You are on page 1of 2

Ѓаоло и бабата, мажот и жената

Место: Диско/Бар (може да се вика диското Казан)


Ликови:
Ѓаволот – Рапер - Кристијан
Бабата – Калтрина - Теа
Дечко -
Девојка -

Сцена 1
(Дискотека:КАЗАН)

Ѓаволот: Бабо, бабиче дојдов од тебе помош да барам.


Бабата: Ти од мене помош да бараш, арно, речи што треба.
Ѓаволот: Сакам да и скараш дечкото и девојката.
Бабата: Еј, море, ме прашаш дали можи да и скарам, веднаш и, ако сакаш да и разбијам.
Ѓаволот: Ама де, ако можиш да го сториш то зло, на тој век ќе те клаам на днотно под
казанот да седиш до патиции, до владици, до дуовници и до цареи.
Бабата: Тамам, асли и јас на тоа печалам да добијам, е лели е така, чини си пала ѓаоле, и
гледај си сеир!

()

Бабат: Како си ми, чедо? Али си ми здраво и живо, како си живееш со жена ти?
Мажот: Мошне арно си живеам, бабице. Како што сакат Господ.
Бабата: Оов, море чедо, ти арно је милуваш, туку таа кучка лице ти праит, не те милуат од
срце, оти таа си има друг љубовник. Вака да знаип, еве бабива што ти кажуат; вечер ќе ја
познаиш.

(девојката се враќа на своето место)

Бабата: Добро утро, ќерко. Како си, како живеиш со пустио ти маж твој, што си заљубил
една друга девојка, туку греот да ти го берит, а ќерко, оти че речиш, барем да ет некоја
полична од тебе – ајде де, ами таа ет како некоја Еѓупка, мрсул да не и фрлиш на неа, таква
грдомасна ет, ами ето види ја. Да те остаат тебе оти си како некоја кралица и да одит со
Еѓупките.
Девојката: Со еѓупкана велиш?
Бабата: Пиле, да одиме до кај селскио преметар да купиме рилки за да ти забаам и да го
одвратам мажот ти од друга жена. (одат по дрога, девојката ги зима апчињата, но келнерот ќе
ја посипе со црвено вино)

(дечкото и девојката сакаат да си одат накај дома, дечкото го вика келнерот да му ја плати
сметката, додека тој ја користи оваа прилика да му подметне црвче во глаата)

Бабата: Чедо, чини си мукает, оти некоја ноќ ќе те заколи женати со брич. Чини мукает кога
ќе има белег од полата од алиштето, со црвена боја, чунки за таа вечер му бил зборот со
љубовникот да дојди за да го закопаат откога ќе го заколит.

(си заминуваат)
СЦЕНА 2
(домашна атмосфера, мажот спие на креветот додека жената се припрема да си легне, на
долната маица има крв)

You might also like