You are on page 1of 13

С.О.У.

‘’ Ѓорче Петров ‘’ – Прилеп

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА ПО

ПРЕДМЕТОТ ПРИМЕНЕТА КОЗМЕТИКА

- Козметички техничар -

ТЕМА : АКНИ ВУЛГАРИС

Изработил : Ментор :
Марија Стојаноска проф. Изабела Анеска Димеска

Прилеп, 2021
Содржина

Вовед ….............................................................................................................. 3
Акне Вулгарис ................................................................................................... 4
Причините за појавата на вулгарни акни ........................................................ 5
Третирање на акни вулгарис ............................................................................ 7
Лекување на акни .............................................................................................. 8
Отстранување на лузни од акните ................................................................... 9
Заклучок ............................................................................................................ 12
Користена литература ...................................................................................... 13

2
Вовед

Акните се мошне чести заболувања на кожата. Можат да се појават кај


двата пола на секоја возраст: кај бебиња, адолесценти, тинејџери, постари луѓе.
Се работи за хронична воспалителна болест на пилосебацеалната структура на
кожата (целина составена од влакнен фоликул и од лојна жлезда).
Дали ќе дојде до појава на акни зависи од неколку фактори: генетската
предиспозиција (се наследува големината на лојните жлезди), дејството на
хормоните (нарушен однос на половите хормони) и присуството на бактерии во
лојната жлезда. Под дејство на овие фактори настанува воспалителен процес на
кожата со појава на митесери (бели и црни), папули (површни јазли), пустули
(гнојаници), нодули (болни, модри јазли) и цисти (празнини).
Овие промени се јавуваат најчесто на лице (чело, образи, нос, брада), а
може да се јават и на кожата на вратот, рамената и градната регија.Најчесто,
акните се појавуваат во пубертетот и во адолесценцијата (70-80% од пациентите
имаат акни во втората и во третата деценија од животот), но може да имаат
продолжена еволуција и подоцна во животот, со различна клиничка слика.
Акните го нарушуваат естетскиот изглед и на многумина им наметнуваат
психичко оптоварување, затворање во себе, асоцијално однесување, и
депресивност.Конвенционалниот пристап во лекувањето на акните вклучува
користење на ретиноиди (и локално и преку уста), системски и локални
антибиотици во пролонгирани режими.

3
Акне Вулгарис

Акне е најчесто заболување на кожата кое ги зафака 85% од


адолесцентите. Акните не влијаат директно на здравствената состојба на
пациентот, но можат поради незадоволството од сопствениот изглед индиректно
да доведат до губење на самодоверба, повлекување во себе, дури и до депресија.
Затоа нарвреме треба да се превземат соодвети мерки за лекување.
Делуваат повеќе  причинители едновремено  за појава на акни.
Некои од  нив се следниве :
–   Гените кои ги наследуваме играат најголема улога дали една особа ќе
развие акни или не;
–  Во период на пубертетот се поврзуваат со сеште нерегулираната
хормонална активност;
–  Зачепување на изводните канали на лојните жлезди ;
– Зголемено размножување на бактериите (Propionibacterium
acnes) нормално присутни во кожата што  доведува до формирање на гнојната
бубулица.

Слика 1. Акни

4
Вулгарните акни (акни), предизвикуваат многу проблеми, може
значително да го расипат вашето расположение, па дури и да стават во
депресија. Затоа, многу е важно да се елиминира овој проблем што е можно
поскоро, еднаш и засекогаш. За да го направите ова, вреди да се знаат
причините за појавата на таквите акни, со цел да се разбере кои методи се
најдобро да се изберат за нивниот третман.

Причините за појавата на вулгарни акни

Вреди да се каже дека вулгарни и розацеа не се истото. Најчесто, вулгарни


акни се јавуваат за време на адолесценцијата и се поврзуваат со кршење на
лојните жлезди или проблеми со гастроинтестиналниот тракт.

За да предизвикаат гноен воспаление на лојните жлезди и фоликулите на


косата може да следново:

 стафилококна инфекција;

 Гастроинтестинални заболувања;
 нарушување на ендокриниот систем;
 прекумерна потрошувачка на слатка, масна, зачинета;
 прием на кортикостероиди;
 нетолеранција кон бром и јод;
 наследност;
 лоши навики, на пример, пушење;
 лоша хигиена;
 пубертет.

5
Слика 2. Вулгарните акни

Фактори кои промовираат и одржуваат акни вулгарис вклучуваат:


Фактори кои предизвикуваат хормонална нерамнотежа: синдром на
полицистични јајници, тумори на јајници, тумори во надбубрежните жлезди,
администрација на лекови (пример: кортикостероиди) итн.
стрес: во стресни ситуации количината на себум ја губи рамнотежата
поради нестабилното ниво на хормон. Исто така ги зголемува нивоата на
стресни хормони (пример: кортизол) што доведува до влошување на лезиите
предизвикани од вулгарни акни.
Семејна предиспозиција: акни вулгарис има и а генетска компонента, па
ако и двајцата или едниот родител имал лезии на акни, детето е најверојатно да
го развие истиот проблем.
Се чини дека изложеноста на сончевите зраци кај некои луѓе ги влошува
лезиите на вулгарните акни, но нема многу докази во врска со ова. Кај другите
луѓе, ултравиолетовите зраци имаат спротивен ефект, сушење на лезиите.
Сепак, во секој случај, најдобро е да не се изложувате на сонце без заштитен
фактор нанесен на кожата бидејќи ултравиолетовите зраци го забрзуваат
процесот на стареење на кожата.
Храна богата со шеќери и јаглехидрати исто така се чини дека ги
влошува лезиите предизвикани од акни. Мастите не играат значајна улога во
патогенезата на акните, тие побрзо ја фаворизираат дебелината.

6
Третирање на акни вулгарис

Вреди да се напомене дека процесот на отстранување на акните е доста


долг и може да вклучува неколку фази. Главната работа во третманот на
вулгарни акни е да се намали производството на себум, да се намали
воспалението и формирањето на комедони.

Значи, главните фази на третман на акни:

 прочистување од контаминација;

 длабинско чистење на лицето ( хемиски пилинг );


 козметички лосион третман;
 маски за сушење;
 промена во исхраната;
 прием на имуномодулатори;
 земање антибиотици во зависност од комплексноста на болеста;
 употреба на специјални масти и витамини;
 калливи апликации или терапија со парафин;
 дарсонвализација.

Доколку акните или акните вулгарис се доволно тешки, специјалист


може да ги пропише следниве лекови:

 Тетрациклин;

 Миноциклин;
 Еритромицин.

Козметичарите често препорачуваат да направат курс за чистење на


лице, на пример, користејќи парна бања. Но, тука веќе треба да го слушате
советот на специјалист, бидејќи не секој случај може да дозволи користење на
длабоко чистење.

Лекување на акни

7
Лекувањето на акните мора да биде спроведено на време, индивидуално
прилагодено и спроведено од стручно лице.
– Лечењето може да биде локално (лекови кои се мачкаат на кожата во
облик на гелови и креми) и системски (во облик на таблета и капсули). Кај сите
облици на акни секогаш е добредојденa употребата на медицинска козметичка
линија препорачана од дерматолог .
– Постојат современи технологии и процедури кои го подобруваат и
убрзуваат лекувањето на акните. Некои од најефектните третмани за акне кои се
безбедни и приспособени за секоја возраст се: кристалниот пилинг или
микродермоабразија, хемиски пилинг , радиобранови, ласерски третмани и
фотодинамска терапија. Овие третмани го чистат лицето од постоечките
митесери и акни, од површинскиот слој на маст и мртви клетки, ги отвораат
порите и се одложува можноста за создавање нови акни и лузни од акни.

Слика 3. Лекување на акни

8
Отстранување на лузни од акните

Благодарение на напредните медицински технологии акне лузните може


да се ублажат или отстранат под надзор на дерматолог. Лузните кај секого се
различни по големина и длабочина па затоа и пристапот на третирање е
индивидуален и прилагоден спрема состојбата на пациентот. Најчесто најдобри
резултати дава комбинација на неколку третмани кои ги одредува и спроведува
дерматолог.
Хемиски пилинг – третман со овошна киселина со одредена
концентрација ќе биде нанесена на кожата со цел да се одстрани површинскиот
слој кожа. Многу јаките концентрации може да стигнат до подлабоките слоеви
на дермот. Може да постои лесно црвенило. Целта на хемискиот пилинг е да
предизвика лупење на кожата. Во првите 14 дена се појавува новата кожа. По
третманот потребна е грижа за кожата со хидратација и протекција со заштитен
фактор. Овој третман не се прави во летниот период.

Слика 4. Отстранување лузни

9
Дермаролер – ваљак прекриен со бројни микроиглички со кој при
поминување врз кожата со лесен притисок се прават нежни микроубоди во
епидермот односно површинскиот слој на кожата.
Овие микроубоди на кожата делуваат на тој начин што ја стимулираат
самата да се обновува преку продукција на колагени и еластични влакна и
потикнување на факторот на раст што придонесува за обновување и
подмладување на кожата.
Со дермаролерот можат да се третираат целото лице, вратот и деколтето
и други делови од телото во случај да се стретираат стрии и лузни.
Резултатите од третманот се забележуваат уште после првиот
третман,особено по две недели откако кожата ќе се регенерира. Сепак тоа е
процес во кој кожата е стимулирана да се регенерира во наредните месеци со
одржување на ефектот долго време. За целосен ефект се препорачуа да се
направат 4-7 третмани на растојание од околу 3 недели.
Ласерски третмани Pixel RF технологија – третман кој стои помеѓу
конвенционалните и хируршките методи со одлични резултати кои не бараат
премногу време за опоравување. Новата пиксел технологија ја подобрува
структурата на кожата пиксел по пиксел, зафаќајќи само дел од кожата со
илјадници микроскопски RF пиксли, работи како Photoshop за Вашата кожа.
Пикселите во кожата се микрошуплини во длабоко оштетените слоеви
кои ја разбудуваат кожата наново да ги множи сите свои структури и на
природен начин да ја исполни лузната. После само неколку третмани
резултатите се видливи и повеќе од задоволителни. Неколку дена по третманот
има поинтензивно црвенило кое завршува со крустација. После тоа кожата е
помазна и ефектот е видлив после секој третман.

10
Микродермоабразија – третман на благи лузни од акни. За време на
процедурата дерматологот работи со сонда која исфрла кристали за да се
отстранат површинските слоеви од кожта. Со серија од третмани кожата
регенерира и плитките лузни стануваат помалку видливи. После третманот со
микродермоабразија кожата може да биде црвена, оваа состојба трае само
неколку часа.
Третирање на акни со blulight технологија -Блулајт технологијата е
неинванзивна процедура која користи светлина од сината бранова должина
помеѓу 405-420 nm за уништувањето на пропинобактериски акни кои се
одговорни за формирањето на акне лезиите на кожата. Оваа фотодинамична
тереапија е FDA-одобрена за третирањето на лесни и средно тешки облици на
акне вулгарис или акне вулгарис кои се резистентни на останатите терапии за
акни.
Третманот трае петнаесетина минути и најчесто се потребни две до три
сесии неделно во период од две недели а потоа третманите се разредуваат во
цели на одржување на ефектот. При третманот со аминолевулцин е потребна
апликација на аминолевулцин во период од триесетина минути пред да започне
третманот. За време на третманот се ставаат заштитни очила. Третманот не е
болен и добро се поднесува а индивидуано може да се јави благо поцрвенување
на кожата за кое е потребно краткотрајно ладење. Веднаш потоа може да се
продолжи со секојдневните активности.

11
Заклучок

Вулгарис од акни е честа состојба на кожата кај адолесцентите (но може


да влијае на возрасните од која било возраст) и се карактеризира со воспаление
пилозоебна единица. Иако се смета за минорна состојба, која не ги загрозува
животите на пациентите, сепак треба да се посвети посебно внимание на оваа
патологија бидејќи може да предизвика психолошка траума мнозинство.
Структура составена од фоликулот на косата (влакно), лојната жлезда во
нејзината основа и понекогаш апокрината жлезда. Во повеќето случаи на акни
вулгарис, целта на состојбата е оваа пилозоезна единица.
Многу честа појава кај младите, акните се наоѓаат во над 80% од
адолесцентите во различни форми: лесни, умерени или тешки. Студиите
спроведени во Соединетите држави покажуваат дека за време на пубертетот
мажите се погодени од повеќе од 50%, додека процентот на жени е поголем (над
78%).
Третманот на акни вулгарис ги има следниве цели:
Зголемена самодоверба и намалени ефекти со психолошка компонента
(анксиозност, депресија, итн.)
Ограничување на појавата на лузни по акните
Ограничување на лезии предизвикани од акни и нивно подобрување
Третманот е персонализиран, тој ќе ги земе предвид видот на повредите
на пациентот, факторите на ризик и причините, но исто така и потребите и
степенот на толеранција кон третманот на секој пациент. Затоа, соработката
лекар-пациент е исклучително важна и распоредот на третманот мора да биде
прилагоден на секој случај.

12
Користена литература

1. https://mk.koshachek.com/articles/vulgaris-od-akni.html
2.http://dermamedika.com.mk/%D0%B5%D1%84%D0%B8%D0%BA
%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BA
%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D0%BD
%D0%B0%D0%B0%D0%BA%D0%BD%D0%B8/
3. https://ancevski.mk/akni-luzni-tretmani/
4.http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BD
%D0%B0%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B0/%D0%BB
%D0%B8%D1%86%D0%B5/%D0%B0%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%BA
%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BF
%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B3%D0%BD
%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%B8

13

You might also like