You are on page 1of 1

Здравје

Здравје е состојба на целосна физичка, психичка и социјална


благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци. Оваа
дефиниција е дадена од Светската здравствена организација (СЗО) и го
опишува човековото здравје во неговата сеопфатна смисла.[1][2] Иако оваа
дефиниција била тема на многу контроверзности, главно заради недостатокот
на практични вредности и проблемот создаден со употребата на зборот
„целосна“, таа останува до сега како најистрајна.[3][4] Постојат и бројни други
дефиниции за здравјето: во поопшта смисла, здравјето претставува ниво на
функционална или метаболна ефикасност на еден жив организам; кај луѓето,
здравјето е општата состојба на човековото тело, ум и дух, обично значејќи
отсуство на болест, повреда или болка (да се биде „здрав“).[5]

Неколку класификациони системи, каков што е семејството на меѓународни


класификации на СЗО, во кое спаѓаат Меѓународната статистичка
класификација на болестите и сродните здравствени проблеми (МКБ)
и Меѓународната класификација на функционирање, инвалидитет и здравје
(МКФ), се често користени да се дефинираат и мерат компонентите на здравјето.

You might also like