You are on page 1of 16

Средно училиште на Град Скопје гимназија „Никола Карев“

Проектна задача по предметот Филозофија

ТЕМА:

Исламот и неговото значење во филозофијата

Ментор: Изработил:

Виолета Серафимовска Самир Бабачиќ

Скопје 2018

1
СОДРЖИНА

1. Вовед.......................................................................................................................3

2. Пророкот Мухамед, објавата на Куранот и настанување на исламот..........5

2.1. Куранот и науката..........................................................................................6

2.2. Големата преселба..................................................................................8

3. Исламско верување – техвид и шартови...........................................................8

3.1. Искривена медиумска слика........................................................................9

4. Поделба на муслиманите....................................................................................10

4.1. Теолошко филозофски правци.................................................................11

5. Заклучок.................................................................................................................13

6. Галерија.................................................................................................................14

7. Користена литература........................................................................................ 16

2
1. Вовед

Исламот е монотеистичка религија која настанала во VII век на Арапскиот


полуостров.

На арапски, зборот „Ислам“ доаѓа од коренот со три букви Син-Лам-Мим (‫س‬-‫ل‬-‫)م‬,


кој значи „предавање; послушност, мир, покорност кон Аллах (Бог)“.Моментално,
според податоците, исламот вбројува 1.5 до 1.8 милијарди припадници, со што е
втора најголема религија со најбрз раст на верници. Во исламот, најголем акцент
се става на покорување и верување во само еден Бог, или на арапски јазик Аллах.
Верниците се нарекуваат муслимани, или во превод што значи: „некој или нешто
што се покорува на вистинската Божја воља“. По оваа дефиниција, сите нешта во
природата (планетите, животните, дрвјата, итн...) се муслимани, бидејќи ја
исполнуваат целта за која Аллах ги создал. Темелите на исламот, како и во
христијанството и јудеизмот, започнуваат од создавањето на светот, на луѓето и
се останато. Муслиманите како пророк го сметаат првиот човек на светот, како и
други старозаветни пророци: Адем (Адам), па потоа Идрис, Нух (Ноа), Худ, Салих,
Ибрахим (Абрахам), Исмаил (Јишмаил), Исхак (Исак), Јакуб (Јаков), Јусуф (Јосип),
Шуајб, Ејјуб (Јоба), Зул-Кифл, Муса (Мојсије), Харун (Арон), Давуд (Давид),
Сулејман (Соломон), Илјас (Илија), Јунус (Јоне), Ељес, Јунус, Зекеријја, Јахјаа
(Иван), Иса (Исус) и Мухамед.

Куранот е света книга, се смета за безгрешна, во неа се објавени основни закони


и правила според кои треба да се однесуваме, предадена е од Аллах преку
мелекот (анѓелот) Џибрил (Габриел) за последниот пророк Мухамед, а почетокот
на објавата, исто така се смета и за почеток на исламот.

Меѓутоа, Куранот не е единствена света книга во исламот, како што многумина


мислат. Во куранот, Аллах спомнува и за другите објави, кои ги објавувал на
предхотните пророци, но народот ги злоупотребил и ги изменил.

3
Заради оваа причина, Аллах вети дека Куранот ќе го чува од било каква промена,
во сура Ел-Хиџр, ајет 9: „Ние, навистина, ја објавивме Опомената и Ние,
навистина, ќе ја чуваме.“ 1 Доказ дека Куранот воопшто не е сменет и дека има
само една верзија е тоа дека е најден примерок кој датире од 700. година и
потполно е ист со денешниот.

За објавата на Инџилот (на Иса) и Тевратот (на Муса), се спомнува во сурата Али
Имран, ајет 3: „ Он ги објави Книга, со Вистина и со Потврда за она што беше: Он
објави и Теврат и Инџил“.2 За објавата на Зебур, се спомнува во сурата Ан-Ниса,
ајет 163: “Ние, навистина, ти објавивме онака како што му објавивме на Нух и на
пејгамберите по него. Му објавивме и на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на
Јакуб, и на внуците, и на Иса, и на Ејуб, и на Јунус, и на Харун; а на Сулејман и на
Давуд Зебур им дадовме.“3

Исламот, исламските теолози и филозофи, го нарекле систем на закони и


распореди за олеснување на човекот и прифаќање на Бог како создател.

Како резултат на различни сфаќања и толкувања, како и во разлики на


филозофската мисла, муслиманите се поделени на сунити, шиити и хариџити. А
исто така имаме и теолошко филозофски правци, кои различно ја толкуваат
улогата на разумот во верата, моралот и правото,а тоа се : Мутуазилити,
Азаризам, Ихвал Ал-Сафа и Суфизам.

Муслиманите начинот на живеење освен од Куранот, треба да го превземаат и од


животните навики на пророкот Мухамед, од неговиот сунет за кој можеме да
прочитаме од многуте хадиси. Во исламот исто така се истакнува и учењето за
мирот, љубовта спрема другиот човек, помагањето, кое сепак заради денешниве
медиуми и високите политики е искривено, погрешно пренесено. Исламот исто
така ни налага да се залагаме за хармонија и за добар живот во заедници.

1
Куран: Скопје, 2007, стр.262
2
Куран: Скопје, 2007, стр. 50
3
Куран: Скопје, 2007, стр. 104

4
2. Пророкот Мухамед, објавата на Куранот и настанување на исламот

Пророкот Мухамед е роден во 570. година, роден е како сираче, татко му починал
уште пред тој да се роди, а мајка му додека тој имал 6 години. Мајка му додека
била бремена, видела светлост која излегува од неа, а која достигнувала до
дворците на Шама (Град на југот од Сирија).

Додека бил дете, на пророкот Мухамед му се случувале чудни работи, како што е
отварањето на градите од страната на мелекот Џибрил и чистење на шејтанскиот
(ѓаволскиот) дел на срцето, ова мелекот го направил по наредба на Аллах.

Додека бил на патување со чичко му Ебу Талиб, се сретнале со христијански


свештеник, Бехир, кој на Мухамед препознал пророчки способности, како и
белегот кој се наоѓал на рамото, заради тоа му порачал на чичко му да го тргне од
погледот на евреите, кои доколку го препознаат тоа, можат да му наштетат.
Интересно за пророкот е тоа што тој не посетувал никакво училиште, не знаел да
чита и да пишува. Во времето пред да почне објавата, пророкот почнувал да
чувствува посебна духовна ведрина, почнал да сонува јасни сонови, јасни како
утринска зора, кои подоцна се покажувале како вистинити.Се повеќе сакал да го
проведува времето осамен во пештерата Хира, во самотијата, ноќта во месецот
рамазан, му се придружил мелекот Џибрил, му кажал: Икре (читај)! Пророкот на
тоа му одговорил дека не знае да чита.. Тогаш мелекот му пришол, го прегрнал и
притиснал, пак му наредил да чита, а пророкот пак му одговорил како и претходно,
ова се повторило уште еднаш, по што мелекот ги кажал првите зборови од
Куранот: “Читај во името на Господарот твој кој создаде, го создаде човекот од
грушка на крв! Читај, зашто Господарот твој, навистина, е Најблагороден, кој
поучува со перце: го поучи човекот со она што не го знаеше.“ (Сура Ел-Алек, 1-5
ајет). 4

Пророкот разбрал дека од него не се очекува да пишува, туку да памти тоа што му
се објавува, по што ги повторил зборовите на мелекот, ги запомнил и ги врежувал
во срцето.

4
Куран: Скопје, 2007, стр. 597

5
Пророкот се исплашил од ова искуство, брзо излегол од пештерата, по што пак
слушнал глас од небото, кој му кажал: “Мухамед, ти си пророк, а јас сум Џибрил“!

Оваа ноќ се смета и за почеток на исламот. Објавата на Куранот траела 23


години, се до смртта на пророкот. Куранот е составен од 114 сури, 6.236 ајети.
Куранот е последната Аллахова објава, главен извор на верата и праксата кај
муслиманите. Куранот се занимава со сите теми од животот: мудроста, верата,
молитвата и законот. Меѓутоа главна тема е е односот Бог и неговите створениа.
Освен Куранот, муслиманите животната пракса треба да ја земаат и од сунетот
(хадисот) на последниот пророк. Хадисот е веродостојно пренесени вести, што
кажал, направил или одобрил пророкот Мухамед.

2.1 Куранот и науката

Куранот објавен во VII век, содржи многу научни факти кои биле скоро откриени, а
кои можеме да ги видиме во Куранот преку одредени ајети.

Дека се е подвижно во космосот докажано е во XVII век, а во сура Јасин, ајет 40,
Аллах кажува: “Ни Сонцето не треба да ја стигне Месечината, а ниту ноќта да
дојде пред денот. И се во вселената плови!“ 5

Сура Ел Енбија, ајет 33: “И Он ги создаде ноќта и денот, Сонцето и Месечината. И


се во вселената плови.“6

Иако откривањето дека свемирот се шири датира од 1920. година, во Куранот тоа
се спомнува уште VII век, во сура Ез-Заријат, ајет 47: “И небото Ние го подигнавме
со моќта Наша, сигурно! И Ние сме навистина тие кои го шират!“ 7

5
Куран: Скопје, 2007, стр. 442
6
Куран: Скопје, 2007, стр. 324
7
Куран: Скопје, 2007, стр. 522

6
Во XVI век е докажано дека земјата не е рамна плоча, туку дека има кружен облик.

Во сура Ен-Назиат, ајет 30: “И потоа земјата ја направивме во јајчаст облик“.8

Зборот Дахаха во овој ајет значи јајче, т.е јајце на ној.

Науката скоро откри дека месецот нема сопствена светлост, туку дека рефлектира
светлост од сонцето. Во Ел-Фуркан, ајет 61: “Возвишен нека е Он кој на небесата
создаде соѕвездие во кое светилка (сонцето) постави и Месечина осветлена.“9

Сура Јунус, ајет 5: “Он го создаде Сонцето да блеска, а Месечината да свети и


определи младици за да го знаете бројот на годините и сметањето. Аллах тоа
само со вистина го создаде, изнесувајќи ги потенко знаменијата за луѓето кои
знаат.“10

За циклусот на кружење на водата докажано е во 1580. од страна на Бернард


Палиси, а во Куранот е спомнато на 14 места, од кои јас ќе издвојам две.

Ез-Зумер, ајет 21: “Не гледаш ли дека Аллах, навистина, спушта вода од
небесата? Па ја воведува во земјата и така настануваат извори. Потоа, со помош
нејзина, вади растенија разновидни. Потоа тоа се суши и го гледаш пожолтено и,
на крај, го крши. Во тоа, навистина, има опомена за даруваните со разбир!“11

Ел-Му'минун, ајет 18: “И од небото Ние спуштаме вода со мера, па ја задржуваме


во земјата и, секако, кадри сме да ја отстраниме.“12

Науката докажа дека сите живи суштетства се составени од вода, Аллах тоа го
спомнува во Куранот уште во VII век на повеќе места, од кој ќе го издвоиме
следниот ајет, Ел-Енбија, ајет 30: “Не гледаат ли оние кои не веруваат дека и
небесата и Земјата беа, навистина, една целина па Ние ја раздвоивме. И се што е
живо Ние од вода го создадовме. Не веруваат ли?“13

8
Куран: Скопје, 2007, стр. 584
9
Куран: Скопје, 2007, стр. 365
10
Куран: Скопје, 2007, стр. 208
11
Куран: Скопје, 2007, стр. 460
12
Куран: Скопје, 2007, стр. 343
13
Куран: Скопје, 2004, стр. 324

7
2.2 Големата преселба
Пророкот Мухамед и неговите следбениците во Мекка биле во опасност,
многубошците од ден во ден биле се погневни. За да ги заштити следбениците
во Мекка, како и за да ја прошири својата мисија, пророкот Мухамед праќа
неколку свои следбеници во Етиопија, каде христијанскиот владател Негош им
дава долготрајна заштита. Во меѓувреме, прогоните и злоставувањето на
муслиманите во Мекка биле уште поголеми, затоа пророкот праќа 70 свои
следбеници во градот Јатриб, подоцна наречен Медина. Положбата на
муслиманите била се полоша, пророкот есента 622. дознава за договорот на
племето Курејш за неговото убивање. Дознавајќи ги ги овие намери, пророкот,
заедно со неговиот најдобар пријател, Абу Бакр ал-Сиддик, ја напуштаат Мекка и
тргнуваат кон Медина. Курејшите дознаваат дека тој тргнал кон Медина, се
собрале во голем број и организирале потера. Пророкот и неговиот пријател во
тоа време се сокриле во една пештера, на која на влезот пајак има исплетено
мрежа, заради тоа кога Мекканците стигнаа до пештерата мислеле дека долго
време не влегувал никој во пештерата и го продолжуле својот пат. Пророкот го
продолжил своето патување, стигнал во Медина на 27. септември 622. година,
каде становништвото на Медина како и доселениците од Мекка топло ги
дочекуваат. Оваа преселба е наречена Хиџра, по која муслиманите го сметаат
времето. Хиџрата е важна и за соединувањето на муслиманите, засилување на
заедницата и стекнување на еден нов термин, браќа по вера.

3. Исламско верување – Техвид и Шартови


Техвид значи да е нешто единствено, а бидејќи се темели на тоа дека Господ е
единствен владател и дека нема партнери, исламот е нарекуван и техвид. На
никого не му се доделуваат божествените својства и не постои никој друг на кој
треба да се молиме.
Имански Шартови се темелни вистини за верата, треба да се знаат и да се
верува чврсто во нив.

8
Имански Шартови се: Верување во Бог - Аллах џ.ш, верување во Аллаховите
мелеци, верување во Аллаховите китаби (книги или откровенија), верување во
Аллаховите пратеници, верување во Судниот ден, верување во Аллаховата
одредба (Када и Кадер)
Исламски Шартови се: Шехадет – „стебло“ на исламот, Кланањето намаз –
„џеннетски клуч“, Рамазанскиот пост – „Штит на верникот“, Зеќает (давање на
сиромашните) – „одбрана од седумдесет порти на злото“, Хаџџот – „Кулминација
на Богоплашливоста“.

3.1 Искривена медиумска слика


Благодарејќи на денешниве медиуми и вишата политика, денеска сме сведоци на
лажната слика за исламот. Муслиманите се сметаат за опасни и често се
поврзуваат со тероризам. Доколку некој психопат изврши напад и доколку тој има
муслиманско име, медиумите веднаш го прогласуваат за исламски терорист. Исто
така, погрешно се протолкувани некои ајети во кои Аллах му наредува на пророкот
да се бори. Тие ајети се однесуваат на одбрана од нападите за кои спомнавме
погоре, а кои ги вршеле Мекканците врз него, т.е Курејшиите. Пророкот не сакал
да дава отпор додека тоа не му било дозволено од страна на Аллах и тие ајети
важеле само во состојба на борба.

Инаку, Аллах тешко го осудува убивањето на невиниот човек, а многу го


наградува спасувањето на невин човек, тоа можеме да го видиме во сурата Ел
Маида, ајет 32: “И заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови дека,
секако, оној кој ќе убие еден човек, кој не убил никого и кој не прави безредие по
земјата... како да ги убил сите луѓе, а оној кој ќе спаси еден човек... како да ги
спасил сите луѓе. Пејгамберите Наши им доаѓаа со јаснотии, и голем број од нив,
по тоа, на земјата со испадите претеруваа.“14

14
Куран: Скопје, 2007, стр. 113

9
4. Поделба на муслиманите

Заради различно толкување на одредени работи во исламската вера, како и во


разлики на филозофската мисла, разлики во прашањето на калифатот, верскиот
водач (калифата), муслиманите се поделиле на три струи:
Хариџити, кои биле строги моралисти, сметале дека калифатот треба да биде
избран слободно од секој верник. Како строги моралисти, го отфрлале учењето
дека е доволно да се верува без да се дејствува исправно, а го осудува секој
верник кој згрешил.
Шиизмот , "Шија" е кратка форма на историскиот исказ Шијату Али, што значи
"следбеници","секта" или "здружение" на зетот и братучед на Мухамед, Алија ,за
кој шиите веруваат дека е наследник на Мухамед. Спротивно на другите видови,
шиите веруваат дека само Господ има право да избере претставник што ќе го
штити исламот, Куранот и шеријатот.Според тоа шиите се потпираат на зетот на
Али, зетот на Мухамед, за кој сметаат дека е боженствено назначен како
вистински наследник на Мухамед, и е првиот имам.
Сунити најголема група муслимани и најисправна. Не го прифаќаат фанатизмот
од горенаведените струи, се придржуваат кон Божјата објава, Куранот и хадисите
на Пророкот, го бранат правоверниот Ислам, практикуван од пророкот. Суна значи
правило, закон, вистинска традиција.
Најголем број исламски мислители, најпознатите и најзначајни за развитокот на
исламската филозовијата се приврзаници на оваа струја.
Куранот не предупредил за појувавување на секти како шиити и хариџити, кои се
радикални во своето верување и не го следат правоверниот Ислам, како што го
оставил Пророкот Мухамед. Сура Ел-Ен'ам, ајет 159: “Ти во ништо не си од оние
кои ја разделија верата своја и кои се претворија во странки. Работата нивна се
враќа кај Аллах а потоа Он ќе ги извести за она што го работеа“.15

15
Куран: Скопје, 2007, стр. 150

10
4.1 Теолошко филозофски правци

Во првите векови на постоењето на исламот, се јавиле и првите теолошко


филозофски правци, кои на различен начин зборуваат за улогата на умот во
моралот и во правото, за задачите на верникот итн. Најпознати се: Мутазилити,
Аашаризам, Ихвал ал-Сафа и Суфизам.
Мутазилитите се строги рационалисти, тие сметаат дека за се треба да се суди
со умот. Бог му дал ум на човекот и овој е доволен за да ги сознае Објавата и
законите на природата, а во комбинација со правилниот избор да реализира
спасение. Со умот да се дофатат ставовите на верата што се во самиот дофат на
умот, другите да се отфрлат. Основач на ова движење е : Васил ибн Ата. Сметале
дека човекот е творец на своите дела – слободен и одговорен за нив. Божјата
воља нема ништо со делата на човекот ( Бог е заштитен од врската со кој било
грев или нешто зло). Но, нужно е Бог да го награди човекот за добрите дела.
Ашаризмот се развил во X-XI век како обид да се создаде ортодоксна исламска
теологија. Со инсистирањето на разумот како единствена основа за вистината,
тие ги изедначиле сферите на филозофијата и на религјата. Ортодоксните
верници се држеле до сунетот и дословната интерпретација на Куранот, а одбиле
да прифатат некаква иновација во исламскиот закон (Шеријат). Отфрлале да се
расправаат за светите нешта, бидејќи сметале дека во секоја догма треба да се
верува без поставување прашања.
Барале исчистување од новотариите во верата, за тоа се користел терминот
калам, за одбрана на основните религиски постави. Најпознат бил Ал-Ашари. Тој
зел средна позиција меѓу рационализмот и простите правоверци, кои биле против
користење на умот и филозофијата во одбраната и објаснување на религиските
догми.
Ги оправудвал теолошките расправи за прашањата на верата, бидејќи општите
принципи на верата се дадени само општо, но не и во детали во Куранот и
сунетот. Заклучил дека исламот не е спротивен на употребата на разумот и дека е
потребна рационализација во верата. Треба да се верува во Објавата, но
верувањето да не е во спротивност со разумот.

11
Ихван ал-Сафа (Вистински пријатели, верни другари) е група мислители кои се
занимавале со науката со цел да изградат една етичко-духовна заедница во која
елитата на хетерогеното Исламско Царство ќе најде прибежиште и духовна
сигурност наспроти борбите меѓу верските заедници, различните нации и
исламските секти. Оваа група е создадена во Басра во Ирак кон крајот на X век.
Се одржувале состаноци еднаш на 12 дена, на кои се расправале филозофските
прашања. Сакале со помош на исламот и грчката филозофија да создадат
духовно учење кое би станало светска религија, кое никого не би повредувало.
Имале намера да направат духовен град, еден вид утопија. За ова братство
филозофијата или мудроста значи однесување кое е божествено колку што тоа
може да постигне човековото суштетство. Животот на овој свет е само станица на
патот до вистинската цел – враќањето во поранешниот, небесен живот. Овде
душата треба да постигне совршенство за да и биде дозвоено враќањето во
поранешниот, небесен живот, кое сметаат дека е вистинска цел на овој свет. Во
човекотот постојат способности да прави добро, но со истите може да прави и зло.
Тој што прави добро се нарекува мудрец, филозоф и совршен човек.

Суфизмот е мистички аспект на исламот. Идеите и нормите се засновани врз


Куранот и хадисот на Пророкот, но вообичаените верски должности и етичките
норми се истакнуваат со зголемен интензитет. Највисоки животни принципи се
верската посветеност и морална строгост. Насочени кон запознавање со Господ
преку љубов, верска и етичка строгост (да биде најискрен и најдлабок верник), на
тој мистички пат се применуваат особени етички вредности.Суфизмот е мошне
развиен, а творци се мистичките мислители или поети на светот- ал-Газали
Џелалудин Руми. Суфизмот означува и откажување од сите саможиви уживања, а
резултат е вистинската согледба со Господ, на овој и на оној свет.

Името суфи им се дава на вистинските духовни следбеници: “Суфи е оној кој е


исчистен преку чистата љубов, кој е занесен по Бог и кој се откажал од сето
друго“.

12
Суфистите имаат цел и да го доживеат ал-мираџ, кога Пророкот Мухамед бил
кренат на небо и упатен во Божјите тајни. Суфистот гради посебна свест за
оностраното, за невидливото, за она што е над видливото.

Мистикот воспоставува единство со Бога. Текии се задужбини каде се собираат


суфиите и ги извршуваат своите ритуали. Основно е срцето, а не разумот.
Најбитатна форма на духовно живеење е спомнувањето на Бога и Бојжите имиња,
понекогаш проследени со нишање или танц. Суфистот е поветен на служење на
Бога – тоа е преку градење и дисциплинирање на себе си и живеење според
Божјите обрасци.

5. Заклучок

Во оваа проектна задача се обидов да ги опфатам поважните теми во врска со


исламот, како и да побијам некои мислења во врска со исламската вероисповед.
Исламот е религија која е темелна, има некои сличности со христијанството и
јудеизмот, но се разделуваат во некои важни прашања. Иако се смета дека
науката и религијата се спротиставуваат, тоа не е случај со исламот, бијдеќи во
Куранот нема ниту една контрадикција со модерната наука. Исламот е нешто што
се живее во сите аспекти на животот. Исламот има мотивациона енергија да ги
наведува луѓето на добри дела, иако медиумите, како и одредени радикали,
сомнителната виша политика се обидуваат да ја влошат сликата, која може да ги
убеди само луѓето кои немаат многу знаења во врска со исламот. Во оваа
религија се признати сите пророци пред Мухамед, вклучувајќи го и Иса (Исус).
Како резултат на оваа религија, излегоа и некои филозофско теолошки правци,
кои се обидуваат на филозофски начин да навлезат длабоко во исламот, сепак,
вреди да се напомене дека за муслиманите не е пофалено да ги следат овие
школи, бидејќи сите овие филозофско теолошки правци, на некој начин
одстапуваат од основниот Ислам, а тоа се смета за грев во исламот.

Исламот исто така ни наредува да ги одржуваме фамилијарните врски, колку што


можеме повеќе да се трудиме за хармонија во сите заедници.

13
Во исламското учење посебно се истакнува спокојот, мирот, проштевањето едни
на други, помагањето на сиромашните, работи кои се поклопуваат со моралните
вредности, а кои имаат врска со одредени филозофски учења.

Доколку светот се водеше според исламските правила, стапката на криминал


значително ќе беше помала, а среќата би била присутна во секој аспект од
животот.

Исламот, религија која е совршена, која има одговор на секое прашање.

6. Галерија

Слика 1. Светата книга Куранот, објавена на последниот пророк Мухамед

14
Слика 2. Светилиштето Каба. Изградена од пророците Ибрахим и Исмаил пред
4000 години, по наредба од Аллах, во Мекка. Направена е од црн камен, за кој се
смета дека е од Џеннет.

Слика 3. Пророковата џамија, која лично тој ја изградил во Медина и каде ги


извршувал верските обреди.

Слика 4. Суфистички ритуал, спомнување на Божјите имиња со танц. (Ритуалов


се смета за грев во основниот Ислам).

15
7. Користена литература

1. Д-р Стефан Сидовски – Д-р Кирил Темков: „Филозофија – учебник за IV


година на реформираното гимназиско обраованио (II) издание“, Просветно
Дело, Скопје, 2006
2. Светата книга, Куранот
3. Хадисите на пророкот
4. http://bosnjaci.net/prilog.php?pid=39811
5. http://www.n-um.com/upoznaj-islam/
6. http://ikc-berlin.de/bosnisch/html/imanski-sarti/IMANSKI-SARTI.htm
7. http://www.ikvb.de/index/Arhiva/Islam/250%20Pitanja%20i%20odgovora%20o%2
0Muhammedu%20a.s..htm
8. https://islamskiedukativni.wordpress.com/2013/02/16/islam-i-nauka-naucni-
dokazi-u-kuranu-i-hadisu/

16

You might also like