на Господинот Спанковски. Застана пред една слика на

која што беше прикажана една помала група на разгневени жители на ФИРОМ’б кои што носеа транспарент
на кој што пишуваше: Дошаја нож до коске!

Сега тој размислуваше дека токму со овој слоган ќе му зададе смртоносен удар на Господинот Спанковски,
кого што тој лично го пронајде како одговорен за сета беда што се случува во државата. Иако Штирко мина

сосема добро во локалново миле, тој секогаш сакаше повеќе. Не му беше доволен стан, пари, статус, тој
сакаше реална моќ. Политичка, можеби позиција на министереско место. А зошто да не... Тој се згрозуваше

од сиромаштијата, уште повеќе од масите и обичаите што владееа во балканскиот театар. Во провинциски
неолитскиот мегалополис Шкопи, тој откри дека работите може многу лесно да се менаџираат. Имаше право

да се лути. Посебно да му се лути на Магистар Спанковски. На крајот од краевите зарем тоа не е секогаш
така: Секогаш се лутите на тој што ги познава вашите тајни и што ве наместил на позиција. Штирко

Штакорски беше директно врзан со опозициската “ШКЉМ Сојуз на Демократите“, партија во опозиција
наспроти владеачката: ДЉШЉ-ЊЕ која во случајот беше партија на власт. Мами ќе им е... Помисли

Штакорски... Тој со гнев ги пржеше статуите на едниот од мостовите на реката „ И пет милиони да сте не
може да се истресете сите“. До него стоеше Миро Фекалија, локалниот дилер на банани од Гази Баба.

Штакорски се сврте кон него и со нагласен акцент покажувајки кон статуите се продра: Ќе купиш од Осман 3
000 000 бајати јајца! Миро помалку подзгрбавен се замисли па воздивна: Ехххххх, што ќе ти се бе Штакорко

баш 3 милиона јајца и тоа бајати?!


Сиот разгневен штакорот се напна кон него: Па ти си Идиот бе! Што мислиш дека партијата треба да фрла

свежи јајца на овој кич на Спанковски и сличните говеда како него! Мочковци! И они држава ќе ми правеле!
Барок?! Море стока ни заедна! Мамиии...!!! Ухххххх... Сиот зацрвенет во лицето Штакорски почна да

потскокнува на една нога спремен за бокс меч. Ќе ги снема овие животни од овој мост - ти ветувам!
Мочковци!

Штакорски се стрча кон едниот споменик и за миг се искачи на него за да веднаш по тоа започне влечењето
на гривата на бронзената статуа што требаше да представува лав. - Ќе те уништам! Ќе те дефрагментирам во

20

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
најситни честици- не ќе може ниту еден ром да те продаде на отпад! Од тебе ќе остане едно големо ништо-

пуффф! Сообраќајот на мостот почна рапидно да се зголемува, сразмерно со него и чадот. Господинот
Штакорски се упати кон штабот на “ШКЉМ Сојуз на Демократите“. Требаше да го обзнани неговиот план. Тој

за овој удар ги беше најмил “ кумановке нитроглицеринке“, врвна субверзивна технолошки напредна банда на
бајачки-гатачки и фрлачки на јајца. Мора да успее! Си повторуваше во себе... Морам да го тргнам тоа говедо,
не може тој мене на пат да ми стои! Во исто време во штабот почнаа да пристигнуваат главните актери и
политиканти. Штакорски започна со презентацијата на планот за контрареволуција. Р’чко Спанковски како по

обичај тој ден се разбуди некаде околу 16.30 часот, денот што туку започна за него. На масата го чекаше
поголема шоља кафе локум и една цигара. Како во старите добри времиња тој почна да ги прелистува

дневните весници. Од телевизорот пристигнуваше шум на дисконекција. Р’чко шмркна малку од кафето и
стана да го тегне кабелот од телевизорот. Р’шко сонуваше лош сон, во него виде како разулавена толпа фрла
јајца по што туку наместените статуи на мостот: Делај Ламба. И како на сон му се виде дека толпата која што
навидум се грижеше за работниците и нивните права, не беше ништо друго туку насобрана багра на

деструктивни пијаници.
Сиот испотен од можниот исход кој што можеше да заврши со рушење на спомениците тој зеде една помала

динја и почна да ја сече. Вестите на телевизорот во исто време прикажаа една помала толпа како вреска и
колне. Телефонот заѕвоне...

- Да?
- Гледаш?

- Што?
- Што се случува, изгледа дека ти со право беше загрижен. Овие се многу сериозни, спремаат к-ташак

револуција. Ги маваат спомениците со јајца, зарем не гледаш?!


На телефонот беше Силуетко Нос Ван Клун, еден од најенигматичните лица на Шкопското подземје.

Тој како по обичај се јавуваше кога работите не можеа веќе да тргнат полошо.
- Сакаш ли да излеземе на терен - еко патрола?

- Не, не можам токму сега, сликам...


- Добро, но да знаеш овие нема да престанат...
- Ќе кренат и на друго место? Некоја телевизија на пример... Џ1?
- Велат дека нивните бригади ќе уништат секаков артефакт и споменик по пат, овие се крвожедни! И за сето

ова се насочува една личност како одговорна: Штирко Штакорски, тој стои позади сета оваа бука. Го
познаваш, нели...

Р’чко Спанковски - Стрелац, како сеуште му беше код нејмот, беше навистина талентиран сликар, патриот и
голем мецена на уметноста. Тој и без да слушне знаеше за кој точно се работи - сурушоидот Штирко. Толку

многу работи му имаше завршено на Штакорски, а сепак... Ја прекина тишината сакајки да звучи изненадено:
- Штирко?!

21

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
- Да, се сеќаваш на него? Ако не се лажам токму ти беше тој што го фаворизираше и го величаше по култур

арените...
- Ах да, тоа е минато...

- Сега, минато - не минато, тоа ти е...


Р’чко затуфка негодувајки на слушалицата:
Леле?! Види со јајца мава стокава! Па и клне на врв од се’
- Е, де... ги најмил “ кумановке нитроглицеринке“, бандата на Чезаре Борџија, како ти знаеш да го наречеш...

- Пролетери... И што сега?


- Ќе почекаме да се расплете.

Штирко Штакорски започна со мобилизирање на сиот персонал од партијата. Сите бригади, сите распејани,
сите раскокодакани, шампити-мајстори, келавите центуриони на Чезаре, сите мораа да дојдат и да одпеат
една - нагласуваше тој. Некаде околу 17. 30 се собра поголема група на луѓе. Наскоро сите се најдоа пред
телевизискиот центар на Зануси Кончар Ентерпрајз & Зуко Армани Дивајн-Шкендија ДООУП-Комерц.

Штакорски раководеше директно од оперативниот центар на “ШКЉМ’’. На неколкуте монитора


последователно се движеа членовите на ШКЉМ. Сите беа облечени во партиски одела. Капчињата на

револуцијата веќе беа на глава. Телефоните на Министерката за Внатрешни Работи Пирана Јагулова почнаа
да вријат. Таа кроеше некаков друг план. Министерката ги засука мустаките и почна напорно да анализира .

Сите беа свечено вознемирени.


Водителот на ударното шоу беше еден од луѓето на Штакорот, иако не поднесливо галамлив тој почна да ги

внесува поеминентните представници на “ШКЉМ“ во телевизијата. Полицискиот кордон што требаше да го


контролира влезот во телевизијата попушти. Набргу почна големиот Ден “Д“. Штакорски весело ги триеше

рацете: Сега-сега! Сега ќе ве парчосам! Фашисти! “Кумановке Нитроглицеринке“ започнаа со катапултирање


на нови количини на јајца. Се слушна и патриотската песма: Ој Кожаро-технолошки вишку.

Токму кога граѓаните на ФИРОМ’б помислија дека отиде преродбата се случи чудо. На ТВ екраните се појави
Рихтер во својство на диригент лично и објави крај на првото полувреме. Рихтер во исто време го одсвири на

своето пиано Брандербуршкиот концерт. Сега веќе на сите им беше јасно. Заврши револуцијата... Резултат
хомо-екстатична треска. Ордените ги земаа сите. Р’чко иако не пушач и самиот запали една зелена-кубанска.
Статуите на мостот добија патиниран барокен изглед. Под нив народот на ФИРОМ’б правеше кајгана од
големите количини на исфрлени јајца. Штакорски набргу заспа од преголемо возбудување. Не е лесно

револуција да се прави за ЕУ, НАТО и Сорос. Но, најтешко за сопствениот џеб. Фашисти и Говеда испиша со
црвена боја по еден ѕид Камарад Штакорски. Под него се потпиша: Виткенштајн Убиецот на Мочковците.

22

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Денот кога Пандалф Вулкански реши да ја распушти ФИРОМ
by Voltaire Al Hakim on Sunday, 03 April 2011 at 14:56

Во градот под кулите на самовилите Пандалф Вулкански и неговиот вечен сопатник Никола Гегевски береа
јаготки. Времето сеуште не беше радиоактивно.„ Колку имаш збрано?„ Втренчено се нурна во јаготките
Гегевски. Овој пак, фантомскиот Пандалф сиот вознемирен ја затресе кошничката на сет глас. Имаше можеби
две до три кила јаготки на куп. Пандалф очигледно беше многу побрз од Гегевски. Тој сиот онеспокоено
забрза со корнење на јаготките ( овој пат ). „ Зошто ги корнеш?„ Запраша Гегевски. Пандалф за миг погледна
кон кулите на Паско Кузман ( во тоа време тие беа имагинативни - се разбира). Бранко Црвенковски и
Никола Груевски сеуште не беа намачкани со урда и воспеани. Тоа беше време на пра-тортата, да не речам
ретортата на начитаниот Гегевски. Толку моќен начитан, раскошен и строен ритер на културниот башибозлук
на една комунистичко - коминтерновска творба, која што некои сеуште ја нарекуваат: Македонија. „Зошто да
не правам книги?„ примети Пандалф. „ Тие и онака се дефицитарна стока на пазарот во ФИРОМ. Ќе треба

време да мине сиот овој пролетерски џган да се втера на ред„. Бранко Црвенковски, сега веќе ветеран на
балканската мудрост и јавашлк се сопна од едно помало дрвце. Му требаше многу време да разбере дека на

нозете се беше појавила една поголема џунка. Тој започна да криви на една страна, како во филмовите на
Чаплин. Него му беше ветена земјата на бизоните и тој мораше да биде владетелот. И би тоа Бранко:

владетел на гномите и штеточините. Гегевски иако лично возгордеан и начитан го обожуваше Црвенковски,
имаше нешто во неговиот криминален лик кој што на Гегевски му даваше сигурност и мир. Не како оној

глупион Груевски, кој што имаше амбиции да прави некаква држава од ништо заедно со Станковски Ацо - тој
офуцан уметник и само наречен мистик. Овие двајцава не му излегуваа од глава на Гегевски, тој толку ги

беше поистоветил и замразил. Тие едноставно му ја рушеа самодовербата, а ете Гегевски се беше намачил за
време на животот, начитал за сите нив. Начитан за разлика од оној простакон: ’Марсовецот“, кој што како

некаков си морж одеше да работи по некакви чудни места: фабрики и кој знае ти што не. Па уште на згора
тој: глупиот и неначитан марсовец: Манчевски Владо - ќе му застанел на пат на системот?!„ Системот?!

Повтори Гегевски или Гелевски ако ви се допаѓа... Со оној Станковски - сликарон кој му беше пријател на
Манчевски - никаквецот. Гелевски овој пат не Гегевски е одговорен човек кој и сака се’ најдобро на

провинцијата и иако некои го нарекуваат: Кефер на Знаењето тој не мрази. Тој ги сака луѓето. Тој е широко
град и генијален изрод. Но, тој истотака е водач-бранковист, триумфален следбеник на гревот и редот на

параноичните. „Сега ќе се преслечам во фантом, и ќе отворам нов фронт со сите скопски никаквеци и
дегенерици, со оној Станковски нема што! Туку со онаквине болни изнемоштени и јадни качунки-дрогашки -

безумни! Сите тие ќе се движат како полноќни зомбии кон Станковски и неговиот клан„. Пена течеше од
неговата уста како кани-канум - у- лас од лицето на Гелевски. Тој сомнебулно продолжи: Ќе ги победам сите

во шах! Во одбојка! Тробој! Фудбал, Начитаност! Ќе го фасцинирам и самиот нивен Бог! Јас сум непобедлив
заедно со Пандалф Вулкански! Јас сум творец на таквите како Бранко Црвенковски! Никола Груевски ќе биде

кутнат на колена! Кој е тој да рече дека оваа земја има право да постои! Нема право! Ниту тој, па ниту
Станковски, па ниту Паско Кузман и да ти е... Шелева и да мокрам по нивните споменици... Да го исплукам

23

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
черепот на Гоце и да изедам пола килограм мед со измет од препелици и минџини сојки... Ја сум едноставно

непобедлив! Не сум јас некој скапан марсовец! Секој да ме шутка по фабрики и ситни дренбулиии за да
преживеам! Тој скапан Марсовец - али ас Манчевски Владо е идиот и јас лично ќе го застрелам заедно со оној

Поп Дучев - гробарот.! Гррррр! Да ви ја е... преродбата! Фашисти! И на крај ќе приметам дека сето ова нема
крај! Но, јас сум систем, еден човек-држава! Јас сум нај-начитаниот во најпросечната држава на светот! И
фала му на „Мене“ и на Сорос што влегов во првиот круг да го контролирам редот и нередот. А на таквите
како идиотон со име и презиме: Манчевски Владо, не ги ставам ни на...„ Пандалф Вулкански немо гледаше во

умот на Н.Гегевски. Тој за миг вструи во неговите мозочни клетки:„ А што е со тебе Кољче? Вака ли ке се
владее светот со повикувања кон некои личности што немаат никаква реална моќ?! Каде ти е умот и разумот?

Па ти треба да владееш бе Гегевски! еееејјјј!!!! Прибери се. Ајде да направиме некоја збирка раскази за
Скопје 2014! Ти барем имаш кој да ти штампа а не како оној сиротион Волтер Ал Хаким -Манчевски -
будалиот! Оној де што глуми херој на работничката класа, всушност тоа е еден обичен усташ!„ Никола
Гегевски застана и ја фрли кошничка со јаготки од мостот „Гоце Делчев„ право на главата на премиерот

Никола Груевски кој што токму во тој миг садеше некое дрвце од левата страна на кејот од реката Вардар.
Добро што не е оној лузерон Манчевски Владо извика на глас Пандалф Вулкански и се разбега низ умот на

Никола Гелевски. Не сум јас, официјално прокламираше Гелевски додека од другата страна Влада Урошевик
се прибираше од смеа. Некој ги изел парите, а тоа не сум јас! Но знам кој може да е! Манчевски Владо-

дрогаш-пијаница и никаквец! Тој е! Станковски и Глуевски! Поп Дучев и Кокнам ти го Јанев! Не сум јас! Јас
сум само- начитаниот и бендисаниот кмет на оваа земја и соросоиден Ју-Е-Фо! Не сум јас... Манчевски пак од

друга страна остана богат со уште една книшка:„Скопски Прикани од 2014„, од Пандалф Вулкански и
друштвото Сорос кое што тој ниту го мразеше ниту кудеше. Но ете се беше клекнал во годините на свињите и

војсководците на ФИРОМ. Архибригадите му го влечеа и онака расклиманиот фалус, неговиот збор не


вредеше банка. Тој почина и се роди Волтер Ал Хаким - бесно копиле на транзицијата. Станковски пак со

зероистите отпатува долж каналите на Венеција. Сите беа среќни-несреќни, ете така се амортизираат
тензиите во една мала провинција која што ниту име не може да задржи а камо ли академија на куп да стави

но, вистината беше рамна на чудо: таа творба, тој Франкенштајн на ужасот сеуште постоеше и болно
кричеше. И без речникот( македонско-македонски ) на Зозевски и сличните. Просторот некои сеуште го
нарекуваа Македонија.

24

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Кратки раскази за разгоропадениот Ерос
by Voltaire Al Hakim on Wednesday, 23 February 2011 at 15:09

Во древниот Рим во секое домаќинство се одржувале лемурии. обред со кој се одоброволувале духовите на
покојниците што се враќале еднаш годишно. Лемурија исто така бил римски назив за големото островско
кралство за кое Римјаните верувале дека некогаш се наоѓало во “далечното источно море“, што понекогаш се
поистоветува со Индискиот Океан. Го снемало, и се претворило во “живеалиште на измачените души“.

До колку некој се обидеше да го надмине, тој сигурно беше решен да се одбрани, па дури и да скокне од
височината на сопствениот спрат. Иако височината не беше поголема од три метри сепак можеше да се
повреди. Што да стори ако не оди? Погледна кон црното пијано, марка Петроф и се фрли на него. Одпрвин
почна со обични вежби за загревање, па скокна од него и зеде да прелистува по нотните тетратки. Што да
свири? Почна да пишува едно долго љубовно писмо. Го нарече: Писмото до мојата Астарт. Започна некако

нерешително. Зеде еден поголем лист и тој веќе запишуваше:


Tокму тука и лежи најголемата вистина, која што мила Астарт, тебе и не треба да ти биде демистифицирана,

ти знаеш, ти можеш и дозволуваш, и јас сум неизмерно благодарен. Затоа што творбата е сосема
вонвременска и вон-телесна креатура на еден сон кој што не е обременет од солзи и мака. Тоа е сон на

искуството и интуицијата, јас го сонувам со нешто - кое мислам дека единствено ќе те краси поради-твојата
возвишена љубопитност и воља на лик на илјаду годишна карпа која единствено трпение познава. Му

благодарам на свемирскиот разум што ти во мојов несомнен мрак светна. И на твојата прибраност да ги
иницираш сите најубави нешта кај мене, признавам секој што импрегнира убави работи може да се нарече:

’’светец’’, со овие зборови само убавина правиш во мене и како во некаков чудесен дневник на вистината, без
патетичната потреба да се акцентира покажувањето и вистината од еден агол на плебистичката публика,

сосема сигурно лежат во егзистенцијално-небулозните мисловни естетики. Но каде оди душата и колку
разговорите помагаат во искрењето на фантазиите? Тоа е сосема неважно... Дали постои цел и колку е таа

егзактна и рационално разбирлива? Дали е сета оваа панагирија потребна мила Кралице на Мразот, Астарт
обожувана?

Мислите ги толкуваше како грешни во себе. Тој беше сигурен дека ништо не помага по патот. Времето
мораше да се потроши... Колку и да се обидуваше во него остануваше чувството на осаменост што во овој

микрополис ( вака сликарот Станковски би го окартактеризирал градот во кој што тој живееше ) го беше
освојил и триумфот над потиснатото себство што го возбудуваше. Играчка па плачка... Темни мисли, неспокој,

повремена аритмија и блага неврестенија помешана со цинично - винска анксиозност го означуваше неговиот
карактер во поголемиот дел од времето. Дали да помисли на убавината на живеењето или на маката на

постоењето, неговото време заминуваше и тој секојдневно посакуваше нова случка. Нешто во ништото,
неговите години на зрелост, една ранлива материја која што играше во неговите раце, виткајки се по прстите

како некаква си жива гума. Секој човек постои за да твори и посакува, тежнее, љуби... Ете сега ова писмо,
кое немаше крај, да се напише најголемото љубовно писмона Светот. Во име на апсурдот, во име на

25

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
ништозноста на порнографскиот 21-ви Век. Како жител на содомскиот архипелаг и истоштеноста на умот и

сите негови девијации остануваше да се помири со судбината: требаше да се умре.... Но не беше секогаш така
црно, тој во сините летни утра успеваше да испешачи дури и десетина километри, каде и да одеше со себе

носеше костум за капење. Обожуваше да се капе, плива и се’ што оди со тој вид на рекреација. Астарт ја
запозна на сон. Таа требаше да биде неговиот последен излет, една сосема луда романса со која тој сакаше
да го прескокне сопствениот неуспех. Неговиот стаклен брак, лишен од секакви фантазии и страсти,
автоматизам на очекувани неочекуваности. Секс во форма на неинвентивен сервис, перпетуално само-

казнување и неверојатни количества на бол... Вака тој го објаснуваше својот моментален брачен статус.
Вистината беше некаде помеѓу. Како што тоа обично се случува, Марко - занесеник и љубител на мирот, не

можеше да си дозволи нормална афера како и остатокот на светот, тоа сакаше да го стори тоа на еден по се’
необичен начин. Токму затоа и си најде девојка со фиктивни пропорции и фантастични убавини.Тоа мораше
да биде со некој прфектен, па дури и некој постар од него - си рече... Животот е фасцинација во која што
партиципираат сите останати, но не и самиот минувач низ него. Тоа обично се забележува од хроничарите и

запослените во разните институции на општесвото, новинари како и останатите занаетџии кои што себе си се
нарекуваат писатели. Се’ во се’ малкумина се свесни за живеењето се до тој миг во кој ќе се најде некој да им

го прераскаже. Со други зборови го земаме животот за готов. Во него живее секој сем ние самите Астарт...
Марко се загледа во еден пејсаж на кој што имаше исликано некаков небулозен кањон низ кој се протегаше

нај-сината река што ја беше видел. Сјајот од неа беше посебно впечатлив кога светлото стануваше загаснато.
Флуоресцентни одсјаи и рефракции излетуваа од сликата под различни напади на светлината. И повторно, во

неговиот ум почнаа да пристигнуваат нови и нови слики. Некаква опседнатост со Астарт, таа Богиња на огнот
и страстите, желби во сефиротот, сништа темни-лепливи-илузии... Вистината е во обичајот да сакаш, си

повторуваше. Кој си ако не Ангел; Кој си ако си и зошто си? - повтори во себе. Многумина се прашуваа што
всушност работи, како преживува, но тој за сето време беше пред сопствениот компјутер. Дали да започне

од првиот човек? да посака да се вреже во мрежата на вечните? Колку има до следната сончева еклипса?
Дали сета смисла пристигнува од страдањето и репетицијата. Несносниот звук од будилникот го отргна од

мислите на миг. Стана и го исклучи. Надвор се спремаше луња. Една од оние што никого не поштедуваат.
лисјата летаа час во форма на вртлог, а на мигови удираа како стрелки од пикадо по прозорите од неговата
кујна. Како му било на првиот човек? Дали воопште постои прв?... што ако се' измислено е невистина. Што
ако секој обид на сите луѓе на планетава е само обична наслада за забранетото, мисли кои едноставно

нанесуваат бол... Слики пред кои што едноставно нема замижување. Размислуваше за сите неправди
иницирани во име на правдата, скршени сништа, ветрови кои што не се ништо друго туку придвижување на

свеста во непознато-познати насоки, скроени да ја демонстрираат подготвеноста на умот да се соочи со


губењето на здравјето како ултимативен прогрес. Сите чпиунски служби, рационалноста на профаниот свет,

вознемирвањето од топењето на глечерите. Крупен план: секс! Порно! Три димензии, четврта петта... Сите
овие работи страшно го изморуваа, на крајот од денот тој беше сосема сам во оваа космогонична потера.

Збирки на инсекти, мравки, рециклиран радиоактивен саркофаг - во кој некој ја заборавил својата урна, која

26

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
што води потекло од земја на изгреј сонцето - Нипон. Еден меч од времето на стариот Египет кој што

наликуваше на срп. Тој за него плати баснословна цена. Тоа беше “Копеш“ со дршка од скапоцени камења.
Обично му служеше за неговите бизарни утрински ритуали за поздрави на Сонцето. Кога само би имал време

за сите негови артефакти, пасии. Кога би заспал и би го затворил кругот и вечноста би станала негова
метреса. Си рече: Ете на никој од нив никогаш не му требала болница? Мила Астарт... Имал ли Адам потреба
од експерти? Колку докторати направила Ава? Зошто Креаторот посакал токму сите автомобили на планетата
да се таложат како некакви локуми од лимени корки? Зарем болеста е страст во која секој роден ужива, а тоа

не го ни дознава, за да продолжи до новиот автомобил, куќа, куга. Семка на семките во пладнето на умот,
чекор во одот од кој чумот е татнеж во советот на утробата и мислите како огномет, како нова - супер нова.

Екстаза на заматениот разум во бесознанието на сомежот од претпоставениот крај и... реалност, презир,
страст, допир... Астарт. Погледна во правец на календарот и почна да брои во себе. Во некое друго време би
го побрзал времето, но каде би стигнал денес, со тој негов лик на индустријалец од времето на Викторија.
Забрана за повици - светеше на неговиот телефон. Нека, бесно се втури во светлоста на мониторот. Тој

немаше што да изгуби. Единствено сликата од таа девојка, која што можеби е и жена. Една софистицирана
дама која воопште не го ми познава, него - тој изрод- вознемирувачот на жени. Неговите приказни за

лемурите, волшебните трактати на сивиот орел, сите сказни на елитните друштва, погребите на
достоинствениците, редот на витезите, сништата... Како во некаков чудесен тобоган ( вртелешка ) од која што

качениот не може да слезе, вознес од себе расплодот во зилион слики. И во нив сите смртни скокаат од сите
височини, опијанети од креацијата на расплодот. Ум во кој секое сценарио е приказна. Заслепеност од

серијалноста на млекото, повик во аватарот на повторливоста. Сакаше да чекори кон крајот, но тој од мораше
да биде глорифициелен, исполнет со грутки од благородни метали и камења. Во умот се’ требаше да свети - и

на крај како некаков тилт на џубоксот требаше да се слушне едно: Клик! И се’ да исчезне во длабочината на
тишината... Ја наполни лулата и седна на диванот отспротива на фотографијата на замислената Астарт. Која

си? Си рече во себе. На сликата се смееше една ведра блондинка, со очи на верверица, толку мила и страсна
во истовреме. Достоинствена и кротка. Една од оние за кои се креираат нови кралства. Марко ја посакуваше

како дел од себе, иако тој веќе беше женет и сето искуство го беше веќе минал. Секој интелегентен ентитет
на планетава познава страст за репродукција и истата ја оневозможува сакајки да го продолжи
задоволството. До крај, тоа сигурно е многу тешко во умот на убиецот и на животното. Кого да задоволи?
Себе? Астарт? Милата Астарт која што требаше да биде нагрдена од неговите бласфемични сновидениа и

пусти желби без никаква основа. Што ако тој е исто така продукт на имагинацијата. Дали е жив? Застана пред
стаклената врата која што водеше кон малата тераса што водеше надвор од кујната. Ја отвори вратата.

Ветрот дуваше и шумеше во исконот на свеста. Како да собира некого секогаш кога ќе ја започнеше онаа
хармонија на лисјата што паѓаа небаре некакви зборови од дрвјата. Излезе надвор низ вратата. Ги налакти

рацете на еден метален столб што го правеше помалку дезориентиран, со малку вртоглавица во умот. Долу
кон градот шумата стануваше се по ретка. Неколку кучиња лаеја зад еден стопан кој се обидуваше да собере

27

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
рошки за потпалка. Ветрот дуваше кон излезот на падината, се чинеше дека сиот свет оди кон запад,

страната на деталите и оргиите, блудот и проклетството. Астарт... Повтори тој.

1
Кривиот Тоше цел живот собираше прачки по коритото на реката Вардар. Тој живееше од ситната социјална
помош што не редовно ја примаше од државата. Бидејки и самиот беше неженет тој од далеку имаше целосно
разбирање за завртениот свет. Навечер Тоше се претвораше во шарена дама. Тој стануваше таа и весело се

шмугнуваше на улиците под маалското светло. И ете го на градското корзо, секоја вечер. Во старо време
девојките носеа шамии и ретко кој можеше да познае за каков род или убавина се работи. Оваа традиција

останата од Османлиите ќе остане вгнездена на овие простори уште долго време по нивното заминување.
Така кривиот Тоше си го минуваше деликатниот живот на домакин и домакинка. Еден ден во неговиот живот
се појави и неочекуван пресврт. Тоше примети дека навечер на корзо го запримети Џемо босоногиот. Џемо
беше турчин староседелец, тој беше колекционер на ракотворби и голем нумизматичар. Заљубувањето му е

случи сосема неочекувано. Откако се најде во друштво со Тоше Кривиот тој почуствува голема потреба
повторно да го сретне. И навистина другиот ден Тоше Кривиот повторно се најде со Џемо. Опуштајки се и

смешкајки се Тоше почна полека но сигурно да го маѓосува Џемо Босоногиот. Откако двајцата отидоа на кејот
од реката тие си се наприкажаа за сет живот, за љубовта за смртта. Џемо стануваше целосно посветен и

вљубен во него. Тоше, кој во вечерните часови се нарекуваше Тијана, се сомневаше во џемовите намери. Тој
суверено како што тоа го прават правите мајсторки почна да се вовлекува во џемовиот живот. Требаше да се

делува, си велеше... Корзото секоја вечер завршуваше точно во двадесет и два часот. Тоше успеваше не само
да го скрие полот туку во исто време со помош на помагало тој беше друга таа. Џемо и Тоше беа со зелени

смокви од мајка хранети, толку зелени, кои бело змијско млеко пуштаат...а ти го смукаш....го цицаш...и
најубаво ти е.....еј....етно змијско млеко.....еј. Џемо му шепотеше на Тоше. На брегот пристигнуваа

секојдневно нови и нови прачки. Водата се бистреше полека. Набргу ќе пристигне пролетта и тие двајцата ќе
се кадросаат, си рече Тоше. Во мастурбаториумот на умот имаше многу што да се исправи. Тоше скокна во

матната вода и брзата струја почна да го влече надолу. Во свеста имаше доволно време да се извади но, тој
ја отвори устата и сиот се ококори. Смртта настапи брзо.

...

- Колкумина уби?

-Николку, размислував за тоа како ми е пуст денешниов ден, погледај...


- Облаци, гледам и мирисам гадости во воздухот.

- Ни од далеку не се работи за тоа, сето ова е измислено, нашата претстава за стварноста е сосема неточна...
тие се борат со нас но потсвесно сите сме победени.

- Што ке правиш кога сето ова ке престане?

28

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
- Мислиш на војната?

- Не, мислам на смртта. Мислам на единствената надеж да се покајам поради мојот ноторен грев. Убиство на
самиот себе.

-Веруваш ли во тие гревови?! Карма, реинкарнација, воскерснување, сето ова бе! Сиот овој ред на планетава!
Убиства-гнасила, институции, војни, некаков воспоставен ред - наука!
- Ма не верувам Јас во ништо, искрено... Некогаш, во минатото имав чуство дека се' ќе биде во ред; дека еден
ден ке настапи општата правда... знаеш она ред за сите прогнати, презрени злоставени... како стареам и ги

размислувам овие работи се' помалку има простор за милост во моево срце...
-Мораш да сонуваш, да се надеваш... овој свет е составен од гадости...

Од ровот се гледаа неколку пречки кои го означуваа непријателскиот терен. Од далечината пристигнуваше
бука од машините за против ракетна одбрана. Се слушна силен прасок.
-Ете ги повторно ги фрлаат на нас. И тие нема да престанат нели?
-Не знам јас тоа, знам дека мора да постои крај - не е можно да останеме засекогаш во оваа вечност!

Всушност вечност и воопште не постои. Ова се само состојби, разбираш состојби... треба да се биде стрплив...
-Но, зошто воопште и допјдов во овој полк, да ја помогнам оваа гнасна војна? Се сеќаваш на Вики? Толку ја

сакавме... Ти ја забавуваше со малиот Рихтер. Јас сонував за неа... Се сеќаваш ли... Таа секогаш знаеше да
покани многу гости на забавите кај тебе. И колку и да пристигнуваа секогаш имаше повеќе. Во отсјајот на

водата ги мечтаевме фантазиите... разбираш? имаше мир во тој дел наречен минато... Што може денес да се
нарече мир? Постои ли? Дали нашиот татко живееше мирно... нашата мајка која што мачно ги минуваше

миговите со него... и повторно тие зими, кои како никогаш да не знаеа да стивнат... Еден ден останав сам
дома, и никогаш не сум ти го рекол ова но, знаеш ли дека јас за малку ќе го запалев нашиот дом? Беше тоа со

оние печки на нафта, јас ја бев пуштил нафтата да тече, мислам дека излегов надвор во меѓувреме да те
гледам како играш. Откако се вратив го зедов кибритот и фрлив едно шкорче во печката... Приметив само

дека сета пешка беше полна со нафта, и ...


И, Буууууум! Оган насекаде, се сеќаваш? Воздухот го запара звук од автоматско оружје. Едно јато птици летна

во близината на шаторите.
- Да мислам дека се сеќавам, да не беше трговецот Митко сигурно ќе останевме без дом. Тато како и обично
лежеше пијан на под...
-Пијан, да... мама велеше дека е болен. Пијан е правиот збор за него...

-Мислам дека во сценава недостасува една слика. Како да не сме на војна. Како да светот е целосно изолиран
и час си ваму - а час никаде. Чекаме еден голем бум, во меѓувреме сите сме спокојни со некаква плата и се

молиме за здравјето на најблиските. Но, тоа здравје без ова нашево сопственово е смешно... Каква корист од
здравјето на другите кога ние секој дневно го губиме сопственото. Знам, треба многу повеќе верба во себе

нели?
-Па...што да речам, вербата исчезнува како и животот. Не е се’ во начинот на презентацијата...

29

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Како во некаков кафез, заробени сме тука и чекаме, но тоа е исто и со остатокот од човештвото, па кој сме и

ние постојано да се жалиме... Во мислите ми се појавува константна потреба од изопачен ритам кој лупа во
мене како најдивиот тапанар од некоја џунгла.

Вера вчера им напоммна дека наскоро тие двајцата би можеле да си одат дома. Немало повеќе потреба од
нив. Агенцијата која шо им нудеше работа е веќе пред банкрот. Платените војници се минато. Тие беа нешто
подолго од две години со истата компанија.
Вера помалку го посакуваше Ице, едниот од браќата. Ице и Ване двата брата кои беа кренале по

заработувачка војувајки по сите можни фронтови на планетата. Вера и самата знаеше дека еден ден ќе си
отидат и никогаш не ќе може да води љубов со Ице. Го замислуваше неговото тело како копа по неа, сакаше

да му го извади алатот и да го стави во уста и да му ги прави сите оние гнасни работи, кој што тој не можеше
да ги замисли. Ице беше многу срамежлив и неговите скромни љубовни обиди беа без некакво посебно
уживање. Ване понекогаш се прашуваше дали е тој воопште заинтересиран за жени. Со отсутен поглед,
помалку незаинтересирано раскажуваше за машините на источниот крај од базата. Толку завртки го носат

преносот, колку е потребно да биде квалитетна секоја завртка. Кој е начинот на обработка на металот, сето
тоа за него беше сосема јасно. Војната носеше нови и нови машини, страшни животни кои наликуваа на

некакви големи и трапави педисториски животни кои што урликаа по тесните калливи патишта. Што можеше
да донесе оваа војна, Вера имаше заштедено нешто помалку од триесет илјади долари. Имаше намера да

отвори некаков салон за убавина откако сето ова со војната ќе завршеше. Уште само да успее да најде некој
како Ицета, си велеше во себе. Тој да го води домакинството, можеби да изроди неколку деца...

- Што мислиш Вера? Ице легна на една рогозина во близината на малото полско веце кое што немо му се
спротиставуваше на утринскиот ветер. Сенката од сонцето фино му дојде и тој набргу заспа... Во редот на

утринското имформирање стана вообичаено да се превртуваат теми за загинатите и исчезнатите. Ништо


толку страшно, во умот потајно стојат забрани кои секогаш се поврзани со болот. Вера си вети себе си дека

еден ден ке најде кршен момок. Сопруг кој едноставно ќе ги исполни сите нејзини критериуми за маж. Тој
маж мораше да биде интелегентен, строен, со одредени карактеристики. Па дури и неговиот фалус беше

ставен под стрикна и прецизна димензија. Вера сакаше патлакот на нејзиниот иден маж да биде најмалку 18
cm, но должината и не и претставуваше некој поголем проблем, тоа што и беше важно беше широчината,
патлакот на нејзиното момче не смееше да биде со помал пречник од 1 цол. Се разбира за овие широчини
требаше што повеќе мажи да се пробаат, но тоа и не и претставуваше посебен проблем на Вера. Во касарните

на Вандербург имаше многу мажи. Никој од нив не ни претпоставуваше дека токму Вера е пребирлива
љубителка на дебели фалуси. Вера се навали над малиот монитор и започна со датирање на пописот од

денешниот влез на картотеката. Една ставка врз друга, прстите и летаа по буквите, лево десно, бројки.
Енормна и неисцрпна дата која што еден ден требаше да биде проверена од Министерството за Финансии. И

секогаш О баланс. Сите бараа нула баланс, истовремено разбирајки го апсурдот на балансот- нулата е
секогаш постојана. Значи балансот е сосема непотребен, во себе секој тоа добро го знаеше. На утринскиот

состанок откако некој ја прочита корпорациската новина таа заспа и сонуваше. Мили сништа на топли океани

30

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
во кои се беа изродиле милиони суштества со зинати очиња и челуст. “Глад ја мачи планетава' си шепна...

Сонот се одвитка во нејзиниот ум како некаков си стар пергамент, сите тие водоземни и морски чудовишта со
челустите на животот и најразлични хидро-динамични форми. Безгречни и брзи пливачи, полипи, октоподи,

ракови, перкасти чудовишта, корали и разната флора во океаните. Неоткриените бестии од дното на
морињата и океаните. Синилото во близината на перцепцијата, ѕидот на ослушувањето во подводната
аудитивност. И на самиот крај леснотијата на лебдеењето на нејзиното тело во тој млак океански
симбиозитет... За миг како да стана сосема лесна. Некој ја боцна. Ја дигна главата веднаш глумејки дека

нешто прибележува. Никој неможеше да биде константно заинтересиран за нештата со апсолутна


посветеност. Тоа е лага, таа не веруваше во ова што корпорацијата го говореше. Секс, и треба секс. Долг

стимулативен, ерудитивен и радијантен секс. Со некој во кого таа ќе има доверба. Некој што ќе ги полни
нејзините утроби со семе. Зрел човек со не толку голем, туку дебел фалус. Некој што ќе ја извади сета
нејзина внатрина. Животно... И што би и говорел? Не треба ништо да и говори, се што треба е да ја ебе. Да ја
обесчести со дебелиот орган кој што таа на самиот крај ќе го измие со нејзините усни и јазик, сета намокрена

и испрскана со семето од неговиот дебел црв. Во салата започна една опширна видео презентација. Светлата
згаснаа. Вера продолжи да сонува вибрирајки со прстите по вагиналниот клавиш. Нема надеж за гнасата на

излучувањата. За масакарот на телото. За светот на страстите и мајата. Мора да се полни устата со убавини и
да се умре. Се' мора да се прави тука и сега. На планетата Земја, во мајката на топлината и пештерата на

сознанието и млекото. Тука каде што Лемурите ги несат своите јајца. Во јуначкото утро на триумвиратот на
стресот и либидото на желбите стегнати во нејзините ѕидови, на кои се собираа капкички лимфа. Ум кој сет

ден мисли на исфрленост во облик на материјална кука. Од кожа сета вообликувана... Како оние монструми
подводни змии и чудовишта со манијакално прибран израз на лицата. Во тие кристално бистри, на мигови

зелени водени квантуми кои што елементарно кружат во телото. Нејзиното тело... Оболено за жнеење и
манифестирање на зрелоста. Морфологија на изобличеноста и патетика на Господовото кодирање на нештата

кои ете се такви без и да посакаме. Сонди во каналите на исткаената чорапа. Влези/Излези. Принцип/Теза.
Мака/Плата. Живот убиство.

Гн-са - Гн-оза.

31

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Волкот се крие во шумата
by Voltaire Al Hakim on Saturday, 01 January 2011 at 22:48

Лина Андре се полеваше со топла вода во салонот на Исмета Штајн, современичка на Александар Станковски
- сликарот. Во нејзините очи јасно можеше да се видат неколку капки кои што како кристални суптилни
топкички се тркалаа по нејзиното лице. Салонот беше прилично влажен, толку што на некои места
испарувањата од водата достигнуваа сликовитост на римско купатило. Како по обичај Исмета внесуваше нови
и нови клиенти. Времето надвор беше тмурно и секој клиент заслужуваше академски пристап.
Професионалноста за неа беше императив. Покрај проблемите со локалната самоуправа Исмета злоставуваше
пет пионерки од Клецково. Исмета знаеше да заработи за живот и да се препоти од време на време во својот
мини базен лоциран на улицата: Ајван Доктор бр. 3. Времето несомнено минуваше и таа беше спремна да
оформи фамилија, од бизнисот кој што го беше водела доби и повеќе од доволно: стан, кола, неколку
апартмана во Будва и ситен кеш - сума - сумарум околу 1 милион евра. Сега можеше комотно да си отиде во

пензија. Имаше неполни триесет години. Не и беше лесно на Исмета да заработува со трудот на сопственото
тело, многу што и кој се нахрани од неа. Тука влегуваше сет еден половина полк, неколку службеници од УЈП,

сачмарот Џим од Хонолулу како и трудбениците од„ Фри Маркетинг Вагина Холдинг„ нејзината стална
клиентела. Лина Андре се отпетла до пола и застана пред огледалото. Таа имаше голема среќа што нејзиното

тело беше совршено за секс бизнисот. Цврсти, стегнати гради со оштри пупки кои помалку беа кренати
нагоре, торзо налик на виола и носе кое секој мајстор од Петлевци би посакал да го види под својот појас.

Како и да е заработката го оправдуваше телото. Лина набргу завршуваше на факултетот за драмски


уметности и беше спремна да се втурне во светот на уметничката фела. Успехот тропаше на врата. Нејзиното

момче Кенан Спиноза веќе беше дипломец и тие наскоро требаше да се земат, се одеше во перфектен ред.
Остануваше да одработи уште еден семестар кај Мадам Исмета за да си ја плати последната рата од

пентхаусот кој што беше веднаш спроти Музејот на Миачката Револуција веднаш до Банката на Линго
Лингамовски . Откако фино ги натопиа телата Исмета и Лина почнаа да си ги чешлаат косите. Во градот се

чуствуваше некаква чудна свеченост. Лина требаше да го удоволи градоначалникот на Муфтештајн, беше тоа
еден трапав неврестеничен господин со свои педдесет и пет години. Брзо ќе го исклунка, си рече во себе.

постарите клиенти во ново време беа многу опасни и досадни, тие знаеа да тегнат октоподи и два часа со
помош на хемиските подршки од САД, затоа Мадам Исмета времето го наплатуваше од час. Во зависност од

девојката наплатата се одвиваше преку кредитните картици на клиентите во супермаркетот„ Кратконогиот


Том„. Токму власникот на овој маркет Бен Орлоглавиот - Слезински беше задолжен да ги спроведе парите во

системот и сет бизнис да изгледа чист. Во сета оваа работа беа вплеткани многу навидум угледни граѓани од
градот Шкумба, конзервативци либерали - сите беа здружено вработени во салонот на Мадам Исмета од

време на време. Се разбира дискрецијата беше загарантирана. Исмета не ни сонуваше дека нешто ќе ги
изврти нејзините планови, требаше само да се одработи фискалната година. Во салонот влезе Енвер

Палиурда, првиот пратител на Исмета. Тој најави дека е дојден Климе Закланиот и донел некаква си збирка
на поезија, поклон од А. Швенговски - уметникот и воедно големиот љубител и мецена на дрогашите и

32

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
локалните простижутки. Исмета со голем интерес се загледа во ново-испечатената книга на Швенговски,

насловот гласеше: “Жена Пејсаж“. На корицата имаше слика од Волчица Сиса, некогашна запосленичка на
Мадам Исмета. Лина Андре ја отвори книгата и започна да чита на глас делови од воведот: Пред и да

започнам со читањето би сакал да нагласам дека инспирација за збиркава е маратонската серија на МТЉ:
“Кога Минџите Солзат“. Нагласувам дека со овој циклус воедно и завршува мојот долгогодишен напор и
вложен труд во областа на науката и литературата. Шкљк-фрц-кљуп-прд! Охххх... Уххххх... Се слушаше од
една од одаите во близината на салонот на Мадам Исмета. Домакинката Лорета веќе го задоволуваше

тенорот Лади Го Чаплин доближувајки се до оргијастично крешендо во F-дур. Стенкањата предизвикуваа


месмер-ефект по ушите на Енвер, тој заквиче и избега при тоа земајки ја со себе книгата на Швенговски. Тој

истрча низ ходникот право на улица. Енвер секогаш седеше во една мала застаклена кабина на самиот влез
од објектот во кој Мадам Исмета го раководеше бизнисот. Тој беше задолжен за интервенции во случај некој
да ја пречекореше “жолтата линија„. Но во себе Енвер беше еден софистициран и рафиниран џентлмен, тој
мразеше насилство и секогаш изгледаше пристојно. Токму околу пладне на влезната врата се појави Максим

Зелениот, тој секогаш се појавуваше пред првиот ден од месецот. Енвер тивко го внесе во салонот на Мадам
Исмета, па повторно се врати во кабината и почна да ја листа книгата на Швенговски. Што туку почна со

читање на третата страна кога од салонот се слушна врисок. Енвер со голема брзина се втрча кон салонот,
примети дека на градите на Максим стоеше набоден нож. Максим беше навален на малата комода која што

стоеше на самиот влез од салонот веднаш до влезната врата, тој беше сеуште жив. Лицето на Мадам Исмета
беше бело како изнутрина од риба, таа попусто се обидуваше да дојде до збор. Неколку канарии полетаа низ

салонот одкако излегоа од отворената врата на паднатиот кафез. Екрем го легна Максим на земја и се обиде
да ја санира раната со тоа што го преврза со еден чаршав. Лина Андре повика брза помош. Сиот салон беше

преплавен со крвта која што надоаѓаше во бранови од крупното тело на Максим. Екрем погледна кон Исмета.
Тој со смирен глас ја запраша:

- Што се случи?
Исмета полека почна да се совзема од ново-настанатата состојба, таа со мака изусти:

- Ох, сам го стори тоа... Ми рече дека не можел повеќе да издржи, беше влудо вљубен во мене. Ле-ле! Мајко!
Што ќе правам сега Екреме?! Како сега да ја испегламе работава? Како сега... Да продолжам...
Екрем повика Брза Помош, тој утешно ја погледна Исмета и отиде надвор да ја почека екипата што требаше
секој миг да пристигне. Ним сигурно не им требаше многу време, болницата за среќа беше на еден километар

од салонот на Мадам Исмета. Од амбулантното возило суште немаше никаков траг, Екрем влезе во салонот и
започна да ја теши Исмета:

- Се ќе биде во ред Исмета, не грижи се. Во полето трчаат здравите, сети се само на убавите нешта Исмета.
Можеш и да престанеш со овој бизнис. Да студираш, да живееш од сопствениот труд, работиш во фабрика...

Не е касно, мила... Тој ја гушна растревожената Исмета приближувајки ја кон себе. Сирената на возилото
почна да се пробива низ липачкиот тон на гласот на Исмета, набргу тие беа пред влезот. Екрем ги внесе и

одкако им помогна се врати да го раскрене нередот што Максим го беше направил во салонот. Денот веќе се

33

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
препушташе на ноќта. Неколку стари баби бучно негодуваа за постоењето на Салонот на Мадам Исмета. Во

полето наспроти Факултетот за Драмски Уметности локалниот дилер на пастрмки тимареше едно женско јаре.
Залудно да се говори за причините кои го натераа Максим да крене рака на себе. Момчето на Мадам Исмета,

Кенан Спиноза видно разочарано и резервирано остави работите да си одат по својот природен ток. Максим
лудо ја сакаше Исмета. Љубовта не познава радост, таа е бол, за неа се умира. Некои тоа го прават
измачувајки се а некои пак решаваат да завршат брзо. Максим сепак преживеа долго да ја ожени Мадам
Исмета. Разликите во умот ги прават луѓето чуствителни, во мнмогу случаи спротивносите се привлекуваат.

Дивиот магнетизам кај Мадам Исмета допринесе Максим да поверува во сопствената воља да стори се’ што е
во неговите моки да ја добие. Ножот беше само еден од начините. Тој ќе одеше и понатаму но, добро е што

средствата ја оправдаа целта. Вакa љубовта се пренесе и во следниот милениум. Воедно е сеедно, кој добил а
кој изгубил. Сета тага, сет “Сет“, сет Нуит и сет Хадит... Не е важно ако магијата не успеала... Уште повеќе е
важно дали пристигнала, важно е да остане запишано. Пред очите на Светот...

34

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Таинствениот експеримент на Вулдорф Кринк
by Voltaire Al Hakim on Tuesday, 21 December 2010 at 18:12

Тој сите јазици како болест ги сторил, забораваш ли? И нас да се раѓаме одново и одново. Но, ние сме Израелити -

спротиставените и најмилите, затоа победи - побуни се и почни од ново... Фрагмент од писмо до еден пријател

Ако сиот живот се разбере како време минато меѓу стрип и стрип еден би можел да помисли дека животот е
расказ без крај. Мислите предизвикуваат сништа што се различни од оние на кои секој од нас се навикнува.
Вулдорф непрестано фрлаше стрели во правецот на инфинитивниот и несовладлив живот. Неговото
предавање означуваше дека тој е спремен да научи нешто ново, во лабораторијата на мислите и желбите.

Таа мала скришна печатница на древни илузии и сомнежи. Што можеше да се случи денес. Транзицијата до
новиот светски поредок сигурно ќе потрае; така размислуваше гледајки во таванот. Кога Месечината ќе

излезе тој ќе биде точно на српот кај “Ангелскиот Врв“. Од таму тој требаше да се најде во вителот на тајната
обсерваторија двесте метри под врвот, гледаше точно во средиштето на Галаксијата Кентаур. Ова го

сонуваше уште како мал и ете сега се’ е тука пред него. Неговите раце можеа да ја допрат таа маса на
ништата и се’-штата низ тој телескоп со неверојатна моќ. Тој се тргна од телескопот и појде кон малата

лаботаторија во одделот Ж од просторот. Требаше да се освојува мета просторот, како да единственоста на


материјата не беше доволна. Некаква спиритуална потреба за постојано истражување на сверите, телата и

мечтите. Токму кога помисли да направи анализа на сработеното доби повик од Брисел.
-Ало? Од другата страна се слушна.

-Yeah Me Here, You - Ready?


- No, me deady... Ha-hhhhhhhh... Ништо не му беше јасно...

Набргу тој ја загуби врската. 2012... Што ќе биде во 2012... Од оваа перспектива тој не знаеше што ќе биде
ниту во 2011...

Но сепак стравот, тој контролираше се’...


Кога само би му била достапна чистата вистина. Кој е, каде оди, колку е далеку целта? Каде е таа цел? Зошо

цел? Зошто морал-невистина? Зошто толку болка на планетата Земја? И конечно зошто Апокалипса...
Вулдорф помалку наликуваше на некакво тажно-големо животно цицач. Тој отсекогаш се чуствуваше помалку

осамено. Технички гледано неговиот живот се состоеше од ковање на некакви зборови кои што кај останатите
околу него предизвикуваа од време на време страв. Цела една шема на зборови кои кога ќе се испишат се

едноставна литература. Во обичниот уличен жаргон тие протолкувани означуваа ништо повеќе од излитени
новинарски фрази. Што е вистината? Си повторуваше за сето време. Колку му е таа потребна? Вистинската

вистина е само плашт за непостоењето на истата. Таа мора да е задскриена. Вистинската вистина не
подразбираше ништо повеќе од сериозен водвил испорачан со брза пошта. Вистината е исто така лажна, Таа

35

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
претставува лажно својство, за еден е вистина а за друг невистина. И кој помислува на вистината? Толку

едноставна, лежерна, понекогаш тешка и на миг здодевна. Се’ додека не се изопачи и покаже со право лице,
таа „вистината“ е само вистина. Вулдорф, стипендист на: “Street Wise All Night Coledge", и ученик на I-та

Порно Гимназија: "Phallus in Furs", не се огледуваше многу во поставените прототипи од страна на


друштвото. Родителската грижа му наликуваше на лага. Не веруваше во ништо свето. Сиот свет му се гадеше
и размислуваше единствено како пред спиење да запали една магична цигара. Љубовта за цигарите се јави
уште за време на деновите во колеџот. Вулдорф напрегнато ги пушеше заедно со Сенко Вуштриќ, неговиот

цимер. Тие со часови пушеа и разговараа за Апокалипсата. Понекогаш кога времето дозволуваше тие се
искачуваа на кровот од старата викторијанска куќа во која што престојуваа и од таму ги гледаа ѕвездите.

Вулдорф се обидуваше да согледа во мета просторот, таму некаде во иднината. длабочината на свеста го
отргнуваше од секојдневните грижи и обврски.
- Каков ќе биде крајот... Во очите му светеше месечината.
Сенко зеде еден поголем дим од магичните цигари и го вдиша димот со динамика слична на онаа што би ја

направил еден кит кога би исфрлил млаз со вода.


Тој издиша и му ја доддаде цигарата на Вулдорф.

- Крајот... Па сигурно не како што некои го толкуваат. Ако мислиш на Библискиот крај.
- Не размислувам дали крајот е Библиски или Маја, уште помалку мислам дека планетата Нибуру ќе се судри и

ќе однесе се до некоја нова Галаксија. Ниту пак имам визија за некој метеорски дожд.
- Можеби ништо од тоа? Сенко повторно ги наполни градите со синиот дим. Неговите очи се наддуа како на

жаба. Тој и онака имаше големи зелени очи и помалку наликуваше на вонземјанин.
- Согласен ли си со мене?

- Со што?
- Дека апокалипсата сепак ќе треба да причека...

- Ох да, и не само тоа; ќе мора да биде доживеана лично.


Во тој миг на небото се појави некаква илуминантна светлост. Од првин наликуваше на потковица. Низ

воздухот проструја некаков вознемирувачки чуден звук, кој највеќе можеше да се спореди со оние
непристојно вознемирувачки тонови на Варез или уште подобро јаукањата на вдовицата на Џон Ленон - Јоко
Оно.
Страв, но воедно и чувство на среќа ги беше озарило лицата на Вулдорф и Сенко.

Светлечкиот објект зуеше добри пет минути и на крај се’ прекина со звучен прасок.
Тишината ја прекина Сенко;

- Дали се тоа “УФО Мравките“?!


Чадот од магичната цигара се виткаше низ долгата и темна ноќ. Сенко пред неколку дена беше читал во

некоја статија на "National Geography" за некаква колонија на мравки кои што биле наречени: УФО Мравки,
само поради фактот дека никој не знаел од каде потекнуваат. Не само тоа туку во истовреме мравките

левитирале во групи. Никој тоа не можел научно да го објасни.

36

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
- Мислиш на оние мравки за кои Кети-Види-Вици направи фасцинантни стории на универзитетските новини?

- Па сега, Вулдорф... Да меѓу другото мислам и на нив.


- Па какви се теориите за тие мравки? Вистина ли е дека тие се нешто сосема инакво?

- Инакво - неинакво, има нешто, толку мистерии на планетава, вселената... Е-еееејјјјј...


- Кога само ќе помислам како сме дојдени на овој свет?
- Како бе?
- Со ташкање како! Но сето тоа како да има магиска и повеќе ритуална сила и тежина. Желба во која сите нај-

ситни честици на телото се делат - двојат до самата квинтесенцијалност на вселенската фрикција. Нешто како
супер-нова. Мислиш дека таткоти посакувал да излезеш токму ти?! Никако! Значи тоа е еден чин, телесно -

алхемиска детонација, и покрај фактот што сите ние се внесуваме во тие задници-отвори-вагинални
излачевини и срамни отвори што може да се појават на некое женско тело. Како некакви полжави, г’нсно
зарем не?! Ти велам се работи за вселенска тајна на прокреација и сексуална транс-мутација.
- Но, што би рекол Фра Тртко на сето ова што го изблада во последниве десетина минути?

Вулдорф за миг стана па скокна на оџакот кој што беше испречен на центарот од зградата откако се најде над
него расчекорен ја извади алатката за уринално-репродуктивни задачи и почна налудничаво да се смее...

Сенко исто така прасна во сериозна смеа. Фра Тртко, беше лицето кое што им служеше за подсмев. секогаш
кога ќе требаше да измислат причина за смеење тука беше Фра Тртко. Инаку Фра Тртко покрај религиозните

афинитети беше обдарен со фалус што ги надминуваше нормалните пропорции; Цели 33 сантиметри! знаеше
самиот да се пофали. Овој податок му даде почесно место на Фра Тртко кој беше грд и грбав налик на

ѕвонарот Квазимодо. Како и да е Фра Тртко, беше достоен верски реформатор во очите на младите студенти
во Првата Порно Гимназија. Некои одеа до таму што го прогласуваа за жив светец. Инаку Фра Тртко беше

лично одговорен за раздевичувањето на Аполонида Јаваш Од Корешница - Кнегињата. Неговите подвизи беа
општо прифатени кај мислителите и во либералните кругови низ земјата.

Вудорф се симна од оџакот и почна да раскажува еден свој сон: Знаеш ли дека сонував навистина чуден и
долг сон. Сакаш ли да ти раскажам? Сенко помалку исплашено се напрегна да слушне:

Еден ден се разбудив и приметив дека моето тело претрпело неверојатна трасформација.
Кога се погледнав во огледалото видов нема сончева пега која што почнуваше да се разлева од моето лице
па симнувајки се до мојата лева града таа како да се претвораше во кожен амбис. Не бев воопште исплашен,
напротив како мал се соочував со секакви можни изобличувања и оптички деформитети на сопственото тело.

Јас можеби и не гледам на начинот на кој сите гледаат. Сеедно, последниот оптичко - илузивен приказ
највеќе заличуваше на некаков рептилски деформитет. Не знам дали медицината ќе пронајде име за тоа што

го видов, овој пат се исплашив. Како лик од оние чудесни научно-фантастични прикази на Хофман се
нафрлив на изучување на анатомиијата на телата. Слика број еден: скелетон на рептил. Врста што исчезнува.

Диносаурусите најмалку ме привлекуваа. Погледав во правец на светлото и забележав дека не само телото,
туку и очите, моите сопствени очи почнаа да претрпуваат промени. Сега тоа беа некои светли, змиски очи.

Мојот глас како да добиваше шуштав тон, а мојот јазик се повеќе се издолжуваше. Во мојата глава сништата

37

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
почнаа да се менуваат, сега сонував некои невообичајни пејсажи, змии, пред историски животни - вулкани...

Мора нешто страшно да се случува со мене, си велев. Секое будење станував се поспор и по стабилен.
Повеќе не беше прашање дали сум задоволен со моето ново тело, добивав сосема други сигнали во мојот ум.

Гладта што како потсетник на животот колвеше по мојата утроба стануваше се посилна и посилна. Моите
екстремитети моето лице, промените се случуваа од час в час. Па дури и мојот сексуален бихејвиор сосема се
смени. Право чудо беше што сеуште успевав да се додржам на нозе. Секое утро некаде пред шест часот, во
зградата во која што живеев млекарот го доставуваше утринското млеко. Овоа утро тој закасни цели

половина час. Се обидував да ги скријам сопствените раце со тоа што ги изврзав со крпи и на местото што
потсетуваше на мојата глава стоеше една поголема бањарка, од која единствено очите се зјаеја. Дали сум во

некаква Џекил-хајдовска дилема или сето ова е едноставна трансформација што отсекогаш сум ја посакувал.
Како и да е состојбата во која што бев воопшто не коренсподираше со моето утринско кафе и афинитети.
Требаше да се јаде. Токму кога помислив дека се’ е изгубено, нешто ја дооформи мојата судбина. Не бев
сам... Имаше уште најмалку два милиони слични на мене. Телевизијата говореше за тоа, на улицата вриеше

од влекачи, едноставно имавме некое друга тело - тело на влекачи.


Вулдорф Кринк тука застана. Започна да спрема нова магична цигара. На часовникот светлеа бројките 9.45h,

12-12-2012. Сенко веќе беше исчезнал од неговиот живот. Тој самиот беше Магистер, татко на повеќе деца.
Пред него немаше тајни, единствено сомнеж кон сите. Дали ќе се случи апокалипсата? Имаше уште цели два

часа и петнаесет минути да дознае. Уфо Мравките работеа во неговата глава. Светлата на улиците се палеа и
гасеа како во некој филм на Карпентер, оставајки звуци од вештерки и праисториски монструми. Русите

најавуваа мини ледено доба. Се’ беше мрачно. Сепак требаше да почека два часа и петнаесет минути...
Телефонот заѕвоне. Од другата страна се слушна:

- Hello? Hello!
Brussels on the line... Шум.

- Mr. Vuldorf Krinck?! We are calling in the relation... Of the UFO Ants.
We find your essay very interesting. Hallooooy?! Од другата страна на линијата се слушаше прекин на врската.

Сите електрични уреди наскоро згаснаа. Настапи тишина. Набргу следеше звук на кршење на стакло
пропратено со најразлични крици и детонации. Птиците веќе беа во воздух. Кулите почнаа да се рушат. Беше
тоа крајот на Вулдофровиот свет. Ова не е вистина? Примети Вулдорф додека од таванот се обрушуваше сиот
комшивски намештај. На хоризонтот се појавиа стотици УФО Мравки. Изгладнети тие ги јадеа телата на

мршите затекнати по рушевините. Градскиот часовник покажуваше точно 12.оо часот.

38

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Фраер
by Voltaire Al Hakim on Monday, 15 November 2010 at 21:07

Некаде пред салонот за автомобили: “Опел“, требаше да се сретнам со неговото висечество - баронот Вон
Гезме. До средбата имаше нешто помалку од минута, мене сепак ми се виде како цела една вечност. Почнав
да размислувам за сите нешта кои човек посакува да ги има од време на време. Во тој миг се крена прав од
еден поголем автомобил-џин. И како во холивудските филмови со акција од автомобилот излезе баронот
лично. Погледот му беше зачудувачки смирен и сето време насочен кон врвот на зградата на ЗОИЛ
Македонија. Тој замавта кон возачот и тргна кон мене. Зборовите почнаа да пристигнуваат во моите уши како
во некаков стар црно-бел филм, кој на миг имаше кинење на лентата. Крк-вууп-шврц-шврц - Ех, како е ... Не
сме биле на гезме оддадмна? А.... Ќе ти се лутам. Шшшшш... Него, ајде-ајде. Баронот со спокојство запали
цигара. Кренавме кон влезот но јас сеуште немав проговорено. А што и би рекол? Денеска многу малку се
говори. Обично кога некој сака некого да фасцинира-излаже-оправда-украде-преведе-предаде... Пред лифтот

еден црномурест свирач свиреше на една жица. Цим-цим-Крнк-Кљанк-Дрррррррннннн... Се замислив и за миг


се потсетив на либретото на Росини-поточно ми текна и на името: Turco in Italia. Ова ми се виде малку

претерано но-свирачот беше сосема идентично облечен со турбан на главата и арапска руба на себе. И токму
кога сакав нешто да приметам баронот почна со неговиот баритон:

- Пуфф! Пуфф! И што бе ти сега некој шизик си тука?! Свирачот ја затегна жицата.
Нему како ништо да не му беше непознато, тој и понатаму си цин-цингаше по жицата. Како по некој лилјан да

маваше. Жицата испушташе континуирано зуење. Зуууууууу-ѕѕѕ-ооооо... се разлеваше низ тесниот хол на
зградата. Баронот извади една илјадарка и му ја покажа на свирачот. И токму кога свирачот требаше да го

одсвири највисокиот тон Баронот повторно започна да говори:


Сакаш да ми кажеш дека Леонардо Да Винчи не бил фраер?

Или Де Квинси? Или... Блејк? А?! Или ’’Дали’’ бе? Кажи ми не е мангуп?
Пристигна лифтот и од него излегоа две возрасни кучки од расата "Германски пинчер“, со нив една долгонога

дама си го зачешка задникот од тесниот отвор на лифтот. Кучињата очигледно не расположени за


комуникација збрефтајки ја влечкаа стопанката по скалите. Нејзиниот задник ги довикуваше сите чеканчиња

и навртки во мојот ум. Мора да е од сонцето во месец Ноември помислив. Баронот и понатаму трубеше врз
лицето на свирачот загледувајки го задникот што исчезнуваше по скалите весело нишајки се во правец на

излезот како некаква сочна крем пита. Набргу се искачивме на тринаесетиот спрат и влеговме во станот со
број 33. Тука живееше Коноли берберот, еден строг и милитаристички воспитан полицаец. Баронот заѕвони

на ѕвончето.
-Замисли секој да може да живее како сака и да биде фраер? Ете ти на пример, толку се мачеше а не

постигна ништо и сега ти не си фраер? Од длабочината на станот пристигнуваше звук од удирање на мечеви
пропратени со команди на француски јазик. Јас се насмеав и потврдно климнав со главата. Во последно време

моите апетити како сосема да беа згаснати, сите овие его-манијакални излети и непотребни средби раѓаа кај
мене некаков осет за веле-предавство. Јас, кој секогаш размислував дека оваа планета има потреба од

39

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
генерална реконструкција - сите системи - сите мисли - луѓе - животни - еден јазик... Одеднаш сета таа идеа

за некаков миракулозен транснационализам и зедничко уредување - вера-еден монетарен систем-транс-


сексуалност и што ти не - за мене стана матно исфлекана дамка која требаше да се исчисти од умот. Па не е

ни чудо што толку луѓе лајат по мене. Како да сум јас виновникот за сите состојби на планетава. Мојава уста
непрестано говори глупости. Баронот влезе прв во станот. Коноли не внесе во дневната соба и откако се
сместивме од кујната излезе една разголена млада дама. Ух машала - занека баронот. Мојата концентрација
истотака се насочи кон сочната голичавост на девојката. Во стариот Рим веројатно ваквите перформанси би

ги нарекле домакински, но Коноли ова го нарече ерудитско-анатомски-дупешл’к. Девојката се повлече во


една од одаите, останавме јас и баронот. Очите на баронот засветкаа тој весело засвире: Уууууууу, је... Добра

минџа! Хе-хе-хе-хе... Овој Коноли знае како да тресе јајца, ха-ха.


- Минџа Бароне-минџа, што има тука толку глорифициелно, млада минџа...
- Па млада него каква?! Почнуваш да ме загрижуваш, зарем не си фраер?!
- Можеби да, ако под фраер подразбираш човек на кого сет живот му е претворен во фантазии и сништа? Но,

сепак мислам фраерлукот е повеќе социјална состојба.


- Ех, да ете кажи ми не е ли Пол Мекартни фраер бе?! Џорџ Буш-Тими Лири- Мадам Блаватска - Киро

Глигоров-Александар Станковски или Мао Це?! Се’ се тоа фраери како тебе... Алберт Ајнштајн - Џон Ди- и оној
што го измисли кондомот како му беше името... Без него на планетава ќе не имаше како зајци... Ах Рим-Рим...

- Ех сега... промрморев. Баронот понекогаш знаеше да претера, Тој набрзина ја одврте тапата од виното кое
што беше поставено на масата и сипна неколку милилитри во чашата. Па зеде да ја клумка приближувајки ја

кон долгиот орловски нос. - Има мала киселкаста жица, младо е сеуште виново...
- Младото вино остава наслаги во умот и решава неколку типа на депресија Бароне, а во истовреме е многу

поевтино. Што очекуваше од еден пензиониран полицаец: Моет Шандон?


- Ха-ха- “Вев Клико-Понсарден“ мил мој - ха, се разбира. Но ете ние сите сме едно и треба да се дружиме.

- За Македонија! Повика театрално Баронот.


- Хх... За Македонија... До кога бе Бароне? Ја направивме па сега ќе ја славиме... И навистина како стареев

така се повеќе размислував за направената грешка: Македонија... - Тоа е бездруго една груба грешка. Толку
вулгарна грешка - како да свириш во исто време бас линија и да ја пратиш со високи идентични тонови - не
дозволливо!
- А бе, па што сега! Мора за нешто да се наздрави, сети се има и ново раѓање. Нова карма ќе тегнеш - можеби

во следната повторно некаква нова нација ќе ораш. Хипербореа?! Можеби Месопотамија ќе доживее процвет?
Не очајувај... Сумер бе еејјјјј, Сумер! Атлантида, А? што мислиш?

- Бароне мислам дека во фантазиите помалку пречекоруваш, коскиве ми говорат дека се лажеш...
Нашата расправија веројатно ќе продолжеше до недоглед да не пристигнеше разголената која што донесе

еден послужавник со уредно наредено мезе.


Баронот не знаеше на што попрво да се израдува, на мезето или на градите, гзето или нозете, се’ беше тука

на астал. Сепак се оддлучи за мезето. Мезето подолго се вари...

40

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Тој со сласт примети - И после некој ќе ми каже Рим не бил добар, расипан бил - христијанине ќе го

оправеле! А бе ајде! А тебе чедо како ми те викаат?


- Милица Вучица Рафакова... Мјаукна разголената дама.

-Многу убаво мезе правите Милице - се распосла Баронот.


- Ех, мора домакинка сум кај Коноли, пензионерите во оваа држава заслужуваат внимание... Таа заврте со
колковите и исчезна во кујната.
- Ах да, така - така мило... Сега Баронот се развреви до неподнесливи граници. Тој час објаснуваше за

навиките на Стендал, час за погрешноста на теоријата на релативитетот. За момент скокна на Кант па


повторно на Стендал и на крај налеа уште една чаша вино и се стркала на земја.

Коноли се појави некаде пред самиот крај на вечерта, но не само тој; на врата дојде и свирачот и во тој миг
испиеното вино допринесе сите да исчезнеме во длабочините на ноќта. Баронот го повика својот автомобил.
Тој сиот затетеравен започна со неговите изреки.
Џемс Дин е фраер! Ти си фраер! Александар Станковски е фраер! Хасан и Саба се фраери! Сите што имаат

плава крв во себе се фраери! А, бе не може меѓаш сарма да прави... Адолф Хитлер е фраер бе! Мусолини!
Хесе!

Рудолф Хес! Фраееррри се бе ееееејјј!!!


Мислам дека ни стана на сите доволно, се збогувавме со убавата Милица тажно забележувајки дека нејзините

гради полека почнале да исчезнуваат. Лицето оддаваше сапуница и негрижа. Полициска клонка, помислив....
Една од оние што се користат во театралните акции. Времето беше екстатично топло за месец Ноември.

Застанав и за миг го гледав големиот автомобил на Баронот Вон Гезме. Секој има нешто што го засега.
Мора да е проблем, па дури и да го нема - треба да се измисли... Пешачејки приметив дека излозите не светат

повеќе ноќе. Еден скитник рецитираше текст од“ гозбата“ на Платон. Беше прекрасна и мирна ноемвриска
ноќ...

41

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Човекот кому единствениот занает му беше броењето на облаците
by Voltaire Al Hakim on Monday, 25 October 2010 at 12:15

Живеј како да ќе живееш 25 секунди од првиот до вториот истрел, затоа што ќе ти го истурат оловото во глава

оние со кратките вратови и немој да се надеваш на пензија ти си минато со самото раѓање, Диши длабоко и пиј
вода, ако си доволно среќен можеби еден ден ќе дојдат марсовци и ќе те однесат надвор од оваа несреќна планета.

Во меѓувреме надевај се...

Јас сум твојот сосед и настапувам пред тебе како твој судија! Откаkо ќе се наспиеш објасни ми зошто не ми
веруваш? Понекогаш

јадам живи луѓе и ме нарекуваат месојад и канибал; На крајот од писмото стоеше: Мигдал -до сите
исплашени. Нешто било многу важно кога Мигдал го напишал следново, тој е мој стар познаник. Размислував

за времето во кое мојот единствен пријател Мигдал прави вино од смокви. Одличен алхемичар и теург.
Понекогаш се прашувам нели е тој измислен, нестварен завиткан продукт на мојата и само моја имагинација.

Еве го пред мене, тој зема еден грст неверојатно сочни смокви и ги става во машината за мелење, како во
некаков чудесен временски витол тие пеат некаква песна на црцорење, мали сочни семки извираат на

површината од желето. Се чустува густината на виното... Сепак од сето тоа треба да излезе некаков полу-сув
сконцентриран прав. За да добие својство на база и да се раствори во водата на животот. Зарем токму тоа не

влева сигурност: водата. Во сонот над бездната во вознемирувачкиот ред на нештата кај него секогаш има
некаков далечен и се’присутен мир. Тој е творец на совршени месечини, воин на мачките. И што ако биде

запрашан за немиот шамански ритуал на кодирањето на ѕвездите? Тој има познавања од секоја област сепак,
решава да одспие. Буден е решен и посветен на Сонце пити да прави Маѓесникот Мигдал. Неговите нокти се

издолжуваат и собираат по потреба, очите му светат во мрак. Тој е како напнат ѕвер на миг, сиот качувајки
се по неверојатно многуте скали кои што водат од неговата лабораторија во сите правци на светот. Ништо не

може да го поколеба на тој пат. Највредна е неговата колекција на бизарни и смешни предмети. Ходниците
кои што немилосрдно претат дека ќе се срушат врз тебе откако еден ќе се осмели да влезе во тој лавиринт

на сказни и очекувања на стравот и знаењето. Мигдал е како абакус воспоставен во центарот на универзумот
и тој моќно сецка со ноктите кога не е задоволен. Птица што демне над огништето сместено на самиот врв од

светот. Дали е време за нашата планета? - Го прашувам на телефон.


Тој пак со некаков крештав глас и бас такт одговара: Пуффф! Брррррббб! Бр! Бруп! Блоооп! А што мислиш ти?

Дали мачката јаде риба или сочуствува со нејзиното битие?! Пуффф! Бррр! Топло е...
Топлината го излудува Мигдал, вселенскиот мраз пак од друга страна го прави дремлив и прибран.
Понекогаш во центарот на летото може да се види цел еден облак од испарувања кој што патува заедно со
него додека тој се движи. Сиот вдлабочен во својот свет и стежнат од многуте изведени експерименти.

Во една мала и далечна земја, на најоддалечениот дел од универзумот тој збира мали гоблини и раководи со
нив. Во тоа пусто галактичко вселенско легло каде што повеќе не расте трева. Мигдал, вразумено-среќен

човек, мил човек-тој што постои повеќе во мислите отколку во просторот. Како и јас, ти, ние и сите делови и

42

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
цели во сеопфатливоста на чуствата Мигдал беше човек од крв и месо. Кој би знаел да рече, во целоста на

изборот стои неизборот. Како во некаков интересно поставен шоу во кој секој е сопствениот актер со себе во
себе и на себе, значи еден круг што непрестано паѓа и постојано раѓа нови кругови. Тука започнав да

размислувам на единственоста - бројот 1-еволуција-де-еволуција-гностицизам-гнев-конфузност и на самиот


крај слабост. Прочитав еден напис испишан на ѕид. Написот говореше за цвекињата и за тоа како тие
требаше да бидат згрижени - зимата пристигнуваше со застрашувачки силно темпо. Колку и да посакаш да
ги отфрлиш мислите од себе тие секогаш се враќаат како некаков бумеранг. Размислував за тоа што го

гледам на улиците овдека-кај нас. Секој има потреба од Мигдал. Свој Мигдал, ставен како сакрален и
таинствен предмет во центарот на умствениот храм. Бастион на издржливоста, фортификат со моќни

енергетски содржини. Силна ерективност и пенетрантност во целта на непостоењето. Сето тоа е еден
неизмерен ритуал на страстите, стравот, минливоста и енигматичноста на постоењето.
- Станува топло повторно... Телефонот, морам да слушнам што сега Мигдал прави? Дали се влечка пред
телевизорот? Можеби пазарува некаков фабрикат спремен специјално за неговите потреби? Можеби е толку

загреан што едноставно не може да се мрдне. Седи на малото вангoговско столче и ги брише реките пот што
немилосрдно се слеваат од него. Потта претекува како река навлегувајки во секој мал сад во просторијата,

во старите книги, плочите расфрлани по подот, таа се движи кон излезот од малиот стан на Мигдал и на
самиот крај претекува по скалилата. Како во “Фантазијата“ на Дизни ( сцената со маѓесникот и метлата).

Мигдал со едно движење на раката зема една крпа и ја става позади врат. Жешко е во умот на Мигдал.
Надвор почнува да роси. Една мала група револуционери дуваат лепак под неговата зграда. Насобраните

чуствуваат како пристигнува Грофот Мигдал, тој габаритен маг секогаш спремен за мала теургија. И ете ги
сите тие: кесоглавите се разбегуваат по асфалтот. Како да никогаш не постоеле. Очајот повеќе нема никаква

потреба од патетика, тој е гол и чист, свенат-очај. Во очите на Мигдал се огледува сиот свет кој бара утеха.
Смртно преплашена толпа на луѓе кои немо ја бараат својата татковина за пари. Мигдал замислено застанува

и почнува да брои; има и тој занает, облаците ги брои...

43

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Виртуелна Др_ Калница
by Voltaire Al Hakim on Thursday, 30 September 2010 at 14:40

Системот подразбира многу начини на контрола. Во него се сите вплетени како чудесни завртки, тивки
умислени луѓе, платени за својата работа. Понекогаш ќе запознаеш некој од нив по пат, додека трчаш на
пример... Во системот се' е изведено, многу ума размислуваат во него - експерти, културни дејци, политички
манипуланти, спинери, брејн стормери, анархисти, воајери, хомосексуалци. Ух, не можеш да замислиш колку
заслужни граѓани го месат системот. Веднаш до него е магарето што го знаело патот напамет и шверцувало
цигари. Тоа го прекршувало законот на шумскиот пат преку планината Огражден на релација од Берово кон
бугарскиот град Сушица. По снимањето на магарето и составувањето записник цигарите се запленети во
корист на државата, а животното им е вратено на македонските полицајци. Бугарските цариници заклучиле
дека магарето е македонско, бидејќи неговите потковици биле различни од тие што се користат во Бугарија.
Сирото магаре... Немало пари за нови - бугарски потковици. Колку пати досега повторував дека во земјава

животните се многу пати попаметни од некои академски претставници на македонскиов народ. Не само
поинтелегентни туку и по-потентни-по-софистицирани и на крајот ако сакате - по лични. Е сега, што тогаш

овие што се испоседнати на клупиве во парламентот бараат таму а тоа не е зоолошка градина - сигурно се
прашувате. Се прашувам и јас, мили мои компатри, и останувам збунет покрај Вардар-от - река што овие

гнаси ја полеваат со сите можни контагиозни и вирусни излачевини и хемикалии кои што не може да се
најдат во Менделеевиот систем - па дури и во необјавените хемиски и алхемиски системи На Трисмегист и

Хес Рудолф и Др. Ебаго. Очигледно е дека во земјава, ова и не е само мое размислување - странскиот
амбасадорски хор исто така ни замерува поради не-доволната застапеност на животинските претставници.

Како на пример: сигурен сум дека Магарето би можело да извршува мултиплицирани-операции и


административни задачи на секаде низ земјава. Не треба посебна мудрост да се заклучи дека магарето би ја

завршило работата брилијантно во парламентот стискајки со единствениот прст на кој нема копито (
погодуваш ) по копчето за гласање. Или пак мачkата? Па мили мои компатри - мачката воопште нема

потреба од никаква надообразба, магистратури и докторати таа е родена со диплома. Да не говорам колкав
кадар и средства би заштедиле кога мачките би мјаукале наместо овие- недоветниве да бидат плаќани за

симулација на мисла. Остануваат се разбира оние нешто повеќе хендикепирани животни кои поради својата
габаритност не можат да влезат низ врата во институциите на системов: заводи, судски палати, музеи,

полициски станици и разно - разни-клати вратички во дупките на машинеријава наречена зијан на човечкиот
ум и простотлк. Замислете наместо оние со краткине вратови - двомолекулцине да стојат пред порти лавови?!

Па кој би влегол да здодева? Јас лично верувам дека ниту оние коџамити социјални случаи не би се осмелиле
на штрајк, се би било идеално... Но, секогаш тоа: но - во оваа земја секако за жал, владее вандалосаурусот,

селјократиус, Јулиус Еврластиус - ако сакате, и тој торлак не може да ви го смени ниту Фуере, па ниту Фауре
( мојот омилен пијанист ). Уште помалку ќе помогне моето јодлање. Останува да го славиме магарето и да

посакаме да се размножува што повеќе. Не и се потребни луѓе на оваа земја. Нив и онака ги има превише -

44

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
ако заклучиме дека за секој Вандалосаурус и Селјкократ треба да се гради нова палата и на секој

комуњаросаурус-рекс треба да му се додели титула. Па на секој претседател пензија... Па... Па... Па-па.

45

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
“Tell-toil-tell”

Come my way and I will tell you a story

Of a Renaissance Man
See I two Suns in my world
There for I forget never
And forgiveness I should end with myself only...

Magikan speech in air strum


As if no one understands, but knows the craft

And craftedw e a ll fa ll from sk ei s o f ...Thebe ...


Naked... As Adham e Ev-ha...

Ypsilon a Magarevo

Ипсилон Од Магарево

46

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Кај Жените ловци нема милост ( сеуште во конструкција )
by Voltaire Al Hakim on Friday, 30 July 2010 at 18:49

Нема тука никаква мистерија, во светот на џунглата жената е дефинитивниот и единствен ловец. Во нашите
глави е имплементиран еден неверојатен и изопачен филм од јудео-христијанската религија кој што оди
вака:
дефиниција 1 – Жената е направена на шестиот ден заедно со мажот? И сега приказната оди до таму што
Адам и Ава ( првиот маж и првата жена ) биле всушност еден судејки по напишаното во Стариот Завет. По
теориите на Рудолф Штајнер, требало многу време да дојде до двоење на телата на машки и женски. Или
воопште обликувањето и формирањето на телата какви што се денес. Но на шестиот ден во истовреме се
случиле многу работи. Не само што во истиот ден е направен Адам туку и градината во која и двајцата се.
Работите излегле надвор од контрола кога тие ја повикале смрт’та. Народно речено почнале од досада да се
ташкаат. Но што е тоа што е толку страшно покрај прекрасниот факт дека ташкањето ( интеркорсот )

коџамити е дојден право од рајот?! Па не знам ниту сам кога сета таа бестијалност и сатанска пожуда не би
постоела дали воопште некој би помислил да копулира во некого? Дали би биле сите ние материјализирани

на планетава, или можеби на самиот крај сите ние сме во пакет донесени од штркот. Е, сега што е со овој
понежниот пол. Не би се сложил дека се работи за понежен пол. Во просек на секоја една жена умираат десет

мажи. И во самата природа на сексуалниот чин се случуваат слични феномени. Жената може да издржи
огромни количества меса; самата жена по природа не е вегетаријанец.

Нема работа што една жена не може да направи полошо од еден маж. Сите жени имаат десет пати
посовршена конституција од мажот кој и онака повеќе не представува никаков поголем исчекор од жената.

Толку сум обземен со цветот наречен жена. Самата помисла на таа меѓуножна баклава ме носи до сто
процентно лудило. Скоро сигурен сум дека сум сериозно болен и дека имам потреба од стручно лице, но не и

од манастир. Јас сакам жени... Но жените не јадат секој ден месо. Тие сакаат многу работи. Имаат енормни
потреби, не се занимават со витештво, религија, тие се љубителки на кучиња, мачки, скапи автомобили,

комфор, повторно ташкање ( чукање ). Што се случува откако жената ловец ќе збоде говедо? Следат умилни
сто и двадесет дена на содом и гомор ( време во кое се врие казанот ). Жената вришти издржува, се умилкува

како мачка пред ужинка. Месото што ние осиромашено-дисперзирани соединениа ентузијастички го тегнеме
во пештерата на креацијата никако да стигне. Тоа е илузија, да знам илузија е и моето битие на планетава,

сета материја сите слики видени и исликани. Се’ е еден урнебесен казан во кој што мојот ум се врти како
тркало. Во женскиот свет, имам интерес за женскиот свет. Го мирисам женскиот свет. Што е тоа што е

различно денес? Еидс?! Не би рекол. Еве ви еден сајантолоџи пример: Една жена го зеде својот маж за оглав.
Откако овој се прошета со неа тој застана. Жената го погледна својот и скришум го надразни другиот маж

што одеше од спротива. Во еден неолитски перформанс антагонизмот меѓу мажот и мажот воопште не би
постоел. Доста сигурно е дека овој- следниот дивјак на хоризонтот ќе ја зајавал жената и таа ќе продолжела

со трет. Тука нема ништо страшно. Ништо не е страшно се до мигот на исхраната. Правиот конфликт следел
на масата а не на минџата. Сексуалните потреби на едно машко животно се ништо во поглед со тие на

47

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
жената. А таа е месарка, рековме. Што има тука толку грешно? Рековме дека жените сакаат месо, дека тие се

моќни ловци, и дека тие го движат светот. Каква е таа предестинирана илузија која во еден миг од човечкиот
развој ја носи мислата во еден бездушен ендек во кој повеќе вечно воспеваната љубов не важи?! Тој свет во

кој сите ние сме стаписани и заколнати дека ќе го чуваме од натрапници и варвари. Свет во кој вербата за
една димензија која единствено во облик на болест и хипер емоционалност е врзана за нашиот дух, а тоа е
љубовта. Сега сите ние откако ќе го вкусиме првиот грев се враќаме некаде назад. Но останува единствено
еден монотон хемиско - биолошки процес, во кој фатени од сопствениот недостаток ќе завикаме по Бог. Е, не

може така. Се срамам да признаам но јас сеуште сакам жени. Дали сум јас сеуште човек? Или едноставно
изопачен историски артефакт. И секако ќе ни биде подобро кога жените ќе бидат ставени во вреќи со крпи на

глава? Додека не дојде времето на повторно соединување и повеќе нема да има машки и женски род. Тогаш
кога сите ќе бидеме прокреирани во некаков друг облик, всушност би сакал во следниот живот да се родам
како кристал...

48

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Мандалото на Боби Спидфаер
by Voltaire Al Hakim on Wednesday, 28 July 2010 at 19:15

Беше тоа пред да го измислат интернетот. Многумина од нас не беа ни родени. Боби, осамена единка во

паралелниот универзум на минатото. Неговиот свет беше исполнет со истражувања на сколастички збирки и
тези од сиот свет. Тој живееше за еден подобар свет, свет во кој сите ќе имаат еднаква шанса. Боби

секојдневно собираше докази за постоење на други цивилизации од други планети од други универзуми -
галаксии. Тој беше сосема внесен во таа реалност за која што воопште немаше потреба да има човек за него.

Секојдневно собираше нови и нови артефакти. Боби работеше на нов тип на изум: Енергетско складирање на
чуства и впечатоци. Тоа комуницирање со туѓинците од други планети требаше да му овозможи општ пристап

на комуникација со којa воопште не беа потребни познавања на азбуки, јазици ниту кодови. Тој планираше и
измисли како тоа да го стори со помош на тие енергетски базени- со нивна помош човештвото ќе достигнеше

значаен развој во полето на информатиката и технологијата на комуникацијата. Боби секојдневно гледаше во


својот мал телескоп надевајки се дека еден ден нешто ќе излезе. Опкружен со древни книги списи и скици

Боби од ден на ден се повеќе напредуваше. И навистина кој беше тој што можеше да внесе некаква промена
во животот на Боби Спидфаер; се прашуваше неговата мајка. Во тој живот на научник и мистик Боби знаеше

се’. Тој беше и диригент и музичар и продуцент. Како да сето пространство беше исполнето со некакви
странци-туѓинци, некои од оние научно фантастични ликови или конспиратори. Покрај фактот дека ја

истражува вселената тој се чуствуваше безкрајно осамен. Колку и да се обидуваше да освои и да прејде во
некаква мета димензија- да се заборави во некакво ново себеосвестување - тој и понатаму беше човечка

единка. Имаше потреба од некакво тело, да се истрла од него да ја покаже сопствената машкост, која со тек
на годините стануваше функционална колку и апендексот. Еден ден Боби нарача гумена кукла. Си рече дека

сите проблеми водат всушност од таа пуста желба да се протне цревото во некаква дупка. Тоа не мораше да
биде дупка од месо - си рече. Сигурно е дека ефектот е ист ако не - можеби и поубав со гумената кукла.

Проблемот беше решен: ќе го стави мандалото во гумената дупка и... За Боби ова беше единствен начин тој
да се врати со сет жар на науката. Впрочем кој ќе се заморува со реален субјект. На крајот тој субјект бара
емоции, вимание, средства, понижувања, љубов... Сето тоа не му беше ни на крај ум да го стори. И без многу
архаизми и вртења Боби Спидфаер секој дневно вршеше нужда со куклата која тој ја нарече Торичела

Ветрова. Во меѓувреме имаше време за наблудување на ѕвездите и изучување на науката. Навечер кога ќе се
стемнеше тој ја примиваше Торичела и почнуваше со својот ритуал кој го нарече секс-зевзек-ентерпрајс. И

како обично после неколку минути Спидфаер застенка во страста на настраноста и гуменоста на силиконот на
Торичела. Едно утро Боби се разбуди со несносен бол во пределот на пенисот. На врвот од пенисот поточно

на главата имаше еден поголем израсток. Нештото изгледаше како мало џуџе во форма на мускетар. И не
само тоа џуџето на неговиот пенис имаше тенденција на движење. Се движеше од крај на крај. Право чудо-си

рече Боби. Потрча кон Торичела и се качи на неа. Сирота таа звуците што ги испушташе наликуваа на
пресфлекување на гумени чизми. Откако се испразни во дупките на Торичела Боби замислено се загледа во

49

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
својот фалус и во малото човече на него. Тоа уште повеќе беше пораснато па дури почна и да се двои од

неговиот фалус во форма на некаков мистериозен прокреат. И да не биде работата попусто Боби собра сили и
уште еднаш се качи на Торичела. Сега веќе јасно можеше да се слушнат стенкања и извици во истовреме.

Израстокот на фалусот на Боби почнуваше да се зголемува и да испушта звуци. Боби Спидфаер сврши со
неверојатен крик, тоа беше пролом на сецесија и дефрагментација. Неговото тело како да се поддели. Тој
легна на грб. На местото каде што до пред малку стоеше неговиот фалус сега има ше мала гола човечка
единка. Боби ги ококори очите. - Од каде па ти се с’коти?! Примети тој на глас. Но проблемите и маката од

делбата не застанаа тука. На местото каде што пред малку беше неговиот фалус сега имаше една голема
дупка. Сета материја се беше преселила на малото човече. Ке те викам Курелино му викна Боби. Ти си мој

прокреат. Боби почуствува среќа и болка во истовреме. Малиот Курелино со тага ја стави главата во близина
на вагинскиот процеп на гумената Торичела. Мама? Со чудење се замрси тој. Мама?! Нема Мама! Повика на
глас Боби. Сите ја бараат Мама! Мама е Тато - разбираш? Набргу Боби Спидфаер почина. Остана малиот
Курелино и вечната гумена Торичела. Неколку возрасни арамии се договараа како да ја ограбат куќата на

Боби Спидфаер.

50

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Исповедта на еден Роб
by Voltaire Al Hakim on Monday, 26 July 2010 at 18:02

Моето име е Роб Слејвковски. Јас сум еден од оние што умислено признаваат дека на секоја почва постои
некаков гениј. Во мојата глава светат неколку закони:
- Не спиј со туѓа жена (треба да ја платиш)
- Не јади сарма обвиткана во лист од индиго хартија ( дури и да си во Македонија)
- Никогаш не влегувај во автомобил без тркала
- Секогаш заборавај колку години имаш
- Кога ќе те прашаат за пари извади го скинатиот чорап и преврти го.
- Одпрвин помирисај па потоа легни со некого.
Јас сум слободен човек. Роден сум за да робувам. Знам и да се забавувам, студирам, истражувам... Но во
меѓувреме секогаш сум Роб, Роб Слејвовски... Мене ме бркаат од работа, ме носат на прво мајски излет. Ми

паѓаат заби. Сите се повикуваат на мене и обично сум неосигурен. Понекогаш ги застапуваат моите права.
Роден сум во БЈРМ. Јас штрајкувам, но како по обичај после секој штрајк ме унапредуваат. Ако штрајкувам

пред парламент- тогаш веќе од следниот ден сум во парламент. Ако штрајкувам пред некоја компанија -
станувам хипербореец. Но ете јас сум и понатаму Роб... Редовно одам на пивофест, се занимавам со

апстрактни политики и на самиот крај повторно останувам без работа. Јас сум чистачки гениј. Можам да
понесам со себе дури и до 1 тон смет дневно. Затоа што имам капацитети - гениј сум. Јас сум

интернационална корпорациска халабука. Возам скапи машини во име на новиот светски поредок. Воопште не
ме интересираат етички мани и недостатоци се викам Роб Слејв’ковски. Мојот живот е тишината и

поднесувањето. Поднесувам се’, немам иднина, жена, деца... Моите дебели прсти можат да издржат се’.
Најстрашен сум кога се знојам. Тогаш рикам како магаре: У’к-у’к-Уууууу’к-Гееееееееее! Мојата миризба го

деморализира непријателот. И повторно сум Роб. Служам кога сум со некоја дама, парламентарец,
официјалец, неандерталец - како и да е јас сум повторно Роб. И во сликата на светот моето име е: секој. Тоа

е затоа што јас дури и немам име. Моето веселење е секогаш пропратено со искршено стакло и евтини жени -
јас сум Роб, Роб Слејв... Јас сум вечен... Роб.

The English word slave derives through Old French and Medieval Latin from the medieval word for the Slavic people
of Central and Eastern Europe.

Последните денови на Артур Квазикл ( Забрането за Медиокритети )


by Voltaire Al Hakim on Monday, 19 July 2010 at 19:33

Во мислите на Артур секојдневно се множеа прашалници. Дали вреди да се живее? Колку има до крајот? Кога

ќе биде судниот ден? Зошто сум осамен? Дали има крај?... Сите овие мисли почнуваа да го излудуваат. Еден
ден тој се свлече гол и реши да прошета по двор. Мора нешто да се случи- си рече. Или ќе го затворат или ќе

51

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
го убијат... Сигурно има некој што мисли на планетава - повторуваше тој. Неговата сопруга и неговите деца

веќе поодамна беа кренале раце од него. Тој за нив беше еден не соодветен чек без покритие. Па дури и
неговиот имот не вредеше многу. На сите им оддеше на нерви. А што би направил тој за нив. Неговиот сон и

онака беше сосема исчезнат. Артур беше толку заглавен што во еден миг почна да размислува како да скокне
од некоја повисока зграда. Кај него од време на време знаеше и по некој да свирне, како тоа прекрасно утро
во кое Младиот доктор Себастиан се појави. Артур беше гол во сопствениот двор. Младиот Себастиан влезе
во дворот и започна да чисти една столица која што беше ничкосана на земја. Артур го погледна и веднаш

започна студиозно да го потпрашува: Ете Себастијан ти си умен, прибран млад човек. Чекореше со запалена
лула во раката не баре го беше освоил светот, малку застана па продолжи- Јас навистина не знам што би

правел повеќе на планетава? Не гледам чаре... Ниту сум пензионер, ниту жив, ниту креативен, па и
фамилијата се срами од мене...
Себастијан го одмери со насмевка на млад војсководец од времето на Клавиј. Што вие би сакале Артуре? За
миг мислите му застанаа на артуровата голотија.

- Јас би сакал да исчезнам. Како човек или како пациент, сеедно сакам едноставно да исчезнам.
Себастиан го отвори малото ташниче со апаратури и лекарски инструменти.

Што би сакал денеска за појадок Артуре? Бензедрин, бупренорфин,фентанил, трамадол, тапентадол... Артур
се фати за нос и затуттка една поголема зелена пифтија.

Ма сето тоа е во ред докторе, но зошто сум тука? Јас сакам да бидам пациент во болница... Знаете, да си
седам на кревет и да си читам. И...

И?! Себаситан почна со нетрпение да ја полни инекцијата. - И, што после?


Овој пат Артур се вознемири и завика: И сакам да си отидам од овде! Реков немам пензија, никој не ме сака,

не знам зошто би се измачувал до крајот на светов! Сакам да извршиш врз мене евтаназија! Инаку! Во тој миг
Артур се фати за својот фалус и се стрча кон Себастиан којшто зинат од изненадување сиот поцрвене. Сега

Себастијан академски го изучуваше пенисот на Артур. Примети дека Артур има пенис на благородник. Добро
извршена циркумзација, кај кого Артуре? Но Артур и понатаму бесно скокаше не баре Овој му е крив за се’.

Артур помавта со пенисот пред очите на Себастијан и после малку егзибиционизам си седна на спроти него.
Себастијан вешто го фати Артур за рака и му вбризга една доза тапентадол.
Ќе си предеш сега, ха-ха-ха... Артур се вмушна на земја фатен за пенис.
Себастијан продолжи со спремањето. Никој овдека Артуре не доаѓа што сака. Што мислиш ти? Јас од убавина

те гледам? И те мрсам тука! Куче ни заедно! Собери си алатот, евтанзија! А бе магаре! Сега ќе ти дадам! Во
тој миг стариот Артур веќе почна да тоне во земјата, сонот го однесе во еден свет кој што подразбира

пензија, статут и ордени. Светот на возраснните. Таму каде што има игри без граници. Иглички го креваа
неговото тело час горе час доле. Слободен јас сум слободен пензионер во светот на возрасните повика со

малку засипнат глас. Неколку лисја паднаа врз него и ја покрија неговата безобразност... Се стемнуваше...

52

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Трите пријателски прста врз главата на Лорд Вартен Кларк

by Voltaire Al Hakim on Sunday, 25 April 2010 at 23:28

Мина веќе цел месец од средбата на Лорд Вартен Кларк и неговите два вечни придружници: Монсињор

Рафаел Де Мудро и несмасниот Сењор Хенри Лопатка. Лордот Вартен веќе беше обезбедил билети за
претставата на градските кина. Беше тоа “Анти Христ“ од Вон Трир. Иако лично Лорд Вартен не беше самиот

кој знае колку инспириран од делата на Ларс, тој ги обожуваше неговите филмови од две причини. Првата
причина беше тоа што на филмовите на Трир секогаш имаше сериозна публика, и втората на истите секогаш

имаше неверојатна спанка. Но овој пат тоа не беше случај. Тие тројцата влегоа во кино-двораната со
помпезност достојна на нивниот ранг. Лорд Вартен лично ладно испуди една несовесна дама што го беше

претходно завзела неговото место. Хенри лопатка исто така со голем презир се заврте кон Монсињор Рафаел.
Токму кога тие влегоа, филмот веке се развиваше со некаква магиско – брза динамика. Хенри Лопатка за миг

се почуствува по малку параноично. Во киносалата беше по малку тензично и во исчекување. Сите се надеваа
да се појави лично – Антихристот. Набргу Лорд Вартен започна да струга во етерот. Кино-посетителите во
неговото опкружување почнаа звучно да негодуваат гледајки кон Хенри кој за сето време се воздржуваше да
не прасне во панична смеа. Единствено Монсињор Рафаел со воздржаност на Ритер го контролираше

вознемирувачкиот амбиент околу нив. Филмот ги внесуваше од сцена во сцена. Во еден миг – хоророт
предизвикан со еден моќен звучен ефект успеа да го разбуди дури и Лорд Вартен Кларк. Тој бучно извика

сиот воодушевен: Ух, колку добар филм! Вниманието на Лорд Вартен Кларк беше одвлечено за цели осум
минути, веднаш потоа тој повторно заспа. Сењор Хенри се обидуваше да се сконцентрира на остатокот од
филмот. Некаде пред самиот крај на филмот на платното почна да се одвива сцена со убиство на еден гавран
кој не сомнено повторно го разбуди сега веќе разгорападениот Лорд. Тој почна да вришти паралелно со
гавранот. Звукот што Лордот Вартен почна да го испушта – вкрстувајки се со тој од гавранот станаа прилично
неподнесливи за посетителите. Настана гласно негодување и повикување на линч. Токму во тој миг – младата
дама на филмското платно зеде ножици и си го расече клиторисот. Сцената за миг ја потсмири атмосферата
во двораната. Репутацијата на Лорд Вартент во последен миг беше спасена. Монсињор Рафаел и Сењор Хенри

политички се обидуваа да ја оправдаат ново настанатата состојба. Лорд Вартен повторно почна да р’ка.
Набргу се запалија светлата „Анти Христ-от„ заврши со својата мисија. Лорд Вартен се протегна воспевајки го

филмот. Тој даде и примедба – дека сепак “Дон Џовани“ многу подобро ја завршил работата. На име тој на
претставата успеал да отспие цели два часа непрекинато. Тројката звучно ја напушти филмската дворана. Од

плочниците отсјајуваа нокните светла. Монсињор Рафаел го запали автомобилот и тие се втурнаа на
автопатот. Што туку започна да роси. Се искачуваа по благиот планиски превој. Некаде на врвот повторно се

наѕираше сонцето. Лорд Вартен и понатаму ги чуствуваше трите прста над сопствената глава. Како да сиот
свет му беше вплеткан во некакво бизарно сценарио за деконструкција на универзумот. Немаше ниту пладне
– ниту ден - ниту ноќ. Во еден миг сите тие тројцата возејки се по патот се запрашуваа: ако сме изгубени и

53

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
ова е “патот“, тогаш ние и немаме некој голем избор... Се ќе биде во ред... Ги убедуваше Лорд Вартен Кларк.

Тој набргу заспа по изговореното.

54

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Пет илјади и една причина да станеш рано на утро и да ја пронајдеш ветената Америка
by Voltaire Al Hakim on Friday, 26 March 2010 at 13:23

Си се запрашал ли, откако сите очекувања ќе станат минато што кај тебе предизвикува повторно да станеш
од томбите на мракот и да се отргнеш од моќите на Сомнус и Танатос. Дали е тоа некаква здодевна инерција
на телото? Запаленоto светло кое што има предвиден рок на зрачење. Или тоа (станувањето) едноставно има
смисла во каприцот на замислениот себеизмачувачки витол на поставени идни фиксации и планови. На
пример: “Денес ќе видиш нешто сосема неверојатно“. Секој од нас тоа го посакува. Хипнотички се влечеш до
мијалникот и со резервирано тетерење го прскаш лицето со вода. Си велиш: Денес ќе ми се случи чудо! Треба
да ја откриеш сопствената Америка. Тешка задача навистина. Не познавам голем број луѓе што тоа го откриле
во себе. На кого да се повикаш? Си велиш се е добро додека трае... Ти си креаторот на драмата на ужасот, на
твојата маса има едно животно кое главчето го крие. Време е за појадок... Размислуваш за гладните на
Планетата Земја додека алчно јадеш опашка од замрзнат крокодил прелиен со сос од печурки. На крајот од

појадокот те чека едно сочно Банана – Суфле. Добро е жив си... Отпадоците од амбалажите се насобрале-
некој треба да ги фрли? Доста веројатно тоа треба да го сториш ти. Го отвараш прозорот кон светот и тој се

движи околу твојот хабитат. Веројатно замислуваш дека си Луј XIV, и дека работите се тука да те служат и се
што треба да сториш е да ја ставиш круната на глава, но... Нешто тука не оди точно на време. Додека ти

размислуваш некој упорно ѕвони на твојата влезна порта. Кој е тоа, по ѓаволите! Извикуваш на глас. Некој
просечен – осреден занатлија-бербер-санитетлиа-или инкасатор?! Филозоф?! Започнуваш со спремањето,

завршуваш и во еден скок си на влезот од твојот храм. Одпрвин ѕиркаш низ процепот на вратата. Дали чудото
треба да се случи денес? Се прашуваш... Ќе ја пронајдеш ли плодната Америка? Таа здрава Америка што

скока од карпа на карпа и ги боде своите прсти длабоко во животот на материјата. Ти сакаш таа да доминира:
Америка љубена... Не, ни овој пат не е таа... Разочарано приметуваш откако ја примаш испорачаната пратка.

Обично се работи за некаков долг кон некого. Сега се влечкаш до телевизискиот приемник и го ставаш
утринското кафе. Вклучи се! Му наредуваш на твојот личен Др. Месмер. И тој почнува да свети... Ете ја

Америка трча... Ах, сега си отпуштен-две димензии се е во ред... Во твоите очи таа нема ниту боја ниту
височина – чиста проекција. Под нејзините нозе се тресе сета земја. Ја обожуваш, таа Америка. Таа курва

страсна... Таа што нема боја ... Таа што преставува океан на страсти и лудила. Блудницата на сеслучувањата.
Како од некој константен вулкан таа шири нозе и исфрла пред тебе гадости нови и нови. Твојот ум е

комплетно опседнат. Говориш и пелтечиш. Оддлучуваш да станеш проактивен. Ќе ја освојам Америка! Ух,
ништо ново зарем не? Ќе станеш нов Колумбо. И пишуваш на саканата Америка писма со секакви содржини.

Полн си со дива огнена страст-сакаш да поробиш, таква е природата на работите – па не си кокошка. Треба
да бидеш еден од избраните... Америко... Пишуваш до неа песми луди...

55

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
За ветувањата во Вечниот Круг
by Voltaire Al Hakim on Monday, 01 March 2010 at 13:35

Во измамата наречена живот во поголем дел од времето се случуваат непотребни претстави и ветувања.
Почнуваш со ветувањето: ќе бидеш награден. Ова ветување подразбира дека си награден што си се родил на
планетава?! Ти добро знаеш дека тоа се спротиставува со сите логични расуди и убеден си дека постои
грешка во толкувањето на наградата и поимањето на истата. Твоите први сознанија и свесност за нештата се
во најголем број случаи поврзани со болката. Таа те учи како да преживееш, да удриш човека по уши. Да
покажеш кој е стопанот на апокалиптичниот жезол. Треба да владееш; инаку постои можност некој да ја
притисне командата ”erase”. Малку ти значи што те нарекуваат лисица. Ти сакаш уште многу од тоа. Сега си
интелектуалец – шегобиец па револуционер ако има потреба од тоа. Застануваш во редот на заслужните и
така полека твојот молекуларен синтезис исчезнува. Облаците свиснале над твојот вертикален радиус
шумејки ја вечната елегија на ветрот и мирот. “Delete” команда која дозволува неповратност но во истовреме

и леснотија на неповторливото. И како во некаква арабеска мотивите се врзани со чудесен фалсето звучно
врвејки кон целта. Скерцо! Сега си искачен на самиот врв, погледнуваш кон височината... Има ли уште? Се

прашуваш... Адаџо... твоите сетила се невротички исполирани – сега си копнеж, мечти селиш низ светот.
Дали си излечен од зависта?! Не. Минуваш во транс утерусната димензија на абисот кој те води во

сознанието. Ох, какво ли слатко сознание да бидеш жив во сонот... Фламенгото на смртта и сонот-будењето и
копнежот. Страста... Ветувањата траат и трaат... Тие те држат во апсолутен баланс на клишеата и нормите.

Ветувањата те одржуваат во живот. Ова се времиња на очај, месечината е освоена – време му е на Марс, а
сепак помеѓу тебе и небото вода, под тебе-зад тебе и пред тебе – вода. Таа ветува и исполнува. Биди сигурен

дека тука не се лажеш. Во темпо „агитато“ продолжуваш кон ветувањата што водат кон целта и лакримосно
се советуваш со самотијата на пред-ерата во финалето на сентиментите и илузиите. „Ленто Модерато“ пред

самиот крај и голема тишина во тоналитетот на клучот Е. Останува летаргијата како суштество што никогаш
не спие и ветувањата како вистини што случиле се биле... И музика. Повторно таа Музика... Нема крај на

кругот, само репетитивност, се’ до самата елапсичност. Сета темелност на уцената завршува пред портите на
кругот. Пред Кругот, застануваш и повторно влегуваш во новото ветување...

56

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Мојата Америка

Ќе се вселам во тебе Америко “мила“ моја

Црна убавице
Ќе те наполнам со семе се додека не препукаш мила Америко
Со себе ќе земам ген од секое копиле на планетава и секој скитник
И ќе те наполнам со нив луда Америко

Во тебе раскош не ќе има повеќе


тагата и болеста ќе пеат по твоите улици

Кога овие новиве ќе нарастат Америко крпи на глава ќе носат


Ќе ти одат силите Америко
Не ќе има никој да те плаче Моја Америко
И повторно ќе излијам семе врз тебе гнасно

Да те закопа Америко...
Моја Америко...

57

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
Кога Сонцето ќе изгрее од западната страна

С е сретнаа точно на денот кога Сонцето изгреа од десната страна. Ниту еден од нив не знаеше дека гледа во

својата идеална копија. Но тие беа сосема идентични. Се запознаа во канцеларијата на срамот. Следното утро
се венчаа на миса кај Џенгис Свештеникот. Амен...
Сонцето веќе зајде...

58

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.
КРАЈ

59

Evaluation notes were added to the output document. To get rid of these notes, please order your copy of ePrint 5.0 now.

You might also like