You are on page 1of 11

Предмет: Финансиски Пазари и Институции

Тема: „ NYSE “

МЕНТОР: СТУДЕНТ:
Содржина

Вовед:

Берза

Што е акција

Видови на акции

Историјата на New York Stock Exchange

Nasdaq Vs. Nyse

Интеграција на EURONEXT со Nyse

Заклучок

Користена Литература

Вовед
Берзата во Њу Јорк моментално опфаќа преку 3640 компании, кои се
проценети на 21 трилион долари. (NYSE , 2006). Исто така котираат околу 3300
емисии на акции (Обични и Приоритетни). Дневниот обем на тргување на NYSE во
2000 година просечно изнесувал 1,04 милијарди акции, а во почетокот на 2001
година преку 1,3 милијарди .Овие компании се распоредени на многу различни
локации насекаде низ светот, од кои повеќето од нив се во Америка. Вообичаено
повеќето од овие компании се големи , мали и средни капитализирани компании.
Како што растел пазарот на NYSE , се повеќе и повеќе компании од странство се
појавуваат на пазарот.Секторот на странскиот пазар за инвестирање претставува
33% од влоговите. Овие 33% ги опфаќаат околу 453 компании со вредност на
пазарот од 7,1 трилиони долари. NYSE групацијата е најголемата берза на светот и
е лоцирана директно во срцето на Њу Јорк на улицата 11 Wall Street NYSE
групацијата има вработено преку 2000 работници со цело вработно време , за
денски операции на берзата. За успешните операции кои се извршуваат на берзата
се одговорни пет топ левел менаџери .Тоа се : Chief Executive Officer (Mr. John A.
Thain, age 50), President and CO-Chief Operating Officer (Ms. Catherine R. Kinney,
Age 53), Chief Financial Officer and Executive Vice President (Mr. Nelson Chai, age
40), President of Project Management (Mr. Gerald Putnam, Age 47) and Chief
Regulatory Officer (Mr. Richard G. Ketchum, age 55) (Yahoo Finance, 2006).

Логото на NYSE

Логото на NYSE
Берза

Берзата е организација која ги процесира купувањето и продавањето на


акциите и другите хартии од вредност: обврзници, опции, фјучерси. На берзата
тргуваат само овластени фирми - брокери, кои работат по налог и во име на своите
клиенти - физички и правни лица. Хартиите од вредност ги издаваат издавачи -
најчесто правни лица кои можат да издаваат обврзници и акции. За да може да се
тргува со некоја хартија од вредност на берзата, таа треба да биде вклучена
(котирана) во тргувањето. Некои од условите за вклучувањето ги определува
самата берза. Кога овие претпоставки се остварени, може да се рече дека берзата е
место кајшто физички и правни лице, преку брокери, тргуваат со хартии од
вредност издадени од разни физички и правни лица.

Во зависност од предметот на тргување, берзите се делат на:

• стокови или меркантилни берзи кајшто се тргува со


материјални добра (нa пр. нафта, метали, итн.)
• берзи на хартии од вредност (акции, обврзници, фјучерси,
опции, итн.)
• берза на валути - кајшто се тргува со валути.

Првата берза била организирана во Анверпен во 1460 година, а следната во Лион


во 1462. На првите берзи повеќе се тргувало со стоки (меркантилна берза) отколку
со хартии од вредност.

Берзанскиот индекс е индикатор кој го покажува движењето на цените на


репрезентативните хартии од вредност кои се котираат на некоја берза. Самата
берза ги избира репрезентативните хартии, кои најдобро го отсликуваат
целокупното движење на цените. Берзата може да определи повеќе индекси за
различни видови на хартии од вредност, поделени по разни критериуми (вид на
индустрија, вид на хартија, итн.)
Најголеми берзи во светот се:

• Њујоршката берза, позната и како Вол Стрит по улицата на


која се наоѓа, со главен индекс „Дау Џонс“
• Токијската берза, со главен индекс „Никеи“
• Лондонската берза, со главен индекс „ФТСЕ-100“
• Национално здружение на дилери со хартии од вредност
(НАСДАК) во Њу Јорк, со главен индекс „НАСДАК“.

Што е акција

Акција е хартија од вредност (која што можат да ја издаваат акционерско


друштво и командитно друштво со акции) во кој што е преставен дел од основната
главнина и во која се определуваат правата на акционерот кој, како сопственик на
акцијата, не е доверител на друштвото ниту сопственик на еден дел од имотот на
друштвото. Или пак акцијата претставува документ за сопственост на страдства
вложени во акционерско друштво. Акциите можат да се тргуваат на берзите.
Вредноста на акциите можат да растат, но можат и да опаѓаат. Па од тука доаѓа и
самиот ризик за губење на вредноста на самите акции. Со акциите не може секој да
тргува, со нив тргуваат брокери. Секој може да тргува со акциите во посредство на
брокери.

Видови на акции

Постојат обични и приоритетни акции. Обични се оние акции кои ги поседуваат


сопственици кои имаат право на дивиденда и право на глас во собранието.
Приоритетни, пак, се оние акции чии сопственици имаат првенство при наплата на
дивиденда, предлагање членови во раководниот тим и најчесто немаат право на
глас.
Историјата на New York Stock Exchange

Почетокот на NYSE (New York Stock Exchange) се следи од 17 мај , 1792 година,
кога Бутонвудскиот Договор беше потпишан од 24 берзански брокери , надвор на
улицата Вол Стрит 68, под јаворовото дрво на улицата, кое порано било
местоположба на ограда од затвор. Во март 8, 1817 година, организацијата скицира
конструкција , и ја именува во "New York Stock & Exchange Board". Антони
Стокхолм е избран за првиот претседател на берзата.. Првата централна локација
на берзата била соба изнајмена за 200 $ месечно во 1817 година лоцирана на 40 Вол
Стрит. Њујоршката берза е уништена во големиот пожар во Њу Јорк . Потоа се
преместува во привремен штаб. Во 1865 година , се менува името на берзата и се
нарекува New York Stock Exchange со кратенката (NYSE). Во 1865 година се
преместува на 10-12 Broad Street. Обемот на истргувани акции се зголемува за шест
пати во годините помеѓу 1896 и 1901 година, и бил потребен поголем простор за
раководење на бизнисот.Осум архитекти од Њу Јорк биле повикани да учествуваат
во натпреварот за дизајн за нова зграда, конечно берзата одбира неокласичен дизајн
, изработен од архитектот George B. Post . Рушењето на старата зграда на
берзата и околните згради започнува на 10 . мај 1901 година.1

Новата зграда лоцирана на 18 Broad Street чини $4 милиони , и


официјално е отворена на 22 април 1903 година. Подот на кој се тргувало во
тогашно време , бил најголем во градот. Таа зграда била впишана во листата на
Национални историски места и била додадена ов Националниот регистер на
Историски места на 2 јуни 1978 година .

Во 1922 , зграда за канцеларии , дизајнирана од Trowbridge & Livingston , е


изградена на 11 Broad Street , и тука новиот под за тргување бил наречен „Гаража“.
Дополнително место за тргување на берзата било додадено во 1969 година, и 1988

1
http://www.nyse.com/about/history/1089312755484.html
година плавата соба , која била со најнова технологија за информации и
комуникација. Уште едно место за тргување е отворено на 30 Broad Street во 2000
година. Како што NYSE го претставува хибридниот пазар, голема пропорција на
тргување доаѓа за да се извршува електронски, и со резултат на редуцирањето на
побарувачката , берзата одлучува да ја затвори тргувачката соба , која се наоѓала на
улица 30 Broad Street во 2006 година.
Со прифаќањето на електронското тргување , продолжува да се намалува
бројот на тргувачи и вработени на тргувачкиот под, подоцна во 2007 година NYSE ,
ги затвара собите креирани во 1969 и 1988 година.

Тргувачкото место на Њурошката Берза во 1908

NYSE ги објавува своите планови за превземање на Архипелаго Берзата на Април


21, 2005, во договор наменет за реорганизирање на NYSE како јавна тргувачка
компанија. Управниот борд на Берзата изгласа за д аго превзема ривалот
Архипелаго (ArcaEx) на Декември 6, 2005 година, и постанува јавна компанија за
профит. Почнува да тргува под името NYSE Group на 8 Март, 2006 година. Малку
подоцна , за една година на 4 Април , 2007, NYSE групацијата , ја коплентира
интеграцијата со Euronext -Европската комбинирана берза, исто така се формира
NYSE Euronext првата прекуокеанска берза.2

2
www.wikipedia.com
Nasdaq Vs. Nyse

Некогаш електронска котација за ОТС акциите и изразен преку неговиот


акроним NASDAQ берза, или денеска познат како NASDAQ пазар на акции,
оперира заедно , и со котации на акции и со берзанско разменување, кој им
дозволува на дилерите да тргуваат на неговите истакнати хартии од вредност.Тоа
што некогаш било тргување на преку банкарските шалтери , денес претставува
технолошки софистицирана трговија преку единствен компјутерски
комуникационен систем .

Ваков е системот на NASDAQ (The National Association of Securities


Dealers Automated Quotations). Шалтерскиот пазар на NASDAQ претставува
голем конкурентен предизвик за NYSE . Неговото учество во обемот на тргување
на фирмите од NYSE се зголемило од 2,5% во 1983 година , на околу 8% во 1999
година.Уште повеќе , многу големи фирми што се подобни да ги запишат своите
акции во NYSE , избираат тоа да го сторат во NASDAQ .Берзата во Њу Јорк ги
промовира , особеностите за тргувањето со акции , и правилата под кои тргувањето
зазема свое место. Тргувањето на акции на NYSE се појавува во стил на акција. Во
секоја трансакција , акцијата се продава до највисокиот наддавач и купена за
најниската понуда. Овие компании кои тргуваат на NYSE се најстари , најголеми ,
и најдобро познати светски компании. Ако го земеме во предвидд сличностите на
NASDAQ и NYSE , е тоа дека двете се искористени за продавање на хартии од
вредност. Дилерите кај двете берзи можат да купуваат и продаваат хартии од
вредност. Исто така двете се пристапни до јавноста главно за купување и
продавање , но преку брокери, јавноста може да инвестира во една или во двете
берзи , затоа нема многу сличности помеѓу овие две компании.
Интеграција на EURONEXT со Nyse

Што се должи на видливите потези на NASDAQ за да ја превземе Лондонската


Берза, NYSE групацијата , сопственик на Берзата во Њу Јорк, дава понуда од 8
милијарди фунти во кеш и акции за Euronext на 22 мај 2006, но таа понуда е
надмината од берзанскиот оператор Deutsche Börse (Германска Берза за Хартии
од вредност).3

Спротивно на изјавите дека нема да се да се зголеми неговата понуда на 23


мај 2006, Deutsche Börse открива дека влогот за интеграцијата со Euronext , кое ја
вреднува Европската берза на 8.6 милијарди фунти , а тоа е 600 милиони повеќе од
иницијалниот влог на NYSE групацијата. Наспроти ова NYSE групацијата и
Euronext , создаваат интаграционен договор , предмет на акционерско гласање и
регулаторно одобрение. Иницијалниот регулаторен одговор на директорот
Christopher Cox (кој координирал на европските берзи) бил позитивен , со
очекувано одобрение на крајот од 2007 година.Новата фирма ќе биде со главно
седиште во Њу Јорк , со операции кои се извршуваат во Европа и неговата
тргувачка платформа која работи во Париз.CEO на Nyse John Thain кој ќе го води
NYSE Euronext, настојува да користи комбинацијата , за да го формира првиот
светски глобален Берзански пазар, со континуирано тргување на акции и деривати
преку 21 час (време). Во продолжение двете берзански групации се надеваат да ја
додадат Borsa Italiana (Миланската Берза) во групацијата.

Deutsche Börse го испушта последното наддавање за Euronext на 15


Ноември 2006, одстранувајќи ја главната пречка за Nyse Euronext трансакцијата.
Соочувањето на цената на акциите на Nyse Групацијата во 2006 година го направи
нудењето далеку по атрактивно до акционерите на Euronext. На 19 Декември 2006
3
http://www.euronext.com/landing/listedCompaniesInfo-19313-EN.html
акционерите на Euronext ја одобруваат трансакцијата со 98.2% од гласањето. Само
1.8% гласале за понудата на Deutsche Börse. Jean-François Théodore главниот
извршен директор на Euronext изјавува дека тие очекувале трансакцијата да се
затвори од три најкасно до четири месеци.

Некои од регулаторните агенции кои имале надлежност над интеграцијата ,


веќе имале дадено одобрение. Акционерите на NYSE Group го даваат своето
одобрение на 20 Декември 2006 година. Интеграцијата е комплетирана на 4 Април
2007 година формирајќи ја NYSE Euronext.

Логото на Nyse Euronext

Заклучок

Берзата е организација која ги процесира купувањето и продавањето на


акциите и другите хартии од вредност: обврзници, опции, фјучерси. На берзата
тргуваат само овластени фирми - брокери, кои работат по налог и во име на своите
клиенти - физички и правни лица. Берзата во Њу Јорк (NYSE) од нејзиното
основање во 1792 година , се до денес остварува големи и значајни успеси кои ќе
се паметат во берзанската историја.Nyse Euronext холдинг компанија креирана од
комбинација на Nyse групацијата и Euronext , која почнува да работи на 4 Април
2007 . Nyse Euronext со кратенките (NYSE/New York и Euronext/Paris: NYX) ја
оперираат најголемата и најликвидна светска берзанска групација, и им ги нуди на
корисниците најразличните финансиски производи и услуги. Се ова ја прави Nyse
групацијата една од најдобрите светски берзи.

Користена Литература
www.wikipedia.com
www.nyse.com
Финансиски Пазари и Институции. Др. Панче Јованоски
www.euronext.com
www.nasdaq.com

You might also like