You are on page 1of 4

Ликови татко (Т), мајка (М), ќерка (Ќ), друга ќерка(кристина) (К) и син (С)

Таткото седи дома во својата работна соба и чита некои документи.

Влегува мајката уморна и дека нема што да прави седнува на фотељата да почине

(се мисли на одмор, а не умирање)

Т (ја погледнува со прекор во очите) Што правиш Елена?!

М (ги отвара очите, зачудена) Ништо.

Т Точно така. Ништо не правиш! Оди брзо фати работа нешто.!

М Работа?

Т Па работа, ами шо?! жена си да ти ебам!

М Но немам што да работам. Се сработев.

Т А, така ли? Ги испери алиштата?!

М Ги исперив.

Т Ги истреси теписите?!

М Ги истресов.

Т Ми ги соши чорапите?!

М ... Заборавив.

тишина

Т Па оди соши ги шо чекаш!! Или сакаш да те потсетам (вади стап од зад грб)

М Не, не еве сега одам.

Жената излегува а мажот продолжува со работа.

По 5 мин се враќа со чорапите. Седнува на фотељата и почнува да шие. И станува


досадно и почнува да мм-ка.

Т (ја погледнува излуден, одеднаш и се обраќа со благ глас, саркастично) Женичке мила,
што правиш?

М (зачудено) Па нели ти ми кажа да ти ги сошијам чорапите...


Т Па оди и соши ги на друго место!!! да ти ебам..

М станува да си оди. ги заборава чорапите и се враќа.

Т Абе ќе си заминеш еднаш или треба да ти помогнам! (го вади стапот од зад грб)

М Не, не еве сега си идам. (излегува, а М продолжува да работи)

Влегува ќерката. Бара некоја книга.

Т Што сакаш па ти сега?!

Ќ Барам една книга.

Т Барај ја во друга соба!!!

Ќ Тато, со задоволство би го направила тоа, но книгата ми е во оваа соба.

Т Тогаш барај ја побрзо!

Ќ ја наоѓа книгата и излегува.

Т (воздивнува) Фала Богу, више! Човек да не може да работи на мира во оваа куќа.

Влегува синот.

Т (иритиран) Што сакаш па ти сега?

С Кики бара малку пари ако може.

Т Кој?

С Кики... тато, Кики. Твојата ќерка..?

Т А! Кристина. Речи и да дојди!

С излегува. влегува постарата ќерка Кристина.

К Тато, ме бараше?

Т Не знам кој е тој тука што бара нешто, но ајде да се изјасниме. Сакаш пари?

К Да. Мислам, ако може.

Т За шо ти се?!

К За излегување?
Т Не излезе минатиот месец?

К Да тато излегов и мислам дека би било барем малку фер ако може да излезам и денес.

Т Фер, секогаш јас не сум фер, (мрмори) разгалени дечишта.. Колку пари сакаш?

К Паа, сто, сто педесет...?

Т Е веќе двеста!! На ти 75.

К Фала тато. (си оди)

Т Чекам кусур!!!

По 5 мин пак се отвара вратата.

Т Кој Ѓавол сега бара... А Мирко ти си сине! Дојди кај тато.

С влегува и му седнува на скут на Т

Т Како беше школо денес?

С Па...мм...

Т Што ’Паа.. Мммм’?! Немој и ти како овие девојчиштава прости што ништо не ми
кажуваат.

С ..Треба да одиш на школо, наставничката сака да се види со тебе

Т За што па ова?

С Um..Малце се степав со едни други од одделение..

Т Само малце?! Биди маж! Ако се тепаш со некои треба да им покажеш кој е главен! Како
очекуваш жена ти да те слуша и да ти готви и пери по дома кога ќе пораснеш?! До душа
мојава ни тоа не го прави, неспособна една гуска...

(долга тишина)

Т Ајде, следен пат ако не ги оставиш со скршен нос не ми се враќај дома. Еве сега земи
една 500ка почасти се

С Фала тато! (станува од скут и оди накај врата)

(Кристина слуша и влегува налутена)


К Аа важно јас не можам еднаш месечно да излезам со 100 денари ама на 13 годишен
бебуш му даваш 500!! Кај ќе оди тој жити се??! Еден другар нема-(таткото ја прекинува)

Т Затни се мори кокошке една!! Кај ти обезбедувам кров над таа празна глава твоја, па
уште ми гракаш како чавка демек си имала право на збор во куќава!! Смачено ми е од
женишта како ти и оние двене што само ми врискате над глава (ги имитира со пискав
глас) ’Ми се јаде, сакам пари, ме болат рацете од рибање на подот’.. Ма доста веќе!! (го
зема стапот и мава накај Кристина, таа ducks и исплашена излегува од соба)

Т ХАХА жени едни, мислеле нешто повеќе ќе направат со животот.........

END

You might also like