You are on page 1of 1

Контролни Прашања

Тема: Подготвување на главна расправа


1. Првата фаза во подготовката на главната расправа е претходно испитување на
тужбата, а судот е судот е должен да испита дали постојат или не процесни
претпоставки за да може да се постапува по тужбата.
2. По поднесување на тужбата во судот, таа поминува низ дејство на испитување со
што ќе се утврди дали постапката ќе продолжи.
3. Пресуда поради неподнесување на одговор на тужба,
Пресуда врз основа на признание
Пресуда врз основа на одрекување
Пресуда поради изостанок
Да прими на записник судско порамнување
4. Како дефанзивно процесно дејство, тужениот може да поднесе приговори
( материјални и процесуални ).
5. Задолжителна фази се претходно испитување на тужбата и закажување на главна
расправа, а факултативни фази се доставување на тужба на одговор до тужениот и
подготвително рочиште.
6. Трета фаза во подготвување на главната расправа е одржување на подготвително
рочиште и тоа го закажува претседателот на советот по претходното испитување на
тужбата.
7. Тужбата се отфла во случај на
- Ако се утврди дека решавањето на тужбеното барање се спаѓа во судска
надлежност
- Ако тужбата е поднесена ненавремено.
8. Главната распарава се закажува така што странките да имаат доволно време да се
подготват, најмалку 8 дена од доставувањето на тужбеното барање.
9. Опомена
Отстранување
Парична казна
10. Ако претходно не е одржано подготвително рочиште, првото рочиште за главната
расправа започнува со излагање на тужбата, а потоа тужениот одговара на
наводите во тужбата.

You might also like