You are on page 1of 2

ТЕ ПРОДАДОА ТАТКОВИНО, ТЕ НЕМА!

на Георги Старделов

ПРВО ПЕЕЊЕ

Овде Господ преку апостолот


го посеал семето на словото
и проговорил на словенски.

Одовде возвишено се кренала


првата цивилизациска вертикала
до Небесата над Балканите.

Овде сонцето
раширило топли зраци
и светлина братска за сите.

Тука некои од памтивек си човекувале


на свои огништа дојденци дочекувале
и заедно со нив понатаму си векувале.

Не прегазиле никого писанијата свети


патишта отворале тие континуитети
подеднакво светли за секого и за сите.

Од каде тогаш жедби за безумни делби


од каде здружби за геногибел на еден род
без причини и повод под небескиот свод.

Никогаш ли никого безумието не го зачудило,


не го поттикнало растрезнувачки да проговори,
зар не е возможно да се живее без заговори?

Овде секогаш никнувало лебно жито


од естетиката на добрите вредности,
чуму страв и сноба од небезбедности?

ВТОРО ПЕЕЊЕ
Те продадоа и веќе те нема Татковино,
од толку благородна и толку девствено лична
те сторија срамна понижена и пред Бога безлична.

Твоите златни сончеви лачи


што го прегрнуваа светот со љубов и благост
ни за себе, ни за чедата свои веќе не носат радост.

Со која гордост низ времето ќе векуваме,


во кое име древните спомени ќе ги чуваме,
заслужуваме ли Татковино за тебе да човекуваме?

ТРЕТО ПЕЕЊЕ

Верувајте дека постои


вселенската бесконечна меморија,
никогаш не била заробена целата историја.

Некој од некаде го надгледува времето


и сè добро знаат и се осудуваат злосторниците,
но никогаш нема простување за предавниците.

О, света, девствено чиста и достоинствена,


горд сум бил секогаш на тебе моја убава Татковино,
те погребуваат без да напишат на крстот Македонија!

И кога еден ден, кога пак ќе дојде од вселената Апостолот


ќе ги пронајде моштите да запали кандило со Божја светлина
и за кого тогаш ќе блескоти сјајот на вечната Виделина?

You might also like