You are on page 1of 2

Анатомија

Анатомијата или телознание — биолошка наука која се занимава со


проучување на структурите на организмот, или поточно, градба на живиот
организам.

Анатомски (или претежно анатомски) дисциплини се миологија - наука за


мускулите, остеологија - наука за коските, артрологија - наука за
зглобовите, спланхнологија - наука за внатрешните органи и слично. Според
предметот на проучување (растение или животно), анатомијата се дели
на анатомија на растенијата, анатомија на животните и анатомија на човекот.

Анатомијата е комплексна наука и се состои од макроскопска


анатомија, микроскопска анатомија или хистологија и ембриологија.

• Целта на проучување на макроскопската анатомија се деловите од


организмот што се гледаат со голо око (на пример, органи итн.)
• Целта на проушување на микроскопската анатомија е структурата на
организмот којашто не може на да се види под голо око, а со електронски или
светлосен микроскоп (на пример, градба на ткивата, мироскопска градба на
органите итн.)
• Целта на ембриологијата е да ја проучи нормалната градба на организмот
од зачнувањето до раѓањето - partus)

Анатомијата се дели и на:

• Системска анатомија - ги проучува структурите на организмот


организирани во системи
• Топографска анатомија - ја проучува положбата на структурите во
организмот во однос на другите структури
• Клиничка анатомија - ја изучува специфичната градба на организмот за
потребите на клиниката, најмногу на хирургијата

Методот којшто го користи анатомијата за истражување и изучување на градбата


на организмот е дисекцијата. Тоа е многу стар метод, којшто го воведува таткото
на медицината-Хипократ. Името означува режење, расечување, сечење. Преку
дисекцијата се сечат и вадат органи од организмот, којшто претходно се
подготвува по специјални методи и се фиксира, така што на тој начин најдобро
се учи и се увидува положбата на органите (крвните садови, нервите итн.) во
организмот.

You might also like