You are on page 1of 1

Чувствата како среќа,љубов,тага,болка,радост,гнев,омраза се оние кои не

прават тоа што сме-луѓе.Без обзир станува ли збор за училиште,фамилија,љубов


или нешто друго постојано сонуваме и имаме некои планови.Го замислуваме
животот најдобро што можеме бидејќи она што сакаме да го достигнеме е среќа.
Што всушност претставува среќата?Постои ли?Во каков облик се
јавува,кога,каде се јавува?Многу луѓе не знаат да ја дефинираат среќата и
едноставно велат- среќа е кога си среќен.Како причина може да се јави тоа што
немале можност да уживаат во нејзините благодети или пак имаат многу
поразлично гледиште на неа отколку моето.Потполно се согласувам со изјавата
дека за среќа е потребно малку.Не сакам скапоцени материјални работи кои би
донеле само првидино чувство на среќа сакам да живеам како сонувач,боем без
адреса,кому љубовта и среќата му се стил на живот.За тоа и живеам за љубовта и
среќата, за чувствата кои не можат да се купат со пари,скапи автомобили, моќ или
било што од материјалниот свет.Љубовта и среќата одат заедно.За љубовта се
пишува од памтивек и таа е еден од најголемите мотиви за најпознатите и
највредните книжевни дела.Се што е добро тргнува од љубовта,само човек кој ја
почувствувал љубовта кој љубел може да каже дека го вкусил животот.Љубовта
секогаш не е розева често може да биде и болна,но тоа е само еден поттик за
борба и да не се откажуваме од неа,бидејќи најубавите нешта доаѓаат со многу
труд.Нашата среќа е условена од љубовта без неа човек никогаш не би можел да
биде среќен или да води исполнет живот.Среќен си онолку колку што умееш да
сакаш, да простуваш, да им помагаш на другите...
Може да се заклучи дека среќата и љубовта се насекаде околу нас и секој ден
доаѓаат во различен облик.Среќата е во малите работи, во задоволувањето со
ситниците.Некој рекол “Размислувај позитивно и среќата ќе се открие
сама”.Среќата и љубовта не се цел тие се патување низ кое постојано одново и
одново ги запознаваме.

You might also like