You are on page 1of 11

10.

СОВЕТУВАЊЕ
Охрид, 24 − 26 септември 2017

Васко Стевоски,
Драгица Устапетрова-Атанасова
Геинг Кребс унд Кифер Интернешанал

ИНТЕЛЕГЕНТЕН СИСТЕМ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ - ПРАКТИЧНИ


ИСКУСТВА

КУСА СОДРЖИНА
Со зголемувањето на свесноста за потребата од енергетско ефикасно осветлување
последнините неколку години интензивно се работеше на имплементирање на интелегентен
систем за јавно осветлување во општините, државните патишта и секаде каде што државата
имаше потреба да намали трошоци, а да добие на квалитет и ефикасност. Искуството од неколку
годишното проектирање, имплементирање, надзор и одржување на тие системи веќе ги
покажуваат предностите и недостатоците на тие инсталации.
Во трудот ќе бидат анализирани неколку поглавја:
1. Rешенија за автоматизација и регулација на јавно осветлување
2. Oсврт на практичните искуства од веќе импелментирани/тестирани решенија
3. Упростена техно-економска анализа
4. Правна регулатива
Целта на трудот е да се направи пресек на досегашните искуства и даде допринос кон
работата на сите кои интензивно се занимаваат со тој тип на експертиза.
Клучни зборови: контрола, мониторинг, регулација, јавно осветлување.

1 РЕШЕНИЈА ЗА АВТОМАТИЗАЦИЈА И РЕГУЛАЦИЈА НА ЈАВНО


ОСВЕТЛУВАЊЕ
Најчесто се среќаваат два системи за автоматизација и регулација на јавното осветлување:
- Систем со модуларна архитектура и затворени протоколи за комуникација
- Систем со модуларна архитектура и отворени протоколи за комуникација (Modbus, C-
bus, RS485).
Првите воглавно се развиени од самите производители на опрема и на пазарот може да се
најдат како готови решенија.
Вторите поретко се среќаваат и карактеристично е што со нив се овозможува интеграција
со други постоечки комунални системи како ГИС, видео надзор на патишта и наплатни станици,
климатски прилики, броење на дневен сообраќај и сл.
Заедничко и за двата системи е тоа што имаат модуларна повеќестепена структура и во
зависност од бројот на степените кои ги нуди системот истиот може да се третира како основен
(базен) концепт на автоматизација или интелегентен концепт кај кој се формира комплетна
целина со четиристепена структура.

C6-033I 1/11
MAKO CIGRE 2017 C6-033I 2/11

1.1 Опис на систем со четристепена структура на регулација


Во овој труд ќе се разгледа подетално четиристепена структура која е комплетирана со
следните системи:
- Систем за контрола
- Систем за мониторинг
- Систем за далечинско мерење на потрошената електричната енергија
- Систем за регулација на светлосниот интензитет
Системот за контрола претставува основно решение и е конфигуриран да врши
централно вклучување и исклучување на светилките. Со тоа се постигнува оптимизирање на
работните саати на светилките и поедноставно управување.
Системот за мониторинг е проектиран за визуелен преглед, известување и брза
интервенција во случај на постоење на дефект во контролно напојниот ормар, доводните кабли
и прегорените сијалици. При прекин на комплетното напојување или пак во случај на дефект на
одреден извод или фаза, пренапон или поднапон, отворена врата на ормар и сл., се испраќа сигнал
до централната серверска станица и СМС на мобилниот телефон на одговорниот за одржување
на јавното осветлување. Одговорното лице има постојан (24/7) пристап до секој контролен ормар
и отчитување на електротехничките прилики во ормарот во реално време.
Системот за далечинско мерење на електричната енергија овозможува далечинско
отчитување на потрошената активна и реактивна електрична енергија, факторот на моќност,
фреквенција, моменталната струја и напон. Овие податоци служат за изработка на дневни,
месечни и годишни извештаи и анализи за дефинираното конзумно подрачје. Врз база на
повеќегодишни анализи може да се врши проектирање и планирање на идните трошоци за
електрична енергија.
Системот за регулација (димирање) на светлосниот интензитет - е проектиран со
примарна цел заштеда на енергија. Во зависност од интензитетот на сообраќајот и категоријата
на важност на улицата или објектот, може да се дефинира модел со кој во различни периоди на
ноќта би се менувал светлосниот интензитет. Истото се врши преку соодветна команда зададена
од централниот систем. На овој принцип се заштедува електрична енергија, без значителна
промена на квалитетот на осветленоста.
Како најчести методи за регулација на светлосниот интензитет во системите за јавно
осветлувуање (ЈО) се користат следните:
- Намалување на влезниот напон на светилката 9,10,11,12
- Регулација преку аналоген или дигитален сигнал со соодветен протокол (DSI, DALI,
0-10V)10,11
Кај првиот метод се врши намалување на на влезниот напон кој ги напојува светилките
преку еднофазни торусни трансформатори вградени централно во командно-напојниот ормар со
неколку излезни напони. Во принцип се конструирани со два-три степени т.е намалување на
напонот за 10, 15 или 20 % од номиналниот (230V). Овој метод нашол одлична примена кај
псотојни инсталции за јавно освелување изведени со сијалици со метал – халоген извор на
светлина или натриуми висок притисок. Со овој метод регулацијата на интензитетот може да се
достигне до максимум 20 % од номиналната моќност.
MAKO CIGRE 2017 C6-033I 3/11

Слика 1 Изглед на блок дијаграм и напојно – команден ормар


Кај вториот метод се врши регулација на светлосниот интензитет преку аналоген или
дигитален сигнал испратен преку посебна командна линија врз принцип ‘master-slave’ т.е од
централен контролер сместен во напојно - командниот ормар се праќа сигнал на секундарните
уреди (предспојни направи од светилки со интерфејс кој поддржува регуалција). Овој метод
најчесто се користи кај сите нови системи за јавно осветлување бидејќи регулацијата на
интензитетот може да биде и до 50 % од номиналната моќност.

Слика 2 Шематски приказ на регулација на светлосен интензитет преку командна линија


1.2 Визуелизација на системот
Интелегентен систем за ЈО (контрола, мониторинг, мерење и регулација) овозможува од
едно централно место (диспечерски центар) да се надгледува и контролира целокупнотото ЈО во
еден град/држава/реон и слично.
Контролата од еден ваков центар дава поголема прегледност на целокупниот систем на
автоматско управување, ја синхронизира работата на реонските контролни центри и одлучува
за режимот на работа.
Од диспечерскиот центар може да се следат :
- приказ на локација на контролен ормар (преку сервисот Google Maps) со комплетни
податоци за ормарот (место, улица и број, временска зона, сериски број на ормар,
историја на работа на ормарот),
- можност за преглед на параметрите на излезните изводи од ормарот ,
MAKO CIGRE 2017 C6-033I 4/11

- приказ за квалитетот на врската помеѓу ормарот и базата каде што преку графичкиот
интерфејс (монитор) се следат информациите,
- приказ на алармите и сите измерени параметри кој ги дава тој ормар,
- приказ на телефонскиот број на избраниот ормар,
- приказ на слики од изгледот и локацијата на ормарот.
- контрола врз сите контролни ормари (внесување на нови режими на работа,смена на
работни режими и параметри, вклучување / исклучување на селектирани ормари,
гранки, блокови со цел редукција на потрошувачка, дефекти итн),
- контрола врз овластувањата на корисниците и клиентите.
Бидејќи сите овие прикази и команди се обезбедени преку софтверската апликација
поставена на серверската станица, доволно е во диспечерскиот центар да има само персонален
компјутер (еден или повеќе) со пристап на интернет и евентуално LCD проектор заради поголема
визуелна прегледност на сите прикази.

Слика 3 Web базирана софтверска апликација за контрола и мониторинг


1.3 Бенефити од воведување на интелегентен систем на управување со осветлувањето
Мониторингот и контролата, односно постојаното следење на состојбата на уличното
осветлување преку диспечерски центар, преносен компјутер или мобилен телефон обезбедува
многу поквалитетна организација и поефикасно одржување. Истото овозможува дополнителни
заштеди во трошоците за одржување на јавното осветлување од 10% до 25%. 4,5,6
Заштедата се должи на следните поволности кои ги нуди системот:
- Детален мониторинг на секое напојно место и увид во историјата на истото. Со тоа се
овозможува да се планира одржувањето на секоја линија за подолг период, што во
голема мера ја намалува, или дури ја исклучува потребата од инспекција на
инсталацијата на лице место.
- Во случај на дефект информацијата се добива моментално. Со тоа се овозможува
интервенција точно и навреме, со што што се одржува постојан квалитет на
осветлувањето и се овозможува заштеда, особено при дефектите каде има непотребно
вклучени светилки, појава на струја на земен спој, или појава на нелегален
потрошувач.
MAKO CIGRE 2017 C6-033I 5/11

- Користењето на Google maps application, го намалува трошокот на интервенција. Кога


се организира интервенција, познати се сите параметри, како што се: адресата на
ормарот, видот на дефектот, типот на опремата во ормарот. Со овие податоци може
да се организира интервенција за значително помало време и со точно дефинирани
резервни делови, без испитување и лоцирање на дефетот на лице место.

Слика 4 Графички приказ на глобална мрежа на систем за ЈО


- Информацијата за вкупните часови на горење на сијалиците. Со тое е овозможено
планирање на групна замена на сијалиците. Ваквата замена е значително поефикасна
и поевтина во однос на поединечната (се базира само на случаите кога прегорува
некоја сијалица), бидејки се излегува на интервенција само еднаш во повеќе години,
наместо повеќепати во годината.
Покрај сите погоре споменати поволности, секако треба да се земе во предвид и
намалувањето на можноста за манипулација со трошоците / извршените интервенции на
фирмите кои го одржуваат јавното осветлување. Исто така пропорционално се намалуваат и
работни саати на надзорните органи кои вршат контроли над изведените интервенции. Со
мониторингот овие активности се сведуваат на минимум, а се елиминираат и евентуално
нереално прикажаните интервенции од страна на фирмите за одржување на јавното осветлување.

2 ОСВРТ НА ПРАКТИЧНИ ИСКУСТВА ОД ВЕЌЕ ИМПЛЕМЕНТИРАНИ /


ТЕСТИРАНИ РЕШЕНИЈА
Пратејќи ги модерните технологии и светски трендови за изградба на ‘паметни мрежи’,
во РМ последните неколку години интензивно се работеше на имплементирање на интелегентни
системи за јавно осветлување (ЈО) во општините и државните патишта.
Почнувајќи од 2012 година па се до денес на повеќе од 15 локации во земјата
имплементирани се системи за контрола, мониторинг и регуалција на ЈО. Во зависност од
техничките барања и постојната состојба, во инсталираните системи застапени се двата методи
на регулација додека контролата и мониторингот кај сите системи е далечинска преку бежична
вркса.
Во текстот што следи ќе се направи осврт на позитивните и негативните практични
искуства од инсталираните системи.
2.1 Позтивни искуства од инсталираните системи во РМ
Повеќегодишното следење на системот ги покажа следните позитивни аспекти:
MAKO CIGRE 2017 C6-033I 6/11

- По првпат се снимаа технички параметри за напон, струја, моќност и cosf на ЈО во


реално време 24/7 за понатамошна анализа на работата на целокупниот систем.
- Од анализата на техничките параметри уште по првата недела се заклучи дека cosf e
неповолен (помал од 0.6) и веднаш се направи проверка на целокупната опрема од
каде се заклучи дека во поново време сите монтирани светилки се без локална
компензација.
- Од анализата на техничките параметри за некои локации се заклучи дека номиналниот
напон е во недозволени граници (од 150-300V) и предизвикува гасење на светилките
и неможност за повторно палење со што се доведува во опасност делницата која се
осветлува.
- Од анализата на техничките параметри за некои локации се заклучи дека во текот на
една вечер има и над 10 прекини на напојувањето (од по неколку миниту до неколку
часа) со што се доведува во опасност опремата и се крати нејзиниот животен век
неколкукратно.
- Од анализата на техничките параметри за некоклу локации се утврди кражба на
електрична енергија т.е неовластено превземање на електрична енергија од мрежата
на ЈО на повеќе локации.
- 24/7 мониторинг на системот за ЈО овозможи навремено известување на одговорните
служби преку смс и е-меил за настанати дефекти. Со тоа се овозможи навремено
испраќање на дежурни екипи и многу ефикасно почнаа да се одстрануваат дефектите
со што се намалија трошоците за непотребни проверки на поодалечените места.
- Во зависност од протокот на сообраќај во вечерните часови се направи план за
намалување на светлосниот интензитет при период на намален сообраќај и заштедата
од регулација се движи од 21-24% кај системите каде се употребува првиот метод , а
27-38% заштеда кај системите каде се употребува вториот метод на регулација.
2.2 Негативни искуства од инсталираните системи во РМ
Повеќегодишното следење на системот ги покажа следните негативни аспекти:
- Тешкотии при конфигурирање на системот со домашните мобилни оператори и
несоработка од нивна страна.
- На неколку локации во зависност од квалитетот на светилките се заклучи дека
помалку квалитетните сијалици во светилките се нестабилни дури и при 10% намален
влезен напон се јавува треперење видливо со голо око. Додека при намалување на
напонот од 15 % сијалиците се гасеа, што не беше случај кај сијалици со докажано
потекло.
- Несоодветно заштитени ормари без заземјување или недоволно заземјување што
влијаеше на електронската опрема при атмосферски влијанија.
- Игнорирање на алармите кои ги испраќаше системот од страна на задолжените лица
од Иинвеститор. Тоа во прв момент придонесе за огромни сметки доставени од страна
на мобилните оператори за направениот сообраќај (интелегентен систем-сервер-
инвеститор-одржувач на ЈО)
- Неможност за интеграција на системите за контрола и мониторинг од различни
производители поради употреба на различни протоколи за комуникација помеѓу
опремата во системот.
- Немање правна регулатива која ќе го ограничи степенот на намалување на
интензитетот на осветлување.
- Немање правна регулатива за стандардизација на опрема т.е протоколи за
комуникација на опрема од различни производители.
MAKO CIGRE 2017 C6-033I 7/11

Слика 5 Графички приказ на опрема во ормар преку веб апликација

Слика 6 Графички приказ на потрошувачка на електрична енергија за одредена локација

Слика 7 Приказ на техничките параметри во реално време


MAKO CIGRE 2017 C6-033I 8/11

3 ТЕХНО ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА


Со примена на контрола и мониторингот, искуствено е утврден процент на заштеди на
електрична енергија од околу 8-10%. 6,10,11
Овие заштеди произлегуваат од елиминирањето на следните можни дефекти :
- Краткотраен или долготраен прекин на електрична енергија во напојниот блок.
Вклопниот часовник или временското реле (без батерија) при повторно вклучување
ќе доцни со вклучување, а со тоа и со исклучување. Истото важи и за временското
реле (за одредени типови).
- Астрономските промени на едно деноноќие. Секојдневната промена на траењеето на
денот. Потребно е често подесување на времето на вклучување/исклучување со цел
да се следи соодветно должината на траење на денот. Во пракса многу ретко се врши
навремено подесување на часовниците, а со тоа и непотребно се продолжува траењето
на вклученост на светилките и обратно, не се вклучени кога е потребно.
- Во случај на механички дефект на уредот за вклучување и исклучување времето на
пријавување на дефект и времето на интервенција може да трае и до неколку дена.
- Заради месечно просечно поместување на сетираното време (30 мин поради прекин
на довод на електрична енергија).
- Непотребна прекумерна дневна вклученост во услови на добра видливост во просек
од 1 час, 15 дена месечно. Просекот од 1 час се базира на основа на месечните промени
на траење на денот важечки за градот Скопје. Според астрономскиот календар се
бележи месечно зголемување на денот од 9 минути, почнувајки од месец јануари до
месец јуни. Од месец јули до средина на месец декември почнува опаѓање на
времетраењето на денот .
- Губитоци на енергија заради задоцнето време на интервенција во просек од еден час
месечно.
Покрај заштедите од 8-10% поради навремено исклучување и вклучување, мониторингот
24/7 овозможува и заштеди од 10-15% од трошоците за одржување, но секако најголема заштеда
се постигнува со групна регулација на сите светилки кои се напојуваат од еден ормар 6
Во табела 1 е даден пример техно-економска анализа на денивелиран патен јазол каде е
имплементиран систем за контрола, мониторинг и регулација на осветлувањето.
Табела 1 Техно-економска анализа на имплементиран систем за регулација на осветлувањето
на денивелиран патен јазел
100% 50% ЗАШТЕДИ
режим режим
Инсталирана снага [kW] 56.00 28.00
Број на работни сати [годишно ] 4317 4317
Број на раб.сати при 100% режим 4317 1328
Број на раб.сати при 50% режим [годишно] 0 2989
Потрош.ел.енергија [kWh/годишно] 241,752.00 158,060.00
Цена за 1 kWh [euro] 0.11 0.11
Вкупна цена на чинење на потрош. електрична енергија
26,592.72 17,386.60
годишно [euro.]
Разлика (euro) 9,206.12
Разлика (%) 34.62
Годишни трошоци за хостинг [euro] 150.00
Заштеда со покриени трошоци за хостинг годишно 9,056.12
MAKO CIGRE 2017 C6-033I 9/11

Забелешка:
* бројот на работните саaти на осветлението е дефиниран според астрономска
табела со зададени координати од местоположбата на светилките
*бројот на работните саати во штедлив режим е дефиниран според моменталните
сетирања на системот т.е од 21:30 часот до 05 часот наутро.
Доколку овој систем се имплеметира на територија на Град Скопје, би се добиле следниве
параметри од кои јасно може да се согледа оправданоста од имплеметацијата на едно вакво
решение:
Табела 2 Техно-економска анализа за импементаија на систем за регулација на
осветлувањето на територија на град Скопје

Тековна Интелегентен Разлика со имплементација на Разлика


состојба систем интелигентен систем %

Потрошувачка на
30 000 21 900 8 100
енергија (MWh)

Емисија на CO2 ( t) 22 800 16 646 6 154 27%

Трошоци (eur) 3 229 268 2 357 366 871 902

Самото намалување на потрошувачката на електричната енергија има за позитивна


последица намалена потрошувачка на јаглен и намалена емисија на CO2 . Електричната енергија
во Р.Македонија воглавно (80%) се произведува во термоцентрали со согорување на фосилни
горива (јаглен и лигнит), а во мал дел (20%) од хидроцентрали.
За ваков однос на производство на електрична енергија, соодветните заштеди на цврсто
гориво и емисија на CO2 како резултат на примена на системот за регулација на светлосниот
интензитет се прикажани во табелата:
Табела 3 Заштеда на цврсто гориво и емисија на CO2

Електрична енергија 4.294.940 [kWh]

Цврсто гориво – јаглен 6.700.107 [kG]

Емисија на CO2 4.080.193 [kG]

Од табелата за заштеди може да се види дека намалувањето на емисијата на CO2 воопшто


не е занемарливo, така да имплементацијата на интелегентни системи за јавно осветлување е
особено значајно од аспект на заштитата на човековата околина.

4 ПРАВНА РЕГУЛАТИВА
Согласно препораките на CIE (International commission on illumination) и усвоен стандард
МКТИ CEN/TR 13201-1:2016 Осветление на улици и патишта-Дел1: Насоки за избор на класи
на осветление, како основни критериуми за избор на класа на улицита се вреднуваат следните
параметри:
- Проектирана брзина на движење на возила
MAKO CIGRE 2017 C6-033I 10/11

- Густина на проток на сообраќај


- Влијание на околната средина
- Дирекно визуелно водење-распоред на елементите во вертикален профил на улица и
сложеност на видното поле
- Временските услови
- Број на крстосници на една улица и растојание помеѓу нив
Според горенаведентите параметри, улиците и патиштата се поделени во 6 класи (М1-
М6) и класата на улица претставува влезен параметар за сите понатамошни фотометриски
пресметки и проектирирање на јавно освелтување.1,2,7,8
Одредувањето на класата на улица претставува еден од најголемите проблеми со кои се
соочуваат проектантите бидејќи во РМ нема јавен податок за тоа колкав е протокот на учесници
во сообраќајот(возила, пешаци, велосипедисти, ) на часовна и дневна база а тешко се добиваат
и податоци за проектираната брзина на движење.
Точно дефинирана класа на улица претставува предуслов за добро испроектиран систем
за осветлување кој ќе биде енергетски ефикасен и ќе ги задоволува техничките критериуми
препорачани во усвоените стандарди и пропишани со правната регулатива. Досегашните
практични исксутва покажуваат дека има преосветлени или недоволни осветлени улици поради
лошо избрана класа според која треба да се изработи фотометрија.
Под сопственост на Јавното претпријатие за државни патишта се сите регионални,
магистрални и експресни патишта во РМ, додека останатите патишта (сервисни, собирни,
стамбени, индустриски и пристапни улици) се во сопственост на општините и град Скопје.
Со достапност на податоци за проток на учесници во сообраќајот, проектирана брзина на
движење и останатите технички податоци може да се изработи регистар на цела патна
инфраструктура во РМ и соодветно да се класифицираат сите улици и патишта. Со овој чекор ќе
се има преглед за тоа која улица и според кои критериуми ја добила класата и според тие профили
и практични теренски искуства од проектирано/изведено ЈО ќе се стандардизират критериумите
и условите за новите улици кои треба да се изградат.
Со имплементација на системи за регулација на интензитет на ЈО се јавува потреба за
дополнување на правната регулатива (правилник, указ и слично) од оваа пробематика каде ќе се
дефинира според кој критериуми и колку ќе биде дозволено да се намалува интензитетот бидејќи
со самото намалување класата во која припаѓала улицата се менува. Исто така, се наметнува и
потребата за нова правна регулатива (правилник, указ и слично) за стандардизација на опремата
која ќе се користи за контрола и мониторинт т.е дефинирање протоколите за комуникација на
самата опрема како би се избегнала неможност за интеграција на уреди од различни
производители.

5 ЗАКЛУЧОК
Повеќегодишното следење на интегрираниот систем за автоматизација и регулација на ЈО
ги покажаа придобивките од имплементацијата на еден ваков систем:
- Намалена потрошувачка на електрична енергија
- Намалени трошоци за одржување
- Зголемување на јавна безбедност
- Зголемена доверливост на системот за ЈО
- База на податоци и преглед на настани и извештаи
- Непрекинато следење во реално време на системот од било кое место
- Намалена емисија на CO2
MAKO CIGRE 2017 C6-033I 11/11

Меѓутоа, мора да се поработи и на делот на намалување / отстранување на негативните


аспекти кои веќе се детектирани. Потребно е да се намали субјективизмот на човечкиот фактор,
да се згомели свесноста од потребата на еден ваков систем, да се остранат недостатоците на веќе
импементираните системи (т.н. детски болеси). Исто така, релевантните фактори и институции
да ги сублимираат сите нејасности и недостатоци во законската регулатива за овој тип на
инсталации и да се размисли за интервенција / допрецизирање на истата (Правилници / Норматви
/ Уредби) со цел олеснување на работата на сите кои се занимаваат со овој тип на експертиза.

6 ЛИТЕРАТУРА
[1] Електрично осветление –Драгослав А.Рајичиќ, Електротехнички факултет Скопје 1993
[2] Проектирање на електрично осветление на улици и патишта –д-р. Рубин Талевски, д-р
Драгослав А. Рајичиќ
[3] Smart outdoor solution SOGEXI- Serbian lighting society Conference 2015
[4] Primena sistema dajlinskog upravlanja u javnom osvetlenju Minel Shreder – Srpsko druistvo za
osvetlenje Savetovanje 2014
[5] Presentation on City touch and smart cities platform PHILIPS – Serbian lighting society
Conference 2014
[6] Командување, управување и димирање на јавното осветрлување на територија на град
Скопје, Октомври 2011
[7] МКТИ CEN/TR 13201-1:2016- Осветление на улици и патишта - Дел 1: Насоки за избор
на класи на осветление
[8] МКС EN 13201-2:2016- Осветление на улици и патишта - Дел 2: Светлотехнички
барања (идентичен со EN 13201-2:2003)
[9] www.osram.com
[10]www.philips lighting .com
[11]www.sundrax.com
[12]www.tridonic.com

You might also like