Professional Documents
Culture Documents
Горка сол (Магнезиум сулфат) PDF
Горка сол (Магнезиум сулфат) PDF
Горката сол или Магнезиум сулфат може да се користи во сите фази на животот на
орхидејата. Нејзината улога е да ја врати водата во порите на листовите, жилите и
цветот. Го подобрува цветањето. Помага растението полесно да ги апсорбира азотот и
фосфорот и помага во создавањето на хлорофилот.
Дозирањето оди вака: 1 кафено лажиче на 2 литра вода, еднаш месечно. Многу важно
кога се третира со горка сол. Пред да се покисне орхидејата во растворот од горка сол и
вода, потребно е да ги навлажните жилите со одстоена вода, зашто ако директно
покиснете во растворот, постои опасност дека ќе ги изгорите (горката сол е многу јака)
и она што е многу важно, горката сол се става само ако орхидејата има здрави жили.
Киснете 5 - 10 минути, зависи со кој интензитет орхидеите ја пијат водата. Горката сол
ја имате во сите аптеки и чини околу 40 тина денари.