You are on page 1of 11

ДМУЦ„Сергеј Михајлов„-Штип

Анализа по предметот:

Инструментален контрапункт

Тема:

Анализа на Фуга

Ментор: Изработил:

Валентина Величков-Шаклева Дејан Ангелов

Февруари 2020

1
Содржина

1.Вовед.........................................................................................................................2

1.1.Јохан Себастијан Бах........................................................................................2

1.2.Фуга.....................................................................................................................4

1.3.Барок...................................................................................................................5

2.Главен дел................................................................................................................7

2.1.Анализа на делото............................................................................................7

2.2.Мелодија.............................................................................................................9

2.3.Ритмика и метар................................................................................................9

2.4.Темпо................................................................................................................10

2.5.Динамика..........................................................................................................10

3.Заклучок..................................................................................................................10

2
1.Вовед
1.1.Јохан Себастијан Бах

Јохан Себастијан Бах ( 31 март 1685 – Лајпциг. 28 јули 1750) — прочуен


германски композитор и оргулист чии духовни и световни дела за хорови,
оркестри и соло инструменти ги сплотуваат речиси сите аспекти на стилот на
барокната музика доведувајќи ги до врвна точка на зрелост. Иако нема
воведено нови музички форми, Бах го има збогатено германскиот музички стил
со робусна, но магична контрапунктна техника, навидум лесна контрола на
хармонска и мотивска организација од најмал до најголем размер, и адаптација
на странски ритмови и текстури, особено италијански и француски.

Бах се смета за еден од најголемите композитори но заради неговата моќна


измазнетост на стилот и огромниот опус. Неговите дела се високо ценети за
нивната интелектуална длабочина, техничка заповест и уметничка убавина:
Некои од неговите најславни дела се: Бранденбуршки концерти, свитите и
партитите за клавијатура, Мисата во ха-мол, Житието на Св. Матеј, Музички
дар, Уметноста на фугата и голем број кантати, од кои денес се зачувани 220.
Подолу можете да чуете еден пример за неговите стилистички карактеристики
во хорот Ehre sei Gott in der Höhe од Божиќниот ораториум, напишан во 1734
год., во зрелиот период на неговото творештво.

Јохан Себастијан Бах бил член на една од најизвонредните музички семејства


во светската историја. Во период од 200 години и повеќе семејството Бах дало
дузини вредни музичари и композитори за време на периодот кога црквата,
локалната влада и аристократијата му обезбедувала значителна поддршка на
музичкото творештво ширум регионите во кои се зборувал германскиот јазик, а
особено во источните изборни кнежевства Тирингија и Саксонија.
Себaстијановиот татко, Јохан Амброзиус Бах, бил талентиран виолинист и
трубач во Ајзенах, град со 6.000 жители во Тирингија/Германија кој работел на
црковна и световна музика. Сите чичковци на Бах биле професионални
музичари од оргулисти и дворски камерни музичари до композитори. Тогашни
документи укажуваат на фактот дека името Бах било користено како синоним
за музичар.

3
Мајка му умрела во 1694, а татко му следната година. Сега десеттогодишен
сирак, се преселил кај брат му Јохан Кристоф Бах, оргулист во блискиот град
Ордруф. Таму тој препишувал, учел и изведувал музика и добил одлична обука
од брат му. Ова му овозможило да ги чуе делата на големите јужно-германски
композитори во тоа време како Јохан Пакелбел и Фробергер, но веројатно и
делата на северно-германските и француските композитори како Жан-Батист
Лили, Луј Маршан и Марен Маре. Момчето веројатно присутствувало и
помагало во одржувањето на оргулите, предходник на неговата доживотна
активност како како консултант за изработка и реставрација на органи.
Баховата посмртница укажува на тоа дека младиот Себастијан копирал
партитури од брат му, но бидејќи партотурите во тоа време биле вредни и
приватни артикли, Кристоф му забранувал на брата си да го прави тоа.

4
1.2.Фуга

Фуга (од латински: fuga = „бегство“) е композициски принцип во музиката, што


се постигнува со нижење на музички имитации. Фугата може да биде единствен
композициски принцип во музичкото дело, но структурите направени во
согласност со овој принцип може да бидат вклучени во други музички форми,
како што се кантата, миса, концерт или увертира.

Терминот фуга се користел уште во 14 век за да се одбележи музичкиот канон,


а подоцна и имитациите. Своето сегашно значење фугата го добила во текот
на 17 век. Во ерата на високиот барок, фугата стана посебна музичка форма.

Карактеристика на фугата е комплексна работа на музичкиот мотив. Таа


започнува со експозиција во првиот глас, кој вториот глас го повторува за
квинта повисоко или за кварт подолу. Другите гласови се воведуваат на сличен
принцип. Најчесто ги има три или четири. Фугите со два музички мотива се
наречени „двојни фуги“ (исто така има и тројни, четворни).

Најголемиот мајстор на компонирањето фуги бил Јохан Себастијан Бах.

Во времето по барокот, фугата се сметала за застарена музичка форма. Некои


од композитори од поново време кои компонирале фуги, се: Феликс Менделсон
(прелудиуми и фуги, опус 37), Жорж Бизе (шест фуги), Дмитриј Шостакович (24
прелудиуми и фуги за клавир, опус 87).

5
1.3.Барок

Барокот се појавува кон крајот на 17 век во Европа, во периодот кога се


афирмираат големите национални монархии. Италија во овој период е
расцепкана и политички слаба, а Рим и понатаму е центар на уметноста.
Црквата била принудена да се спротистави на реформацијата, а промените во
уметноста доведуваат до раѓањето на новиот стил, барок. Бегајќи од
затворените форми, архитектите и вајарите бараат нови димезии на
изразување и создаваат раскошни дела преполни со сценски иновации и
движење. Сликарите и понатаму во центарот на вниманието ги сместуваат
религиозните содржини, но се во потрага за нови ефекти во третирањето на
бојата.

Барокот го добил името по шпанскиот збор барок што значи бисер со


неправилна форма.

Основните карактеристики на барокот се согледуваат уште во ренесансните


дела. Во одредена смисла барокот е негација на ренесансата бидејќи во себе
содржи компоненти кои произлегуваат од средновековното христијанство.
Најзначајни претставници на уметничкиот правец од ренесансата кон
маниризмот и барокот неоспорно е Микеланџело Буонароти. Во текот на 17 и
18 век барокот се раширил во Европа. Има зачетоци во сите свери на животот,
архитектура, сликарство, литература, музика. Тоа е последен универзален стил
на Европа кој настанал во Италија и се проширил во Германија, Австрија,
Франција, Холандија. Во сликарството елементите се прелеваат во
илузинистички стил. Во архитектурата се појавуваат пластични елементи, а се
употребува сликарството за да се емитираат елементи на градежништво
(сводови, ребра и сл.). Барокот дава предност на асиметријата, заоблени
облици. Елемент на барокот е движењето, динамичноста, што е спротивно на
ренесансата.

Барокна музика е онаа музика која се создавалa за време на барокот, стилски


правец во музиката кој го опфаќа 17 и првата половина на 18 век. Барокната
музика се карактеризира со повеќегласие, што е одраз на раскошот на овој
период, и со градетели на гудачки

6
инструменти(страдивари,амати,гварнери).Барокната музика го добила името
според шпанскиот збор барок што значи бисер со неправилна форма. Музички
форми во што во барокот ги среќаваме се:фуга,токата,cвита,инвенција,и
ораториум. Преставници од Барокот се: Јохан Себастијан Бах, Георг Фридрих
Хендл, Антонио Вивалди и др.

7
2.Главен дел
2.1.Анализа на делото

Такт 1-5: Темата (dux) се појавува во горен глас сопран во тоналитет F-dur на Т
функција, а во долниот глас се забележуваат паузи како и во повеќето дела.

Такт 5-9: Се појавува одговорот на темата (comes) во среден глас алт во


тоналитет C-dur, функции Т-D што претставува тонален одговор на самата
тема и во горниот глас сопран се појавува стален КЅ во во истиот тоналитет.

Тактови 9-14: Кодата односно мал меѓустав кој модулира од C-dur, оди во G-
dur, потоа В-dur, па D-dur и на крајот повторно се враќа во F-dur, каде што
можене да забележиме поголем број на модулации кои се од дијатонски тип.

Тактови 14-18: Темата (dux) се појавува во долен глас бас во тоналитет F-dur
на Т функција, а во горните два гласа имаме КЅ кој и се спротивставува на
самата тема.

Тактови 18-21: Кодата или повторна појава на мал меѓустав делот кој што е
модулативен модулирајќи од F-dur до C-dur.

Тактови 21-25: Се појавува повторно одговор на темата во долен глас бас во


тоналитет C-dur на Т функција, а во горните два гласа има мелодиска линија
или КЅ.

Тактови 25-52: Секвенца 1 модулирајќи од C-dur оди до d-moll и повторно се


враќа назад во F- dur. Оваа секвенца опфаќа и дел од Развојниот дел каде што
можеме да ги пронајдеме сите видови на секвенци како нагорни, надолни тука
се и мотивската и фигуративната секвенца, кои помагаат да се стигне до што
подалечни тоналитети. Ова воедно претставува и првата епизода.

Тактови 52-56: Темата се појавува во среден глас алт во тоналитет F-dur на Т


функција, а во останатите два гласа имаме мелодија која се спротивставува на
самата тема.

Тактови 56-66: Секвенца 2 модулирајќи од F-dur до B-dur. Ова ни ја претсавува


втората епизода.

8
Тактови 66-70: Темата се појавува во долен глас бас во тоналитет B-dur на Т
функција, со КЅ во останатите гласови во истиот тоналитет.

Тактови70-85: Секвенца 3 модулирајќи од B-dur do F-dur, претставена во вид


на имитациа од еден во друг глас и воедно претставува трета епизода.

Тактови 85-89: Темата се појавува во горен глас сопран во тоналитет F-dur на


Т функција, а во алт и бас КЅ кој се обидува да истакне специфичноста на
самата тема.

Тактови 89-95: Темата се појавува во долен глас бас во тоналитет F-dur на VI


стапало, проследена со стален КЅ во останатите гласови.

Такт 95-99: Тоа е Кодата во тоналитет F-dur.

2.2.Мелодија

Во мелодијата на оваа фуга се сретнуваат најразлични нотни вредности,


почнувајќи од: триесетивторинки до четвртина со точка. Шеснаестините ноти се
најзастапени во ова дело. Мелодијата на оваа фуга започнува со прва тема
(dux) која што се јавува во горен глас на Т функција. Потоа мелодијата на
одговорот е имитација на темата затоа што истат се имитира. Мелодијата на
малиот меѓустав може да се забележи дека се движи постепено нагоре или
надолу без појава на некој големи скокови. Во првата севенца може да се
забележи дека мелодијата е претставена во доста изразен карактер опфаќајки
ги сите нотни вредности кои се појавуваат во целото дело. Потоа следува
големиот меѓустав кој исто така е претставен со своја карактеристична
мелодија и со најразлични движења како постепено така и со скокови. И како
најпоследно следува мелодијата на завршниот дел каде што можеме да
забележиме секаков вид на мелодиско движење, кое постепено не доведува до
мелодијата на самата убедлива каденца.

2.3.Ритмика и метар

Оваа фуга е со 6/16 такт, со основна нотна вредност од шеснаестина нота.


Тема е со изразена ритмичка пулсација. Започнува со осмина со точка пауза во
горен галс и половинска пауза во долен глас прв такт и завршува со осмина со
точка во горен глас и осмина со точка во долен гас. Тема е цело време со

9
изразена ритмичка пулсација. Во малиот меѓустав како и во големиот, во
долниот глас преовладуваат шеснаестини на некои места и осмини нотни
вредности кои пулсираат баш во ритамот на оваа фуга.

2.4.Темпо

Темпото на оваа фуга е Gaio a guise di Giga кое е својствено за барокниот


период. Во темпото немаме промени, се појавуваат рамномерни движена
проследени со не чести скокови, кои доведуваат до истакнување на карактерот
на мелодиското движење. Раздвиженоста на метричката пулсација е во тесна
врска со темпото кое на фугата и дава посебен белег по што е препознатлива.

2.5.Динамика

Темата започнува со p (piano) динамика, што е условено со самиот почеток на


темата. Tема е прилично во piano, forte и mecoforte динамика. И во текот на
целата композиција неможат да се забележат некој дополнителни динамички
промени.

10
3.Заклучок

По направената анализа согледав дека фугата бр.11 во F-dur одЈохан


Себастијан Бах е напишана во правилата кои се каректеристични и пропишани
за барокниот период.

Целото дело или копозиција е составено од три делови:експозиција, развоен


дел и завршен дел.

Експозицијата е градена од тема и мал меѓустав, каде што можеме да


забележиме дека имаме продолжување на самата експозиција. Развојниот дел
претставува модулативен дел од фугата и е доста модулативен. Завршниот
дел не емногу карактеристичен, бидејќи се појавува во основниот тоналитет.

Мелодијата во оваа фуга е доста раздвижена, моторична поготово во


развојниот дел што е и вообичаен. Среќавааме скокови , нагорни и надолни
движења на мелодијата арпежи, и пасажи.

Овде може исто така да се сретнат најразлични видови на контрапунктски


техники кои и и типични за овој период а тоа е барокот.

Темпото е непроменливо, но самата пулсација на ритамот остава впечаток на


некаква промена.

Динамиката е од piano до meco fore и е во тесна врска со агогиката и


артикулацијата

11

You might also like