You are on page 1of 12

Средно Општинско Училиште

„Јане Сандански“ - Штип

Проектна задача по предметот

Хирургија со Гинекологија и Акушерство со Нега

На тема:

Пубертет и Адолесценција

Ментор: Изработила:

Д–р Ана Карпичарова Ивана Михаилова IV3

Штип, 2018
Пубертет и Адолесценција

Предмет на проучување:
Предмет на проучување на овој проект се пубертетот и адолесценцијата како
значајни фази од животот, нивниот тек и промените кои настануваат како резултат на
истите.

Цел на проектот:
Целта на прокетот е да се запознаеме со промените кои настануваат кај нас во
периодот на пубертетот и адолесценцијата и додека се појават абнормалности истите да
ги превенираме.
Пубертет и Адолесценција

1. Вовед

Пубертетот е период во кој се развиваат секундарните полови карактеристики и се


достигнува способноста за сексуална репродукција. Физичките промени го придружуваат
пубертетскиот развој директно или индиректно резултираат од созревањето на
хипоталамусот, стимулација на половите органи и секреција на половите стероиди.
Промените во пубертетот почнуваат кога мозокот предизвикува производство на
полови хормони. Обично, почнува прво кај девојчињата па потоа кај момчињата. За
повеќето девојки, пубертетот почнува околу 11-годишна возраст. Тој вклучува неколку
типични збиднувања во животот на девојчињата, а тоа се: развој на дојките (thelarcha),
ратење на влакна аксиларно (под мишките) и пубичната регија (adrenarcha), забрзано
растење и појава на периодично крварење од матката (menarcha). Адолесценција е
развојна фаза која го опфаќа периодот од 10 до 22 години од животот. Адолесценцијата
е период на големи промени, физички или психички. Младите луѓе стекнуваат ново
искуство за себе и нивните физички, ментални и емоцијонални способности, вклучувајки
го и искуството на сопствената индивидуалност и лични вредности. Почетокот на
адолесценцијата обично се карактеризира со зголемен интерес за сексуалните
феномени кои гја придружуваат идејата за тоа како да се прилагодат на новите
потреби и новиот физички изглед. Затоа, во почетокот на периодот на
адолесценцијата лицето е многу чувствително на промените кои се случуваат во
физичката сфера, особено на забелешките направени од страна на возрасните, па
дури и врсници, без размислување многу за последиците.

2. Нормален пубертетски развој


Пубертет и Адолесценција

Почетокот на пубертетот зависи од многубројни фактори кои имаат влијание на


возраста при која започнува пубертетот и прогресијата на пубертетскиот развој. Помеѓу
овие влијанија спаѓаат и нутритивната состојба, здраствената состојба, изложеноста на
светлина и психолошката состојба. Согласноста на возраста при која се јавува менарха
кај парот мајка - ќерка и помеѓу сестрите и кај етничката популација, ја илустрира
значајноста на генетските фактори. Растот на дојките (thelarcha) обично е првиот знак
за почетокот на пубертетот кај девојките и се манифестира со ипакнување на мамилите,
пигментираната зона околу нив станува поширока и потемна и трае се до нивен потполн
развој. Надворешните и внатрешните полови ограни стануваат поголеми, растат,
дејствуваат половите хормони и се создава кисела pH средина во вагината. Сите тие
промени се предизвикани од зреењето на фоликулите, т.е. од создавањето на поголемо
количество на естрогени хормони во јајчниците. Периодот од 11-12-та година опфаќа
појава на влакна, прво во пределот на пубисот а подоцна и во аксилите кое е познато
како adrenarcha. Таа е резултат на хормоните од надбубрежната жлезда т.е.
андрогените (машки) хормони.
Во пубертетот растењето на организмот е забрзано, а карлицата се проширува во
напречен правец. Кај девојчињата забрзаниот раст почнува на возраст од 11-та до 12-та
година, а завршува околу 14-та година а максимална висина достигнуваат од 17-та до
18-та година, кога престанува растењето заради спојување на епифизните ‘рскавици под
дејството на лачење на половите хормони.
Значаен знак за нормалниот пубертетски развој е и menarchа-та која се јавува
околу 10-та до 16-та година. Меѓутоа, нејзината појава пред 10 годишна возраст
претставува абнормална појава позната како предвремен пубертет (pubertas praecox
т.е. menarcha praecox). Тоа претставува патолошка појава, а ја редизвикуаат тумори на
овариумите кои создаваат естрогени хормони (хормонално активни тумори), заболување
на хипофизата или на хипоталамусот. Доколку пубертетот настапи по 12-та година, а
менархата по 14-та годишна возраст зборуваме за задоцнет пубертет односно
менструација (pubertas tarda и menarcha - menstruatio tarda). Кога менструацијата не
настапува до 16-та година тогаш зборуваме за примарна аменореа (amenorrhoea
primaria).
Пубертет и Адолесценција

Стадиумите кои се првично опишани од страна на Танер често се употребуваат за


опис на развојот на дојките и пубичните влакна.
Во однос на развојот на дојките, Танеровиот 1 стадиум се однесува на
претпубертетската состојба и вклучува непалпабилно ткиво на дојките, со дијаметар на
ареоли, општо земено од 2 cm. Брадавиците можат да се инвертирани, рамни или
поткренати. Во Танеровиот 2 стадиум започнува оформувањето на дојките, со видливо
и палпалбилно ткиво на дојките. Танеровиот 3 стадиум наозначен со понатамошниот
раст и елевација на дојките. Танеровиот 4 стадиум покажува прекција на ареола и
папила на целосната контура на дојката, на секундарно издигнување. Развојот на дојките
не е завршен се до Танеровиот 5 стадиум кога девојката е зрела и во однос на
контурата и во однос на пропорцијата.

Сл.1 Дијаграмско претставување на Танеровите стадиуми на раст на дојките кај


адолесцентна жена.

Во Танеровиот 1 стадиум нема присуство на полово стимулиран раст на


пубичните влакна, но некои неповолно стимулирани влакна можат да бидат присутни во
Пубертет и Адолесценција

гениталната регија. Танеров 2 стадиум се карактеризира со прва појава на груби, долги


и извиткани пубични влакна, долж големите усни. Во Танеровиот 3 стадиум грубите
извиткани влакна се шират и на пубичното издигнување. Танеровиот 4 стадиум е
означен со присуство на големи влакна и по дебелина и по состав, но влакната не се
распределени толку широко како кај возрасните и вообично не се шират кон бедрата,
освен како некои етнички групи, вклучувајќи ги азијатите,
американскитеиндијанци,.пубичните влакна се шират и на бедрата во Тан еровиот 5
стадиум.

Сл.2 Дијаграмско преставување на Танеровите стадиуми на раст пубичните влакна кај


адолесцентна жена.

3. Ран пубертет
Пубертет и Адолесценција

Раниот пубертет е 20 пати почест кај девојките одколку кај момчињата. Кај 90% кај
девојките раниот развој е идиопатски додека ова излезе дека е точно само кај 10% кај
момчињата. При одлучувањето дали да се одпочне со евалуација на девојка заради ран
пубертет, треба да се земат во предвид семејната историја, брзината со која се
развиваат секундарните полови карактеристики, стапката на раст и присуството или
отсуството на болест на централниот нервен систем. Евалуацијата на раниот пубертет е
како што следи:
 Мерење на базалната концентрација на гонадотропинот е првиот чекор при
евалуацијата на дете со полово воздржување.
 Исто така треба да се евалуира тироиадната функција со цел да се исклучи
примарниот хипотироидизам како причина за ран развој.
 Високата концентрација на LH (што вистински може да се биде хуман хормонски
гонадотропин, детектиран заради вкрстената активност со LH при
имуноанализите) , сугерира присуство на неоплазма.
 Ниската или пубертетска концентрација гонадотропинот индицира потреба од
одредување на циркулирачките концентрации на естрадиол кај девојките со
изосексуален развој.
 Зголемената концентрација на естрадиол сугерира присуство на естроген-
секретирачка неоплазма, веројатно од оваријално потекло.
 Зголемената концентрација тестостерон сугерира присуство на неоплазма, која
создава андрогени хормони, од оваријално или од потекло од адреналната
жлезда.

4. Адолесценција

Адолесценцијата го означува периодот помеѓу детството и зрелоста, периодот на


транзиција, во која младите луѓе се на прагот на значајни промени кои полека ќе ги
Пубертет и Адолесценција

воведе во светот на возрасните. Периодот на адолесценцијата има теоретски, јасно


дефинирана возрасна граница, па ние можеме да зборуваме за предвремен (период од
12 до 15 години), среден (период од 15 до 21 години) и на крајот на адолесценцијата
(период од 21 до 25-26 години). Сепак, поединечно, ова ограничување не е толку јасно.
Додека пубертетот претставува физички и сексуален развој, адолесценцијата освен
пубертетот опфаќа и емотивен, социјален, ментален и психолошки развој.
 Раната адолесценција започнува со многубројните физички промени кои
покажуваат дека тие повеќе не се деца и и почнуваат да разммислуваат и да
го разбираат светот на начин кој е различен од оној во детството. Процесот на
рана адолесценција кај девојките започнува 2 години порано одколку кај
момчињата. Притоа, девојките мора да се прилагодат на реалноста и да
станат поголеми и позрели на порана возраст. Оваа ситуација за нив може да
претставува голем, а за некои и преголем притисок што може да доведе до
психопатолошки разредувања како што се нарушувањата во искраната,
нејзината сексуалност или злоупотреба на дрога.
 Средна адолесценција - Додека во почетокот на адолесценцијата главно
беше прилагодувањето на големите физички промени кои ги менуваат
адолесцентите, средните возрасти имаат тенденција да се чувствуваат
прилично добро кога се сами, тие се многу повеќе фокусирани на
индивидуализацијата и самите се истажуваат на начин кој ќе им даде
специфичност на нивните верувања за нив (саморекламирање).
Нарцистичката промена која започнува во почетокот на адолесценцијата кај
средната адолесценција станува поизразена.
 Доцна адолесценција- Принципот на реалноста се повеќе се надминува и
фантазијата ја заменува реалноста. Способноста точно да ја согледа
реалноста е помалку отежнато од психолошките барања.
5. Промени за време на адолесценција

Промени што се случуваат во овој период се исклучително важни за


понатамошниот развој на личноста и доколку овој период не заврши успешно, подоцна
може да дојде до лошо прилагодување на улогата на возраста. Сите овие промени имаат
Пубертет и Адолесценција

за цел да ги интегрираат настаните од претходните фази од животот и да дозволат развој


на стабилен идентитет.
Брзиот телесен и хормонски развиток може да предизвика други промени како што
се проблеми со видот, анемија како резултат на недостигот на железо и акни. Честа
заразна болест од која заболуваат децата од сите возрасти, а особено адолесцентите е
мононуклеозата. Нарушувањата врзани со исхраната, вклучувајќи ги анорексијата и
булимијата понекогаш се забележуваат кај девојките но и кај младите жени. Некои
адолесценти особено девојките се склони кон мигрени (главоболка) и за разлика од
момчињата се поподложни на сколиоза (странично кривење на ‘рбетот).
Телесниот, интелектуалниот и психолошкиот развој до кој доаѓа време на
адолесцнцијата може да се поврзе со емоционалната нестабилност во однесувањето и
не е реткост младите да страдаат од депресија, анксиозност и напади на паника. Поради
љубопитност како последица на потиснатост или друга траума, или како последица на
притисок од врсниците, многу адолесценти експериментираат со дрогите, алкохолот и
тутунот.

Заклучок

Пубертетот претставува животна доба во којаженската индивидуа станува


функционално способна за прокреација и доба на полово созревање. Кај девојчињата
Пубертет и Адолесценција

пубертетот настанува во периодот од 10-12 година и означува крај на детинството и


почеток на адолесценцијата. Во суштина пубертетот претставува прва фаза на
адолесценцијата која ја опфаќа т.е. тинејџерска возраст на девојчињата во која тие
достигнуваат потполна репродуктивна зрелост како и потполна ментална и емоционална
адаптација за сексуална функција и мајчинство. Промените кои настануваат се во
физичкиот изглед како растење на дојките, влакната и менењето на контурите на телото,
а подоцна и промени во психичкиот развиток и припрема за мајчинството. Овие промени
се од големо значење за правилен развој на девојката во зела личност. За да се избегнат
абнормалности во развојот потребно е да се внимава на исхраната, хигиената и да се
избегнат факторите кои лошо влијаат врз психичкиот развој.

Користена литература

 Бошкова А, Ивановска А, Шувака Л, (2012) Голем семеен советник за здравјето,


Скопје, Младинска книга.
Пубертет и Адолесценција

 Берек Џ.С. (2011) Гинекологија на Новак и Берек, Скопје, Табернакул.

 https://hrcak.srce.hr/file/31728

 https://www.scribd.com/document/167832879/Marija-Montesori-Od-Detinjstva-Do-
Adolescencije

 http://www.psihologija.autentik.net/adolescencija.php

Содржина

Предмет на проучување.......................................................................................2
Пубертет и Адолесценција

Цел на проектот....................................................................................................2

Вовед.....................................................................................................................3

Нормален пубертетски развој.............................................................................4

Ран пубертет........................................................................................................7

Адолесценција.....................................................................................................8

Промени за време на адолесценцијата.............................................................9

Заклучок..............................................................................................................10

You might also like