You are on page 1of 6

Училишна педагогија

За училиштето се заинтересирани сите оние кои на


еден или на друг начин се поврзани со образованието
на децата и младите (ученици, наставници, родители,
стопанственици, политичари, научници). Причините
најверојатно треба да се бараат во незаменливото
значење на училиштето, како за општествениот развој,
така и за развојот на поединецот.Таа ги проучува
воспитно-образовните задачи на поединечните видови
училишта , се занимава со нивната положба во
училишниот воспитно-образовен систем,односите на
училиштето и опшеството,училиштето и државата
,училиштето и црквата и другите опшетвени фактори
во зависност од структурата на опшеството и многу
други.
Училишната педагогија има најмногу
допирна точка со дидактиката ,но е потесна
од неа и не ги проучува сите облици на
образованието и учење како дидактиката
и ,истовремено,е поширока од неа по својот
предмет,затоа што опфаќа и прашања кои
не се предмет на дидактиката.Понатаму се
занимава со прашања на професионална
ориентација,понекогаш и со прашања за
вработувања на завршените ученици во
повратна врска со задачите на одредено
училиште и корегирање на уписната
политика на тоа училиште.Училишната
педагогија има и допирна точка со
економиката на образование,социологија на
училиштето, социјалната психологија,со
правото,медицината и архитектурата и со
некои други науки кои ги проучуваат
одредени аспекти на животот и работата во
училиштето
.
Футуролошка педагогија

Ова педагошка дисциплина ги истражува


смислата и перспективите на
воспитанието во иднина.Врз основа на
познавањето на сегашноста на
воспитанието ги поставува насоките за
иднината.Бидејќи денешните ученици и
воспитаници ќе живеат и ќе дејствуваат
во иднина,целокупната воспитна работа
мора да ги уважува насоките и
перспективите на футуролошката
педагогија.
Во минатото

Во иднината
Методологијата на педагогија
Претставува педагошка дисциплина која ги
проучува постапките на педагошките
сознанија,особено сознајно-
теоретски,основните методи,постапки и
техники од кои се поаѓа,односно кои се
употребуваат при конституирањето на
педагошката теорија на научните закони на
подрачје.Една од појдовните точки на
методологијата е филозофиската
дисциплина:теорија на сознанието.За
решавањето на поединечни методолошки
проблеми,релевантни се и
антропологијата,социологијата,историјата,
биологијата,психологијата,математиката и
кибернетиката.
Изработиле:

БОЈАНА ЈАНЕВА
ЈОВАНА ЗЛАТЕВА
НАДИЦА ДАНИЛОВСКА

You might also like