You are on page 1of 126

 

            
 
 
 
   Електрични инсталации 
Василија Шарац

1
 
 
 
 

Василија Шарац
ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ
 
 

Aвтор: вон. проф. д-р Василија Шарац

ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ

Рецензенти:
Проф. д-р Влатко Чингоски
Проф. д-р Сашо Гелев

Лектор:
Виолета Игнат Карагунова

Техничко уредување:
Василија Шарац

Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип

Објавено во е-библиотека:
https://e-lib.ugd.edu.mk/732

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

621.316.17(075.8)

ШАРАЦ, Василија
Електрични инсталации [Електронски извор] / Василија Шарац. -
Текст во PDF формат, содржи 117 стр. - Штип : Универзитет "Гоце Делчев",
Електротехнички факултет, 2018

Начин на пристап (URL): https://e-lib.ugd.edu.mk/732. - Наслов преземен


од екранот. - Опис на изворот на ден 28.05.2018. - Слика и белешка за
авторката: стр. 117. - Библиографија: стр. 116

ISBN 978-608-244-531-1
а) Електрични инсталации - Високошколски учебници
COBISS.MK-ID 107328778
 
 

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

вон. проф. д-р Василија Шарац

ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ

Штип, 2018
 
 

ПРЕДГОВОР

Учебникот по електрични инсталации е наменет за студентите од втора


година на Електротехничкиот факултет. Истиот треба да им даде основни
познавања за главните елементи во електричните инсталации, принципот на
нивната работа, но и да ги запознае со главните важечки прописи и стандарди
при нивната изведба. Покрај запознавањето со основните елементи на
електричните инсталации, посебно внимание е посветено на заштитните мерки
кои се применуваат при нивната изведба. Во учебникот е обработен и делот од
инсталациите кои се однесуваат на громобранска инсталација, односно
компоненетите на громобранската инсталација и начинот на нивната изведба.
Основна цел на учебникот е да ги оспособи студентите за самостојна
пресметка на нисконапонските електрични инсталации, од аспект на
димензионирање на напојните кабли, избор на заштитни уреди, пред сé,
осигурачи како и пресметка на струите на куса врска и дозволените падови на
напони. За таа цел, во посебна глава е обработен проект на изведба на
инсталација во станбена зграда. Пресметката на проектот има за цел да ги
воведе студентите во проектирањето на електричните инсталации и да ги
оспособи за донесување на соодветни инженерски одлуки базирани на
користење на технички податоци, стандарди и литература, а со тоа донекаде и
да го премости секогаш присутниот јаз помеѓу теоријата и праксата.

Авторот,

Штип, 2018
 
 

СОДРЖИНА
1. ВОВЕД 1
2. ЕЛЕМЕНТИ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ИНСТАЛАЦИИ 2
2.1. Спроводници без изолација 2
2.2. Изолирани енергетски спроводници 4
2.3. Кабли и кабелски пробор 4
2.3.1.Општи карактеристики на каблите 7
2.3.2.Пресметка на дозволено време на протекување на струја на куса
врска низ кабелот 7
2.3.3.Трајно дозволени струи на изолирани спроводници и кабли 8
2.3.4.Видови на електричен развод 8
2.3.5.Трајно дозволени струи кај спроводници и кабли 10
2.3.6. Падови на напон и примери за избор на кабли 13
2.3.7. Кабелски прибор 19
2.4. Приклучни уреди 21
2.5. Прекинувачи 23
2.5.1. Тастер 23
2.5.2. Еднополен прекинувач 23
2.5.3. Двополен прекинувач 24
2.5.4. Трополен прекинувач 25
2.5.5. Сериски прекинувач 26
2.5.6. Наизменичен прекинувач 26
2.5.7. Накрсен прекинувач 27
2.5.8. Импулсен автомат 28
2.5.9. Рачни прекинувачи 29
2.5.10. Автоматски прекинувачи 29
2.5.11. Склопници 30
2.5.12. FID (RCD) склопка 31
2.5.13. Моторно-заштитни склопки 32
2.5.14. Склопка ѕвезда-триаголник 32
2.5.15. Осигурувачи 33
2.5.15.1 Поим и правила за вградување на осигурувач 33
2.5.15.2. Поделба, принцип на работа и работни карактеристики 34
2.6. Елементи на електричниот развод 43
2.6.1. Степени на механичка заштита на елементите во електричните инсталации 45
2.7. Разводни системи во нисконапонските мрежи 46
3. ИЗВЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ИНСТАЛАЦИЈА 48
3.1. Постапки за изведување на електрична исталација 48
3.1.1. Изведба на инсталација под малтер без инсталациски цевки 48
3.1.2. Изведба на инсталација под малтер со инсталациски цевки 50
3.1.3. Изведба на инсталација над малтер 50
3.1.4. Изведба на инсталација во бетонски канали 51
3.1.5. Изведба на инсталација во метални канали 51
3.1.6. Електрични водови на носечко јаже 52
3.1.7. Електрични водови на кабелски регали 52
3.1.8. Собирнички развод 53
3.1.9. Изведување на електричните инсталации на места со опасност од експлозија 54
3.1.10. Куќен приклучок 54
3.1.10.1 Надземен куќен приклучок со голи спроводници 54
3.1.10.2. Надземен куќен приклучок со кабли 55
3.1.10.3 Подземен куќен приклучок 55
4. МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР 57
4.1. Симетрични компоненти на трифазен систем 57
4.2. Пресметка на куси врски во нисконапонскиот развод 58
4.3. Заштита од директен допир 55
4.4. Заштита од индиректен допир 61
4.5. Заштита од статички електрицитет 64
4.6. Заштита на објекти од удар на гром 64
4.7. Громобранска инсталација 65
4.7.1. Надворешна громобранска инсталација 65
4.7.2. Приниципи на надворешната громобранска инсталација 69
 
 
4.7.2.1. Заштитна зона на прифатниот систем 69
4.7.2.2. Природни компоненти на прифатниот систем 71
4.7.2.3. Спуштачки спроводници (одводи) 71
4.7.2.4. Громобрански заземјувачи 74
4.7.2.5. Пресметка на заземјувачи 76
4.7.2.6. Примери за изведување на надворешна громобранска инсталација 77
4.7.3. Внатрешна громобранска инсталација 78
4.7.3.1. Изедначување на потенцијалот внатре во објектот 79
5.ИСПИТУВАЊЕ НА ИСПРАВНОСТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА
ИНСТАЛАЦИЈА 80
5.1. Преглед на инсталацијата во тек на изведување на работите 80
5.2. Испитување на осветлението 80
5.3. Испитување на приклучниците 80
5.4. Испитување на громобранска инсталација 81
5.5. Испитување на разводната табла (разводниот ормар) 81
5.6. Проверка на инсталацијата во купатилата 82
5.7. Мерење на отпорот на заземјувањето 82
5.8. Мерење на отпорот на изолација на каблите 83
5.9. Отстранување на дефектите во електричните инсталации 84
6. ЕЛЕКТРИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ 85
6.1. Општи појмови 85
6.2. Електрични светлински извори 86
6.3. Светилки со метално влакно 86
6.4. Луминисценција 88
6.5. Светилки со метални пари 89
6.5.1. Живина светилка 89
6.5.2. Натриумови светилки 89
6.5.3. Компактни флуоресцентни светилки (енергетски ефикасни светилки) 89
6.6. Гасни светилки и светлински неонски цевки 93
6.7. Улога на светилките и препорачани нивоа на осветленост 93
6.8. Постапка за проектирање на внатрешното осветлeние 94
7. ПРОЕКТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ И ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО СТАМБЕН
ОБЈЕКТ 99
7.1. Проектна задача 99
7.2. Технички опис 100
7.3. Пресметка на осветлувањето 100
7.4. Димензионирање на каблите 102
7.4.1. Димензионирање на каблите од МРО-РТ 103
7.4.2. Димензионирање на каблите од ДПО1-МРО 104
7.4.3. Димензионирање на каблите од ДПО1-ДПО2 105
7.4.4. Димензионирање на каблите од ДПО2-ДПО3 106
7.4.5. Димензионирање на каблите од трафостаница-ДПО3 108
7.4.6. Димензионирање на каблите во станот 108
7.5. Проверка на падовите на напони 110
7.5.1. Проверка на падовите на напони од трафостаницата до ДПО3 110
7.5.2. Проверка на падовите на напони од ДПО3 до ДПО2 110
7.5.3. Проверка на падовите на напони од ДПО2 до ДПО1 110
7.5.4. Проверка на падовите на напони од ДПО1 до МРО 111
7.5.5. Проверка на падовите на напони од МРО до РТ 111
7.5.6. Проверка на падовите на напони во станот 111
7.6. Пресметка на струите на куси врски 112
7.6.1. Куса врска во трафостаницата 112
7.6.2. Куса врска на МРО 113
7.6.3. Куса врска на РТ 114
7.6.4. Куса врска на потрошувачи 115
ЛИТЕРАТУРА 116
1. ВОВЕД

Електричните инсталации се изведуваат во станбени објекти, службени простории,


индустрија, градилишта итн. Инсталациите се делат на следните видови:
електроенергетски, громобрански, телекомуникациски и сигнални.
Електроенергетските инсталации се изведуваат за да се овозможи напојување на
електричните потрошувачи со електрична енергија. Громобранската инсталација се
поставува со цел да се заштитат луѓето и објектот од штетното влијание на
атмосферското електрично празнење. Телекомуникациските инсталации
овозможуваат пренос на податоци. Постојат следните видови на телекомуникациски
инсталации: телефонски инсталации, инсталации на интерфон, инсталации на
заедничко радио и ТВ антена, инсталации на интерна телевизија, инсталации за
разглас итн. Во сигнални инсталации спаѓаат: инсталации за електрични ѕвонче,
инсталации за противпожарен систем, инсталации за повикување во хотели и
болници. Од погоре кажаното може да се забележи дека сигналните и
телекомуникациските инсталации се сродни и со понатамошен развој на техниката
може да се очекува нивно обединување. Електроенергетските и громобранските
инсталации спаѓаат во т.н. инсталации за јака струја, додека телекомуникациските и
сигналните инсталации се вбројуваат во инсталации за слаба струја.

1
 
 

2. ЕЛЕМЕНТИ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ИНСТАЛАЦИИ

2.1. Спроводници без изолација


Спроводници без изолација се метални жици и шипки со различен облик и пресек
без изолација. Се употребуваат во електричните постројки и за надземни воздушни
водови за пренос на електрична струја. За изработка на електрични надземни водови
се користат различни материјали, но од сите нив се бара да имаат добра електрична
спроводливост, голема механичка цврстина, добра обработливост, отпорност на
корозија и прифатлива цена. Сите наведени својства не секогаш можат да се најдат во
само еден материјал (т.н. хомогени спроводници), па често се применуваат
комбинирани спроводници кои се состојат од најмалку два различни материјала. Во
електричните постројки најчесто се користат правоаголни бакарни шипки (собирници)
за електрично поврзување на елементите на постројката. Пресекот на спроводникот ја
дефинира максимално дозволената струја која може да протече низ спроводникот.
Таа струја се нарекува номинална струја. Поголема струја од номиналната струја
може да протекува низ спроводникот, но само за кратко време. За изработка на
надземна телефонска мрежа се користат бакарни жици, а за електроенергетска
надземна мрежа спроводници од алуминиум и челик-алучел. Алучел е комбинација од
челични и алуминиумски жици. Челичните жици имаат голема затегната цврстина, а
алуминиунските жици се добри спроводници, така што и едните и другите ги даваат
добрите особини на овој вид на спроводна жица. Пресекот на алучел спроводникот е
прикажан на сл. 2.1 [1].

Сл. 2.1. Спроводник од алуминиумско-челична жица

Спроводниците можат да бидат изработени како жица или како јаже. По правило
спроводниците изработени како јаже се користат за пренос на поголеми електрични
моќности во надземните воздушни водови. Нивните пресеци се стандардизирани на
10, 16, 25, 35, 70, 95, 120, 150, 185, 240, 300 итн.
Други материјали од кои може да се изрaботуваат спроводниците се бакар и
алуминиум. Бакарот има најдобри електрични својства. Но, поради својата цена денес,
по правило, надземните водови се изработуваат од алуминиум. Алуминиумот има
поголем специфичен електричен отпор од бакарот што значи дека за да протече една
иста струја низ даденспроводник од бакар и алуминиум , алуминиумскиот спроводник
треба да има скоро двојно поголем напречен пресек од бакарниот. Алуминиумот е
полесен од бакарот, поефтин материјал во однос на бакарот, но поради поголемите
напречни пресеци потребно е поголемо користење на изолација. Алуминиумот е
осeтлив на механички влијанија и релативно лесно кородира.
Спроводниците во вид на хомогена жица се употребуваат само за кај
нисконапонските инсталации (инсталации за напон до 400 V) најчесто со напречен
пресек до 16 mm2.

2.2. Изолирани енергетски спроводници


Тие се употребуваат во електричната инсталација за пренос и распределба на
електричната енергија. Основни елементи се: жила, јадро, испонител и заштитна
обвивка. Спроводникот со изолација се нарекува жила. Спроводникот се изработува
од бакар или алуминиум , со кружен, јажест или секторски облик на пресек. Околу

2
 
 

спроводникот се нанесува слој изолација. Изолацијата може да биде од: импрегнирана


хартија, гума, природна свила, памук, восок, термопластични маси (поливинил-хлорид
– PVC, полиетилен) и вештачки синтетски влакна (најлон, перлон, орлон и сл.). Гумата
се добива преку процес на загревање на каучукот со сумпур. Оваа постапка се
нарекува вулканизација. Заради присуството на сумпур во гумата, бакарниот
спроводник мора прво да се поцинкува или обложи со калај за сумпурот да не го
нагриза спроводникот, па дури потоа се врши изолација на спроводникот со гума. Со
тек на време гумата старее, нејзиниот омски отпор се намалува и, за да се спречат
дефекти, гумата не се употребува во каблите кои се ставаат во земја. Гумата како
изолација денес се употребува само за изработка на спроводници преку кои се
приклучуваат преносливи потрошувачи. Термопластични маси се органски хемиски
соединенија кои се добиваат со хемиска реакција која се нарекува полимеризација.
Термопластичните маси се отпорни на солена вода, киселини, масла, горат во случај
кога се во непосредна близина до пламенот, но самиот пламен не се шири.
Спроводниците, кои се изолирани со термопластични маси, поднесуваат помали струи
на куса врска.

Сл. 2.2 Пример за изолирани спроводници


Најчесто користените материјали за изолација кај изолираните спроводници се:
поливинил хлорид (PVC), термопластичен полиетилен (PЕ), вмрежен полиетилен
(XLPE),стил-пропилен (EPDM), природна гума, нитрил-гума и силиконска гума.

3
 
 

Сл. 2.3 Пример за означување на изолирани спроводници

Сл. 2.4. Пример за означување на нисконапонските спроводници со бојата на


изолацијата

2.3 Кабли и кабелски прибор


2.3.1. Општи карактеристики на каблите
Основни електрични параметри на кабелот се:
- номинален напон- Un- напон за кој е проектирана изолацијата на кабелот;
- номинална струја In- дозволeно струјно оптоварување за соодветен тип на
кабел при работа во номинални услови;
- дозволено струјно оптоварување на кабелот It-најголема струја со која кабелот
може трајно да се оптовари во зависност од дозволеното загревање на кабелот
во однос на условите на неговото поставување (место, околина, растојание,
близина до останатите кабли, температура на околината..) и
- работен отпор, индуктивитет и капацитет на кабелот.
Предностите на кабелот во однос на надземните водови се: нема визуелна
деградација на просторот, имаат поголема работна доверливост земајќи во предвид
дека не се изложени на удари на гром и останати атмосферски влијанија и се
заштитени од намерно уништување.
Недостатоци на кабелот во однос на надземниот вод се: најчесто се со многу
поголема цена во однос на далековод, во случај на дефект потешко се наоѓа местото
на дефектот и е потребно повеќе време за негово отстранување.
Основни делови на кабелот се: фазниот спроводник, изолација, исполнител, заштитна
обвивка и надворешна обвивка. Фазните спроводници кај кабелот најчесто се
изработуваат во вид на јаже, а материјалот од кој се изаботени е бакар или
алуминиум. Изолацијата во кабелот се поставува на фазниот спроводник. Денес,

4
 
 

воглавно, се применува цврста изолација (иако за изолација на фазните спроводници


во кабелот може да се користи и гас или масло). Најкористен материјал за изработка
на цврста изолација е вмрежен полиетилен. Спроводната заштитна обвивка се
поставува над изолацијата на кабелот. Таа најчесто се изработува како обвивка од
кружни бакарни жици, преку кои во спротивна насока се мота бакарна лента или може
да биде направена само од две бакарни ленти. Над спроводната обвивка се поставува
надворешна обвивка. Обично, таа се изработува од некој изолационен материјал, на
пример PVC или обичен полиетилен, а служи за заштита на кабелот од надвoрешни
влијанија (механички оштетувања, влага...). Полиетиленот ги има истите добри
особини како и поливинил хлоридот, но има поголема отпорност кон повисока
температура споредено со поливинил хлоридот. Силиконот се користи како изолација
кај каблите кои напојуваат грејачи и секаде каде што е присутна висока температура.
Каблите според изведбата можат да се поделат на:
- трижилни (повеќежилни) кабли – во еден кабел се вградени три (или повеќе)
фазни спроводници, меѓусебно изолирани [1] и
- едножилен кабел- во кабелот се наоѓа еден фазен спроводник, а трифазниот
систем се добива со користење на три еднофазни кабли [1].

Сл.2.5. Едножилен кабел

Сл. 2.6. Трижилен кабел

Комплетната ознака на кабелот има седум делови, но во пракса најчесто се користат


скратени ознаки. На пример: кабел со три жили кои имаат попречен пресек од 2.5 mm2
а е изолиран со поливинил хлорид се означува со:

PP-Y 3X2.5 mm2


Најчесто употребувани кабли се: P/L, GG/J, P, P/F, PP-Y, PP/R, PP 00, PP41, PP44, TI,
Y(St)Y, X00/0-A и коаксиални кабли.

Каблите P/L се употребуваат за напојување на преносливи потрошувачи со помала

5
 
 

моќност (столни лампи, радио приемници итн.). Направени се од две жили со лицнест
спроводник. За напојување на преносливи потрошувачи, како што се електричните
шпорети, се користат каблите GG/J. Направени се од три или пет жили во зависност
дали напојуваат еднофазни или трифазни потрошувачи. Кабелот P има една жила со
полн спроводник и се користи за ожичување во електричните ормари. Каблите P/F
имаат една жила и најчесто се користат за галванско изедначување на потенцијалот.
Каблите PP-Y и PP/R се користат за изведба на електрична инсталација за низок
напон. Кабелот PP-Y е со кружни спроводници, а PP/R со спроводници со плоснат
напречен пресек. Кабелот PP-Y е поквалитетен споредено со кабелот PP/R. (слика
2.7).

a) PP/R b) PP-Y

Сл. 2.7. Напречен пресек на кабел PP-Y и кабел PP/R

Кабелот PP/R не смее да се користи во влажни простории, на пример, бањи и


подруми и не смее да се поставува директно на дрво. Кабелот PP-Y смее да се
користи во влажни простории и смее да се поставува на дрво. Каблите PP-Y и PP/R се
изработуваат како трижилни и петжилни. Трижилните се користат за напојување на
еднофазни потрошувачи, а петожилните за напојување на трифазни потрошувачи. Кај
трижилните кабли излоацијата на фазниот спроводник (L) е со црна боја, изолацијата
на неутралниот спроводник (N) е со сина боја, а заштитниот спроводник (PE) е со
жолто-зелена боја. Петожилните кабли имаат два фазни спроводника, еден со
кафеава, а еден со црвена боја. Имајќи во предвид дека петожилните кабли имаат два
црни проводника, тие се разликуваат по поставеноста во кабелот. Едниот спроводник
е во средина на кабелот, а едниот на периферијата. Кабелот PP-Y не смее да биде
изложен директно на сончева светлина. Таму каде има сончева светлина треба да се
користи кабелот PP 00. За кабелот PP-Y се користи и ознаката PGP и NYM. Каблите
PP 00, PP 41 и PP 44 се користат за напојување на потрошувачи со голема моќност.
Кабелот PP 00 има заштитна обвивка од поливинилхлорид, додека каблите PP 41 и
PP44 имаат метална обвивка што ги прави поотпорни на механички напрегнувања.
Кабелот PP 44 е отпорен и на агресивни средини така да може да се поставуваат и во
реки и мориња. Каблите TI се користат за изведување на телефонска инсталација, а
каблите Y(St)Y за пренос на податоци со брзина до 100Mbit/s. За поголеми брзини на
пренос на податоци се користат каблите UTP, FTP, и STP. Каблите X 00-A и X 00/0-A
имаат спроводници од алуминиум, а изолација од полиетилен. Каблите X 00/0-A за
разлика од X 00-A имаат носечко јаже. Се користат за нисконапонски надземни
приклучоци за куќи. Коаксијални каблови со импеданса од 75  се користат за
антенски инсталации и кај одредени видови на компјутерски мрежи. Означувањeто на
каблите е дадено на сл. 2.8.

Според начинот на поставување каблите се делат на:


- подземни кабли,
- подморски кабли и
- воздушни кабли.

6
 
 

Сл. 2.8. Означување на кабли

2.3.2 Пресметка на дозволено време на протекување на струја на куса врска низ


кабелот

Поради протекување на електрична струја низ спроводниците доаѓа до нивно


загревање, а, исто така, и до загревање на изолацијата. Тоа е особено штетно во
случаи на куса врска кога низ каблите течат многу јаки струи при кои може да дојде до
загревање на изолацијата. Времето до кое може да тече струја на куса врска, а да не
дојде до оштетување на кабелот се пресметува по формулата:

k S 2
tz  ( ) (s) (2.1)
I ks
Каде S [mm2] е површината на напречниот пресек на спроводникот
Iks [A] – струјата на куса врска
к – коефициент кој зависи од видот на кабелот и изнесува:

к=115 за изолација од поливинил хлорид (PVC)


k=134 за изолација од гума
к=143 за изолација од полиетилен

Во општ случај к се пресметува од:

c  T
к (2.2)

Заштитниот уред поставен на кабелот мора да реагира во време пократко од времето
tz за да не дојде до прегорување на изолацијата на кабелот.

Пример 2.1
Бакарен кабел изолиран со поливинил хлорид со напречен пресек од S=50 mm2 е
оптоварен со струја на куса врска Iks= 5kA. Да се пресмета максималното дозволено
траење на струјата на куса врска.

7
 
 

k  S 2 115  50 2
tz  ( ) =( ) = 1,32 [s]
I ks 5000

2.3.3. Трајно дозволени струи на изолирани спроводници и кабли

При протекување на струја низ спроводниците доаѓа до нивно загревање при што
мора да се внимава температурата на спроводниците да не ја надмине дозволената
температура која е дефинирана со стандардот МКС Н.Б.2.752. Тие темпeратури
зависат од типот на употребената изолaција и нивните вредности се:
- 70C за изолација од поливинил хлорид или гума;
- 90C од вмрежен полиетилен или етилен-пропилен;
- 70C на обвивката при минерална изолaција и обвивка од поливинил хлорид
или метал и во случај кога каблите се допираат и
- 105C на изолацијата, ако изолацијата е минерална, ако обвивката е метална и
ако каблите не се допираат.

2.3.4. Видови на електричен развод

При одредување на напојниот кабел кон одреден потрошувач мошне е важно да се


определи и начинот на неговото поставување, односно условите во кои е инсталиран
и работи. Со стандардот МКС H.Б2.752 се дефинирани повеќе типови на електричен
развод означени со големи латински букви.
Развод од тип А значи дека изолираните спроводници се поставени во
инсталациска цевка во термички изолиран ѕид чија надворешна површина не
пропушта вода [2]. Има термичка изолaција и внатрешна облога (на пример, од дрво
или материјал со слична термичка спроводливост), така што ѕидот има термичка
спроводливост од 10W/(mK). Во ваков ѕид инсталациските цевки се вградуваат што е
можно поблиску до внатрешната облога, но не мора да ја допираат. Притоа, се смета
дека топлината што се ослободува од изолираните спроводници и кабли минува само
низ внатрешната облога. Дозволените струи за разводот А важат и за разводите А1 и
А2. Тие се карактеризираат со:
А1- повеќежилен кабел поставен директно во цевка или во термички изолиран ѕид.
А2- изолирани спроводници во инсталациска цевка во затворен канал.

Сл. 2.9. Развод тип А Сл. 2.10. Развод тип B

Електричниот развод од типот B се карактеризира со поставени спроводници во


инсталациска цевка на ѕид (сл. 2.9). Еднакви дозволени струи имаат и разводите B1,
B2 и B3. Тие разводи се карактеризираат со:
B1- изолирани спроводници во инсталациски канал на ѕид;
B2- изолирани спроводници во инсталациска цевка која се наоѓа во канал со
вентилација;
B3- изолирани спроводници, едножилни и повеќежилни кабли во инсталациска
цевка во неизолиран ѕид или инсталациски простор.
Кај електричниот развод од типот C, повеќежилен кабел е поставен во ѕид, при што
растојанието помеѓу кабелот и ѕидот е помало од дијаметарот на кабелот помножен
со 0.3. (сл. 2.11). Еднакви струи на овој развод имаат разводите: C1, C2, C3, C4, C5 и
C6. Одлики на тие разводи се:

8
 
 

C1-едножилен кабел на ѕид, под или таван;


C2-повеќежилен кабел во неизолиран ѕид;
C3-повеќежилен кабел на под;
C4-едножилен или повеќежилен кабел во отворен канал или канал со
вентилација;
C5-повеќежилен кабел во инсталациски канал или во инсталациска цевка во
воздух или во допир со ѕидовите и
C6- флексибилен повеќежилен кабел поставен во воздух или на под.
Кај електричниот развод од типот D повеќежилен кабел е поставен во кабленица во
земјата (сл. 2.12). Еднакви дозволени струи како разводот од типот D имаат
разводите: D1 и D2. Карактеристики на разводите D1 и D2 се:

D1- едножилен кабел во кабелница во земја и


D2-едножилен или повеќежилен кабел вкопан во земја.

Кај разводите D, D1 и D2 се подразбира земја со термичка отпорност 2,5 Кm/W и


длабочина на вкопување од 0,7 m. Ако земјата има помала термичка отпорност, тогаш
директно вкопаните кабли можат да бидат оптоварени со поголеми струи.

Сл. 2.11. Развод од типот C Сл. 2.12. Развод од типот D

За разводот од типот Е карактеристично е што кај него повеќежилните кабли се


поставени во воздух (Сл. 2.12.) при што растојанието од кабелот до ѕидот и каблите е
поголемо од дијаметарот на кабелот. Топлината се одведува со природна конвекција.

Сл. 2.13. Развод од типот Е Сл.2.14. Развод од типот F

Кај разводот од типот F едножилните кабли се поставени во воздух (Сл. 2.14.).


Притоа каблите меѓусебно се допираат, а растојанието меѓу ѕидот и каблите e
поголемо од дијаметарот на кабелот. Топлинатa се одведува со природна конвекција.
Збирно различните видови на развод се прикажани во табела 2.1.

9
 
 
Табела 2.1. Различни видови на развод кај нисконапонските инсталации
Тип на развод Опис
А изолирани спроводници (во или без изолациска
цевка) поставени во изолиран ѕид

B изолирани спроводници (во или без изолациска


цевка) поставени во неизолиран ѕид

C кабeл на ѕид, под или плафон или во неизолиран


ѕид

D кабли во ров во земја или во кабелски блоковици


(кабелници)

E повеќежилен кабел во воздух (d>0,3D)

F повеќежилен кабел во воздух (d>D)

2.3.5. Трајно дозволени струи кај спроводници и кабли

Во стандардот МКС Н.Б2.752 се утврдени трајно дозволените струи за секој тип на


развод, вид на изолација и број на оптоварени жили (спроводници). Според тој
стандард се дадени табелите 2.2. до 2.5 кои се однесуваат за спроводници и кабли со
изолација од поливинил-хлорид, природна гума или вмрежен полиетилен.
Во табела 2.2. се дадени трајно дозволените струи за електрични разводи од
типот A,B,C,E и F, во случаи кога изолацијата е поливинил-хлорид, природна гума или
вмрежен полиетилен, а бројот на оптоварени спроводници е два или три.
Во табела 2.3. се дадени трајно дозволените струи за електричен развод од
типот D кога изолацијата е поливинил-хлорид, природна гума или вмрежен
полиетилен и кога бројот на оптоварени спроводници е два или три.
Вредностите на трајно дозволените струи, се дадени во табелите 2.2. и 2.3., а
се однесуваат на температура на околината од:
- 30C- за изолирани спроводници и кабли поставени во воздух, без оглед на тоа
на каков начин се поставени и
- 20C- за кабли вкопани во земја или поставени во кабелници.
Под температура на околината се подразбира температурата на средината што го
опкружува изолираниот спроводник или кабел во услови кога тој не е оптоварен.
Ако температурата на околината не е еднаква на 30C, а се работи за еден од
разводите A,B,C,E или F, тогаш вредноста на трајно дозволената струја треба да се

10
 
 

помножи со соодветен корекциски фактор даден во Табелата 2.2.


Во случај на развод од типот D, ако температурата на околината не е еднаква
на 20C, вредноста на трајно дозволената струја од табела 2.5. треба да се помножи
со соодветен корекциски фактор од табела 2.6.
При поставуавање на група од неколку струјни кола, односно неколку
повеќежилни кабли, неопходно е претходно определените трајно дозволени струи за
поединачно поставување да се помножат со соодветен корекциски фактор од табела
2.4. Факторите за корекција за групен електричен развод дадени во табела 2.4. се
определени под претпоставка дека сите спроводници се во стационарен режим и дека
сите се оптоварени со трајно дозволени струи за соодветните услови на поставување.
Во табелите 2.3. и 2.5. се користи терминот „оптоварена жила“ и значи исто што
и терминот „оптоварен спроводник“. Така се нарекува секоја од спроводникот/кабелот
низ која протекува струја во стационарен погон. Кај урамнотежени полифазни системи
неутралниот спроводник не се смета за оптоварен спроводник бидејќи низ него не
протекува струја. Меѓутоа, таму каде во неутралниот спроводник постои струја без
соодветно намалување на струите во фазните спроводници, неутралниот спроводник
ќе се смета за оптоварен спроводник [2].
Сроводниците кои се користат за заштита (PE спроводници) не се сметаат за
оптоварени спроводници.
Заштитно-неутралните спроводници (PEN) се третираат на ист начин како и
неутралните спроводници.
Во случаи кога спроводникот минува низ траса со различни услови на ладење,
трајно дозволената струја се одбира според делот од трасата со најлоши услови за
ладење. Прв основен критериум за избор на типот и пресекот на изолиран
спроводник или кабел во едно струјно коло е неговата трајно дозволена струја да
биде помала од очекуваната погонска струја во струјното коло, односно да биде
задоволена релацијата:
погонска (проектирана) струја  трајно дозволената струја
Втор основен критериум за избор на типот и пресекот на изолиран
спроводник или кабел за еден електричен вод е загубата на напонот на крајот на
водот да биде во дозволените граници.
Освен наведените два основни критериума, во некои случаи постојат и дополнителни
критериуми. Така на пример: кај TN системите заштита може да биде изведена со
автоматско исклучување на напојувањето. Во случај на пробив на изолацијата помеѓу
еден од фазните спроводници и изложените делови на електричниот приемник,
неопходно е сигурно дејствување на заштитниот уред. Тоа ќе се постигне ако струјата
на грешка не биде помала од струјата која е потребна за заштитниот уред да
дејствува за едно одредено време.

Табела 2.2. Корекциски фактори за температурата на околината за разводите A,B,C,E или F


Температура на Корекциски фактор
околината во C При изолација од При изоалција од вмрежен
поливинил-хлорид полиетилен или етилен-
пропилен
10 1,22 1,15
15 1,17 1,12
20 1,12 1,08
25 1,06 1,04
30 1,00 1,00
35 0,94 0,96
40 0,87 0,91
45 0,79 0,87
50 0,71 0,82
55 0,61 0,76
60 0,50 0,71
65 / 0,65
70 / 0,58
75 / 0,50
80 / 0,41

11
 
 
Табела 2.3. Трајно дозволени струи за електричен развод од типот A, B, C, E и F
Вид на Број на Трајно дозволена струја за развод (во ампери)
изолација оптоварени
жили
Поливинил- 2 А B C E,F
хлорид или 3 A B C E,F
природна
гума
Вмрежен 2 A B C E,F
полиетилен 3 A B C E,F
Материјал и номинален 1 2 3 4 5 6 7 8 9
пресек во mm2
1 10,5 11 12 13,5 14,5 17 18 19 21
1,5 13 14,5 15,3 17 18,5 22 23 24 26
2,5 18 19,5 21 23 25 30 32 33 36
4 24 26 28 31 34 40 42 45 49
6 31 34 36 40 43 52 54 58 66
10 42 46 50 54 60 71 75 80 86
16 56 61 68 73 80 96 100 107 115
БАКАР 25 73 80 89 95 101 119 127 138 149
35 / / / 117 126 147 157 171 185
50 / / / 141 153 153 179 192 225
70 / / / 179 196 229 246 269 289
95 / / / 216 238 278 268 328 352
120 / / / 249 276 322 346 382 410
150 / / / 285 318 371 399 441 473
185 / / / 324 362 424 456 506 542
240 / / / 380 424 500 538 599 641
1 8 8,5 9,5 11 11 13 13,5 15 16
1,5 10 11 12 14 14 16,5 17,5 19 21
2,5 14 15 16,5 19 19,5 23 24 26 28
4 19 20 22 25 26 31 32 35 38
АЛУМИНИУМ 6 24 26 28 32 33 39 42 45 49
10 32 36 39 43 45 54 58 62 67
16 43 48 53 58 61 73 77 83 91
25 57 63 69 76 78 89 97 101 108
35 / / / 94 96 111 120 126 135
50 / / / 113 117 135 147 154 165
70 / / / 142 150 173 187 198 211
95 / / / 171 182 210 227 241 257
120 / / / 197 212 244 263 280 300
150 / / / 226 245 282 302 324 346
185 / / / 256 280 322 346 371 397
240 / / / 300 330 380 409 439 470

Табела 2.4. Корекциски фактори за групи од неколку струјни кола или неколку повеќежилни
kабли (к2) поставени еден до друг за развод A,B,C,D,E или F
Начин на Корекциски фактор за даден број на струјни кола или повеќежилни кабли
поставување
на каблите
1 2 3 4 6 9 12 15 20
Вкопани или 1,00 0,80 0,70 0,70 0,55 0,50 0,45 0,40 0,40
затворени
Еден слој на 1,00 0,85 0,80 0,75 0,70 0,70 / / /
ѕидови, подови
или на
неперфорирани
полици
Едем слој на 0,95 0,80 0,70 0,70 0,65 0,60 / / /
плафон
Еден слој на 1,00 0,90 0,80 0,75 0,70 0,70 / / /
перфорирани
полици
Еден слој на 1,00 0,85 0,80 0,80 0,80 0,80 / / /
носечки куки и
слично

12
 
 
Табела 2.5. Трајно дозволени струи за електричен развод од типот D
Материјал Номинален Трајно дозволени струи (во ампери) за различни видови
пресек во изолација на жилите и за различен број на оптоварени жили
mm2 PVC или гума Вмрежен полиетилен
Две жили Три жили Две жили Три жили
1 2 1 2
1,5 22 18 26 22
2,5 29 24 34 29
4 38 31 44 37
6 47 39 56 46
10 63 52 73 61
16 81 67 95 79
25 104 86 121 101
35 125 103 146 122
50 148 122 173 144
БАКАР 70 183 151 213 178
95 216 179 252 211
120 246 203 287 240
150 278 230 324 271
185 312 257 363 304
240 360 297 419 351
300 407 336 474 396
1,5 17 14 20 16,5
2,5 22 19 26 22
4 29 24 34 29
6 36 30 42 36
10 48 40 56 47
16 62 52 73 61
25 80 66 93 78
35 96 80 112 94
50 113 94 132 112
70 140 117 163 138
95 166 138 193 164
120 189 157 220 186
АЛУМИНИУМ
150 213 178 249 210
185 240 200 279 236
240 277 230 321 272
300 313 260 364 308

Табела 2.6. Корекциски фактори за температурата (к1) на околината за развод од тип D


Температура на Корекциски фактор
околината во C При изолација од При изоалција од
поливинил-хлорид вмрежен полиетилен или
етилен-пропилен
10 1,10 1,07
15 1,05 1,04
20 1,00 1,00
25 0,95 0,96
30 0,89 0,93
35 0,84 0,89
40 0,77 0,85
45 0,71 0,80
50 0,63 0,76
55 0,55 0,71
60 0,45 0,65
65 / 0,60
70 / 0,53
75 / 0,46
80 / 0,38

2.3.6. Падови на напон и примери за избор на кабли


Напречниот пресек на кабелот се избира според два критериума: падот на напонот
во кабелот и струјното оптоварување на кабелот. Ако се спореди спроводникот со
водоводна цевка, падот на напонот на спроводникот можеме да го споредиме со падот

13
 
 

на притисокот низ водоводната цевка, а струјното оптоварување со протокот. Доколку


низ многу тесна цевка сакаме да пропуштиме голема количина вода, доаѓа до пукање
на цевката. Аналогно, ако низ претенок спроводник сакаме да пропуштиме голема
струја, доаѓа до прегорување на спроводникот. Исто така, при пресметка на струјното
оптоварување треба да се земе во предвид и постојаноста на работата на
потрошувачите бидеќи не е сеедно дали потрошувачот е постојано во погон (вклучен)
или имаме само повремена вклученост во работа. За таа цел се воведува
коефциентот на едновременост:
n
I jm  K jm  I i (2.3)
i 1
n
Pjm  K jm  P1 (2.4)
i 1
каде Ijm е струјата на при едновремено вклучување на n потрошувачи. Ii е струјата низ
секој од потрошувачите, Pjm е моќноста потребна за напојување на n едновремено
вклучени потрошувачи, Pi е моќноста на секој од потрошувачите. Кај производните
погони коефициентот на едновременост зависи од технолошкиот процес во нив и се
искажува емпириски врз основа на стекнатото искуство или, пак, со детална анализа
на процесите во нив. Искуствените бројни вредности можат да се најдат во разни
прирачници. За станбените објекти едновремената максимална моќност со n станови
со приближно иста инсталирана моќност се пресметува според:
Pjm  k jm (n)nPjm' (2.5)

Pjm – едновремена максимална моќност на еден стан.
Коефициентот на едновременост за објект со n такви станови
1  k
k jm n   k  k  0.25 (2.6)
n
Ориентационо факторите на едновременост се дадени во табела 2.7. [3].

Табела 2.7. Фактор на едновременост


Опис Фактор на едновременост
училници, продавници 1,0
мали станови 1,0-0,9
двособни станови 0,8
трисобни станови, канцеларии 0,7-0,75
електромоторни погони 0,3-0,6
Според важечките прописи, дозоволен е пад на напон од 3% на кабли кои го
напојуваат осветлувањето, а 5% за сите останати потрошувачи. Процентуалниот пад
на напон се пресметува според:
U
u  100 [%]
U
Каде:
U [V] – апсолутен пад на напон
U [V]- напон на изворот

Пресметката на падот на напонот за еднофазен систем се врши по формула:


2    l  I  cos 
U  100 или (2.7)
Un  S
2  l  P
U  100 (2.8)
U n2  S
За практични пресметки во формулата (2.8.) можат да се стават специфичниот
електричен отпор за бакарот и алуминиумот како и напонот од 220 V и ако моќноста
во формулите (2.9) и (2.10) се внесува директнo во kW се добива:

14
 
 

0,0741  l  P
U  [%] пад на напон во проценти за еднофазен бакарен спроводник (2.9)
S
0,119  l  P
U  [%] пад на напон за еднофазен алуминиумски спроводник (2.10)
S

Пресметката на падот на напонот за трифазен систем се добива од:

3    l  I  cos 
U  100 (2.11)
Un  S
 l  P
U  2 100 (2.12)
Un  S

Каде:  - специфичниот електричен отпор на спроводникот во mm2/m.


l –должината на водот во метри
S- напречниот пресек на спроводникот во mm2
P-електрична моќност во вати
Un-номинален напон во волти

Со слично размислување како кај еднофазен систем се добиваат скратените формули


за падовите на напоните во трифазен систем:

0,0124  l  P
U  [%] пад на напон во проценти за трифазен бакарен спроводник (2.13)
S
0,02  l  P
U  [%] пад на напон за трифазен алуминиумски спроводник (2.14)
S

За бакарот специфичниот електричен отпор изнесува:  cu  0,01793 mm2/m, за


алуминиум:  al  0,0288 mm2/m. Ако не може да се занемари индуктивност на
кабелот, формулите се видоизменуваат и во нив се појавуваат подолжната отпорност
и рактанса на каблите-Rl и Xl.
Фромулата (2.15.) го дава падот на напонот за еднофазен систем, додека формулата
(2.16.) го дава за трифазен систем. Подолжната отпорност и реактанса на каблите
зависат од напречниот пресек на спроводниците во кабелот и од видот на
изолацијата. Истите се дадени во табела 2.8. и 2.9.

2l  P
U [%]  Rl  X l  tg   100 (2.15)
U n2
lP
U [%]  2 Rl  X l  tg   100 (2.16)
Un

Последниве две формули наоѓаат примена при практични пресметки на електрични


инсталации.

Пример 2.2. Да се пресмета процентуалниот пад на напон ако апсолутниот пад на


напон е U=11,83 V а мрежниот напон U=400 V.

U 11,83
u  100   100  2,958%
U 400

15
 
 
Табела 2.8. Отпор на кабелот во функција од пресекот
Номинален Најмал број на Надворешен Најголем отпор на спроводникот при 20C
пресек жици во дијаметар на Бакарни спроводници Алуминиумски
2
mm спроводникот спроводникот Со метал Голи жици спроводници
mm обложени жици (/km) (/км)
(/km)
1 7 1,2 18,2 18,1
1,5 7 1,5 12,2 12,1
2,5 7 2,01 7,56 7,41
4 7 2,5 4,70 4,61 7,41
6 7 3,1 3,11 3,08 4,61
10 7 4 1,84 1,83 3,08
16 7 5,1 1,16 1,15 1,91
25 7 6,4 0,734 0,727 1,20
35 7 7,5 0,529 0,524 0,868
50 19 8,9 0,391 0,387 0,641
70 19 10,7 0,270 0,268 0,443
95 19 12,6 0,195 0,193 0,320
120 37 14,2 0,154 0,153 0,253
150 37 15,7 0,126 0,124 0,206
185 37 17,6 0,1 0,0991 0,164
240 61 20,2 0,0762 0,0754 0,125
300 61 22,7 0,0607 0,0601 0,100
400 61 25,6 0,0475 0,0470 0,0778

Табела 2.9. Реактанси на кабелот во функција од пресекот


Пресек PVC XPE
(mm2)
1 kV 1 kV
3-жилен 4-жилен 3-жилен 4-жилен
(/km, фаза) при 50 Hz
1,5 0,108 0,115 0,103 0,108
2,5 0,104 0,110 0,096 0,101
4 0,1 0,107 0,091 0,096
6 0,094 0,100 0,085 0,09
10 0,088 0,094 0,08 0,085
16 0,083 0,09 0,077 0,081
25 0,08 0,086 0,077 0,081
35 0,077 0,083 0,073 0,08
50 0,074 0,083 0,072 0,076
70 0,074 0,082 0,071 0,075
95 0,072 0,082 0,069 0,073
120 0,072 0,08 0,069 0,073
150 0,072 0,08 0,069 0,073
185 0,072 0,08 0,069 0,072
240 0,072 0,079 0,069 0,072
300 0,072 0,079 0,068 0,072

Пример 2.3. Да се пресмета падот на напонот на трифазен бакарен кабел со пресек


S=120 mm2 и должина 160 m со кој се напојува потрошувач со моќност P=116 кW

Согласно формула 2.12. се добива:


 l  P 0,01793  160  116  103
U  100   1,9 %
U n2  S 3802  120
Ако постојат повеќе потрошувачи, падот на нaпонот на крајот од водот се смета како
сума на падови на напони на поединечните делници од водот:

16
 
 

Сл. 2.14. Пад на напон кај вод кој напојува повеќе потрошувачи

За пресметка на струјата кај еднофазни и трифазни потрошувачи се користи формула:


P
I [ A] - еднофазен потрошувач (2.17)
U f cos 
P
I [ A] - трифазен потрошувач (2.18)
3U l cos 
Каде:
P[W]- моќноста на потрошувачот
cos- факторот на моќност на потрошувачот
Uf- фазен напон
Ul- линиски напон

Пример 2.4 Да се пресмета струјaта на еднофазен потрошувач со моќност P=2500 W,


фактор на моќност cos=0,7 при фазен нaпон Uf=230 V.

P 2500
I   15,5 [A]
U f  cos  230  0.7
Пример 2.5. Да се пресмета струјата на трифазен потрошувач со моќност 116 kW,
фактор на моќност 1,0 при линиски напон од 400 V.
P 116000
I   167,4 [A]
3  U l  cos  3  400  1
Вака пресмeтаната струја мора да се подели со корекциски фактори доколку се
поставуваат повеќе каблови во кабелски канал или ако температурата на околината
одстапува од 30C. Kоригираната вредност на температурта се пресметува според
формулата:
I
Iz  (2.19)
k1  k2
k1 и k2 корекциски фактори согласно табела 2.2 односно 2.4 и 2.6.
Кога се работи за напојување на електрични мотори коригираната струја
дополнително се зголемува за 50%. Ова е неопходно затоа што моторите при своето
тргање во работа повлекуваат неколкупати поголема струја отколку при номинален
режим на работа. За вака добиената струја се отчитува кој кабел со својот напречен
пресек може да задоволи, односно да ја спроведе потребната струја.
Во стандардот DIN ВDE T430 5.5.1 постои исклучок за кабли кои напојуваат
трифазни проточни бојлери. За напојување на трифазни проточни бојлери важи
табела 2.10.

Табела 2.10. Кабли за напојување на трифазни проточни бојлери


Пресек Тип на развод
[mm2]
А B1 B2 C E F
4 / / / 40 A 40 A 40 A
6 40 A 40 A 40 A 50 A 50 A 50 A
10 50 A / / / / /

17
 
 

Пример 2.6. Да се одреди пресекот на бакарен кабел за напојување на еднофазна


приклучница од 16 А, ако кабелот е инсталиран под малтер во цевка на околна
температура од 40C а вкупната должина на кабелот е 17m.

Дозволениот пад на напон е 5 % така што минималниот пресек на кабелот мора да


биде:

0,0741  l  P
U  100 или оттука следува:
S
0,0741  l  P 0,0741  l  U  I  10 3 0,0741  17  220  16  10 3
S    0,89 mm2
U U 5
Коригирана вредност на струјата е:
I 16
Iz    18.3 [A]
k1k2 1  0,87
Корекциските фактори се отчитуваат од табела 2.2 за температура од 40C, и од
табела 2.4. за вкопан единечен кабел.
Откако е одредена струјата, пресекот на кабелот го отчитуваме од табела 2.3. за тип
на развод B, прва поголема трајно дозволена струја поголема од 18.3 А е 23 А што
одговара на пресек од 2.5 mm2.

Пример 2.7. Да се одреди кабелот за напојување на електромотор со моќност P=7,5


kW, со коефициент на полезно дејство на моторот =0.82 и фактор на моќност
cos=0.80. Должината на кабелот l=35m, а се инсталира на кабелски регал покрај шест
други кабли на температура од 40C.
Електричната моќност на моторот е:
P 7,5
Pel    9,1 kW
 0,82
Дозволениот пад на напон е 5% така што минималниот пресек на кабелот мора да
биде (формула 2.11):
3  0,0124  l  Pel 3  0,0124  35  9,1
S   2,37 mm2
U 5
Коефициентот 3 е ставен заради трипати поголема струja при тргнување на моторот
во работа.
Струјата на моторот се пресметува од:
Pel 9100
I   17,3 [A]
3U l cos  3  380  0,8
Коригирана вредност на струјата е:
I 17,3
Iz    28.4 [A]
k1k2 0,7  0,87
Оваа вредност на струја ја зголемуваме за 50 %
I z1  1,5  I z  1,5  28,4  42,6 [A]
Кабелот припаѓа на тип на развод C и за него од табела 2.3. отчитува пресек на кабел
од 10 mm2.
Пример 2.8. Да се определи кабелот за напојување на електромотор со моќност P=7,5
kW со коефциент на полезно дејство на моторот =0,86, фактор на моќност на
моторот cos=0.84. Должината на кабелот l=15m, а се инсталира над малтер на
темература на околината од 35C.

Електричната моќност на моторот е:


P 7,5
Pel    8,7 [kW]
 0,86

18
 
 

Дозволениот пад на напон U=5%, па минимaлниот пресек на кабелот мора да биде:


3  0,0124  l  Pel 3  0,0124 15  8,7
S   0,97 mm2
U 5
Коефициентот 3 е ставен заради трипати поголема струja при тргнување на моторот
во работа.
Струјата на моторот се пресметува од:
Pel 8700
I   15,4 [A]
3U l cos  3  380  0,86
Коригирана вредност на струјата е:
I 15,4
Iz    16.4 [A]
k1k2 1  0,94
Оваа струја се зголeмува за 50%:
I z1  1,5  I z  1,5  16,4  24,6 [A]
Кабелот припаѓа на тип на развод Е. Од табела 2.3. отчитуваме пресек на кабел од 2,5
mm2.
Пресекот на заштитниот спроводник се определува од 2.11.

Табела 2.11. Определување на пресекот на заштитниот спроводник


Пресек на фазен спроводник S [mm2] Најмал пресек на
заштитниот спроводник Sp
[mm2]
S16 S
16 S35 16
S35 S/2
Дозволените падови на напони се дефинирани со следниве правила:
- За струјно коло на осветлување дозволениот пад на напон е 3%, додека за
останатите струјни кола изнесува 5% ако инсталацијата се напојува од
нисконапонската мрежа.
- За струјното коло на осветлување изнесува 5%, а за останатите потрошувачи 8
% ако инсталацијата се напојува од трафостаница која е непосредно
приклучена на висок напон.

2.3.7. Кабелски прибор


Кабелскиот прибор го сочинуваат следниве елементи:
- кабелски капи,
- кабелски глави,
- кабелски спојници,
- кабелски папучи,
- кабелски опфатници и
- кабелски воведници.
Кабловската капа се употребува како привремена заштита на краевите на кабелот од
продирање на влага која може штетно да влијае врз кабелот. Се изработува од
кабелска маса со која се залива крајот на кабелот. Кабловската глава е трајна заштита
на кабелот од продирање на влага, а воедно овозможува да се отвори крајот на
кабелот и жилите да се подготват за спојување.

Сл. 2.16. Пример за кабловска глава

19
 
 

Кабловските спојници се употребуваат за спојување на каблите. Долго време биле во


употреба метални спојници, а денес сè повеќе се користат спојници од смоласти маси.
Еден пресек на метална спојница е даден на сл. 2.17.

Сл.2.17. Кабелска спојница

Спојувањето на спроводниците се врши со лемење или со кабловски чаури, после што


спојницата се залева со кабловска маса за да се изолира. Кај спојниците од смолести
маси не се врши залевање.Постојат топлособирачки и ладнособирачки спојници од
смолести маси. Топлособирачките спојници со загревање се слепуваат за кабелот.
Слепувањето на ладнособирачките спојници се врши по хемиски пат. Кабелските
папучи се користат за спојување на каблите во електричните ормари. Некои од нив се
прикажани на сл. 2.18.

Сл.2.18. Кабелски папучи

Спојните чаури служат за спојување на спроводници. Двата краја на спроводникот се


вовлекуваат во чаурата со што се остварува спој на спроводникот.

Сл. 2.19. Кабелска спојница Сл. 2.20. Кабелска опфатница

За прицврстување на кабловите на метални шипки се користат еластични


опфатници изработени од лимена лента обложена со пластика.
Кабловската воведница служи за внесување на каблите во електричните
ормари. Се изработуваат од метал и пластика, а имаат улога да го штитат кабелот од
оштетување и да овозможат затворање на влезот на кабелот во ормарот.

Сл. 2.21. Кабелска воведница

20
 
 

2.4. Приклучни уреди

Приклучните уреди се користат за спојување на подвижните потрошувачи како


што се: електрични пегли, ТВ апарати, апарати за заварување итн. Според намената
приклучните уреди се поделени на:
1) приклучници,
2) вовлекувачи,
3) преносливи преклучници и
4) Т-вовлекувачите.
Приклучниците, според начинот на монтажа, се делат за монтажа над ѕид или во ѕид
(сл. 2.22.)

(а) (б) (в)


Сл.2. 22. Приклучници: (а)- еднофазна монтажа во ѕид, (б) еднофазна на ѕид (в)
трифазна [3]

Приклучниците можат да бидат и преносни што овазможува приклучување на


потрошувачи на различни растојанија. Според бројот на фази се делат на: еднофазни
и трофазни, а според степенот на заштита на: незаштитени, приклучници за влажни
простории и приклучници за простории со експлозивни смеси. Посебен вид на
приклучници се приклучниците со вградена наднапонска заштита.

(а)приклучница со наднапонска заштита (б) преносна приклучница

Сл. 2.23. Напречен пресек на приклучница

21
 
 

Денес се во употреба многу уреди кои се осетливи на зголемувањето на напонот. Тоа


се: компјутерите, ТВ уредите и други електронски уреди. За ваквите уреди да се
заштитат, се препорачува користење на приклучници со наднапонска заштита. Овие
приклучници имаат заштитен осигурувач кој прегорува при зголемување на напонот.
За да знаеме дали осигурувачот е исправен, во приклучницата се вградува контролна
лампа.
За телефонски и телевизиски инсталации постојат посебни приклучници.
Воглавно, ова се приклучни уреди за мали напони до 42 V. Пo својот изглед тие се
разликуваат од приклучниците монтирани на енергетските инсталации.

(а) (б)
Сл. 2.24. Приклучници за (а) телефон (б) антена [3]

Вовлекувачите се подвижниот дел од приклучниот уред. Обликот на вовлекувачот


треба да одговара со обликот на приклучницата. Споевите на спроводниците и во
приклучницата и во вовлекувачот треба да бидат добро изведени. Доколку се лабави,
доаѓа до греење.

(а) (б)
Сл. 2.25. (а) Вовлекувачи и (б) Т – вовлекувач

Ознаките за утичниците во електричните шеми се прикажани на сл. 2.26.

Сл.2.26. Електрични симболи за приклучници

Основни податоци за приклучницата се: работниот напон и работната струја.


Стандардни струи на приклучниците се: 10 A, 16A, 32A, 63A и 125A. Приклучниците
кои се инсталираат во ѕид, се инсталираат во инсталациони кутии со пречник од 55
mm. При инсталацијата мора задолжително да се спои заштитниот PE спроводник на
заштитните контакти. Кај трифазните приклучници распоредот на приклучоците е
прикажан а сл. 2.27. Притоа треба да се води сметка да не се заменат неутралниот N

22
 
 

спроводник и PE спроводникот бидејќи заштитата ќе се исклучи.

Сл.2.27. Распоред на приклучоците кај трифазна приклучница

2.5. Прекинувачи

Основна задача на прекинувачот е да обезбеди безбедно прекинување на


електричното коло. За таа цел прекинувачот има во својата градба подвижни и
неподвижни контакти, така што при раздвојување на контактните површини се
формира електричен лак. Ако лакот не се елеминира брзо може да дојде до
оштетување на контактите. За таа цел, во прекинувачот има монтирано пружини кои
овозможуваат брзо раздвојување на контактите. Според начинот на вклучување,
прекинувачите се делат на: прекинувачи со рачно вклучување и прекинувачи со
далечинско вклучување. Според областа на примена нисконапонските прекинувачи се
делат на:
1. инсталациски прекинувачи,
2. скалишни автоматски прекинувачи,
3. рачни прекинувачи,
4. автоматски прекинувачи,
5. склопки,
6. склопка ѕвезда-триаголник и
7. заштитно-моторни склопки.
Инсталациските прекинувачи ги има повеќе видови: тастер, еднополен прекинувач,
еднополен прекинувач со регулација, двополен прекинувач, трополен прекинувач,
сериски прекинувач, наизменичен и кружен.

2.5.1. Тастер

Тастерот се користи за вклучување на електрично ѕвонче и за давање на сигнал на


скалишниот и импулсниот авотмат. Електричната ознака за тастер е дадена на сл.
2.28.

(а) (б)
Сл. 2.28. Електрична ознака за тастер (а) двополна шема (б) еднополна шема

2.5.2. Еднополен прекинувач

Еднополниот прекинувач се користи за вклучување на светилки, ѕидни електрични


греалки, вентилатори итн. Ознака за еднополен прекинувач е дадена на сл. 2.29.

23
 
 

Сл. 2.29. Електрична ознака за еднополен прекинувач (а) двополна шема (б)
еднополна шема.

На сл. 2.30. е дадена шемата на врзување на еднополниот прекинувач и светилката.

Сл. 2.30. Шема на електрично поврзување на еднополен прекинувач

Начинот на поврзување на еднополниот прекинувач е прикажан на сл 2.31.

(а) двополна шема (б) еднополна шема


Сл. 2.31. Начин на поврзување на еднополен прекинувач N-неутрален проводник; F-
фаза

Прекинувачот мора да се врзе на фазниот спроводник. При спојувањето на грлото на


светилката, фазата се спојува на средниот контакт на грлото, а неутралниот
спроводник на навојот. Еднополниот прекинувач се поврзува со кабел PP-Y-3x1,5 mm2
или PP/R 3x1,5 mm2. Еднополниот прекинувач може да биде со вградена регулација на
интензитетот на светлината и таков е прикажан на сл. 2.32.

Сл. 2.32. Електричен симбол на прекинувач со регулатор на осветлувањето

2.5.3. Двополен прекинувач


Двополниот прекинувач се користи за вклучување и исклучување на два
спроводника истовремено. Најчесто се употребува кај еднонасочната или
еднофазната струја кога е потребно да се прекинат и двата спроводника.

24
 
 

(а) (б)
Сл. 2.33. Електричен симбол на двополен прекинувач (а) двополна шема
(б) еднополна шема

Сл. 2.34 Начин на поврзување на двополен прекинувач

2.5.4. Трополен прекинувач


Трополниот прекинувач се користи за вклучување на трифазни потрошувачи.
Електричните ознаки за трипилен прекинувач се прикажани на слика 2.35.

Сл. 2.35. Електричен симбол на триполен прекинувач (а) двополна шема


(б) еднополна шема

Сл. 2.36. Триполен прекинувач

Кај трифазните потрошувачи во електричното коло се користи триполен автоматски


прекинувач со зедничко прекинување за сите три фази. За да се обезбеди
исклучување на сите три фази, дури и кога има грешка само на едната, се користи
триполен автоматски прекинувач со својство на раздвојувач, односно со заедничко
исклучување на сите три фази.

25
 
 

2.5.5. Сериски прекинувач

Серискиот прекинувач се користи кога е потребно од едно место да се вклучуваат два


потрошувача. Ознаките за сериски прекинувач се дадени на сл. 2.37.

(а) (б)
Сл. 2.37. Електричен симбол на сериски прекинувач (а) двополна шема
(б) еднополна шема

Шемите за поврзување на серискиот прекинувач се дадени на сл. 2.38.

(а) двополна шема (б) еднополна шема

Сл. 2.38. Начин на поврзување на сериски прекинувач

Прекинувачот се поврзува со кабел со пет жили (PP-Y 5x1.5 mm2 или PP/R 5x1,5 mm2)
бидејќи за поврзувањето се потребни два фазни прoводника.

2.5.6. Наизменичен прекинувач

Наизменичните прекинувачи најчесто се среќаваат во ходници или скалила. Се


користат за да може да се вклучи светилката на едниот крај на ходникот, а да се
исклучи на другиот. Неговите електрични симболи се прикажани на сл. 2.39.

(а) (б)

Сл. 2.39. Електричен симбол на наизменичен прекинувач (а) двополна шема (б)
еднополна шема

Шемата на електрично врзување на прекинувачите е прикажана на сл. 2.40.

26
 
 

(а) двополна шема (б) еднополна шема

(в) двополна шема-друг начин на поврзување


Сл. 2.40. Начини на поврзување на назименичен прекинувач

2.5.7. Накрсен прекинувач

Накрсниот прекинувач се употребува во комбинација со уште два наизменични


прекинувача. Се употребува за вклучување и исклучување на едно струјно коло од три
или повеќе места, како на пример, кај повеќекатни објекти каде осветлувањето треба
да се вклучува/исклучува од секој кат. Притоа првиот и последниот прекинувач треба
да бидат наизменични. Електричниот симбол е прикажан на сл. 2.41.

(а) (б)
Сл. 2.41. Електричен симбол на накрсен прекинувач (а) двополна шема
(б) еднополна шема

27
 
 

(а) двополна шема (б) еднополна шема


Сл. 2.42. Начин на поврзување на накрсен прекинувач

2.5.8. Импулсен автомат


Импулсниот автомат овозможува од повеќе места да се пали и гаси една
светилка. Се користи кај скалила, ходници, влезови и холови. Светилките се палат и
гасат со притисок на типкало. Со еден притисок на типкалото светилката се пали, а со
наредниот притисок се гаси. Импусните автомати се конструирани на база на
бистабилен мултивибратор. Шемата на поврзување на импулсниот автомат со три
типкала е прикажана на сл. 2.43.

Сл. 2.43. Начин на поврзување на импулсен автомат [4]

Скалишен автомат. Скалишниот автомат се приклучува на потполно ист начин како и


импулсниот автомат. За разлика од импулсниот автомат скалишниот автомат после
одредено време го исклучува осветлувањето. Електричната ознака за скалишен
автомат е дадена на сл. 2.43 [3].

(а) (б)
Сл. 2.44. Скалишен автомат (а) електричен симбол (б) врзување

28
 
 

2.5.9. Рачни прекинувачи

Кај рачните прекинувачи струјното коло се затвора со повлекување на лост или


вртење на рачка. Најзначаен тип на рачен прекинувач се гребенестите прекинувачи
(склопки).
Гребенестите прекинувачи се употребуваат за наизменичен напон до 660 V и
еднонасочен напон до 600 V. Се употребуваат како товарни склопки за главни струјни
кругови, за пуштање на електрични мотори (склопка ѕвезда-триаголник, моторни
склопки за 2 или 3 брзини), за вклучување на осветлување, за вклучување на апарати
итн. Аголот на задвижување на рачката кај гребенестиот прекинувач може да биде 30,
45, 60 и 90 што значи склопката има најмногу 12 управувачки позиции.

Сл. 2.45. Различни форми на гребенести прекинувачи

Гребенестите прекинувачи се употребуваат за струи до 100 А, додека за струи


поголеми од 100 А се употребуваат многу ретко.

2.5.10. Автоматски прекинувачи

Автоматскиот прекинувач е самостоен електричен уред конструиран да ја


заштити електричната мрежа од струи на преоптоварување или струи на куса врска.
За разлика од осигурачот, кој после извршување на функцијата не е способен за
работа и мора да се замени со нов, автоматскиот прекинувач (осигурувач) може да се
врати повторно во работа, рачно или автоматски. Автоматските прекинувачи се
произведуваат во различни големини, од мали за куќни инсталации, до големи
прекинувачи кои се наменети за заштита на цели водови. Постојат различни видови
на автоматски прекинувачи во зависност од големината на напонот, видот на
конструкцијата, специјалните карактеристики итн.Нисконапонските автоматски
прекинувачи најчесто се користат во куќниот развод и за нив во повеќе детали ќе
стане збор во главата наменета за осигурувачи. За напон до 1000 V, често се користат
и во индустриските инсталации Таков пример е даден на сл. 2.46.

Сл. 2.46. Автоматски прекинувач за струја од 1250 А

29
 
 

Нисконапонските автоматски прекинувачи за напони до 1000 V се поделени на:


- минијатурни автоматски прекинувачи, со номинална струја помала од 100 А.
Карактеристиката на исклучување не може да им се менува. Работата се
заснова на температурна или температурна-магнетна промена.
- посебно моделирани автоматски прекинувачи со номинална струја поголема од
100 А. Работата се заснова на температурна или температурно-магнетна
промена. Струјата на исклучување може да се подесува.
Нисконапонските прекинувачи можат да се вградуваат во нисконапонски ормари.
Најчесто овие ормари имаат извлекувачки фиоки кои овозможуваат замена или
менување на ожичувањето без да се вади целиот уред.

2.5.11. Склопници
Склопниците се апарати со далечинско управување со подвижните контакти.
Уште се познати и под името контактори. Кога ќе се прекине возбудата на
електромагнетот кој влегува во нивната градба, контактите се враќаат во
провобитната состојба. Покрај главните контакти има два или повеќе помошни
контакта за вклучување и исклучување на управувачките и помошните електрични
кола. Склопниците најмногу се употребуваат за далечинска команда и управување на
различни електрични уреди, електромотори, релеи итн. За заштита од
преоптоварување им се додава натструен термички (биметален) релеј. Напонот кој се
донесува на електромагнетот може да биде наизменичен или еднонасочен. Главните
контакти главно се наменети за наизменична струја, додека помошните можат да
бидат за наизменична и еднонасочна струја.
При изборот на контакторот, покрај работниот напон (обично 500 V) треба да се
внимава и на командниот напон кој може да биде различен од работниот.
Основни податоци при избирањето на склопникот се:
- номиналниот напон,
- номиналната струја (или моќност) и
- номиналната термичка моќност, односно најголемата струја која склопникот
може да ја исклучи во тек на осумчасовно работење.
За заштита од куси врски, покрај склопникот, пред склопникот треба да се инсталира
друг елеменет.
Означувањето на склопниците е :

(а) со една намотка (б) со одцеп (в) со две намотки


Сл. 2.47. Електрични ознаки на склопници (контактори)

Сл. 2.48. Означување на контакторот и неговите главни и помошни контакти во


електричните
шеми

Според функцијата што ја извршуваат помошните контакти ги делиме на: контакти за


исклучување или нормално затворени контакти (NC), контакти за вклучување или
нормално отворени контати (NO) и наизменични.

30
 
 

Сл. 2.49. Видови на помошни контакти


Под нормално затворени и нормално отворени помошни контакти ја подразбираме
состојбата на контактот кога на склопникот немаме доведено напон.

2.5.12. FID (RCD) склопка


FID (RCD) склопката се користи како основна заштита од електричен удар.
Името FID потекнува од англискиот збор Fail –грешка и Device –уред, што значи уред
кој ја отстранува струјата на грешка. FID склопките можат да бидат за еднофазна или
трифазна струја (двополни или четворополни). Принципот на работа ќе биде објаснeт
на пример на еднофазна склопка.

Сл. 2.50. Напречен пресек на FID склопка [4]

Кога на потрошувачот нема дефект, струјата која протекува низ феритниот прстен е
еднаква на нула и во намотките на прстенот не се индуцира струја. Во случај на
дефект низ феритниот прстен и заштитниот спроводник PE протекува струјата на
дефектот Id, и во намотките доаѓа до индуцирање на струја. Оваа струја тече низ
електромагнетот која ја привлекува котвата и го исклучува прекинувачот. Заради
тестирање на FID склопката се поставува тастер S и отпорник R. Кога ќе се притисне
тастерот, склопката мора да го исклучи напојувањето. Најважните податоци за FID
склопката се номиналната струја In и струјата на проработување или струјата на
грешка Id. Најчесто се користат склопки со струја на проработување Id=0,03A бидејќи
таа струја не е опасна по човечкиот живот. Има одредени потрошувачи, на пример,
поголемите електромотори кои имаат во номинален режим одредена струја на грешка
која не е опасна. Ваквите потрошувачи се напојуваат преку FID склопка со поглема
струја на грешка Id=0,5A или Id=1A. Доколку би се напојувале преку FID склопка со
Id=0,03A би можело да дојде до исклучување на склопката во нормален режим на
работа. Електричната ознака за FID склопка е дадена на сл. 2.51.

Сл. 2.51. Електрична ознака за FID склопка и нејзин надворешен изглед

31
 
 

2.5.13. Моторно-заштитни склопки

Овој вид на склопки се користи за директно вклучување-исклучување и заштита


на моторот од преоптоварување и куса врска. Овие склопки најчесто во себе имаат
биметал за заштита од преоптоварување и електромагнетен член кој реагира при
појава на куса врска. Ако дојде до губење на една или две фази, моторната заштита го
исклучува моторот во период од една милисекунда. Вредноста на реагирањето на
електромагнетниот член е фабрички подесено на струјата на куса врска од 10 In,
додека термичката заштита се подесено со копче кое се наоѓа на предниот дел на
склопката.

Сл. 2.52. Моторно-заштитна склопка, изглед и поврзување

2.5.14. Склопка ѕвезда-триаголник

Преклопката ѕвезда-триаголник често се користи при пуштањето на моторите


во работа со цел намалување на големите почетни струи кои ги повлекуваат моторите
при тргнувањето во работа. Вообичаено се користат за мотор поголеми од 4 kW, со
што се намалуваат струјните удари во мрежата. Во моментот на тргнувањето на
моторот во работа, неговите намотки се поврзуваат во врска ѕвезда при што
линиската струја се намалува за 1/3 во однос на линиската струја кога моторот работи
во врска триаголник. Непогодност на овој начин на тргнување во работа е што и
почетниот момент на моторот се намалува, па ваквиот начин на тргнување во работа
не може да се искористи таму каде е потребно раздвижување на големи товaри во
почетниот момент на тргнување во работа.

(а) врска ѕвезда (б) врска триаголник


Сл. 2.53. Конфигурација на намотките на моторот во врска ѕвезда и триаголник

32
 
 

2.5.15. Осигурувачи

2.5.15.1. Поим и правила за вградување на осигурувачи

Поимот на осигурувач е поврзан со намерно ослабнато место (или посебен уред)


вклопен во електричната инсталација која ја прекинува инсталацијата во случај на
преоптоварување или краток спој. Во општ случај се разликуваат два вида на
осигурувачи според местото на вградување, односно напонското ниво:
- висконапонски осигурувачи и
- нисконапонски осигурувачи.
Високонапонските осигурувачи се користат за заштита на енергетските постројки,
додека нисконапонските осигурувачи се применуваат во неколу области. Во оваа
точка ќе стане најмногу збор за нисконапонските инсталациски осигурувачи.
Инсталациските осигурувачи ги штитат електричните потрошувачи со прекинување на
струјното коло на објектот кој се штити кога струјата во електричното коло надмине
одредена вредност за одредено време. За да може оваа намена на најдобар начин да
се реализира, заштитата на електричниот потрошувач со осигурувачи мора да биде
селективна, односно осигурувачот го исклучи само оној дел од струјното коло кој е во
дефект. Селективноста се постигнува со тоа што осигурувачите се поставуваат
секогаш пред електричниот потрошувач кој го штитат, но селективноста се постигнува
и со самиот избор на осигурувачите (номиналните струи на осигрувачите кои се
поблиску до електричниот потрошувач се помали од номиналните струи на
осигурувачите кои се поодалечени од дадениот електричен потрошувач). Симболот за
осигурувач во електричните кола е дадена на сл. 2.54.

(а) IEEE/ANSI (б) IEC (в)IEEE/ANSI


Сл. 2.54. Електричен симбол за осигурувач со топлив вметок
Во една електрична инстлаација, осигурувачите со најголеми номинални
струи се поставуваат како главни осигурувачи во домаќинството. Со помали
номинални струи се осигурувачите во разводните табли, а со најмали оние
осигурувачи кои го осигуруваат самиот електричен потрошувач.
Осигурувачите се поставуваат на следните места:
1. На почеток на секој незаземјен спроводник кој е подолг од 1m.

Сл. 2.55. Поставување на осигурувач на почеток на вод подолг од 1m

2. Таму каде што се менува пресекот на спроводникот.

Сл. 2.56. Поставување на осигурувач при промена на пресек на спроводник

3. На местото на воведување на кабелот во зграда како главен осигурувач.

Сл. 2.57. Поставување на осигурувач на место на воведување на кабелот во зграда

33
 
 

4. Во трифазните и еднофазните мрежи осигурувачот се поставува на фазните


спроводници, додека на нултиот (неутралниот) спроводник не смее да се вгради
осигурувач. Исто така, осигурувач не се вградува на заштитниот PE спроводник.
5. Во колата на еднонасочна струја се осигуруваат со осигурувач и двата пола
на напонот.
6. Ако во електричната инсталација непосредно до осигурувачот се поставува и
прекинувач, правило е осигурувачот да се стави зад прекинувачот што овозможува
замената на осигурувачот да се направи при отворен прекинувач и тогаш осигурувачот
не е под напон (сл. 2.52.) [5].

Сл. 2.58. Редослед на поставување на осигурувачите после прекинувачот

Како што напоменавме, при поставување на осигурувачите треба да се


постигне селективност во ислучувањето. Селективноста подразбира дека при дефект
на еден дел од мрежата остатокот од мрежата да има напојување. На сл. 2.59. е
прикажан начинот на поставување на осигурувачите со цел да се постигне
селективност во заштитата.

(а) исправно (б) неисправно


Сл. 2.59. Селективност во заштитата при поставување на осигурувачи

За да ја исполни својата основна намена, инсталацискиот осигурувач мора да е со


таква конструкција која ги задоволува следните услови:
- прекинувањето на електричното коло на приемникот да се изврши во затворен
простор и да се оневозможи воспоставување на електричен лак на местото на
прекинување;
- на видлив начин да се покаже дека осигурувачот реагирал и дека струјното
коло кое го штити дадениот осигурувач е исклучено;
- на наједноставен начин да се осигура струјна и напонска незаменливост (да се
оневоможи замена по грешка на несоодветен осигурувач со несоодветна струја
и напон).

2.5.15.2. Поделба, принцип на работа и работни карактеристики

Според начинот на кој се врши прекинување на електричното коло (преку


топење на жица, со електромагнет или термичко дејство) инсталациските осигурувачи
се делат на:
- инсталациски осигурувачи со топлив вметок и
- автоматски инсталациски осигурувачи.
Кај последните станува збор за автоматски прекинувачи кои се користат во својство на

34
 
 

осигурувачи.
Инсталациските осигурувачи мораат да ги имаат следниве ознаки:
- номинална струја во ампери,
- номинален напон во волти,
- ознака на производителот и
- ознака за типот на осигурувачот.
Осигурувачите со топлив вметок го прекинуваат струјното коло со топење на
посебен дел кој е предвиден за таа цел и на соодветен начин димензиониран.
Топливиот вметок (елементот кој се заменува после дејствување на осигурувачот) е
делот од осигурувачот кој треба да се истопи кога осигурувачот ќе проработи.
Според IEC и останатите важечки стандарди , осигурувачите се делат според:
- конструкцијата и
- карактеристиката на дејствување.
Во склад со погоре наведеното според конструкцијата разликуваме два типа на
топливи осигурувачи:
- осигурувачи од типот D (за монтажа во разводни табли) и
- осигурувачи од типот B (за вградување во електрични уреди и апарати).
Посебен тип на топливи осигурувачи се нисконапонските високоефикасни
осигурувачи
Топливи осигурувачи од типот D најчесто се применуваат за заштита на
електрични поторшувачи во електричните инсталации на стамбени згради. Се состојат
од следниве делови:
- подножје (основа) на осигурувачот,
- топлив вметок (патрон) со челни контакти,
- прстен и
- капата на осигурувачот со навој.

(а) изглед (б) разводна табла


Сл. 2.60. Топливи осигурувачи тип D

Пресекот на инсталацискиот осигурувач тип D е дадена на сл. 2.51. [6].

Сл. 2.61. Напречен пресек на топлив осигурувач тип D

Подножјето служи за прицврстување на осигурувачот и има приклучни контакти за


приклучок на спроводниците. Се изработува од порцелан. Според поставеноста на
приклучните краеви имаме три вида на подножје:
UZ- универзално подножје за приклучок на спроводниците од надворешна

35
 
 

страна,
ТZ-подножје за приклучок на спроводниците од задна страна и
EZ- подножје за приклучок на спроводниците од предна страна.
Подножјата на осгурачот од тип D се обележуваат на следниот начин:
- D-II за струја до 25А,
- D-III за струја до 63А,
- D-IV за струја до 100 А и
- D-V за струја до 200А.
Прстенот е делот од осигурувачот кој спречува ставање по грешка топлив вметок кој
не одговара на соодветното подножје. На гората страна од прстенот има соодветна
ознака со боја која одговара на номиналната струја на топливиот вметок (табела 2.12).

Табела 2.12. Номинални струи на топливи осигурувачи тип D


Номинална струја на Топлив вметок
подножјето (А)
Номинална струја Боја
на вметокот
2 розева
4 кафеава
25 6 зелена
10 црвена
16 сива
20 плава
25 жолта
35 сива
63 50 бела
63 бакарна
80 сребрена
100 100 црвена
125 жолта
200 160 бакарна
200 плава

(a) UZ (б) TZ (в) EZ


Сл. 2.62. Видови подножја на топлив осигурач тип D

Топливиот вметок на инсталационите осигурувачи тип D се состои од телото на


вметокот кое е направено од стеатит или порцелан и има два контакта. Во
внатрешноста на вметокот има празнина низ која поминува жицата која се топи.
Самата празнина е исполнета со мешавина од кварцен песок и лискун која ја спречува
експлозијата при прегорување на топливата жица бидејќи го апсорбира вишокот на
топлина и со тоа се овозможува прекинување на струјното коло со осигурувачот во
еден затворен простор. Сигналното окно ја прокажува исправноста на топливиот
вметок. Често се нарекува и сигнално знаменце. Направено е од метал и поставено во
вдлабнатината на челниот контакт. Прицврстено е за тенка затегнувачка жица која
минува вдолж вметокот.

36
 
 

1- контакт во подножјето, 2-тело на вметокот, 3- празнина


исполенат со мешавина од кварцен песок и лискун, 4-топлива
жица, 5-жица за затегнување, 6- сигнално окно, 7-пружина за
исфрлање на сигналниот маркер, 8-челен контакт

Сл. 2.63. Изглед и напречен пресек на топливиот вметок

Оваа затегнувачка жица ја затегнува топливата жица. Кога истата ќе прегори,


затегнувачката жица се олабавува и со помош на една мала пружина го исфрла
сигналното знаменце, што значи дека топливиот вметок е прегорен и треба да се
замени. При прегорувањето многу е важно да се замени целиот вметок. Не е
дозволено вметнување само на жица во вметокот, бидејќи ваквата „поправка“ може да
предизвика пожар и тоа во некое сосема друго место на инсталацијата, одалечено од
кутијата со осигурувачи. Напонската незаменливст на осигурувачите е обезбедена со
висината на топливиот вметок на осигурувачот.
Внатре во подножјето се наоѓа керамички прстен кој обезбдува струјна
незаменливост на осигурувачите, односно спречува ставање на вметок за поголема
струја од онаа што ја дозволува прстенот. Возможно е ставање на вметок за помала
номинална струја во отворот на прстенот и истото не е опасно за електричниот
потрошувач или спроводникот кој се штити со осигурувачот.
Капата на осигурувачот е направена од процелан со месингана навртка внатре
во облик на чаура. Капата овозможува поврзување на струјното коло во осигурувачот
од влезната до излената завртка. На предната страна на капата се наоѓа кружен отвор
затворен со провидно сткало низ кој може да се види дали прегорел топливиот вметок.
За контактите помеѓу вметокот, прстенот и капата да се со мал преоден отпор, капата
на осигурувачот мора да биде затегната. Во спротивно, големиот преоден отпор би го
загреал осигурувачот дури и при струи помали од номиналната.

Сл. 2.64. Изглед на капата на осигурувачот со топлив вметок

Топливите жици кај топливите осигурувачи од тип D се изработуваат во две варијанти


во однос на времето на топење, а се применуваат за брзо и побавно дејствување
(троми вметоци). Тромите вметоци се применуваат за заштита на струјните кола кај
електрични потрошувачи кои моментално повлекуваат голема струја. После извесно
време оваа струја опаѓа до вредноста на номиналната струја на потрошувачот која е
значително помала од струјата која се повлекува во тек на вклучувањето на
потрошувачот. Вакви електрични потрошувачи се: асинхроните мотори или големи
сијалични оптоварувања. Инсталационите осигурувачи со тром вметок го издржуваат
тоа моментално преоптоварување и кога струјата на поторшувачот ќе се врати на

37
 
 

нормалната вредност, тие и понатаму остануваат во работа (не се исклучени). Ако


преоптоварувањето трае подолго време, тогаш се топи топливиот вметок и се
прекинува струјното коло на потрошувачот. Воопшто, карактеристиката на
проработување на осигурувачот е дадена преку струјно-временската зависност која во
општ случај го има изгледот дадена на сл. 2.58. Од сликата се гледа дека времето на
топење на осигурувачот е пократко, доколку струјата која протекува низ него е
поголема. Затоа според карактеирстиката на свое дејствување осигурувчите се делат
на: троми, брзи и ултрабрзи.

Сл. 2.65. Струјно временска карактеристика на осигурувач – опш облик


Според стандардот EN 60269 карактеристиките на патроните на осигурувачот се
означуваат со големи букви:
- М троми,
- G(L) брзи,
- R ултрабрзи.
Лево од ознаката за карактеристиката се наоѓа ознаката за подрачјето каде се
применува моќноста на прекинување:
- а ограничено подрачје на прекинување и
- g неограничено подрачје на прекинување.
1. gG, означува вметок со полн опсег на дејствување и за општа намена;
2. gM , означува топлив вметок со полн опсег на дејствување за заштита на мотори;
3. aM, означува топлив вметок со делумен опсег дејствување и заштита на мотори
4. gD, означува топлив вметок со полн опсег на дејствување и временска задршка
(еквивалентно на тром осигурувач).

Сл. 2.66. Струјно временска карактеристка на брз топлив осигурувач тип D [7]

Топливите осигурувачи тип B, се вградуваат во електричните потрошувачи. Се


состојат од основа и топлив вметок. Топливиот вметок е составен од телото на
вметокот кое е наравено од стакло и две месингани цилидрични капи кои го затвораат

38
 
 

телото на вметокот, од секоја страна по една. Во внатрешноста на телото на вметокот


се наоѓа сребрена жица која прегорува при преоптоварување или куса врска. Дали
вметокот е прегорен, може да се забележи преку стакленото тело.

Сл. 2.67. Топлив вметок кај осигурувачи од тип B

Според IEC стандардот во електронските компоненти за заштита од куси врски


се уптребуваат ултрабрзи осигурувачи кои најчесто се поставуваат сериски со диодите
и тиристорите. Топливите осигурувачи од тип B спаѓаат во ултрабрзи сигурувачи.
Исто така, според IEC стандардот времето на дејствување на нормалните
топливи вметоци мора да биде пократко од вредностите дадени во табела 2.13.

Табела 2.13. време на дејствување на нормални (брзи) осигурувачи


Номинална струја (А) Време на делување (s)
До 4 0,01
Над 4 до 10 0,1
Над 10 до 25 0,15
Над 25 до 63 0,20
Над 63 до 100 0,35
Над 100 до 200 0,50
За топливи вметоци со нормална брзина на дејствување при струја 1.75 пати поголема
од номиналната времето на дејствување на смее да биде помало од 10 s.
Нисконапонски високоефикасни осигурувачи (NV-NH) се користат за
заштита во електрични инсталации кај потрошувачи со голема моќност, како главни
осигурувачи во домашниот развод, во електромоторните погони за заштита на
електричните машини и уреди. Покрај добрите механички особини поседуваат и добри
електрични карактеристики. Во нивната градба влегува основата, базата на
осигурувачот и топливиот вметок. Телото на вметокот во својата внатрешност е
шупливо, а во шуплината е сместена топлива лента со специјална конструкција.
Остатокот од празнината е исполнет со кварцен песок за при прeгорување на
топливиот вметок да се спречи воспоставување на електричен лак. Топливата лента е
прицврстена за телото преку капаци со ножести контакти [6].

Сл. 2.68. Изглед и напречен пресек на нисконапонски високоефикасни осигурувачи

39
 
 

Предности на овој вид на осигурувачи се: голема моќ на прекинување во релативно


мали димензии на осигурувачот, ограничување на струите на куса врска, можност за
степенеста селективност, голема доверливост, постојаност на стареење и еднoставно
ракување со нив. Струјно-временската карактеристика на ваквиот вид на осигурувачи
е дадена на сл. 2.69. Во табела 2.15. се дадени номиналните вредности за овој тип на
осигурувачи.
Автоматски осигурувачи се видови на електрични прекинувачи конструирани
за заштита на електричната мрежа од оштетувања предизвикани од струја на
преоптоварување или куса врска. За разлика од топливиот осигурувач, кој после
извршување на својата функција не е способен повторно за работа доколку не се
промени патронот, автоматскиот осигурувач може повторно да се вклучи во работа
(рачно или автоматски). Автоматските осигурувачи се произведуваат во различни
димензии од големи за заштита на нисконапонски водови до мали кои се употребуваат
во домашните инсталации. Автоматскиот инсталационен осигурувач мора да ги
детектира условите за прекинување на струјното коло. Автоматскиот осигурувач за
големи струи или напони, обично, е управуван од уред кој ја детектира состојбата во
која мора да реагира осигурувачот. Штом е откриена грешката, контактите на
осигурувачот се отвораат за да може да се прекине електричното коло. Контактите на
автоматскиот осигурувач мораат да можат да ја издржат струјата без поголемо
греење, но, исто така, мораат да бидат во состојба да поднесат висока температура
која се појавува во моментите на раздвојување на контактите. Контактите се
направени од бакар или од бакарни легури, легури од сребро и други материјали.

Табела 2.14. Номинални струи на високоефикасни топливи осигурувачи

Номинална струја (А)


Основа на Топлив вметок
осигурувачот
2
4
8
10
12
32 16
20
25
32
40
63 50
63
80
100
160 125
160
200
250 (224)
250
315
400 (355)
400
500
630 630
1000 1000
1250 1250
Вредностите во заграда треба да се избегнуваат

40
 
 

Сл. 2.69. Струјно-временска карактеристика на високоефикасни топливи осигурувачи


[8]

(а) (б)
Сл. 2.70. Електричен симбол и изглед на автоматски осигурувач

Напречниот пресек и конструктивните делови на автоматскиот осигурувач се


прикажани на сл. 2.71.

1- пластифицирано негорливо куќиште


2- комора за гаснење на лакот
3- спроводник на лакот
4- електромагнетен окинувач
5- излезен приклучок
6- неподвижен контакт
7- подвижен контакт
8- рачка
9- биметал
10-влезен приклучок

Сл. 2.71. Напречен пресек на автоматски осигурувач

41
 
 

Автоматскиот осигурувач располага со две приклучни места, доводно и одводно. Во


довoдниот приклучок се поставува фазниот спроводник кој доаѓа од мрежата,
вообичаено со пресек 25 mm2. На излезниот приклучок се поврзува фазниот
спроводник кој оди кон потрошувачот, со пресек до 6 mm2. Автоматските осигурувачи
струјниот круг го прекинуваат со раздвојување на контактите. Затоа и може да се
користат повеќепати за разлика од топливите вметоци. Секој автоматски осигурувач се
состои од две приклучни места, полужен систем за рачно вклучување и исклучување,
електромагнетен дел, биметален дел, дел за гасење на лакот и склопни контакти. Кога
осигурувачот е вклучен, контактите во него се споени, а струјата протекува преку
биметалот, електромагнетот и склопните контакти до потрошувачот. Во случај на
појава на струја на преоптоварување или куса врска, доаѓа до исклучување
(раздвојување на контактите) во осигурувачот. Инсталациониот автоматски осигурувач
има три механизми за исклучување:

1. биметална лента за заштита од струја на преоптоварување,


2. електромагнет кој служи за заштита од струи на куси врски и
3. рачка која служи за вклучување-исклучување.

Во случај на зголемување на струјата која протекува низ осигурувачот (зголемена


малку над номиналната вредност) доаѓа до загревање на биметалната лента и до
нејзино искривување на една страна. Ова деформирање на биметалната лента ќе го
покрене системот од полуги со опруга и ќе го исклучи осигурувачот. Електромагнетот
исклучува струја на куса врска кога истата е три или повеќепати поголема од
номиналната струја. Во зависност од брзината на електромагнетот автоматските
осигурувачи се делат во во неколку групи во зависност од карактеристиката на
исклучување (стандард IEC 60898 и DIN VDE 0641-11):

 карактеристика тип А
исклучување при 2In. служи за заштита на мерни трансформатори или
долги водови кај кои треба да се прекине струја на преоптоварување во
време од 0,4 s.

 карактеристика тип B
исклучување при (3-5) In, употреба за заштита на инсталациски струјни
кола во домаќинство и во деловни простории (активни и/или слабо
индуктивно оптоварување).

 карактеристика тип C
исклучување при (5-10) In
заштита на струјните кругови со индуктивно оптоварување (мотори).

 карактеристика тип D
исклучување при поголемо од 10 In
заштита на струјни кругови со големи индуктивни товари
(трансформатори, кондензаториски батерии)

Aвтоматските осигурувачи имаат за цел моментално прекинување на струјното коло


во кое се појавила грешка и тоа за време од 0.1s. Автоматските осигурувачи се прават
за струи од: 6, 10, 16, 20 и 25 А и за напони од 220 и 380 V.
Избирањето на осигурувачот се врши врз основа на следен принцип: струјата
низ спроводникот при нормален режим на работа (Ib) мора да биде помала од
номиналната струја на осигурувачот или номиналната вредност на струјата на
делување на уредот за заштита од преоптоварување (In) и таа вредност мора да биде
помала од трајно дозволената струја на спроводникот, односно кабелот (Iz).

Ib  I n  I z (2.32)

42
 
 

Сл. 2.72. Струјно-временски карактеристики на автоматски осигурувачи [9]

2.6. Елементи на електричниот развод

Електричната енергија од местото на производство до местото на


потрошувачка поминува низ повеќе етапи во кои истата се трансформира, пренeсува,
мери и распределува на различни уреди и апарати. Една таква целина на уреди и
апарати се нарекува електричен развод. Постојат следните видови на разводни уреди:
разводни постројки, разводни ормари (РО), разводни табли (РТ) и разводни кутии.
Разводните постројки, главно, се користат во високиот напон и ги опфаќаат
трансформаторските станици. Во секој објект постои главен разводен ормар (ГРО) или
главна разводна табла (ГРТ) на која се доведува електричната енергија, а од неа се
дистрибуира кон разводните уреди во објектот како што е дадено на сл.2.73.

Сл. 2.73. Главна и локални разводни табли

Во помалите објекти, на пример, индивидуални куќи за домување постои само една


разводна табла која се напојува од куќниот приклучок за електрична енергија. Во
поголемите објекти, како што се станбени згради , постои главен разводен ормар кој ги
напојува разводните табли по становите. Разводните табли за становите мораат да се
напојуваат со кабел со минимален пресек од 6 mm2. Во поголемите згради секој спрат
има свој разводен ормар. Шема на една разводна табла за стан или помал деловен
простор е прикажана на сл. 2.74. Разводната табла се напојува од кабловски
приклучен ормар (РО) во кој се осигурувачи од 63 А. На таблата се поставуваат
одводници на пренапони, по еден за секоја фаза , доколку не се монтирани на
кабловскиот приклучен ормар. Просторот се напојува преку двотарифно броило со
вклопен часовник. Од броилото електричната енергија се води на заштитна FID

43
 
 

склопка, а понатаму на осигурувачи за поединечните струјни кругови. Денес скоро


исклучиво се користат автоматски прекинувачи како осигурувачи. Од броилото на FID
склопката електричната енергија се води преку кабел.

Сл. 2.74. Пример за електрична шема за разводна табла [4]

Разводните ормари и разводните табли се изработуваат од лим, силумин или


пластика.Пример за индустриски разводен ормар е прикажан на сл 2.75.

Сл. 2.75. Пример за електрична шема за индустриски разводен ормар [4]

Разводниот ормар се напојува со кабел PP00 4x185 mm2 кој после влегувањето во
ормарот се поврзува на главниот прекинувач од 400А. Од прекинувачот 400 А се
напојува собирницата на фазите и неутралниот спроводник. Ормарот на сликата има
три одвода. Сeкoj одвод има три осигурувачи и прекинувач за исклучување. Со
одводите се напојуваат машини, моторен развод итн. Денес сè повеќе се користат
главни склопки кои се исклучуваат напонски. Напонскиот член мора да биде постојано
под напон. Во случај на снемување на напон, прекинувачот исклучува. При повторно
воспоставување на напон, прекинувачот мора рачно да се вклучи. Ова се користи за
реализација на исклучување при пожар итн. Напојувањето на напонскиот член се

44
 
 

изведува преку помошна склопка или преку посебни контакти на главната склопка.
Преку помошната склопка, исто така, се напојуваат сигурносните системи кои мораат
да функционираат во случај на избивање на пожар на пример лифтови,
противпожарни пумпи итн. Разводните ормари мораат да бидат атестирани и
опремени со еднополна шема, а сите елементи во нив видно означени.
Инсталациските кутии можат да бидат кружни или со квадратна форма.
Кружните, најчесто, се изработуваат со димензии  70 mm,  80 mm и  100 mm или
со квадратни димензии 80x80 mm и 100x100 mm (сл 2.76).

Сл. 2.76. Инсталациски кутии


Инсталациските кутии служат за продолжување или разгранување на спроводниците
или за монитирање на прекинувачи и приклучници. Според тоа, се разликуваат:
разводни, монтажни и нижечки инсталациски кутии. За продолжување и разгранување
на спроводниците во електричните инсталации се користат разводни инсталациски
кутии. За поставување на инсталациски прекинувачи и приклучници се користат
монтажни инсталациски кутии. Во современите инсталации (канцеларии, деловни
простории) се поставуваат нижечки инсталациони кутии. Тие се вклопуваат една во
друга со осно растојание од 71 mm и во нив се монтираат повеќе приклучници и
прекинувачи еден до друг.

2.6.1. Степени на механичка заштита на елементите во електричните инсталации


Механичката заштита на елементите и уредите на електричните инсталации се
означува со буквите IP после што следуваат две бројки, на пр., IP 41. Првата цифра
после IP ја означува механичката заштита од допир на деловите кои се под напон.
Бројките значат:
0 – без заштита,
1- заштита од допир со рака,
2- заштита од допир со прст,
3- заштита од допир со алат,
4- заштита од допир со жица,
5- заштита од влегување на прашина и
6- заштита од влегување на воздух.
Втората цифра после буквите го означува степенот на заштита од продирање на вода.
Бројките значат:
0 – без заштита,
1- заштита од вертикално паѓање на вода,
2- заштита од паѓање на вода под агол од 15,
3- заштита од паѓање на вода под агол од 60,
4- заштита од прскање на вода,
5- заштита од млаз вода,
6- заштита од заплискување со вода,
7- заштита од потопување во вода и
8- уредот може да работи под вода.
Пример 1: IP 00 – уредот е без заштита од допир на деловите под напон и без заштита
од вода
Пример 2: IP 41 - уредот е со заштита од допир на деловите под напон со жица и од
вертикално паѓање на вода
Пример 3: IP 20-уредот е со заштита на деловите под напон од допир со прст и без
заштита од вода.

45
 
 

2.7. Разводни системи во нисконапонските мрежи


Во однос на заземјувањето на разводните системи во нисконапонските мрежи
дозовлени се следниве системи на напојување според IEC 60364:
- TN систем (TN-S; TB-C и TN-C-S),
- TTсистем и
- IT систем
Користењето на симболите го има следното значење:
Првата буква ја покажува врската на напојувањето и земјата.
Т- директен спој со земјата во една точка;
I- ниеден спроводник под напон не е споен со земја (изолирани се) или само
една точка е споена со земјата преку импеданса.
Втората буква ја покажува врската на електричниот потрошувач со земјата.
T-директна врска на електричниот потрошувач со земја, независно од
заземјувањето на системот на напојување;
N-директен спој на електричниот уред со заземјената точка на системот на
напојување;
Останатите букви ако постојат ја дефинираат врската на неутралниот и заштитниот
спроводник.
S- постојат одвоени спроводници : N-неутрален, PE-заштитен;
C-неутралниот и заштитниот спроводник се обединети во еден PEN
спроводник. Заштитните спроводници (PE спроводници) и заштитно неутралните
спроводници (PEN спроводници) и спроводниците за изедначување на потенцијалот
мораат да се означат со комбинација од жолто-зелена боја. Во струен круг во кој има
неутрален спроводник, светло сината боја не смее да се користи за означување на
друг спроводник.

Сл. 2.77. TN-систем

TN-S: нултата точка на TN-C: нултата точка на TN-C-S: нултата точка на


трансформаторот е заземјена, трансформаторот е заземјена, трансформаторот е
достапните спроводни делови достапните спроводни делови заземјена, PEN спроводник
на потрошувачот се споени со на потрошувачот се споени со од трансформаторот до
PE спроводникот заеднички PEN спроводник разводната табла. PEN
раздвоен на N и PE
спроводник од разводната
табла за одвоено
поврзување на
потрошувачите на N и PE
Сл.2.78 TN-S, TN-C, TN-C-S систем

46
 
 

TT-нултата точка на трансформаторот е IT- нултата точка на трансформаторот не е


заземјена, достапните спроводни делови на заземјена достапните делови на
потрошувачот не се споени на системот за потрошувачот се заземјени преку сопствено
заземјување на генераторот, туку преку заземјување
сопствено заземјување
Сл.2.79. TТ и IT систем

47
 
 

3. ИЗВЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ИНСТАЛАЦИЈА

3.1. Постапки за изведување на електрична инсталација

Постојат три начина за изведување на електрична инсталација:


1) изведување со помош на инсталациски разводни кутии (сл. 3.1.),
2) изведвање со помош на инсталациски монтажни кутии (сл. 3.2.) и
3) изведување со помош на разводен ормар (сл. 3.3.).

Денеска инсталацијата најчесто се изведува со инсталациски разводни кутии.


Изведување на инсталацијата со разводен ормар често се користи во индустријата.
Неговата предност е што многу полесно се отстрануваат дефектите во инсталацијата.
Изведување на инсталацијата со помош на инсталациски монтажни кутии се користи
при инсталирање на каблите во ѕидови од гипс картон плочи. За гипс картон постојат
специјални разводни кутии.

Сл. 3.1. Изведба на Сл. 3.2. Изведба на Сл. 3.3. Изведба на


инсталација со разводни инсталација со монтажни инсталација со разводен
кутии кутии ормар

3.1.1. Изведба на инсталација под малтер без инсталациски цевки

Електричните инсталации можат да се изведат под малтер во инсталациски цевки или


без нив. Изведбата на инсталацијата во цевки е поквалитетно и поскапо решение.
Изведувањето на инсталацијата без инсталациски цевки може да се врши со каблите
PP (кружен) или PP/R (плоснат). Инсталирањето на каблите PP/R е поедноставно, но
не смеат да се користат во влажни простории. Каблите се поставуваат на цигли или на
груб малтер, а откако ќе бидат поставени преку нив се поставува слој на матер во
дебелина од минимално 4 mm. Плоснатите кабли се прицврстуваат со клинци и
дополнително се зацврстуваат со гипс додека кружните кабли се прицврстуваат со
опфатници. Кога гипсот ќе се засуши се вадат клиниците и опфатниците. Растојанието
меѓу две прицврстувања на кабелот е 25 cm. Правецот на поставување на кабелот се
исцртува или определува со помош на жица. Според прописите кои важат во
Европската Унија одалеченоста од подот или таванот треба да биде 15-45 cm, а
најдобро е да се поставуваат на одалеченост од 30 cm (сл. 3.4)

Сл. 3.4. Зони на водење на кабловите со растојанија во сантиметри

48
 
 

Каблите се поставуваат, исто така, и на висина од 90-120 cm, а најдобро е да се


постават на растојание 100 cm од подот. Значи, има три зони на поставување на
каблите во ѕидот (долна, средна и горна). Ако се водат два кабла паралелно,
растојанието помеѓу нив мора да биде 1 cm. Одалеченоста на кабелот од аголот на
врата или прозор мора да биде 10-30 cm, најдобро решение е 15 cm. Каблите можат
да се разгрануваат само под прав агол, не е дозволено косо поставување на каблите
освен во под и на таван каде што тоа е дозволено.

(а) исправно (б) неисправно


Сл. 3.5. Водење на кабли во ѕид

Каблите смеат да се спојуваат само во разводните кутии и треба по можност да се


водат на 20 cm од оџак. Разводните кутии се вкопуваат во ѕид или се прицвртуваат
над малтер со помош на типли. Вкопаните кутии дополнително се зацврстуваат со
гипс. Спојувањето на спроводниците во разводните кутии се врши со редни стегалки
или со помош на спојки. Не е дозволено директно навртување на спроводниците еден
на друг. Приклучниците во собите за живеење или канцеларии се поставуваат на
висина 30 cm од подот, а во кујна на висина од 115 cm од под. Во бањата
приклучниците се поставуваат на висина од 150 cm од подот и минимална
одалеченост од када од 60 cm. Прекинувачите за вклучување на светло се
поставуваат на висина 105 cm од под. Прекинувачите за вклучување светло во бањата
се поставуваат надвор од бањата, во ходник. Според важечките прописи
слабострујните инсталации (телефон, домофон итн.) треба да се на минимално
растојание од 10 cm од енергетските водови, но денешните сигнални кабли имаат
квалитетна заштита во однос на попречувања што доаѓаат од енергетски кабли.
Вообичаено 10 cm од таванот се поставува телефонски спроводник, 20 cm сигнален
спроводник, а на 30 cm од таванот енергетски спроводник.

Сл. 3.6. Поставување на различни видови на инсталации во ѕид

При поставување на кутиите се остава во секоја кутија 15 cm слободен кабел за


подоцнежно продололжување (спојување). Се препорачува на секој кабел да се
постави лепенка со испишан број на струјниот круг. Треба строго да се води сметка во
сите простории разводните кутии да се поставени на иста висина.

49
 
 

3.1.2. Изведба на инсталација под малтер со инсталациски цевки

Денеска инсталацијата која се води под малтер често се поставува во


инсталациски цевки. Телефонските и комјутерската инсталација задолжително се
поставуваат во инсталациски цевки. Тоа се, најчесто, еластични пластични цевки
изработени од материјал кој не гори, ниту, пак, го потпомага горењето. Постојат и
метални инсталациски цевки кои имаат внатрешен изолационен слој, а нивните краеви
можат да бидат заоблени или мораат да имаат пластични завршетоци. При
изведувањето на инсталацијата со помош на инсталациски цевки прво се поставуваат
цевките, а потоа се врши малтерисување. Кога малтерот ќе се исуши низ цевките се
провлекуваат каблите, се врши нивно спојување и се поставуваат приклучниците и
прекинувачите. Каблите се провлекуваат низ цевките со помош на челично јаже.
Цевките се поставуваат на исти одалечености од подот, таванот, аглите, вратата,
прозорот како и при поствување на кабли без цевки. Цевките во ѕидот се
прицврстуваат со помош на опфатници кои се поставуваат на секои 25 cm. Покрај
опфатници, во суви простоии може да се користи и гипс. На секои 6 m цевки мора да
се постави една разводна кутија. При поставување на цевките мора да се води сметка
дека во нив не смее да се собира вода.

(а) неисправо (б) исправно


Сл. 3.7. Поставување на инсталациски кабли во цевки

После секој две промени на правецот мора да се постави разводна кутија (сл. 3.8.)

Сл. 3.8. Поставување на разводни кутии при користење инсталациски цевки

Освен во ѕид, цевките можат да се постават и во под, што е доста ефикасен начин на
изведување на инсталации бидејќи се избегнува прилично тешкото поставување на
цевките во ѕид.

3.1.3. Изведба на инсталација над малтер

Споредено со изведбата на инсталацијата под малтер, изведбата на


инсталацијата над малтер е полесна и побрза, но има и свои недостатоци. Тоа е
најчесто цената на чинење и естетиката. Електричните инсталации во дрвени објекти
најчесто се изведуваат за надворешна мотажа. Во тој случај каблите се прицвртуваат
со помош на опфатници. За инсталирање на кабли на метални ѕидови се користи
посебна метална опфатница обложена со пластика. Опфатниците мораат во
хоризонтален правец да се постават на секои 25 cm хоризонтално и на секои 40 cm
вертикално. Најголемата дозволена оддалеченост на опфатницата од кутијата е 10
cm. Влезот на кабелот во кутијата мора да е затворен со гумена кабелска воведница.
Од подот до висина од 2 m каблите мора да се дополнително заштитени од разни
механички повреди.

50
 
 

Сл. 3.9. Изведба на на инсталација над малтер [4]

Во индустријата, често, целата кабелска патека се штити од оштетување на кабелот


со поставување во метални цевки. Краевите на цевката треба да се заоблени. Доколу
металните цевки немаат внатрешен изолационен слој, тогаш мораат да бидат
заземјени, односно да биде извршено изедначување на потенцијалот. Индустриските
објекти, вообичаено, се градат од метал, па изедначувањето на потенцијалот се
постигнува со поставување на метална опфатница со која инсталациските цевки се
прицврстуваат за металната конструкција. Каблите, приклучниците и прекинувачите се
поставуваат на исто растојание од под, таван, врата или прозор како и при
поставување под малтер. Најмалото дозволено растојание помеѓу електричен кабел и
другите видови на инсталација е 30 mm. Ако во близина на кабелот се наоѓа
инсталација од греење, оџак или друг извори на топлина , кабелот мора од нив
топлински да се изолира или да се инсталира на доволно големо растојание од нив.

3.1.4. Изведба на инсталација во бетонски канали

Во индустриските погони во кои не се врши честа измена на позицијата на


машините најчесто се врши инсталација на каблите во подни бетонски канали.
Ширината и длабочината на каналите е 30-100 cm. Начинот на поставување на
каблите е прикажан на сл. 3.10. Треба да се избегнува инсталација на кабел во ист
бетонски канал со други неелектрични инсталации, а ако тоа не може да се избегне,
треба да се преземат мерки за да се избегнат меѓусебните штетни влијанија.

Сл. 3.10. Изведба на инсталација во бетонски канал [4]

Поклопецот на каналот се изведува од бетон, железо или дрво. Често внатре во


каналот се поставува носечка конструкција за кабли како што е прикажано на сл. 3.11.

3.1.5. Изведба на инсталација во метални канали

Во големи работни простории без преградни ѕидови како во стоковите куќи,


лаборатории, проектански бироа итн. единствен прифатлив начин на изведување на

51
 
 

електричната инсталација е во метални подни канали. Каналите се произведуваат


како едноделни или повеќеделни меѓутоа најширока примена има дводелниот канал
прикажан на сл. 3.11.

Сл. 3.11. Изведба на инсталација во метални канали

Подните приклучници се приклучуваат преку каналниот извод. Разводната табла се


приклучува преку вериткално колено.

Сл. 3.12. Поврзување на приклучница и разводна табла со подна инсталација [4]

Каналите се изработени од железо па во едната половина од каналот можат да се


постават телекомуникациски, а во другата енергетски каблови без да има пречки
предизвикани од енергетските кабли. Металните канали се поставуваат на бетонска
плоча. Откако тие ќе се намонтираат се врши нивно залевање со бетон минимално 60
mm. После сушење на бетонот се врши вовлекување на каблите во металните канали.

3.1.6. Електрични водови на носечко јаже


Во индустриските погони понекогаш водовите за електрично осветлување и за
приклучници се поставуваат на носечко јаже. Кабелот се прицврстува за челично јаже
со помош на опфатница која се поставува на секои 25 cm. Носечкото јаже со помош на
куки се затега на двата краја од просторијата.

Сл. 3.13. Изведба на инсталација со носечко челично јаже [4]

3.1.7. Електрични водови на кабелски регали

Чест и погоден начин на изведување на електричната инсталација во


индустриски погони е со поставување на кабелски регали. Носечката конструкција
(кабелски регал) се монтира на ѕидови или тавани во вид на полици. Носечките
конструкции се изработени од метал, а оние кои се без изолациска покривка мораат да
бидат заземјени.

52
 
 

Сл. 3.14. Изведба на инсталација со кабелски регали [4]

3.1.8. Собирнички развод

Кај собирничкиот развод напојувањето со електрична енергија не се врши преку


кабли туку преку бакарни шини-собирници кои се поставуваат во метални кутии со
стандардна должина од 3 m. Бакарните шини се поставуваат на изолациски носачи, а
распоредот внатре е прикажан на сл. 3.15.

Сл. 3.15. Собирнички развод

Лимената кутија се користи како заштитен PE спроводник. Постојат четири вида на


собирнички развод:
1. основен (вентилациски) развод,
2. моторен развод,
3. развод за осветлување и
4. развод за лифтови
Основниот развод се нарекува вентилационен бидејќи неговата кутија е направена од
перфориран лим заради полесно одведување на топлината од собирниците кои се
загреваат поради протекување на големи струи низ нив. Основниот развод се користи
насекаде каде се пренесува голема електрична енергија при низок напон. Стандарно
се изработува за струи од: 800 А, 1350 А, 2000 А, 2500 А, и 3000 А. Најголема примена
има моторниот развод. Се користи за напојување во индустриските погони каде често
се менува распоредот на машините. Не може да се користи во влажни погони и во
хемиската индустрија. На металните кутии кои се со стандардна должина од 3m, на
секој половина метар е направен отвор за монтажа на приклучна кутија.

Сл. 3.16. Собирнички развод во индустриски погони

Приклучната кутија има вградени осигурачи за заштита од куса врска. Кога ќе се


отвори вратата на приклучната кутија, се прекинува струјниот круг. Моторниот развод
се прави за струи од 150 А, 250 А, 350 А и 700 А. Моторниот развод се прицврстува за
таван или ѕид со помош на носачи. Електричен развод за осветлување се користи

53
 
 

кога треба да се напојуваат електрични светилки со голема моќност. Се изработува за


струи од 25 А и 50 А.

3.1.9. Изведување на електричните инсталации на места со опасност од


експлозија

Места кај кои има опасност од експолозија се: бензиски пумпи, фабрики,
рудници, магацини со запаливи течности итн. Електричните инсталации овде се
изведуваат на ист начин како и во другите простории, но при нивно поставување смее
да се користи материјал и елементи кои се посебно наменети за простории каде
постои опасност од експлозија. Оваа опрема според IEC стандардот има ознака „Ex“.
Каблите кои се инсталираат во вакви простории имаат заштитна обвивка која е обоена
во светлосино.

3.1.10. Куќен приклучок


Постојат два начина на изведување на куќен приклучок на дистрибутивна
мрежа: надземен приклучок и подземен приклучок. Надземниот приклучок се изведува
со спроводници и кабли.

3.1.10.1. Надземен куќен приклучок со голи спроводници

Надземниот приклучок може да се изведе со помош на кровен или ѕиден


(конзолен) носач. Изведувањето на куќниот приклучок со помош на кровен носач е
прикажано на сл. 3.17.

Сл. 3.17. Изведба на надземен куќен приклучок со кровен носач [4]

Голите неизолирани спроводници од алучел мораат да имаат минимален пресек од 10


mm2, дури е пожелно пресекот да биде 16 mm2. Кабелот мора да биде тип PP и мора
да има пресек од 6 mm2, пожелно е да биде со пресек од 10 mm2. Сите метални
делови (носачот, лимената плочка итн.) мораат да бидат поцинкувани. Кабелот е PP-Y
5x10 mm2 кај трифазен односно PP-Y 3x10 mm2 кај монофазен приклучок и истиот се
води до куќниот приклучен ормар во кој се наоѓааат главните осигурувачи. Кај
еднофазен кабел има само еден главен осигурувач, а кај трифазен, три главни
осигурувачи. Од куќниот приклучен ормар се води кабел до главната разводна табла.
Изведбата на куќниот приклучок со ѕиден носач е прикажана на сл. 3.18.

Сл. 3.18. Изведба на надземен куќен приклучок со ѕиден носач [4]

54
 
 

Носачот се цементира на ѕид. Напојниот кабел се воведува во објектот преку воведен


елемент и цевка.

3.1.10.2. Надземен куќен приклучок со кабли

Овој тип на приклучок се изведува преку кров или ѕид на зграда. Најчесто се
користат самоносечки кабелски снопови. Овие кабли имаат внатре во самиот кабел
носечко јаже.

Сл. 3.19. Кровен кабелски приклучок [4]

Ако кабелскиот приклучок се изведува на ѕид, кабелот преку ѕидот се воведува во


куќата на начин прикажан на сл. 3.20. Кабелот се затегнува преку затегнувачката
завртка на кое се приклучува носечкото јаже на кабелот.

Сл. 3.20. Ѕиден кабелски приклучок [4]

3.1.10.3. Подземен куќен приклучок

Подземен куќен приклучок се изведува со помош на куќен приклучен ормар кој


се поставува на фасадата на објектот 80 cm над земја. Постојат два вида на куќен
приклучен ормар: со еден влезен кабел и со два (сл. 3.22).
Еднополната шема на куќниот приклучен ормар со два кабла е прикажана на
сл. 3.21.

Сл. 3.21. Подземен куќен приклучок [4]

55
 
 

Внатре во куќниот приклучен ормар се наоѓаат главните осигурувачи, стегалка за


приклучување на заземјувачот и одводниците на пренапони. Каблите кои го напојуваат
куќниот приклучен ормар се вкопуваат на длабочина од 60 cm, а на 40 cm длабочина
се става лента за предупредување. Кабелот мора да биде со минимален пресек од 6
mm2 , тип PP 00 инсталиран во цевка.

56
 
 

4. МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Утврдено е дека наизменична струја со фреквенција од 50 Hz и со амплитуда од


15 mА предизвикува послабо или поголемо грчење на мускулите. Струја со јачина од
15 до 20 mА предизвикува грчење на мускулите, така што човекот тешко ја отвора
раката за да се ослободи од спроводникот кој е под напон. Струја од 20 до 50 mА не
дозволува човекот самостојно да се ослободи од спроводникот под напон, а струја од
50 до 150 mА може да го убие човекот особено ако помине низ срцето и дишните
органи. Струјата со повисока фреквенција е помалку опасна по животот на човек од
струјата со пониска фреквенција. Во поглед на безбедноста од струен удар
разликуваме:
- случаен допир на уредите под напон до кој доаѓа при контакт на човекот и
спроводните делови на уредите кои нормално се под напон, на пример, грлото
на светилката, неизолиран спроводник итн. или уште се нарекува директен
допир и
- напон на допир кој се јавува на спроводните делови на уредите кои нормално
не се под напон (на пример, металното куќиште на моторот, шпорет,
електричен алат со метален оклоп), но во тек на работата поради дефект на
изолацијата или поради други причини можат да дојдат под напон или уште се
нарекува индиректен допир.

4.1. Симетрични компоненти на трифазен систем

При димензионирањето и проектирањето на електричната инсталација, пред сè, од


аспект на употреба на заштитни осигурачи, потребно е да се пресметаат струите на
куса врска во одредена точка од нисконапонскиот развод. Струите на куса врска се
несиметрични режими кои се јавуваат во нисконапонската мрежа. Овие несиметрични
режими во мрежите и електроенергетските уреди се анализираат со помош на
методот на симетрични компоненти. Основата на овој метод се состои во
разложување на појдовниот несиметричен (неурамнотежен) систем на три симетрични
трифазни системи: директен, инверзен и нулти. Директниот систем има ист редослед
на фази како и појдовниот неуреамнотежен систем на фазори, а инверзниот спротивен
редослед на фазорите во однос на појдовниот систем. Нултиот систем се состои од
три еднакви по големина и фаза вектори (сл. 2.15).

Сл. 2.15. Симетрични системи

Кога ќе се соберат сите симетрични компоненти кои припаѓаат на една фаза, ќе се


добие резултатниот фазор за разгледуваната фаза:

I A  I Ad  I Ai  I A0 (4.1)

I B  I Bd  I Bi  I B 0 (4.2)

I C  I Cd  I Ci  I C 0 (4.3)

Ако го воведеме операторот а  е ј 2 3 кој е единечен вектор со фаза 2 3 и се движи


во насока на стрелките на часовникот, тогаш важат следниве релации за фазорите на
појдовниот несиметричен систем:

57
 
 

I A  I Ad  I Ai  I A0 (4.4)

I B  a 2 I Ad  a I Ai  I A0 (4.5)
2
I C  a I Ad  a I Ai  I A0 (4.6)

Претходниот систем може да се напише и во матричен облик:

 I A  1 1 1   I 
   2  
Ad

I
 B   a a 1 I
  Ai  (4.7)
   2  I 
 I C  a a 1  A0 

За компонентите на струјата се добива:


 I Ad  1 a a2 I A 
  1  
 I Ai   1 a
2
a I B  (4.8)
  3 1 1 1   I C 
 I A0    

Аналогни изрази важат и за напоните.

4.2. Пресметка на куси врски во нисконапонскиот развод

При пресметка на кусите врски во нисконапонскиот развод до 1000 V треба да


бидат
земени во предвид некои oсобености на тие мрежи [2]:
- Активните отпорности во јамката на кусата врска играат значајна улога.
Нивната сума може да биде поголема од сумата на индуктивните отпорности.
Поради тоа, активните отпорности на елементите на нисконапонската мрежа не
треба да се занемаруваат.
- Нисконапонските мрежи се напојуваат преку трансформатори со среден/низок
напон, чија номинална моќност е релативно мала и неутралната точка на
нисконапонската страна е директно заземјена. Ако моќноста на напојниот
систем е педесетпати поголема од номиналната моќност, вообичаено е да се
занемари импедансата на напојниот систем. Во тој случај, при куса врска во
нисконапонската мрежа, во колото на кусата врска нема временски менливи
импеданси и ефективната вредност на периодичната компонента на струјата на
куса врска не се менува со времето.

При трифазна куса врска на јазелот k ефективната вредност на периодичната


компонента на струјата на куса врска која се определува според [2]:

U
I k ( 3)  (4.9)
3  ( Rkk1 ) 2  ( X kk(1) ) 2

U- очекуваната ефективна вредност на меѓуфазниот напон, односно вредноста


на тој напон на местото на грешката (местото на кусата врска), непосредно пред
нејзино настанување. Во случај да не се располага со посоодветни информации, може
да се земе U=1.05Unom.
R (kk1) - влезна активна отпорност на системот кај јазолот k за директен редослед.
X kk(1) - влезна реактивна отпорност на системот кај јазолот k за директен
редослед.
За да се определи дали одделни апарати или спроводници можат да задоволат во

58
 
 

услови на куса врска, вообичаено е за проверка да се користи струјата на трифазна


куса врска. Но, за проверка на осетливоста и селективноста на заштитата, потребно е
да се определат струите на двофазна и еднофазна куса врска.
Во дистрибутивните електроенергетски мрежи може да се смета дека
импедансите на мрежата на директниот и инверзниот систем се исти. Тоа важи како за
водовите така и за трансформаторите. Во тој случај ефективната вредност на струјата
на двофазна куса врска се пресметува од [2]:

U
I k ( 2)  (4.10)
2  ( Rkk1 ) 2  ( X kk(1) ) 2
при што може да се смета дека:

3
I k ( 2)  I ( k 3)  0,87  I k ( 3) (4.11)
2
Ефективната вредност на периодичната компонента на еднофазната куса врска се
пресметува според формулата:

3 U
I k (2)  (4.12)
0 
( Rkk  2 R )  ( X kk( 0 )  2 X kk(1) ) 2
(1) 2
kk

каде што горниот индекс (0) означува припадност кон нултиот редослед од системот
на симетрични компоненти. Останатите ознаки во (2.31.) се идентични со ознаките од
(2.28.).
За еден трифазен нисконапонски вод, каде струјата се враќа исклучиво по
неутралниот спроводник, може да се земе дека:
( 0)
X вод  3  X вод
(1)
 3  X вод (4.13)
R (0)
вод R (1)
вод  3  Rнеут.  Rфазен  3Rнеут. (4.14)
каде што со Rнеут e означена активната отпорност на неутралниот спроводник на
водот, а со Rфазен е означена активната отпорност на фазниот спроводник. За односот
помеѓу нултиот и фазниот отпор активен и реактивен се користат вредностите дадени
во табела 4.1.

Табела 4.1. Влијанието на затворањето на струјата на грешка на односот R/X


Пресек Кабел PP 1 kV Кабел IPO 13 kV
(mm2) Враќање на нултата струја низ
4 спроводника и земја 4 спроводника, земја и заштитната
обвивка на кабелот
R(0)/R(1) X(0)/X(1) R(0)/R(1) X(0)/X(1)
Cu Al Cu Al Cu Al Cu Al
16 1,86 / 17,09 / / / / /
25 2,35 / 12,97 / 2,44 1,87 12,73 15,97
35 2,71 2,12 10,52 15,47 2,96 2,18 12,68 15,88
50 2,95 2,48 7,61 11,99 3,38 2,61 9,28 12,59
70 3,18 2,84 5,68 8,63 3,97 3,19 7,36 10,32
95 3,29 3,07 4,63 6,51 4,42 3,68 5,76 7,93
120 3,35 3,19 4,21 5,53 4,32 3,79 4,58 5.93
150 3,38 3,26 3,94 4,68 4,96 4,32 4,50 6,65
185 3,41 3,32 3,74 4,35 4,80 4,34 3,87 4,48

Трансформаторите на среден/низок напон со кој се напојуваат нисконапонските


мрежи, начесто, имаат спрега триаголник-ѕвезда или ѕвезда искршена ѕвезда, при што
неутралната точка на нисконапонската мрежа е директно заземјена. Но, во секој од

59
 
 

случаите активната и реактивната отпорност на нултиот редослед се пресметуваат на


различен начин. За таа цел се користат равенките [2]:
- при спрега на намотките ѕвезда- искршена ѕвезда
(0)
RТР  0,5 RТР
(1)
 0,5 RТР
X ТР  0,1X ТР  0,1X ТР
(0) (1)

- при спрега на намотките триаголник-ѕвезда


( 0)
RТР  RТР
(1)
 RТР
X ТР  X ТР  X ТР
(0) (1)

При пресметка на струите на еднофазна куса врска во нисконапонските мрежи, често


се практикува да се занемаруваат активните и реактивните отпори на
среднонапонската и високонапонската мрежа, а се уважуваат само активните и
реактивните отпорности на трансформаторот за среден/низок напон и
нисконапонските водови од тој трансформатор до местото на грешка. Во таков случај
еднофазната куса врска се пресметува според [2]:

U0
I k (1)  (4.15)
k R
r ТР   Rфазен   Rнеут.   k x X ТР  2 X вод 
2 2

U0- очекувана вредност на фазниот на местото на грешка пред нејзиното настанување


R фазен - сума на активните отпорности на фазните спроводници во колото на кусата
врска
R неут. - сума на активните отпорности на неутралните/заштитните спроводници во
колото на кусата врска
kr - константа чија вредност зависи од спрегата на трансформаторот, при спрега
триаголник-ѕвезда има вредност еднакава на единица, а при спрега ѕвезда-искршена
ѕвезда има вредност 5/6 или приближно 0,8333.
k x - константа чија вредност зависи од спрегата на трансформаторот, а при спрега
триаголник-ѕвезда има вредност еднаква на единица, а при спрега ѕвезда-искршена
ѕвезда има вредност еднаква на 0,7.
Доколку траењето на струјата на куса врска е подолго од три секунди, може да
се земе во предвид промената на активната отпорност на спроводникот поради
неговото затоплување. Притоа процесот на затоплување се смета за адијабатски.
Притоа, најнапред се пресметува приближната вредност на струјата на куса врска, без
уважување на влијанието на затоплувањето. Со така пресметаната струја на куса
врска се определува покачената вредност на активната отпорност (R’) на секој од
спроводниците условена од постоењето на струјата на куса врска. За таа цел се
користи формулата [2]:
 m  t  I k2 
R '  R  1  2
(4.16)
 1  0,004   0   S 
R- активна отпорност на спроводникот при температура 0
0 - температурата на спроводникот непосредно пред настанување на кусата
врска (C).
S- напречен пресек на спроводникот (mm2).
Ik- ефективна вредност на струјата на куса врска, пресметана без уважување на
промената на активната отпорност на спроводниците.
m- коефициент чијашто вредност за бакар е еднаква на 22, а за алуминиум е
еднаква на 5.
t- времетраење на кусата врска (t>3s).
Откако за секој спроводник од колото на кусата врска се пресметува коригираната
вредност на неговата активна отпорност, се преминува на пресметка на коригираната
вредност на струјата на куса врска.

60
 
 

4.3. Заштита од директен допир


Заштитата од директен допир на деловите кои се под напон се врши:
- со изолирање на деловите под напон,
- ставање на деловите кои се под напон во заштитни куќишта,
- ставање на деловите под напон зад препреки и
- ставање на деловите под напон надвор од дофат на рака (поставување на
висина минимално 2,5 m или на хоризонална одалеченост 1,25 m).
Сите технички прописи наложуваат деловите од електричната инсталација и уреди кои
нормално се под напон над 42 V да мораат да бидат заштитени од случаен допир.
Заштита од директен допир се изведува со: изолирање, оддалечување или некоја
друга техничка мерка.
Изолирањето се постигнува со употреба на обвивки од гума, синтетски
изолациски маси (PVC), обмотување на споевите со изолациска лента, употреба на
порцелански или керамички елементи како подлога итн. Во изолирање не се
вбројуваат обвивките со лак, емајл, оксидни слоеви и обмотување со влакнести
материјали дури ако истите се и импрегнирани со масло.
Оддалечување е мерка со која предметот кој треба да биде заштитен од
директен случаен допир се става надвор од дофат на рака и тоа со:
- поставување на неизолираниот предмет на висина од 2,5 m од земја. За
воздушните мрежи над полиња, патишта, улици и реки постојат посебни
прописи.
- одвојување на неизолираниот предмет со мрежна ограда чиј пречник на
отворите не смее да биде поголем од 12 mm и предметот под напон позади
заштитната ограда мора да биде оддалечен најмалку 80 mm и
- затворање на неизолираниот предмет со поклопец, оклоп, приклучна кутија итн.

4.4. Заштита од индиректен допир


Индиректниот допир се јавува во случај на дефект на уредот. На пример, при
пробив на изолацијата на грејачот на бојлерот на неговото куќиште се јавува висок
напон. Заштитата се изведува:
- со вградување на уреди за автоматско исклучување во случај на дефект,
- употреба на уреди со двојна изолација,
- стaвање на уредите во непроводни изолирани простори, така што високиот
напон на куќиштето не е опасен,
- изедначување на потенцијалот на сите спроводни делови кои можат да се
допрат истовремено,
- електрично одвојување на напојувањето од трансформаторот или генераторот
кои не се заземјени и
- вградување на FID склопка.
Автоматското исклучување во случај на дефект најчесто се реализира со помош на
осигурувач.
Напонот на допир е разлика на потенцијалите која се воспоставува помеѓу
човекот и земјата кога тој ќе го допре уредот кој е под напон. Ова се случува кога е
оштетена изолацијата на спроводникот при што се допира металниот спровoден дел
на уредот или кога приклучните точки на уредот не се изолирани. Кога со едната рака
се допре уредот кој е под напон, струјата проаѓа низ телото на човекот и оди во земја
(сл. 4.1). Големината на струјата зависи од напонот на допир и од преодниот отпор кој
го сочинуваат три сериски врзани влезни отпори: влезен отор на местото на допир,
отпорот на човечкото тело и излезниот отпор помеѓу нозете и земјата.
Влезниот отпор Ru има различна вредност бидејќи зависи од влажноста на
рацете, дебелината и состојбата на кожата и големината на допирната површина. За
суви раце и за напони од 20 до 500 V се движат и до 100 000 /cm2, додека за влажни
раце влезниот отпор паѓа и до 1000 /cm2. . Просечната вредност на влезниот отпор за
две суви раце со кои се фаќаат спроводниците се проценува на 2000 до 3000 , а за
една рака 1000 .

61
 
 

Отпор на човековото тело, отпорот на допир Rd, исто така, не е константна


вредност, но во однос на разгледуваниот струен круг, неговата вредност е мала и
најчесто се занемарува.
Излезниот отпор Rl има вредност која се менува во широки граници бидејќи
зависи од видот на земјата, геолошкиот состав, степенот на влажност, влажноста на
нозете, видот на обувките и големината на напонот. Босоног човек на влажна земја
има многу мала вредност на излезниот отпор, под 10 , додека во чевли со гумени
ѓонови на сува земја излезниот отпор преоѓа вредност од 30 000 , а на влажна земја
може да биде 10 000. За да се запознаеме со условите, кои доведуваат до струен
удар кој е опасен по животот на човекот, ќе се разгледа следниот пример [10].

Сл. 4.1. Струјно коло на грешка кое се затвора преку човек [10]

Еден мотор е приклучен на електрична мрежа која во трансформаторската станица


има заземјено ѕвездиште на секундарот на трансформаторот (сл. 4.1.). Намотките на
моторот се под напон 3x380 V. Ако од кои било причини е оштетeнa изолацијата на
намотките на моторот или надворешниот спроводник, тогаш на куќиштето на моторот
се јавува напон кон земја кој изнесува 380 / 3 =220 V. Моторот се наоѓа на бетонска
подлога па преодниот отпор на куќиштето кон земја, односно отпорот на допир
Rp=40. Нека е познат преодниот отпор на погонскиот заземјувач Rt=3. Низ
затвореното електрично коло (спроводникот Ri, куќиштето на моторот, преодниот
отпор на куќиштето кон земја Rp, преодниот отпор на погонскиот заземјувач Rt доаѓа
до протекување на струја на грешка која има вредност:
U 220
Ik    5A (4.17)
Rt  Ri  R p 3  0,5  40
Ова струја ќе предизвика пад на напон на преодниот отпор на куќиштето на моторот
кон земја:
U d  R p  I k  40  5 A  200V (4.18)
Кога човекот ќе го допре овој мотор, тој ќе биде во паралена врска со отпорот на
допир на уредот Rp, или под напон на допир од 200 V. За да се определи струјата која
протекува низ човекот, треба да се знае големината на влезниот и излезниот отпор.
Нека вредноста на влезниот отпор биде 1000 . Ако човекот стои на влажно земјиште,
вредноста на излезниот отпор е занемарливо мала во однос на влезниот па можеме
да ја занемариме. Во овој случај струјата низ телото на човекот ќе има вредност:
200V
Id   200 mA (4.19)
1000
Оваа струја е смртоносна за човекот.
Затоа, треба да се преземат одредени мерки со цел да се заштити човекот и отстрани
опасноста од напон на допир. За таа цел утврдено е дека:
- горна гранична вредност на струјата која смее да помине низ телото на човек е
50 mА и
- вредноста на влезниот Ru и излезниот отпор Rl на телото на човекот е 1000.
Врз основа на овие претпоставки може да се утврди горната граница на безопасниот
напон на допир:

62
 
 

U d  Ru  Rl   I k  1000   0,05 A  50 V (4.20)


Во однос на техниките прописи се утврдени границите на напонот на допир во
зависност од времето на траење на земјоспојот:
Табела 4.2. Дозволени вредности на напон на допир
Udoz=1000 V за t  0,075 s
75 За 0,075 s<t  1,153 s
U doz  V
t
Udoz=65 V За t>1,153 s

Заштитни мерки од превисок напон на допир се:


- Заштитно изолирање (се спречува секој допир на делови кои се под напон
бидејќи се зголемува преодниот отпор, влезниот, излезниот или двата отпора).
- Заштитно заземјување (заштитно заземјување е метален спој на куќиштето на
уредот со земја). Заземјувањето треба да предизвика струјата на дефект да
биде што поголема за да предизвика прегорување на осигурувачите кои го
штитат оштетениот уред, но напонот на допир на оштетениот уред да не биде
поголем од 65 V.
- Нуловање – металното куќиште на уредот се спојува со неутралниот
спроводник преку заштитниот спроводник. Во случај на дефект при кој
настанува спој на фазниот спроводник со спроводните делови на
потрошувачот, фазниот и неутралниот спроводник затвораат струен круг низ кој
протекува струја со големина таква што за време од 0,4 s и напон од 230 V
изврши активација на осигурувачот и со тоа го исклучи потрошувачот од
напојување. Нуловањето е едноставен и ефтин начин за заштита од преголем
напон на допир, но може да се применува само во TN нисконапонски мрежи.
Неутралниот спроводник треба да биде со ист пресек и иста дебелина на
изолацијата како и фазниот спроводник и треба да биде ефикасно заземјен во
ѕвездиштето на трансформаторот и на крајот на мрежата. Во инсталации со
пресек помал од 10 mm2 , треба да постои посебен трети, односно петти
заштитен спроводник на кој се спојуваат металните куќишта, а заштитниот
спроводник треба да се поврзе со неутралниот спроводник во разводната табла
и осигурувачите на фазниот спроводник треба да бидат оригиналните.
Примената на нуловање без исполнување на сите потребни услови нема
никакво заштитно влијание во случај на преголем напон на допир. Во
инсталацијата во која има применето нуловање може да се примени и
диференцијална заштитна склопка, но заштитниот спроводник на потрошувачот
треба да биде надвор од склопката [11].

Сл. 4.2. Заштита од преголем напон на допир со нуловање [11]

- Систем на заштитен спроводник - сите спроводни делови на апарати и

63
 
 

инсталацијата која треба да се штити и сите спроводни делови во една


просторија- водоводните, гасоводните и топоводните цевки, конструктивните
делови на зградата се спојуваат на заеднички заштитен спроводник кој се
заземјува и кај кој отпорот на заземјувачот мора да биде помал од 20.
- Заштитни напонски и струјни прекинувачи (автоматски го исклучуваат струјното
коло во кое се јавува напон на допир и спречуваат повторно вклучување сè
додека не се отстрани дефектот).
- Заштитни трансформатори за главанско одвојување - трансформаторот мора
да има посебна одвоена секундарна намотка од примарната и опаѓачка
карактеристика на секундарниот напон како на сл. 4.3. При појава на напон на
допир на секундарот, електричното коло е затворено струјно коло за струјата,
со што се реализира заштитната функција на трансформаторот. Ваквата
заштита се применува кај различни алати, за приклучниците во купатила,
машини за перење и сушење и сл.

Сл.4.3. Трансформатор за галванско одвојување и карактеристика на напонот


во зависност од оптоварувањето [10]

4.5. Заштита од статички електрицитет


Главната опасност од статичкиот електрицитет се јавува во експлозивни
средини каде ако на едно место се собере доволно количество на електрицитет, доаѓа
до празнење при што може да се запалат експозивните материјали. Насобирањето на
статичкиот електрицитет во производните процеси се спречува со:
- заземјување,
- одржување на соодветно ниво на влажност во воздухот,
- јонизација на воздухот,
- антистатичка препарација,
- зголемување на спроводливоста на лошите спроводни материјали и
- одведување на статичкиот електрицитет.
Заземјувањето мора да се применува на сите спроводни делови на машините, без
оглед на тоа дали се применуваат и други заштитни мерки за отстранување на
статичкиот електрицитет. Заземјувањето се реализира преку галванска спроводна
врска на сите спроводни делови со заземјувачот. Пресекот на бакарниот спроводник
не смее да биде помал од 4 mm2. Наместо бакарни спроводници може да се употреби
и челична поцинкувана лента 20mm x 3 mm. За флексибилните спроводници и споеви
треба да се користи бакарно јаже со пресек 10 mm2.
Одведувањето на статичкиот електрицитет може да се прави по пат на допир и
по пат на инфлуенца. По пат на допир кај деловите од машината, кај кои се појавува
најголемо наелектризирање, се поставува заземјена месингана шипка на која на
растојание од 50 mm се прицврстени метални ланци со чија помош се врши
одведување на статичкиот електрицитет. Одведувањето на статичкиот електрицитет
по пат на инфлуенца е процес при кој се одвојува електрицитетот со спротивен
поларитет во спроводниците кои се во електрично поле.

4.6. Заштита на објекти од удар на гром


Громобранската заштита има за цел да го спречи допирот на каналот на
атмосферското празнење со штитениот објект. Нејзина улога е да ја прифати и
спроведе во земја струјата на атмосферско празнење без последици по објектот, како
и да ги заштити сите електрични и телекомуникациски инсталации и уреди од
штетното електромагнетно дејство и од зголемените потенцијали кои се јавуваат на
заземјениот објект при протекување на струјата на гром. Сите објекти кои се штитат со

64
 
 

гомобрански инсталации се делат во неколку категории:


1. Општи објекти:
 станбени објекти кај кои постои опасност од оштетување на
електричната инсталација, пожар и материјална штета поради
атмосферски празнења;
 фарми кај кои се јавува опасност од пожар и опасни вредности на
напонот на допир;
 опасности кои се јавуваат поради прекинување на снабдување со
електрична енергија со смртна опасност по животот на животните;
 театри, кина, стоковни куќи, училишта, спортски објекти и други објекти
во кои се собираат голем број на луѓе поради опасноста од оштетување
на електричната инсталација, што може да предизвика паника поради
немање електрично осветлување или испад на алармниот систем за
противпожарна заштита;
 банки, осигурителни друштва, комерцијални објекти заради присуството
на голем број на луѓе и поради дополнителните проблеми поради
губење на комуникациии, пад на комјутерите и губење на податоци;
 болници, јасли, затвори, поради присуство на голем број на луѓе, но и
поради дополнителни опасности кои се јавуваат кај болните на
интезивна нега и проблемите при давање помош на неподвижните
болни;
 индустрија поради малите оштетувања кои можат да предизвикаат
големи загуби во производството;
 музеи и арехолошки наоѓалишта поради опасноста од губење на
културно наследство.
2. Објекти со ограничен степен на опасност:
 телекомуникациски, електроенергетски постројки, индустрии загрозени
со пожар, односно има опасност од пожар по непосредната околина.
3. Објекти опасни за непосредната околина:
 рафинерии , фабрики со муниција и запаливи материјали.
4. Објекти опасни за пошироката околина:
 хемиска индустрија, нулеарни постројки, биохемиски постројки.
Постојат и други објекти за кои треба да се предвиди громобранска заштита и тоа:
1. објекти повисоки од 60 m,
2. шатори, кампови, игралишта,
3. привремени објекти и
4. објекти во изградба.
Последиците од атмосферските празнење можат да бидат:
1. механички оштетувања,
2. ранување на луѓе и животни и
3. оштетување на електрична и електронска опрема.

4.7. Громобранска инсталација

Громбранската инсталација се дели на: надворешна и внатрешна.


Надворешната громобранска инсталација има задача да ги преземе директните
атмосферски празнења во објектот и без последици струјата на празнење да ја
спроведе до земја. Внатрешната громобранска инсталација има задача да спречи
појавување на големи разлики во потенцијал внатре во објектот и да ги заштити
уредите и инсталациите од големи атмосферски пренапони.

4.7.1 Надворешна громобранска инсталација

Не постои апсолутно сигурна заштита од директен удар на гром која би била


економски прифатлива. Се смета дека објектот е заштитен од директен удар на гром

65
 
 

ако веројатноста за електрично празнење надвор од гормобранската заштита е


помала од некоја технички прифатлива вредност. Затоа се дефинираат зони на
заштита во кои објектот со голема веројатност се смета дека е заштитен од директен
удар на гром. Покрај заштитата од директен удар на гром се дефинира и заштита на
објектот од оштетувања кои можат да се случат заради атмосферски празнења на
самиот објект или во негова близина. Атмосферските празнења влијаат на
нисконапонските електроенергетски, телекомуникациски и други инсталации кои се
осетливи на пренапони. За поедини типови на објекти се дефинира највисокото ниво
на разик кое може да се толерира, а кое зависи од интензитетот на грмотевицата на
разгледуваниот објект. Како мерило за интензитет на грмотевица се усвојува густината
на годишните празнења на хоризонталната површина на земјата Ng.
Честотата на директен удар од гром во објектот Nobj се дефинира на база на
средната годишна густина на празнењата на хоризонталната површина на земјата Ng,
[Ng]=број на удари/km2год и еквивалентната површина на објектот .

N obj  N g Ae106 N   број удари/година


obj (4.21)
Под еквивалентна прифатна површина на објектот Ае се подразбира површината на
хоризонтално земјиште кое има иста честота на директни удари од гром како и
разгледуваниот објект.
Одредувањето на еквивалентната прифатна површина претставува еден од
клучните задачи во громобранската заштита.
Еквивалентна прифатна површина на осамен објект Ae се одредува во
пресекот на површината и права линија која ротира околу објектот, а која е повлечена
од врвот на објектот во однос на хоризонталната рамнина во однос 1:3. Со ротирање
на правата околу објектот во пресек со хоризонталната рамнина се добива
геометриското место на точки кои ја ограничуваат еквивалентната прифатна површина
(сл. 4.4).

Сл. 4.4. Еквивалентна прифатна површина на осамен објект [10]

За објектот даден на слика 4.4 еквививалентната прифатна површина Ае има


вредност:

Ае  ab  6ha  b   9h 2 (4.22)


a-должина на објектот, b-ширина на објектот, h-висина на објектот ([a]=[b]=[h]=m).
За случај на нерамен терен, еквивалентната прифатна површина на објектот се
определува на сличен начин. Се поставува рамнина која минува низ највисоката точка
на објектот под наклон 1:3 во однос на хоризонталата. Границите на еквивалентната
прифатна површина се наоѓаат во пресекот на површината на земјата , без оглед на
конфигурацијата на теренот. Пример за одредување на еквивалентна прифатна
површина е прикажан на сл. 4.5.

66
 
 

Сл. 4.5. Еквивалентна прифатна површина на објект на нерамен терен [10]

Доколку објектот не е осамен, туку во негова близина се наоѓа друг објект кој
има своја еквивалентна прифатна површина, тогаш еквивалентната прифатна
површина на објектот се пресметува само за оние делови од површината на теренот
кои не припаѓаат на еквивалентната прифатна површина на соседните објекти.
Пример за одредување на еквивалентната прифатна површина на објектот P1 во чија
близина се наоѓаат објектите S1, S2 и S3 е прикажан на сл. 4.6. На сл. 4.6.
еквивалентната прифатна површина на објектот Ae е површина внатре во
триаголникот околу објектот ограничен со правите кои одат под наклон 1:3 од
највиските точки на објектот S1, S2 и S3, а нормално на правите x1, x2 и x3 кои го
претставуваат најкраткото растојание помеѓу разгледуваниот објект P1 и соседните
објекти. Надворешната затворена крива линија ја означува еквивалентната прифатна
површина доколку не би постоеле соседните објекти. Затоа, деловите на триаголникот
кои се наоѓаат надвор од еквивалентната прифатна површина на осамениот објект P1
не припаѓаат на површината Ае.

Сл. 4.6. Еквивалентна прифатна површина на објект во близина на други објекти [10]

За секој тип на објект се усвојува честота на удари од гром Nc која претставува


број на удари во објектот во текот на една година кој може да се толерира. Усвоената
честота на удари од гром е големина која зависи од типот на објектот, односно
загрозеноста на објектот и луѓето од атмосферски празнења. Овој параметар го
проценува проектантот или инвеститoрот пред почнување на проектирањето на
громобранската инсталација. Доколку не пoстојат други податоци, усвоената честота
на удар од гром се определува врз основа на следниве фактори: (вредностите се
дадени во табели 4.3, 4.4, 4.5 и 4.6).

N c  3  103 C1C 2 C3  C4 (4.23)


Коефициентите C1, C2, C3 и C4 се дадени во табелите 4.2, 4.3, 4.4 и 4.5.

67
 
 
Табела 4.3. Тип на конструкција на објектот-C1
Конструкција на Метален кров Комбиниран кров Запалив кров
објектот C1
метална 0,5 1 2
комбинирана 1 1 2,5
запалива 2 2,5 3

Табела 4.4. Содржина на објектот-C2


Содржина на објектот C2
без вредност и незапалив 0,5
мала вредност или воглавно 1
запалив
поголема вредност или посебно 2
запалив
изворедно голема вредност, 3
ненадоместлива штета, многу
запалив или експлозивен

Табела 4.5. Намена на објектот-C3


Намена на објектот C3
без присуство на луѓе 0,5
воглавно без присуство на луѓе 1
тешка евакуација, запалив, 3
опасност од паника

Табела 4.6. Последици од удар на гром во објектот


последици од удар на гром во C4
објектот
не е задолжително да има 1
непрекинатост на производниот
процес и без влијание по околината
задолжително е да има 5
непрекинатост на производниот
процес но без влијание по околината
влијание врз околината 10
Ефикасноста на громобранската заштита се проценува врз основа на односот на
честотата на директен удар од гром во објектот Nobj и усвоената честота на удар од
гром Nc. Ако е исполент условот N obj  N C , тогаш громобранската инсталација не е
потребна. Ако N obj  N C , тогаш е потребно да се постави громобранска инсталација на
објектот. Пресметковната ефикасност на громобранската заштита тогаш може да се
пресмета како:
NC
Еr  1  (4.24)
N obj
Од табела 4.6. може да се воочи дека кај нивото на заштита I, амплитудата на струјата
на првото главно празнење не смее да биде поголема од 2,8 kA. Ако струјата е
поголема, таа мора да се спроведе со громобранска заштита во земја. Кај нивото IV на
заштита, максималната струја на празнење во објектот која може да се толерира
изнесува 14,7 кА. Ударното растојание дадено во табела 4.7. може да се пресмета од
амплитудата на струјата на гром со изразот:
Rud  10  I 0,67 (4.25)
Табела 4.7. Избор на ниво на заштита на громобранската инсталација
Амплитуда на струјата Ударно растојание Rud Пресметковна Ниво на
на гром I [kA] [m] ефикасност Er заштита
Er>0,98
2,8 20 0,98>Er>0,95 I
5,2 30 0,95>Er>0,90 II
9,5 45 0,90>Er>0,8 III
14,7 60 0,8>Er>0 IV

68
 
 

4.7.2. Приниципи на надворешната громобранска инсталација

Принципот на надворешната громобранска инсталација се базира на намерно


предизвикување на атмосферско празнење во заштитниот систем од кој е составена
громобранската инсталација. Громобранската инсталација се дели на: внатрешна и
надворешна.
Надворешната громобранска инсталација ја сочинува:
 прифатниот систем,
 спуштачките спроводници и
 заземјувачот.
Внатрешната громобранска инсталација е составена од:
 елементи кои го намалуваат електромагнетното влијание на струјата на
атмосферското празнење во просторот кој се штити и
 елементи кои служат за изедначување на потенцијалот на заземјувачот
и нултиот потенцијал на различни електрични и телекомуникациски
инсталации и останатите метални маси во објектите.
Надворешната громобранска инсталација може да биде:
 изолирана надворешна громобранска инсталација кај која патеката на
струјата при празнењето во громобранската инсталација нема никаков
контакт со просторот кој се штити и
 неизолирана надворешна громобранска инсталација која претставува
таква инсталација кај која прифатниот систем и спуштачките
спроводници се така поставени што патеката на струјата при
празнењето во громобранската инсталација може да биде во контакт со
објектот кој се штити.
Прифатниот систем претставува систем на спроводници чија задача е да го прифатат
на себе директното атмосферско празнење и на тој начин го спречат оштетувањето на
објектот. Прифатниот систем може да биде која било комбинација од следниве
елементи:
 фаќачи во форма на стап или фаќачи со засилено дејство,
 распнати жици и
 мрежа од спроводници.
Под фаќач во форма на стап се подразбира вертикален метален стап со одредена
висина поставен на врв на објектот, кој на едниот крај е со најкратка врска врзан за
заземјувачот. Врските помеѓу прифатниот систем и заземјувачот се нарекуваат
спуштачки спроводници.
Со цел да се зголеми ефикасноста на фаќачите во форма на стап се
предлагаат различни технички решенија кои треба да го засилат дејствувањето на
фаќачите во форма на стап. Тоа се фаќачи со засилено дејство. За таа цел порано се
вградувале фаќачи кои на својот врв имаат извор на јонизирачко зрачење, но денес
нивната употреба е напуштена.

4.7.2.1. Заштитна зона на прифатниот систем

Под заштитна зона на прифатниот систем се подразбира зона во која со мала


веројатност може да се случи директно атмосферско празнење. Денес се користат два
приода во одредување на заштитната зона на прифатниот систем. Тоа се:
1. заштитен агол  (аголот кој го прави тангентата на сферата со радиус
еднаков на ударното растојание и вертикалната линија која поминува низ
фаќачот во форма на стап- сл.4.7) и
2. тркалачка сфера има радиус еднаков на ударното растојание за една
одредена струја на гром (која зависи од нивото на заштита на објектот).
Заштитната зона се добива како геометриско место на точките во кои
сферата ја допира хоризонаталната подлога при ротирање околу фаќачот
во форма на стап, така што сферата постојано го допира фаќачот.
Во случај на примена на мрежа од спроводници како прифатен систем, се

69
 
 

дефинира димензијата на отворите на мрежата во зависност од бараното


ниво на заштита.

Сл. 4.7 Ширина на заштитната зона определена со методот на заштитниот агол и


тркалачка
сфера [10]

Во табела 4.8. се прикажани заштитните агли , радиусот на тркалачката сфера R и


ширината на отворите на мрежата.

Табела 4.8. Заштитна зона во функција од нивото на заштита


R [m] h=20 m h=30 m h=45 m h=60 m
Ниво на  []  []  []  [] Ширина на
заштита окцата на
мрежата
I 20 25 5
II 30 35 25 10
III 45 45 35 25 10
IV 60 55 45 35 25 20

Зоната на заштита на громобранот во форма на стап со висина h над земјата (сл. 4.8),
односно ha над штитениот објект (висина на објектот hx и h=hx+ha), претставува круг со
радиус Ra на висина hx. Радиусот на штитената зона се определува со примена на
следниот израз:

1,6
Rx  ha p (4.26)
hx
1
h
Каде p=1 за h<30 m и p  5,5 h за h>30 m.

Сл. 4.8. Зоната на штитење кај фаќачот во форма на стап [10]

Често се користи линеарна апроксимација на границите на штитената зона на


громобранот во форма на стап, така што по геометриски пат може да се определи
зоната на штитење како на сл. 4.9.
Заштитната зона на објект со висина 2/3 во вкупната висина на стапот од
површината на земјата h се определува како зона внатре во купола чија страна е под
агол   36,8 во однос на вертикалата. Висината и радиусот на основата на куполата
имаат однос 4:3. За пониските објекти зоната на штитење лежи внатре во купола со
висина 0.8h, чија страна е под агол од =56,3. Односот на висината и радиусот на
основата на куполата е 2:3.

70
 
 

Сл. 4.9. Заштитна зона на стапен громобран во линеаризирана форма [10]

4.7.2.2. Природни компоненти на прифатниот систем


Под природни компоненти на прифатниот систем се подразбираат делови од
објектот кои не се поставени специјално заради громобранска заштита, но можат да ја
преземат нејзината функција. Следните делови можат да се сметаат за природен
прифатен систем:
1. Метални лимови кои го покриваат штитениот простор доколку ги
исполнуваат следните услови:
 да е остварена трајна врска помеѓу различните металните делови и
 дебелината на лимот не смее да биде помала од вредноста дадена
во табела 4.9;
2. Металните делови кои претставуваат природни компоненти не се обложени
со изолација (тенки слоеви на заштитна фарба или 0,5 mm асфалт или 1mm
PVC се сметаат дека се изолација);
3. Сите неметални материјали или метални објекти прекриени со неметални
материјали кои се на метални лимови или над нив;
4. Металните олуци околу кровот, декорации, огради, цевки и други метални
делови чија дебелина е поголема од онаа во табела 4.8. и доколку
протекувањето на струјата на празнењето низ нив не може да доведе до
појава на опасно прегревање на материјалот.

Табела 4.9. Минимална дебелина на металниот лим кој се користи како прифатен систем
Ниво на заштита Материјал Дебелина [mm]
I до IV челик 4
бакар 5
алуминиум 7

4.7.2.3. Спуштачки спроводници (одводи)


Спуштачките спроводници имаат задача по најкраток пат да ја спроведат
струјата на атмосферското празнење до земја.
На спуштачкиот спроводник при протекување на струјата на атмосферското
празнење се појавува зголемување на потенцијалот во однос на точка на
референтниот потенцијал заради:
1. пад на напон на заземјувачот при протекување на ударната струја на
празнењето и
2. индуциран пад на напон на спуштачкиот спроводник.
Високиот потенцијал на спуштачкиот спроводник може да биде опасен ако во негова
близина се наоѓа некоја друга инсталација, како на пример, електроенергетска
инсталација на низок напон, телефонска линија, довод на гас или водоводна
инсталација. Во случај кога растојанието помеѓу громобранската инсталација и
инсталацијата на потенцијал на референтна нула е помало од безбедното растојание,
може да има појава на прескок кој во одделни случаи може да биде опасен. Под
безбедно растојание се подразбира најмалото растојание помеѓу две спроводни тела
(внатре во штитениот простор) при што не може да има прескок помеѓу телата при
протекување на струја на атмосферско празнење.
За што повеќе да се намали потенцијалот на громобранската инсталација при
протекување на ударната струја на празнење, се преземаат следниве мерки за

71
 
 

изолирање на надворешната громобранска инсталација:


 поставување на повеќе паралелни спуштачки спроводници рамномерно
распределени околу објектот со цел намалување на напонот на секој спуштачки
спроводник и
 да се настојува праволиниски да се водат спуштачките спроводници секаде
каде е тоа можно.

Табела 4.10. Максимално дозволено растојание помеѓу спуштачките спроводници
во зависност од нивото на заштита
Ниво на заштита Средно растојание
[m]
I 10
II 15
III 20
IV 25
При проектирање на громобранската инсталација и при поставувањето на
спуштачките спроводници треба да се внимава на следниве правила:
- Ако прифатниот систем се состои од стапни фаќачи на поединачни
столбови, тогаш е потребен најмалку по еден спуштачки спроводник на
секој столб. Ако столбот е од метал или од армиран бетон со поврзана
метална арматура, тогаш не е потребно поставување на дополнитлени
спуштачки спроводници;
- Ако прифатниот систем се состои од еден или повеќе одвоени
хоризонтални спроводници, тогаш е задолжително да има најмалку по
еден спуштачки спроводник на секој крај на хроизонталниот спроводник;
- Ако прифатниот систем е направен во облик на мрежа, тогаш е
задолжително поставување на најмалку еден спуштачки спроводник на
секој носечки столб.
Во случај на неизолирана надворешна громобранска инсталација, спуштачките
спроводници се поставуваат така што нивното просечно растојание не смее да биде
поголемо од вредноста која е дадена во табела 4.9. Мораат да се применуваат
најмалку по два спуштачки спроводника по гормобранска инсталација со мрежест
прифатен систем.
Основната разлика помеѓу неизолираната надоврешна громобранска
инсталација и изолираната надворешна громобранска инсталација е начинот на
поставување на спуштачките спроводници. Кај изолираната громобранска инсталација
растојанието помеѓу спуштачкиот спроводник и металните маси на штитениот простор
мора да биде поголемо од безбедносното растојание кое не дозволува појава на
прескок при атмосферските празнења. Кај неизолирана громобранска инсталација
металните маси на објектот мораат да бидат поврзани со громобранската инсталација,
така што самиот објект со своите природни компоненти ја презема делумно улогата на
спуштачки спроводници.

Табела 4.11. Коефициент k1 за одредување на безбедното растојание во функција од нивото на


заштита
Ниво на заштита k1
I 0,1
II 0,075
III и IV 0,05

Кај неизолирана громобранската инсталација, спуштачките спроводници можат да се


постават на објектот на еден од следниве начини:
 Доколу ѕидот на објектот е од незапалив материјал, тогаш спуштачките
спроводници можат да се постават на површината на ѕидот или да се
вкопаат во самиот ѕид под услов зголемувањето на температурата на
спуштачките спроводници поради протекување на струја на
атмосферско празнење да не е опасна за материјалот на ѕидот;

72
 
 

 Доколку ѕидот на објектот е од запалив материјал, тогаш спуштачките


спроводници можат да се постават на површината на ѕидот под услов
зголемувањето на температурата на спуштачките спроводници поради
протекување на струја на атмосферско празнење да не е опасна за
материјалот на ѕидот;
 Доколку ѕидот е од запалив материјал и ако зголемувањето на
температурата на спуштачките спроводници поради протекување на
струјата на атмосферското празнење е опасно за материјалот на ѕидот,
тогаш спуштачките спроводници се поставуваат на растојание кое е
поголемо од 0,1 m од штитениот простор (носачите на спуштачките
спроводници од метал можат да бидат во контакт со ѕидот бидејќи се
работи за неизолирани громобрански инсталации).
Безбедносното растојание s е минимално растојание помеѓу громобранската
инсталација и некоја друга инсталација во објектот која е на различен потенцијал од
потенцијалот на громобранската инсталација. Тоа е и растојание помеѓу
громобранската инсталација и која било друга метална маса кај изолирана
громобранска инсталација. Кога растојанието помеѓу спуштачките спроводници е
окулу 20 m, безбедноснотo растојание се определува според:
kc
s  k1 l (4.27)
km
Коефициентот k1 зависи од нивото на заштита и се добива од табела 4.10.
Коефициентот km зависи од материјалот кој ја раздвојува громобранската инсталација
од останатите метални маси или другата инсталација и се добива од табела 4.11.
Коефициентот kc зависи од конфигурацијата на громобранската инсталација и
останатите метални маси (сл. 4.10. и сл. 4.11.). Во табела 4.13. се дадени вредностите
на коефициентот kc.

Табела 4.12. Коефицент km


Материјал помеѓу km
громобранската
инсталација и металните
маси
Воздух 1
Цврст материјал 0,5

Табела 4.13. Коефицент kc


Конфигурација kc
Еднодимензионална 1
Дводимензионална 0,66
Тридимензионална 0,44

Сл. 4.10. Близина на громобранската инсталација и останатите инсталации [10]

73
 
 

Сл. 4.11. Близина на громобранската инсталација и останатите инсталации,


тродимензионална конфигурација, јазол во близина на спуштачкиот спроводник [10]

За да се спречи појава на големи потенцијални разлики помеѓу громобранската


инсталација и останатите инсталации или метални маси во склоп на објектот, мораат
сите инсталации да се доведат на ист потенцијал со поврзување во една точка. Ова
поврзување се реализира со помош на шина за изедначување на потенцијалот.
Спуштачките спроводници треба да се поврзат со хоризонтални спроводници врзани
во прстен во близина на нивото на земјата и на секои дваесет метри по висина на
објектот. За да може да се мери отпорноста на заземјување на спуштачките
спроводници мора да се предвиди испитна врска која со помош на алат може да се
отвори и да се провери отпорноста на заземјување на разгледуваниот дел од
заземјувачот.

4.7.2.4. Громобрански заземјувачи

Громобранските заземјувачи се делат на следни видови:


 прстенести
 вериткални (сл. 4.13.)
 радијални и
 темелен заземјувач (сл. 4.12.)

Сл. 4.12. Темелен заземјувач

Сл. 4.13. Вертикален заземјувач во форма на стап

74
 
 

При изработката на громобранскиот заземјувач повеќе добро распределени


спроводници се поефикасни од еден спроводник со поголема должина. На сл. 4.14. е
прикажана минималната вкупна должина на заземјувачот l1 во функција од
специфичниот електричен отпор на земјата и нивото на заштита. При зголемувањето
на должината на заземјувачот треба да се постават повеќе радијални кракови наместо
да се зголемува должината само во еден правец.

Сл. 4.14. Минималната должина на заземјувачот l1 во функција од специфилниот


Електричен отпор  и нивото на заштита

Во случај на радијални и вертикални заземјувачи секој спуштачки спроводник


мора да се врзе барем на еден одвоен заземјувач. Најмалата вкупна должина на секој
заземјувач во случај на хоризонтален радијален заземјувач е еднаква на должината l1
од сл. 4.14, а за случај на верикален заземјувач е еднаква на 0,5 l1 (слика 4.14.). Ако
може да се постигне стабилна отпорност на заземјувачот помала од 10 , тогаш
можат да се користат заземјувачи и со помали должини од оние дадени на сл. 4.14.
Во случај на прстенест или темелен заземјувач, средниот геометриски
дијаметар не смее да биде помал од вредноста l1 на сл. 4.14. Во спротивно, треба да
се додадат радијални хоризонтални или вертикални (искосени) заземјувачи.
Најмалата должина на хоризонталниот заземјувач, која треба да се додаде во случај
на прстенест заземјувач со радиус r е:

lh  l1  r (4.28)

Најмалата должина на вертикалниот заземјувач, кој треба да се додаде на прстенот е:

l1  r
lh  (4.29)
2
Надворешните прстенести заземјувачи треба да се постават на длабочина од
најмалку 0,5 m и најмалку 1 m од ѕидовите на објектот надвор од штитениот простор.
Природни заземјувачи се елементи на објектот кои содржат метални маси под
земја. Ако темелот на објектот е направен од бетон со вградени поврзани метални
спроводници, тогаш таквиот зазмејувач се нарекува темелен зазмејувач.
Поврзувањето на металните елементи внатре во бетонот се прави со заварување.
Добро изведено заземјување е од посебна важност за комплетниот систем на
заштита без оглед дали се работи за погонско заземјување, заштитно заземјување,
заземјување на гормобранската инсталација или заедничко заземјување. Погонското
(работното) заземјување е заземјување на деловите кои припаѓаат на струјно коло,
додека заштитното заземјување е заземјување на деловите кои не припаѓаат на
струјното коло. Заедничко заземјување е заземјување кое се добива со поврзување на
две или повеќе различни заземјувања.
Поврзувањето на заземјувањето на електричната инсталација зависи од видот

75
 
 

на домашниот приклучок. Ако приклучокот е подземен, зазeмјувачот се спојува во


куќниот приклучен ормар на заштитниот PE спроводник, а ако приклучокот е надземен,
спојувањето се врши во главниот разводен ормар, односно во главната разводна
табла. Пресекот на кабелот за заземјување (земјоспојниот спроводник) зависи од
пресекот на фазните спроводници и се определува согласно табела 4.14.

Табела 4.14. Пресек на заштитниот спроводник


Пресек на фазен Пресек на земјоспоен спроводник
спроводник Ap [mm2]
2
А[mm ]
A  16 Минимално 6
16А35 16
35А А/2

4.7.2.5. Пресметка на заземјувачи

Отпорот на заземјувачот не е занемарлив и тој зависи од два фактора:


специфичниот електричен отпор на земјата и површината на заземјувачот која е во
контакт со неа. Специфичниот електричен отпор на земјата зависи од нејзиниот
хемиски состав и се мери во m. Да разгледаме два заземјувача кои се врзани на
извор на наизменична струја.

Сл. 4.15. Струјно коло со два заземјувача

Низ земјата и на заземјувачите се создава струјно коло и протекува струја I. Јачината


на струјата зависи од напонот U и отпорот на заземјувачите R1 и R2 а се одредува
според:
U
I (4.30)
R1  R2
Во табела 4.15. е даден специфичниот отпор за најчестите видови на земјиште

Табела 4.15. Отпор на земјиште


вид на земјиште  [m]
глина или обработлива земја 40
песочна земја 3000
каменеста подлога 10 000

Со прописи е дефинирано дека максималниот отпор на заземјувачот на громобранот


смее да биде 20 , отпорот на заземјувачот на одводници на пренапони максимално
5, додека максималниот дозволен отпор на заштитното заземјување се определува
по пат на пресметка. Доколку заземјувачот се користи за громобранска инсталација,
потребно е да се провери ударниот отпор на заземјувањето при специфичниот
електричен отпор на земјата помал од 250m и тој мора да биде помал од 20 .
Ударниот отпор на заземјувачот е отпор кој заземјувачот го има во моментот на
ударот на гром. Отпорот на заземјувачот во форма на стап се пресметува според:

R [] (4.31)
l
Каде l [m] е должината на стапот. Отпорот на заземјувачот во форма на лента се

76
 
 

пресметува според:

2
R  за l  10 [m] (4.32)
l
3
R  за l>10 [m] (4.33)
l
Каде l [m] е должината на лентата на заземјувачот.
Отпорот на темелниот заземјувач се пресметува според:
 
R  0,564  [] (4.34)
A A

Каде А [m2] е површината на темелот. Ударниот отпор на заземјувачот се пресметува


по формула:

Ru  k  R [] (4.35)
Коефициентот k за стапните заземјувачи е k=1, за лентестите зависи од видот на
земјата и должината на лентата. Ако станува збор за песочна или каменеста подлога
k=1, за глина или обработлива површина се користи табела 4.16.

Табела 4.16. Вредност на коефициентот k


Должина на лената [m] к
0-20 2
20-30 3
30-40 4
40-50 5

Пример 4.1.: Пет заземјувача во форма на стап со должина од 1 m се поставени во


обработливо земјиште. Да се пресмета вкупниот отпор на заземјувачот.


40
R1   40 
 (4.36)
l 1
R 40
R 1   8 [] (4.37)
n 5
Вкупниот отпор на заземјувачот е R1=8 [].

Пример 4.2: Во обработливо земјиште е поставена лента со должина 8m. Да се


пресмета отпорот и ударниот отпор.

2  2  40
R=   10  (4.38)
l 8
Ru  k  R  2  10  20 (4.39)

Пример 4.3: Во темелите на куќата со димензии 8x7 m е поставен темелен заземјувач.


Да се пресмета отпорот на заземјувачот, ако куќата е поставена на глинеста почва.
 40
R  0,564   0,564   3 (4.40)
A 87

4.7.2.6. Примери за изведување на надворешна громобранска инсталација

На сл. 4.16. е прикажана громобранска заштита на помал објект со помош на


два громобрана во форма на стап поставени на кос кров. Бројот и висината на
стаповите се определува така што објектот да биде заштитен или по критериумот на
заштитен агол или по критериумот на тркалачка сфера. На слика 4.16.(б) е прикажана
заштита на истиот објект со помош на лента, која треба да биде врзана за

77
 
 

заземјувачот на двете страни. На двата краја на лентата се поставени кратки


вертикални фаќачи со должина до 20 cm. Во двата случаја се применети вертикални
заземјувачи, иако можат да се користат и хоризонтални ленти. На сл. 4.17. е
прикажана заштита на повеќеспратница со спроводни вертикали на надворешните
спустови (сл. а) и со спроводни вертикали (армирано-бетонска конструкција на слика
(б)). На сликата (а) се користи прстенест заземјувач додека на сликата (б) темелен.

(а) (б)
Сл. 4.16. Заштита на помал објект со помош на два громобрани во форма на стап или
со помош на хоризонтална лента
Заштита на повеќекатен објект без природни
компоненти (I) и со природни компоненти (II)
a) фаќач во форма на стап
b) прстен од хоризонтални ленти
c) вертикални спроводници (одвод)
d) хоризонтален прстен за поврзување на
одводите
е) заземјувач

(а) (б)

Сл. 4.17. Заштита на повеќеспратен објект без природни компоненти (а)


и со природни компоненти (б)

4.7.3. Внатрешна громобранска инсталација

Внатрешната громобранска заштита служи за заштита на инсталацијата внатре


во зградата и заштита на апаратите од атмосферски празнења.
Атмосферските пренапони можат да стигнат внатре во објектот кој инаку е
ефикасно заштитен од директен удар на гром на следниот начин:
1. со зголемување на потенцијалот на заземјувачот во однос на референтната
земја поради протекување на струја на атмосферско празнење;
2. навлегување на атмосферски пренапони преку надземниот електричен
приклучок;
3. електромагнетна спрега помеѓу спроводната патека на струјата на
атмосферското празнење и разгледуваниот објект.
Постојат три основни вида на внатрешна громобранска заштита: мерки за
изедначување на потенцијалот внатре во објектот, мерки за ограничување на
пренапони во електрични инсталации и уреди и оклопување (затворање со метален
оклоп) на објектот или уредот со цел спречување на електромагнетна спрега помеѓу
струјната патека и штитетниот објект по пат на атмосферско празнење.

78
 
 

4.7.3.1. Изедначување на потенцијалот внатре во објектот

Изедначување на потенцијалот е електрична врска на различни спроводни делови кои


се доведуваат на ист потенцијал, а тоа се постигнува со галванско поврзување на
водоводните и другите инсталации (греење, гас, метална канализација, лифт, антена,
телефонска инсталација, громобранска инсталација и сл. на заземјувањето на
објектот).

а) фаќач
b) спуштачки спроводници
c) громобрански заземјувач
d) водоводна инсталација
e) подземен дел на водоводната
инсталација

Сл. 4.18. Разлика на потецијал помеѓу громобранска и водоводна инсталација

Сл. 4.19. Изедначување на разликата на потенцијал помеѓу вододната и


Громобранската инсталација

Сл. 4.20. Изедначување на потенцијалот помеѓу електроенергетска и громобранската


инсталација

Во објектите се наоѓаат различни инсталации како што се: електроенергетски


инсталации на низок напон, телефонски инсталации, водоводни инсталации итн.
Секоја од овие инсталации се наоѓа на одреден потенцијал во однос на заземјувачот
на зградата. Во случај на директно атмосферско празнење во громобранската
инсталација на објектот можат да се појават пренапони кои повеќепати се поголеми од
ударниот напон во објектот. Одредени видови на самоносечки кабли имаат поднослив
ударен напон од 50-70 kV, додека подносливиот напон во разводната табла е најчесто
2,5 kV.

79
 
 

5. ИСПИТУВАЊЕ НА ИСПРАВНОСТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ИНСТАЛАЦИЈА


За да се провери исправноста и функционалноста на електричната
инсталација, потребно е истата да се прегледа и испита. Со преглед се проверува:
1) заштита од електричен удар, вклучувајќи мерење на растојание кај заштитните
прегради или куќишта или поставување на опремата надвор од дофат на рака;
2) заштитни мерки од ширење на оган и топлинско влијание на спроводниците во
однос на трајно дозволените вредности на струите и дозволениот пад на напон;
3) избор и подесување на заштитните уреди и уредите за надзор;
4) исправност на поставувањето на соодветни прекинувачки уреди;
5) избор на опремата во однос на заштитата од надворешни влијанија;
6) распознавање на неутралниот и заштитниот спроводник;
7) постоење на соодветна документација, плочки со предупредувања и слични
информации;
8) распознавање на струјните кола, осигурувачи, склопки, приклучни места и друга
опрема;
9) спојување на спроводниците и
10) пристапност и расположивост на просторот за работа и одржување.

Испитувањата можат да се извршат по следниот редослед:


 проверка на непрекинатоста на заштитниот спроводник и главниот и
дополнителниот спроводник за изедначување на потенцијалот,
 проверка на изолацискиот отпор на електричната инсталација,
 електрично раздвојување на струјните кругови,
 отпорот на подот и ѕидовите и
 функционалност.

5.1. Преглед на инсталацијата во тек на изведување на работите


Во тек на изведба на инсталацијата, уште додека не е извршено малтерисување се
врши:
 преглед на видот и квалитетот на поставените кабли,
 проверка на поставувањето на каблите под прави агли и на
пропишаната оддалеченост од таванот, подот, аглите, прозорите и
вратата и
 проверка на поставеноста на каблите во согласност со проектот.

5.2. Испитување на осветлението


При испитување на осветлението треба да се провери следното:
 дали се поставени сите светлечки тела и склопки согласно проектот,
земајќи го во предвид пропишаното ниво на заштита од надворешни
влијанија,
 да се провери функционалноста на сите прекинувачи и светилки,
 висината на поставените прекинувачи (105 cm),
 да се провери дали на прекинувачот се донесени фазните спроводници
(прекинувачите мораат да овозможат безнапонска состојба на
светилките),
 да се измери осветелноста и да се провери дали се исполенти барањата
на проектот и
 да се провери дали работи светлото за паника при исклучување на
напојувањето.

5.3. Испитување на приклучниците


При испитување на приклучниците треба да се провери следното:
 дали се поставени сите приклучници согласно проектот,
 да се провери дали приклучниците се на пропишаната висина од подот

80
 
 

(30 cm, 115 cm, 150 cm) и дали имаат соодветно ниво на заштита од
надворешни влијанија, а во бањата дали приклучниците се на
минимална одалеченост 60 cm од кадата,
 да се провери дали заштитниот PE спроводник е споен на заштитните
контакти,
 да се провери пресекот на кабелот на кој е поврзана приклучницата и
бојата на спроводникот,
 да се измери отпорот на струјниот круг на грешка на приклучницата и
 да се измери напонот.
Отпорот на кругот на грешка се мери со методот на познат предотпор со инструмент-
тест мерач кој се спојува помеѓу фазата и заштитниот контакт на приклучницата (сл.
5.1.).

Сл. 5.1. Мерење на отпорот на кругот на грешка

5.4. Испитување на громобранска инсталација


При испитување на громобранската инсталација е потребно да се провери:
 дали инсталацијата е изведена по проектот,
 да се измери отпорот на заземјување на сите споеви,
 со мерење да се провери дали спуштачките спроводници (одводи) се
споени на фаќачите и
 да се провери дали на громобранската инсталација се споени сите
метални површини поголеми од 2 m2 (олуци, цевки, вентилациски канали
итн).
Отпорот на заземјување се мери на разделниот спој. При мерењето, заземјувањето се
откачува од одводите на мерниот разделен спој. После тоа со тест мерач се мери
отпорот. Тест мерачот мора да е поврзан на фаза и заземјување.

Сл. 5.2. Мерење на отпрот на заземјување


Покрај мерењето на отпорот на заземјувањето на заземјувачите, се проверува и
отпорот на заземјување на одводот со што се проверува квалитетот на поврзувањето
на одводите со громобранската инсталација. Значи, на секој спој се вршат по две
мерења.

5.5. Испитување на разводната табла (разводниот ормар)


При испитување на разводната табла треба да се провери:
 дали се означени струјните кругови и елементите,
 дали таблата е изведена согласно проектот,
 да се измери отпрот на изолација со мегаометар,
 да се провери дали се поставени главните осигурувачи,
 доколу таблата, ормарот е од метал, треба да се измери отпорот на

81
 
 

заземјување, вклучувајќи го и отпорот на заземјување на вртата,


 да се проверат дали се поставени натписните плочки,
 да се провери дали е поставена еднополната шема и
 да се проверат воздушните растојанија на неизолираните делови под
напон.

5.6. Проверка на инсталацијата во бањи


При проверка на инсталацијата во бањи треба да се провери:
 дали прекинувачите се поставени надвор од купатилото,
 дали приклучниците се на висина 150 cm и на одалеченост 60 cm од
кадата,
 да се измери отпорот на заземјување на сите спроводни предмети и
 да се провери квалитетот на изедначување на потенцијалот на сите
спроводни предмети.

5.7. Мерење на отпорот на заземјувањето

Постојат повеќе методи за мерење на отпорот на заземјувањето, но најмногу се


користи U-I методата и методата на мерење на падот на напон. На сл. 5.3. е
прикажана U-I методата.

Сл. 5.3. U-I метода за мерење на отпорот на заземјувањето

Од приклучницата преку предотпор и амперметар се доведува напон на зазмејувачот.


На одалеченост од 20 m се забодува сонда (метален стап) во тлото, која преку
волтметар е споена со заземјувачот. Отпорот на заземјувачот се пресметува од:

U
Rz    (5.1.)
I
Методот за мерење на падот на напонот е прикажан на сл. 5.4.

Сл. 5.4. Мерење на отпор на заземјувач

Мерењето се извршува на тој начин што кратко се притиснува тастерот S и во тој


момент се отчитува струјата I на амперметарот и падот на напонот Up на предотпорот
Rp. Отпорот на амперметарот може да се занемари. Отпорот на заземјувачот се
пресметува како:

82
 
 

U f U p
Rz   (5.2.)
I
На пример ако напонот на мрежа е Uf=223 V, падот на напонот Up=96 V и струјата
I=9,6 A има отпор на заземјувачот:
U f U p 223  96
Rz    13,2  (5.3.)
I 9,6
Современите инструменти за испитување на електричните инсталации – тест мерачи
со помош на микорпроцесор сами го пресметуваат отпорот на заземјувањето и го
испишуваат резултатот од мерењето. Главна предност е тоа што значително се
забрзува процесот на мерењето.
Опишаните постапки користат мрежен напон. Потребно е да бидеме сигурни
дека мрежата е доволно квалитетна за да може да се смета дека внатрешниот отпор
на мрежата е занемарлив. Квалитетот на мрежата се проверува со вклучување на
силен потрошувач, на пример, греалка од 2 kW. После нејзиното вклучување, напонот
на мрежата на смее да падне под 215 V. На терен често нема на располагање мрежен
напон или мрежата е преслаба. Во тој случај се користи батериски напојуван
електронски извор чиишто еден пол се заземјува со помош на сонда која е оддалечена
минимално 20 m од заземјувачот и од мерната сонда.

5.8. Мерење на отпорот на изолација на каблите


Мерење на отпорот на изолација на каблите се врши со мегаометар (мегер).
Мерењето се врши пред приклучување на опремата бидејќи напонот од мегерот може
да ја оштети истата. Шемата на мегерот е прикажана на сл. 5.5. Извор на променлив
напон U се подесува при мерење на изолацијата на 500 V. Инструментот се поврзува
според сл. 5.5.

Сл. 5.5. Шема на поврзување на мегер инструмент за мерење на отпорот на


изолација на каблите

Сл. 5.6. Шема на поврзување на инструмент на кабел за мерење на отпор на


изолација

После поврзувањето се притиска тастерот S и се отчитува струјата. Отпорот на


изолација се пресметува според Омовиот закон:
U
R [M]
I
Отпорот на изолација на кабелот треба да биде минимално 0,5 [M]. Современите
мегери имаат избаждарено скала директно во мегаоми. Самиот мегер е составен дел
на тест мерачот. Во склоп на испитувањата на кабелот спаѓа и мерење на отпорот
помеѓу секои два спроводника (секој со секој спроводник) што значи дека ако се

83
 
 

испитува петжилен кабел, потребно е да се извршат вкупно десет мерења.

5.9. Отстранување на дефектите во електричните инсталации

Најчести дефекти во електричните инсталации се прекинување на кабел или


куса врска на кабелот. И двата дефекта се случуваат како резултат на
преоптоварување. Заради преоптоварување може да дојде до прегревање на една
жица на кабелот, односно до прекинување или жиците се прегрејуваат, ја топат
изолацијата и доаѓа до нивна куса врска. Испитувач на кабли и волтметар се користат
за детектирање на локацијата каде има прекин на кабелот. Од главната разводна
табла се следи присутноста на напонот во кабелот и така се одредува местото на
прекин на кабелот. Мерењата се вршат на разводните кутии. Омметарот се користи за
одредување на местото на куса врска на кабелот. Краток спој на кабелот се
манифестира со прегорување на осигурачот. Звучениот сигнал и сигналот кои се
следат по трасата на кабелот се користат за одредување на местото на дефект во
случај да нема електрично напојување. Изворот на звучен сигнал кој има батериско
напојување се приклучува на почеток на кабелот, а детекторoт се користи за
определување на местото на прекин.

84
 
 

6. ЕЛЕКТРИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

6.1. Општи поими

Светлоста преставува електромагненто зрачење кое е видливо за човечкото


око. Видливиот спектар е во областа на електромагнетно зрачење 390-770 nm,
ултравиолетовото зрачење е во областа од 770-400.000 nm, додека инфрацрвеното
зрачење се протега во делот од 10-390 nm.

Сл. 6.1. Електромагнетен спектар

Светлоста се создава кога електричните полнежи се движат во електромагнетно поле.


Доколку електронот на атомот добие дополнителна енергија, атомот почнува да
емитира светлина. Зрачењето на возбудените електрони се претставува во форма на
електромагнетни бранови. Брановата должина на светлината се пресметува според:
c
 (6.1.)
f
каде  е брановата должина, c-брзината и f-е фреквенцијата.

Брзината на светлината е 299 743 km/s. Основни светлински големини се:


 светлосниот флукс кој се мери во единица lumen,
 јачина на светлината во единица кандела,
 осветленоста- luks,
 количество на светлина –lumensekund и
 сјајност-nit.

Светлинскиот флукс претставува јачината на зрачењето кое го емитира изворот на


светлина во сите смерови. Едница мерка за светлинскиот флукс а lumen (lm). Луменот
е изведена едница во SI системот. Точкест извор на светлина има светлосен флукс од
1 lm во просторен агол од 1 sr (sterradijan) со интензитет од 1 cd.
Просторен агол е односот на површината на топка (А) и квадратот на нејзиниот
дијаметар.

A
 (6.2.)
r2
Полн просторен агол е 4 [sr].

Светлинскиот флукс за стандардни светилки со жаречко влакно и моќност од 100 W


изнесува 1300 lm, а за квалитетни фуросцентни цевки со моќност од 18 W изнесува
1350 lm.
Интензитетот на осветлувањето претставува јачината на зрачењето кое го емитира
изворот на светлина во одреден правец . Единица мерка за јачината на светлината е
кандела (cd).
Осветленоста е мерка за количеството на светлински флукс која паѓа на одредена
површина. Единица мерка за осветелноста е лукс (lx). Тоа е изведена единица во SI
системот. Луксот е дефиниран како осветленост на еден метар квадратен на кој паѓа
рамномерно распределен светлински флукс од 1lm.
Секо тело кое емитира светлина се нарекува светлински извор. Светлинските
извори според начинот на зрачење на светлината можат да бидат:
 примарни и
 секундарни.

85
 
 

Примарни светлински извори се тела кои зрачат светлина на сметка на сопствената


енергија (сонце). Тие спонтано ја емитираат светлината. Така, на пример, во ѕвездите
постојано се одвиваат одредени атомски процеси чијшто резултат е ослободување на
енергија.
Секундарни светлински извори се сите тела од кои светлината се одбива. Овие тела
не зрачат сопствена светлина, туку светлина која потекнува од други извори, која од
нив се одбива и стигнува до набљудувачот.
Според видот на светлината, која ја емитраат светлинските извори се делат на:
 природни и
 вештачки.
Вештачки светлински извори се тела кои светат најчесто како резултат на загревањето
(свеќа, електрична светилка, гасна лампа и гас кој свети во стаклени цевки).
Некои главни предности на природната светлина во однос на вештачката се:
 побогат спектар,
 помала насоченост,
 позитивно психолошко влијание,
 заштедување на енергија и
 поголема ефикасност.

6.2. Електрични светлински извори

Електрични светлински извори се вештачки светлински извори, кои


електричната енергија ја претвораат во светлинска енергија со поширок или потесен
спектрален состав. Најважни елементи на електричното осветлување се електричните
светилки. Мошне е важно да се избере светилка која ја задоволува визуелната
удобност, но, во исто време, е и економична. За таа цел потребно е да се запознаеме
со видовите светилки и нивните основни карактеристики.
Светилките се делат на:
 светилки со метално влакно,
 светилки со метални пареи,
 флуоресцентни светилки и
 гасни светилки и светлечки (неонски) цевки.

6.3. Светилки со метално влакно

Во светилките со метално влакно спаѓаат: светилки со волфрамово влакно,


рефлекторски светилки, инфрацрвени светилки, проекциони светилки и халогени
светилки. Кај светилките со вжарено влакно светлината се генерира по пат на
термичко зрачење. Кај светилките со волфрамово влакно светлината се создава на
тој начин што струјата тече низ вжареното влакно од волфрам и го загрева до
температура од 2.600-3.000 К. Поголемиот дел од добиената светлина се емитира во
инфрацрвениот дел од спектарот. Искористувањето на светлината и векот на
траењето, температурата на која се вжарува влакното најмногу влијаат на основните
својства на една стандардна светилка со вжарено влакно. Колку температурата на
загревање е поголема, толку искористувањето на светилката е поголемо, но нејзиниот
работен век е пократок. Работниот век на светилката се намалува заради бројот на
атоми на волфрамот кои се одвојуваат од вжареното влакно при растењето на
температурата. Овој процес не само што произведува темен слој на внатрешната
страна на стаклениот балон (што доведува до намалување на светлосниот флукс),
туку, исто така, доведува и до пукање на вжештеното влакно и до прегорување на
светилката. Овој процес може да се намали со додавање на инертен гас (аргон,
криптон или ксенон) при полнењето на стаклениот балон со што се подига
температурата на вжареното влакно (а со тоа и нејзината искористеност), а се
намалува испарувањето на волфран. Понатамошен чекор во подобрување на
искористувањето на светилката е начинот на мотање на влакното. Со двојно
намотување на влакното, се намалува површината на зрачење, а со тоа и загубите во

86
 
 

светилката. На пример: за стандардна светилка со моќност од 100 W потребно е 1m


волфран со дебелина на влакно од коса, а со должина на влакното од 3m.

Сл. 6.2. Светилка со волфрамово влакно

Светлинската искористеност на светилката со вжарено влакно со моќност од 25-500W


е 9-17 lm/W. Во светлина се претворува 5-10 % од вложената енергија, додека
остатокот се претвора во топлина. Животниот век и изнесува 1000 часови со
температура на боја 2600-2800 К. Поголем дел од работните карактеристики на
светилката со вжарено влакно зависат од големината на напонот. Светлинскиот флукс
зависи од напонот што се користи при регулација на осветлувањето. Заради трошење
на вжареното влакно, светлинскиот флукс се намалува во тек на работата на
светилката и при крај на животниот век е за 15 % помал од номиналниот.
Посебна група на стандардни светилки се рефлекторските светилки. Со
рефлекторот се постигнува насочување на светлинскиот флукс во саканата насока со
што се постигнува искористување на системот за осветлување. Ширината на снопот
на светлоста ја одредува рефлекторот.

Сл. 6.3. Рефлекторска светилка

Халогените светилки се, исто така, светилки со вжарено влакно кои го


користат принципот на термичко зрачење при генерирањето на светлината. Додатокот
на халогенид (бром, хлор, флор и јод) во полнењето готово целосно го спречува
црнењето на балонот на светилката со што се одржува скоро константен флукс во
текот на целиот работен век. Заради тоа може стаклениот балон да биде направен со
помали димензии, а со поголем притисок при полнењето со што дополнително се
зголемува искористеноста на интертните гасови во полнењето – криптонот и ксенонот.
Исто така, вжареното влакно се загрева на многу повисока температура со што се
зголемува искористеноста на светлината (ова не е возможно да се направи кај

87
 
 

стандардна светилка заради зголеменото испарување на волфрамот при повисоките


температури). Главна карактеристика на халогените светилки е халогениот кружен
процес. Волфранот, кој испарува од вжареното влакно, оди кон стаклото на балонот
каде при температура Т<1400 K се спојува со халогенидите. Термичкото струење го
носи ова соединение кон вжареното влакно каде на температура > 1400 К се
разградува, а атомот на волфрамот повторно се враќа кон вжареното влакно. Но, тој
атом не се враќа на истото место од каде што излегол, така што, сепак, на крај од
работниот век доаѓа до пукање на волфрамовото влакно. При овој процес
температурата на вжареното влакно достигнува 3000 К, а на стаклото до 250 C. Затоа
мора да се користи балон од кварцно стакло кое е специјално онечистено така што
овозможува заштита од штетното UV зрачење.

(a) (б)
(а) Светилка 100 и 150 W, пречник 8 mm и должина 78/118 mm [3]
(б) Светилка 300 и 500 W, пречник 10 mm и должина 118 mm [3]
Сл. 6.4. Различни видови на халогени светилки [3]

Основна предност на халогената светилка во однос на стандардната е:


 поглема искористеност на светлината (до 25lm/W),
 подолг век на траење (до 4000 сати),
 оптимална контрола на осветлувањето,
 константен флукс во тек на целиот век на работа и
 поголема температура на осветленоста, бело светло.

Како и светилката со волфамово влакно, халогената светилка е осетлива на


промените на работниот напон. Особено тоа е видливо кај нисконапонските светилки
(12 V AC) каде доаѓа до израз чувствителноста на работата од напонот. Кај овие
светилки зголемување на напонот од 5% доведува до намалување на животниот век
од 40 %. До вакви драстични промени доаѓа бидејќи халогениот процес се одвива
само при строга температура (напонски) граници и престанува при поголеми
отстапувања со што автоматски се скратува животниот век на светилката. До
зголемување на напонот, воглавно, доаѓа заради несоодветни трансформатори. Затоа
современите системи за осветлување користат електронски трансформатори. Според
напонот на кој се приклучуваат халогените светилки се делат за напон 230 V и 12V.
Новите технологии овозможуваат дополнително подобрување на изведбата на
халогените светилки. Со употребата на специјален инфрацрвен слој, можно е
инфрацрвеното зрачење да се врати назад на вжареното влакно и да се употреби за
загревање на истото, поради што може да се доведе помалку електрична енергија. На
овој начин се постигнува зголемување на искористеноста и до 30 %.

6.4. Луминисценција

Фотолуминисценција е процес на настанување на електричен пробив во гас кој


се појавува како резултат на дејствување на електрично поле при што е можно да се
добие зрачење во видливиот дел од спектарот (на пр., живини светилки, натриумови
светилки, металхалогени светилки).
Флуоресценција настанува кај флуоресцентни цевки и флуоркомпактни
светилки при пробив во живин гас при што се генерира исклучиво ултравиолетово
зрачење кое се претвора во видливо зрачење со помош на фосфорна обвивка која се
нанесува на внатрешноста на стаклената цевка. Бидејќи ова зрачење трае само

88
 
 

додека трае возбудата, денеска најмногу се користат калциум халофосфатни


фосфори во комбинација со фосфати.
Фосфоресценција - Кај некои флуоресцентни материјали електроните можат да
останат во возбудена состојба во тек на некој период кој трае од ред на големина
милисекунди до неколку дена. После завршување на таа состојба доаѓа до емитирање
на светлина. Оваа појава се нарекува фосфоресценција. За преминување во состојба
на емитирање на светлина потребно е дополнителна енергија која, обично, се добива
со инфрацрвено зрачење. Краткотрајна фосфореценција се користи кај
флуоресцентните цевки за да се намали треперењето на светлината.
Електролуминисценција е процес во кој одредени материјали ја претвораат
електричната енергија директно во светлина без пробој во гасот (LED светилки).

6.5. Светилки со метални пари


6.5.1. Живина светилка

Кај живините светилки основно полнење е аргон, а карактеристично полнење е жива.


Од количеството на жива зависи работниот притисок. Се делат на три групи:
 светилки со висок притисок (до 1 атмосфера) , моќност 80-125 W,
 светилки со многу висок притисок (до 20 атмосфери), моќност 250-400 W и
 светилки со супер висок притисок (до 100 атмосфери), моќност поголема од 400
W.

6.5.2. Натриумови светилки

За овој вид светилки карактеристично полнење е натриум. Даваат жолта


светлина и имаат мал блесок. Жолтата светлина добро продира низ магла и воздух
заситен со пари и гасови. Се користат за осветлување на мостови, сообраќајници,
машински хали, ливници или цементари.

6.5.3. Компактни флуоресцентни светилки (енергетски ефикасни светилки)

Флуокомпактни светилки се свиткани флуоресцентни цевки со што се


постигнуваат помали димензии на изворот на светина, а се задржуваат истите
карактеристики како и кај флуоресцентните цевки. Компактните флуоресцентни
светилки се светилки со гасно празнење кај кои невидливата ултравиолетова светлина
која се добива при судар на атомите на живата и електроните од електродата во
светилката се претвора во видлива светлина со помош на фосфор. За разлика од
класичните флуоресцентни светилки, кај нив за работа не им се потребни
дополнителни компоненти како стартер. Флуокомпактните светилки припаѓаат на група
на светилки кај кои пробивот се случува при низок притисок, а светлината се генерира
по пат на фотолуминисценција. Пробивот се случува помеѓу електродата во живина
пареа под притисок од приближно 1,07 Pa . Покрај жива во полнењето обично се наоѓа
и некој инертен гас со чија помош се врши стартувањето (аргон, криптон, неон,
ксенон).

Сл. 6.5. Флуокомпактна светилка

89
 
 

Како и поголемиот број на светилки на пробој, флуокомпактната светилка во тек на


својата работа мора да има сериски поврзана направа за ограничување на струјата.
Оваа направа се нарекува пригушница и ја ограничува работната струја на вредност
за која светилката е направена и го овозможува потребниот стартен и погонски напон.

Сл. 6.6. Напречен пресек на флокомпактна светилка со интегрирана електрична


пригушница

Благодарение на своите компактни димензии флуокомапктните светилки се развиени


првенствено како замена за стандардните светилки со моќност 25-100W, но
благодарение на нивниот развој нивното подрачје на примена е сè повеќе проширено,
па така тие денес претставуваат еден од најпопуларните извори на светлина бидејќи
во себе ги обединуваат високата искористливост на флуоресцентните цевки и
компактните димензии. Флуокомпактните светилки се произведуваат со моќности 3-57
W. Постојат изведби и со интегрирана електронска пригушница и стандардно грло E27
и E14 кои можат да ја заменат скоро секоја стандардна светилка при што остваруваат
заштеда на електрична енергија од скоро 80 %. Затоа ваквата изведба на
флуокомактните светилки се нарекува штедливи светилки.
При изборот на штедливите светилки постојат некои параметри на кои треба да
се внимава, а со цел да се постигне поголема енергетска ефикасност и оптимално
осветлување. Флуокомпактните светилки се разликауваат по енергетската класа.
Најдобро е да се користи светилка од А енергетска класа. Светилката од класа B
свети послабо, но не троши многу повеќе во однос на светилката од класа А. Втор
параметар во избор на светилката е нејзината моќност изразена во вати. Постојат
корелациони односи за моќноста помеѓу светилките со волфрамово влакно и
штедливите светилки. Во табела 6.1. е дадена споредбата на моќностите на
светилките со волфрамово влакно (класична светилка) и штедливите светилки.

Табела 6.1. Односот на моќности на класична светилка и штедлива светилка


Класична светилка Штедлива светилка
40 W 9-13 W
60 W 13-15 W
75 W 18-25 W
100 W 23-30 W
150 W 30-52 W

Разликите во моќностите кај штедливите светилки се поради различните енергетски


класи . Се разбира помалку трошат светилките од А енергетска класа.
Бојата на осветлувањето на светилката се нарекува температура на бојата.
Генерално има две бои на светло кои ги произведуваат штедливите светилки – бело и
жолто осветлување, односно топла/мека бела светлост и дневна бела светлост. Може
да се најде мека/топла боја на светлината слична на онаа која ја произведуваат
светилките со волфрамово влакно (температура на боја 2700-3000 К). Амбалажата на

90
 
 

штедливата светилка би требало да го содржи и податокот за температурата на


бојата. Генерално, колку температурата на бојата е пониска, толку светлото е потопло.
И последен параметар кој влијае врз квалитетот на осветлувањето е обликот на
штедливата светилка. Флуокомпактните светилки се произведуваат во најразличен
облик, од стап до свитакни спирали. Главно се разликуваат по должината, односно
висината. Затворените светлински места со топки бараат пократки светилки, па
најдобро е да се користат штедливи светилки со спирален облик.
Животниот век на флуоресцентните и флуокомпактните светилки е одреден со
губењето на емисиониот слој на електродите поради што доаѓа до затемнување на
рабовите на светилките при крај на нивниот животен век.
Класичните флуоресцентни светилки претставуваат живини светилки со
низок притисок најчесто изработени како долги стаклени цевки на чии краеви се
наоѓаат две електроди. Внатрешната страна на цевката е прекриена со тенок слој на
флуоресцентна прашина. Од цевката е изваден воздухот и е наполнета со аргон и
мало количество од неколку милиграми жива. При протекување на струја низ гасот,
доаѓа до судир на електроните со атомите на живата. При тие судири, атомот на
живата зрачи ултравиолетово невидливо зрачење. Тоа зрачење со помош на
флуоресцентниот прав се претвора во видливо зрачење [3].

1- флуоресцентна цевка; 2-електроди; 2- флуоресцентен слој; 4-стартер;5-придушница 6-


подножје 7-кондензатор за компензација на факторот на моќност
Сл. 6.7. Шема на спојување на флуоресцентна цевка [3]

Кога катодата (2) ќе се вклучи на наизменичен напон преку соодветен стартер (4),
почнува нејзиното загревање и емисија на електрони. Аргонот се јонизира на понизок
напон во однос на живата. Емисијата на електрони од катодата, предизвикува
загревање и живата во цевката испарува. Забрзаните електрони емитувани од
негативната електрода (катода) на својата патека се судираат со атомите на живата и
избиваат електрони. Избиениот електрон одредено време ќе осцилира и на крајот под
дејство на силата на јадрото ќе се врати назад на своето основно енергетско ниво.
Притоа настанува зрачење на ултравиолетови бранови со должина од 253,7 nm. Без
флуоресцентниот прав цевката не може да свети. Под дејство на флуоресцентнтиот
прав цевката почнува да свети, а бојата зависи од употребениот прав.
Флуоресцентната цевка не може да се приклучи директно на напон 230 V бидејќи
напонот на палење на цевката е поголем од мрежниот напон. За да се запали цевката
помеѓу електродите, мора да се доведе значително поголем напон од 600-1000 V. За
таа цел се користи стартер. Улогата на стартерот е во првиот момент на активирање
на флуоресцентната цевка да ги приклучи на напон двете електроди. Кога
електродите ќе се загреат, стартерот ја прекинува струјата и притоа во намотките на
придушницата се индуцира висок напон потребен за палење на цевката. Со
прекинување на струјниот круг под дејство на стартерот се предизвикува појава на
висок напон (преку 600 V) потребен за проработување на светилката. Со помош на
придушницата доаѓа до протекување на струја низ гасот. Притоа нагло се зголемува
спроводливоста на гасот и струјата во внатрешниот струен круг па придушницата мора
да го намали напонот помеѓу електродите и јонизацијата да ја одржи на дозволено
ниво. Порастот на напонот е само краткотраен, но тоа е доволно за вклучување на
цевката. Но кога цевката ќе се запали и низ неа ќе протече струја, за нејзино работење
е потребен работен напон помеѓу електродите кој задолжително мора да биде помал

91
 
 

од мрежниот напон 230 V. Ако напонот помеѓу електродите и после палењето има
голема вредност, би дошло до ударна јонизација и лавина од електрони. Струјата
постепено би се зголемувала што би довело до уништување на електродите. За да се
спречи тоа, придушницата дејствува како стабилизатор на струја бидејќи со
зголемување на струјата се зголемува и падот на напонот на придушницата. Со тоа се
намалува напонот на краевите на цевката и јачината на струјата низ цевката.
Работниот напон на цевката е помал од напонот на вклучување на стартерот , па така
стартерот нема да се активира авотматски сè до повторното вклучување на
светилката. Под влијание на струјата, стартерот повеќепати го прекинува струјниот
круг и тоа се повторува сè додека струјниот круг не се воспостави низ самата цевка.
Тој процес трае 2-5 секунди. Придушницата се изработува од бакарни намотки и
железно јадро, па во мрежата се однесува како индуктивен товар кој го намалува
факторот на моќност на мрежата cos и изнесува 0.5. За да се отстрани овој
недостаток се употребуваат кондензатори за компензација на индуктивитетот на
пригушницата. Кај флоресцентните светилки можна е појава на стробоскопски ефект.
Кај набљудувачот се создава впечаток на треперење на светлината при што одредени
објекти се движат во една насока, стојат или се движат во друга насока.
Намалувањето на стробоскопскиот ефект се постигнува со поврзување на светилките
во дуо врска или со поврзување на соседните светилки на различни фази. Во однос на
стартерите можат да бидат гасни или електронски. Во последно време сè повеќе се
употребуваат електронски стартери кои ја палат светилката за покусо време, имаат
поголема трајност и се предвидени да го исклучат струјното коло доколку светилката е
неисправна. Во пракса се користат неколку врски на флуоресцентни светилки и тоа:
индуктивна врска, компензирана врска, капацитивна врска (сл. 6.8) , дуо врска и
тандем врска (сл. 6.9). Последната се користи само за светилки со моќност до 18 или
20 W.

Сл. 6.8. Видови врска на флуоресцентна светилка [3]

Компензиранатa врска служи за подобрување на факторот на моќност на мрежата. На


тој начин се постигнува фактор на моќност помеѓу 0.95 и 0.98. Паралелната врска на
една светилка во индуктивна врска и една светилка во капацитивна врска се нарекува
дуо врска (сл. 6.8). Кај оваа врска се постигнува фактор на моќност од 0,99 и 0,98 за
светилките со моќност од 45 и 60 W. Кај тандем врската разликуваме два случаја:
тандем индуктивен и тандем компензиран. Во првиот случај факторот на моќност е
0,57 а во вториот 0,98.

92
 
 

Сл. 6.9. Преглед на основни врски на две флуоресцентни светилки [3]

6.6. Гасни светилки и светлински неонски цевки

Светлинските цевки работат на принцип на електрично празнење низ гасови.


Често се нарекуваат неонски цевки бидејќи првиот гас кој се користел во овие цевки
бил неон. Цевките се полнат со инертни гасови чија светлост има карактеристична
боја: розева за хелиум, црвена за неон, жолта за хелуим со жолто стакло, зелена за
неон или аргон во жолта цевка, сина за аргон итн. Животниот век им е 12000-15000
часови.

6.7. Улога на светилките и препорачани нивоа на осветленост


Основна задача на секоја светлка е:
 да ја штити светилката од механички, хемиски и атмосферски неприлики
како и од прашина,
 да ја намали сјајноста на светлинскиот извор и
 просторно да ги распредели светлинскиот флукс според соодветниот
систем на осветлување.
Светилките се делат во пет групи:
 за директно осветлување,
 за претежно директно осветлување,
 за директно-индиректно осветлување,
 за претежно индиректно осветлување и
 за индиректно осветлување.
Секое осветлување треба да ги задоволи следните барања:
1. да обезбеди поддршка во извршување на работите,
2. да обезбеди интегриран систем за управување со осветлувањето,
3. да биде енергетски ефикасно и еколошки прифатливо,
4. лесно за одржување и со подносливо влијание врз околината,
5. да биде добро интегрирано со архитектурата на просторот,
6. да обезбеди подобрување на изгледот на просторот,
7. да го зема во предвид природното осветлување и
8. да има можност за негово периодично реконфигурирање.
За одреден простор велиме дека има добар светлински комфор ако во него е
овозможена добра видливост и ако е во контакт со надворешната средина. Објективни
параметри кои го карактеризираат светлинскиот комфор се:
 бојата на светлоста и
 блесокот.
Препорачаните вредности на осветленоста и индексот на блескање за различни
видови на простории се дадени во табела 6.2.

93
 
 
Табела 6.2. Препорачани вредности на осветленост и индекс на блескање за внатрешни
простории
ОПШТИ ПРОСТОРИИ
Канцеларии и установи Осветленост (lx) Дозволен индекс на блескање
простории за приеми 250 -
портирници, простории за 350 25
општи канцелариски работи
комерцијални и технички 700 19
канцеларии
сали за конференции 500 19
репрезентативни простории 1000 16
БИБЛИОТЕКИ Осветленост (lx) дозволен индекс на блескање
сали за книги 175 -
читални 350 -
столови за читање 700 16
училници за дневна 350 16
настава, читални,
библиотеки, кабинети
лаборатории за хемија и 350 16
физика, работилници каде
има рачна работа
училници за вечерна 700 16
настава, сали за
предавање, лаборатории
школска табла 700 -
МЕТАЛУРГИЈА И осветленост (lx) дозволен индекс на блескање
ОБРАБОТКА НА МЕТАЛИ
обични работи на сите 250 28
видови на уреди
сечење на цевки и лимови и 250 28
нивна обработка
браварски работи и груба 250 28
монтажа
ковање 120 28
боење, полирање 700 25
работа во лабораторија 700 19

Испитување на осветленоста на работната средина се врши на:


 новоизведено осветлување,
 после реконструкција на постоечкото осветлување,
 после промена на намената на објектот и
 на барање на работниците.
Мерење на квалитетот на осветлувањето се врши со луксметар. Луксметрите се уреди
за мерење на осветленоста на некоја површина. Резултатот од мерењето се
прикажува во единица лукси. Мерачот работи на принцип на фотоќелија. Мерниот
опсег им е од 0,1 до 150 000 lx.

6.8. Постапка за проектирање на внатрешното осветлeние

Постапката за пресметување на светинскиот флукс потребен за реализација на


бараната средната осветленост на една работна површина во една просторија
подразбира утврдување, одредување и пресметување на следниве параметри:
 димензии на просторијата и
 индекс на просторијата
a b
k (6.3.)
hk  a  b 
 Фактори на рефлексија на површина
 таван (  1 )

94
 
 

 ѕид (  3 )
 под (  4 )
 Избор на изворот на светлина

Сл. 6.10. Димензии на просторија каде се поставува осветление

 избор на светилка,
 искористеностa на осветлувањето R,
 одредување на факторот на:
- загаденост и
- стареење,
 одредување на вкупниот светлински флукс врз основа на бараното
осветлување En [lx].

En  a  b ni  nsv   sv   R  f
 potrebno  Esr  (6.4)
R  f a b
f- фактор на загадување и стареење на светилката
Фsv- светлински флукс на светилката
 Пресметка на вистинското средно осветлување

Табела 6.3. Фактор за рефлексија за различни површини


Боја на површината Фактор на рефлексија ()
бела или многу светли бои 0,7
светли бои 0,5
потемни бои 0,3
темни бои 0,1

Пример 6.1. Да се пресмета потребниот број и распоред на светилки за училница со


димензии 15x10x4m со флуоресцентни цевки каде работната површина е на висина од
0.8m од подот. Таванот е светол со фактор на рефлексија 1=0,7, ѕидовите се светли
со фактор на рефлексија 3=0.5 и 4=0.3. Се работи за просторија која е чиста, а
бараната осветленост изнесува 250 lx.
Корисната висина на просторијата се пресметува според:
hk  h  hd  4  0.8  3.2 m
hd –висина на работна површина
Индексот на просторијата се пресметува според:
a b 15  10
k   1,875 (6.5.)
hk  a  b  3,2  15  10 
Се усвојува флуоресцентна светилка FSN 121-240 (2x40).

95
 
 

За таа светилка факторот на загадување f1=0,88, а факторот на стареење f2=0,87.


Податоците за светилката се дадени во табелите подолу. Табелите 6.4., 6.5. и 6.6. се
однесуваат за светилка за надградба со две флоресецентни светилки со моќност
20(18), 40(36) или 65(58) W при што должината на светилката е 0,66 m, 1,27 m или 1,57
m соодветно.

Табела 6.4. Коефициент на искористување на осветлението [12]


Индекс Коефициент на искористување на осветлението
на 1 0,8 0,7 0,7 0,5 0,5 0,3 0,0
просторијата 3 0,7 0,5 0,5 0,5 0,3 0,3 0,0
4 0,3 0,3 0,1 0,1 0,1 0,1 0,0
0,6 0,35 0,25 0,24 0,22 0,18 0,17 0,12
0,8 0,42 0,31 0,29 0,27 0,23 0,21 0,16
1,0 0,47 0,36 0,33 0,31 0,27 0,25 0,19
1,25 0,51 0,40 0,37 0,34 0,31 0,28 0,22
1,50 0,55 0,44 0,41 0,37 0,34 0,31 0,25
2,00 0,60 0,50 0,45 0,41 0,38 0,35 0,29
2,50 0,63 0,53 0,48 0,44 0,41 0,38 0,32
3,00 0,65 0,56 0,50 0,46 0,43 0,40 0,34
4,00 0,68 0,59 0,52 0,48 0,46 0,42 0,36
5,00 0,70 0,61 0,54 0,50 0,47 0,44 0,37

Табела 6.5. Фактор на нечистотија [12]


Нечистотија Фактор на нечистотија –f1
период на чистење-години
една две три
мала 0,93 0,88 0,86
нормална 0,83 0,77 0,72
голема 0,72 0,64 0,59

Табела 6.6. Фактор на стареење [12]


Време на користење Фактор на стареење
во саати
2000 0,87
4000 0,82
6000 0,80

Од табелата 6.4 за 1=0,7, 3=0,5 и 4=03 се добива:


1=0,44 за индекс на просторија к1=1,5
2=0,5 за индекс на просторија к2=2
Доколку се направи линеарна интерполација помеѓу овие две вредности се добива:

 2  1
  1  к  к1   0.44  0,5  0.44 1,85  1,5  0.482
к2  к1 2  1 .5
Потребниот флукс кој треба да се постигне:
E  a b 250 15 10 37500
 potrebno  n    101621 lm
 f 0,482  0,88  0,87 0,369
Светлинскиот флукс по флуо цевка (40W, TB) изнесува 0=3000 lm, а бидејќи во
светилката постојат две флуоресцентни цевки потребниот број на светилки изнесува:

 potrebno
101621
nsv    16,9
2  0 2  3000
Ако се усвојат шест светилики во три реда имаме:

nsv stv  6 x3  18
Можеме да ја пресметаме вистинската средна осветленост:

96
 
 

ni  nsv   0    f 2  18  3000  0.482  0.88  0.87 39854


Еsr     265 .7 lx
a b 15  10 150
ni- бројот на флуо цевки во една светилка
Распоред на светилките:

a 16
аx    2,67 m
6 6
b 10
bx    3,3 m
3 3

a  5  2,67 1,65 b  2  3,3 10  6,7


a x'    0,82 m bx'    1,65 m
2 2 2 2
b’x
X X X X X X
bx
X X X X X X

X X X X X X
ax a’x

Сл. 6.11 Распоред на светилки во просторијата

Пример 6.2. Да се пресмета осветлувањето во една соба со димензии 3x3m, висина


на таван h=2,65 m со потребно ниво на осветленост En=250 x.
Индексот на просторијата е:
a b 9 9
к    0,9375
hk a  b  1,6  6 9,6
Корисната висина на просторијата се пресметува од:

hk  h  hr  hs  2,65  0,85  0,2  1,6m


hr- висина на работната површина која се зема дека е hr=0.85 m.
hs- висина на светилката , се зема дека е hs=0,2 m.
Коефициентите на рефлексија на просторијата се: под 4=0,3; таван 1=0,8; ѕид 3=0,8.
Се одбира светилка 2DULUX L 24 W. За дадените коефициенти на рефлексија и за
дадениот тип на светилка коефициентот на искористување на светилката се добива
од:

Табела 6.7. Коефициент на искористување на светилката 2DULUX L 24 W


Фактор на рефлексија
плафон 0,8 0,8 0,8 0,5 0,5 0,8 0,8 0,5 0,5 0,3
ѕид 0,8 0,5 0,3 0,5 0,3 0,8 0,3 0,5 0,3 0,3
работни 0,3 0,3 0,3 0,3 0,3 0,1 0,1 0,1 0,1 0,1
површини
индекс на Коефициент на искористување на светилката %
просторијата
0,6 73 46 37 44 36 66 36 42 35 35
0,8 82 57 47 54 46 74 45 51 44 44
1,0 91 66 56 62 54 80 53 59 52 51
1,25 98 75 65 70 62 85 61 66 60 59
1,5 103 82 73 76 69 89 67 72 66 65
2,0 109 91 82 84 78 94 75 78 73 72
2,5 114 98 90 90 84 97 81 83 79 77
3,0 117 103 96 95 90 99 86 87 83 82
4,0 120 109 103 100 95 101 91 91 88 86
5,0 122 107 107 103 98 103 93 93 91 89

97
 
 

Од Табела 6.7. за коефициентот на искористување на светилката се добива:

0,82  0,91
  0,865
2
За дадената светилка факторот на загадување f1 и факторот на стареење f2 изнесува
0.9.
Вкупниот светлински флукс изнесува:

Еn  S 250  9
 vk    3211lm
  f1  f 2 0,865  0,9  0,9
Флуксот на една светилка од 24 W е 1  1800 lm (овој податок е достапен од таблици
на прозиводителот на разгледуваната светилка).
Бројот на светилки е:
 vk 3211
n   1,78
 1 1800

Се усвојува број на светилки n=2.

98
 
 

7. ПРОЕКТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ И ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО СТАМБЕН


ОБЈЕКТ

7.1. Проектна задача

Потребно е да се изработи проект на електрични инсталации и oсветлување на


стан. Проектот мора да опфати:
1. Пресметка на осветлување за просторија со најголема и средна потребна
осветленост и проценка на инсталираната моќност за осветлување на сите
простории;
2. Плановите за инсталација на осветлувањето и приклучниците како и
еднополна шема на разводната табла во станот;
3. Комплетна пресметка на водовите: за напојување на зградата (од
трансформаторската станица-ТС до домашниот приклучен ормар-ДПО), од
ДПО до мерниот разводен ормар (ДПО-МРО) и од МРО до разводната
табла на станот (РТ) и сите струјни кола во станот;
4. Проверка на падовите на напон и заштитата од струен удар;
5. Преглед на инсталираната моќност за осветлување, усвоениот пресек на
кабли и осигурувачи за сите струјни кола, како и преглед на оптоварувањето
по фази;
6. Спецификација на материјалот.
Проектот треба да биде усогласен со важечките прописи и стандарди. Потребно е
строго придржување до сите мерки за заштита. Посебни барања кои треба да се
усогласат во проектот се:
 Зградата се напојува од дистрибутивна трансформаторска станица во
која е вграден трансформатор од 630 kVA, 10/0.4 kV/kV, Pcun=6,5 kW,
Pfe0=1,3 kW, спрега Dyn5 uk=6 %;
 Дистрибутивната мрежа е кабелска. Преку отцеп (кабел), кој, исто така,
треба да се димензионира, се напојуваат три слични згради. Првата се
наоѓа на 25 m од ТС, а меѓусебно се одалечени по 12 m. Во проектот да
се смета дека станот се наоѓа во најодалечената зграда;
 Секоја од зградите има по три спрата со три слични стана по спрат.
Сопствената потрошувачка на електрична енергија на секоја од зградите
да се смета како потрошувачка на еден дополнителен стан;
 Во секој стан се предвидува вградување на трифазни приклучници за
напојување на трифазен шпорет. Симетрирањето на оптоварувањето
треба да се изврши за секој стан посебно;
 МРО се поставени по спратови, а најголемото растојание од МРО до РТ
изнесува 12 m;
 Заштитата од превисок напон е изведена во TN-C/S систем при што PE и
N спроводникот се раздвојуваат во ДПО каде е извршено и главното
издначување на потенцијалот со нивното поврзување на заземјувачот;
 Како мерки за заштита треба да се предвиди изедначување на
потенцијалот на металните делови;
 Објектот има централно греење (парно), а се лади и догрејува со
електрична енергија (клима уред);
 За загревање на топла вода во купатилото и кујната да се предвиди
акумулационен и проточен бојлер соодветно;
 Може да се смета дека средната моќност по приклучница е 500 W, а
дека моќноста на електричниот шпорет е окoлу 7000 W. Моќноста на
вградените клима уреди изнесува 2200 W и 2000 W. За догревање на
купатилото се користи грејна моќност од 1200 W;
 Предвидено е ѕидовите и таванот на објектот да бидат изработени во
светла боја.

99
 
 

7.2. Технички опис


1. Разводната табла се поставува во ѕид над влезната врата.
2. Ѕвончето се поставува во ѕид над влезната врата. Од разводната табла се
носи фазниот и нултиот спроводник на примарот на трансформаторот за
ѕвонче. Од секундарната страна фазниот спроводник преку тастер се носи
до звончето.
3. Спроводниците на струјните кругови за осветлување да се ставаат во
малтер. На таванот да се водат во канали кои се изработени во тек на
ставањето на бетонската плоча.
4. Спроводниците на другите струјни кругови да се ставаат во ѕид
хоризонтално на растојание од 30 cm од таванот и на висина најмалку два
метра од подот.
5. Растојанието помеѓу спроводник и прозор мора да биде минимум 15 cm.
Овие спроводници да се водат исклучиво вертикално и паралелно со ѕидот.
6. Разводните кутии да се постават во ѕид пред истиот да биде малетерисан.
Сите разводни кутии се со дијаметар 70 mm со исклучок на разводната
кутија во бањата која е квадратна со димензии 100x100 mm.
7. Приклучниците во кујната да се монтираат на висина од 120 mm од под.
8. Приклучниците во бањата треба да имаат заштитен капак и да се
монтирани на 120 cm од под.
9. Останатите приклучници се монтираат на висина 40 cm од подот.
10. Прекинувачот за осветлувањето да се монтира на 150 cm од подот и на 15
см од работ на вратата.
11. Грејното тело во купатилото да се постави над вратата.
12. Во купатилото да се изврши изедначување на потенцијалот со поврзување
на сите метални делови со спроводник со површина 6 mm2 со изолација со
жолто-зелена боја. Тој спроводник да се поврзе на заштитната собирница
во станот.

7.3. Пресметка на осветлувањето


Пресметката на осветлувањето е изработена по методата на коефициентот на
полезно дејство, односно коефициентот на искористување на светлката за дневната
соба и кујната, а за останатите простории пресметката е направена по Watt-на метода.
 Дневата соба е со димензии 3,5x4x2,6 m, а потребното средно ниво на
осветленост
(табела 6.2) и стандард MKS EN 12464-1 е Es=250 lx.
Индексот на просторијата се пресметува од:

a b 3,5  4 14
k    1.2
hk  a  b  1,55  3,5  4  1,55  7,5
hk - корисната висина на просторијата се добива од:

hk  h  hr  hs  2,6  0,85  0,2  1,55m


hr-висина на работната површина која изнесува 0,85m
hs-висина на обесување на светилката која изнесува 0,2m
Коефициентите на рефлексија се:
- под 4=0,1
- таван 1=0.7
- ѕидови 3=0.5
Осветлувањето е решено со светилка со вжарено влакно 200 W, S-1-200. За да го
пронајдеме коефициентот на искористување на осветлението ја користиме табела 6.4.
во недостаток на посоодветна табела за светилка со вжарено влакно . Од оваа табела
за светилката пронаоѓаме =0.37.
Факторот на нечистотија (загадување) е f1=0.9 а факторот на стареење на светилката
f2=0.9.

100
 
 

Вкупниот светлински флукс се пресметува според:


Es  a  b 250 14 3500
 vk     11678,34lm
  f1  f 2 0.37  0.9  0.9 0.2957

Флуксoт по една светилка од 200 W изнесува 1s=3100 lm.


Потребниот број на светилки се добива од:
 vk 11678,34
n   3.76
 1s 3100
Конечниот усвоен број на светилки n=3, со вкупна моќност на осветлување од 600 W.
 Кујната имa димензии 2x1,5 m2, висина 2,6 m. Потребната осветелност
изнесува
Es=250 lx. Индексот на просторијата се пресметува:
a b 2  1 .5 3
k    0.55
hk  a  b  1.55  2  1.5 1.55  3.5
hk  h  hr  hs  2,6  0,85  0,2  1,55m
Усвојуваме индекс на просторијата к=0.6.
Коефициентите на рефлексија се:
- под 4=0,1
- таван 1=0.7
- ѕидови 3=0.5
Од табела 6.4. усвојуваме коефициент на искористување на светилката =0.24.
Факторот на нечистотија е f1=0.9 а факторот на стареење на светилката f2=0.9.
Вкупниот светлински флукс се пресметува според:
Es  a  b 250  3 750
 vk     3858lm
  f1  f 2 0.24  0.9  0.9 0.194
Флуксот на една светилка од 200W изнесува 1s=3100 lm.
Потребниот број на светилки се добива од:
 vk 3858
n   1.24
 1s 3100
Конечниот усвоен број на светилки n=1, со вкупна моќност на осветлување од 200 W.
 Останатите простории се пресметуваат според Watt-на метода каде
потребната
моќност на осветлувањето се пресметува врз основа на површината на просторијата и
усвоената специфична моќност од 30W/m2.
Табела 7.1. Распоред на осветлување во станот
Просторија Површина A Потребна моќност Реализација [W]
[m2] [W]
ходник 3.5 105 2x60
спална соба 4 120 2x100
детска соба 5 150 2x100
балкон 2.5 75 1x100
трпезарија 3.625 108 2x60
остава кујна 0.8 24 1x60
остава балкон 0.75 23 1x60
бања 3.5 105 2x60
кујна 200
дневна соба 3x200
вкупно 1780

Вкупната инсталирана моќност за осветлување изнесува 1780 W. Вкупната


инсталирана моќност во станот е претпоставено да биде:

101
 
 
Табела 7.2. Преглед на инсталирана моќност во станот
Потрошувач P(W)
1 електричен шпорет 7500
2 машина за перење 2200
3 панелна греалка-детска соба 1000
4 панелна греалка –дневна соба 2500
5 панелна греалка-спална соба 2000
6 греалка купатило 1200
7 клима уред 2200
8 акумулационен бојлер 2200
9 проточен болјер 2500
10 осветлување 1 780
11 осветлување 2 1000
12 утикачи кујна 1500
13 утикачи бања 1000
14 утикачи дневна 1500
15 утикачи дневна-трпезарија 1000
16 утикачи спална 1500
17 утикачи детска соба 1500
18 утикачи ходник 1000
19 ѕвонче 30
вкупно 34110 W
7.4. Димензионирање на каблите
Инсталираната моќност на еден стан изнесува:
P1=34110W
Едновремената моќност за еден стан се пресмeтува како:
Pе=kjP1
кј-коефициент на едновременост. Факторот на едновременост се определува
според табела 2.7. Се избира фактор на едновременост ke=0.4 поради
големата инсталирана моќност
Соодветно се добива:
Pe=13644 W
За да може полесно да се следи пресметката на сл. 7.1. е дадена диспозицијата на
електричниот развод од трансформаторската станица-ТС до разводната табла-РТ во
секој стан.

Сл.7.1. Диспозиција на електричен равод од ТС до РТ на секој стан

102
 
 

7.4.1. Димензионирање на каблите од МРО-РТ


Едновремената струја во станот се пресметува според:
Pe
Ie 
3U n cos 
За домаќинства се усвојува факторот на моќност cos=1
13644
Ie   20.75 A
3  380
Струјата за која треба да биде предвиден спроводникот се определува од изразот:
Ie
I e' 
k p k
кp- фактор на положување на кабелот, к- температурен коефициент

Ќе се користат 2-4 жилни кабли во развод од тип C кои се затворени и се влечат


паралелно.
Од табела 2.2. се определува корекциски фактор за температурата k=1, а за фактор
на положување на каблите се определува kp=0.8 од табела 2.4.

Струјата на едновременост е:
20.75
I e'   25.9 А
0.8  1
Од таблата 2.3. се избира соодветниот кабел и пресекот на спроводниците според:
I td  I e'
Каде Itd е трајно дозволената струја.

Од табела 2.3. се избира кабел со PVC изолација и бакарни спроводници со пресек 6


mm2 . Значи треба да се инсталира кабел PP-Y 5x6 mm2 со Itd=40 A. Максималната
должина од МРО до РТ е 12 m.
Изборот на осигурач се врши според следната формула:
I e  I 0  I td
20.75  I 0  40
Од табела 2.12. се избира во МРO да се постави осигурувач со топлив вметок тип D,
за номинална струја I0=25 A.

Сл. 7.2. Еднополна шема на мерниот разводен ормар на секој од трите спрата со прикажано
само едно од трите броила по спрат

103
 
 

7.4.2. Димензионирање на каблите од ДПО1-МРО

Едновремената моќност за трите стана (на еден спрат од зградата) се пресметува


според:

3
Pe 3  ke 3  Pе
n 1

1  k
kе 3  k 
n
k  0.25 n-број на станови
1  k 1  0.25
kе 3  k   0.25   0.683
n 3
По внесување на податоците се добива Pe 3  27956 W
Едновремената струја на трите стана се пресметува според:

Pe3
I e3 
3U n cos 
Се усвојува фактор на моќност за домаќинство cos   1 . Со внесување на Un=380 V се
добива:

Pe3 27956
I e3    42.5 А
3U n cos  3  380
Струјата за која треба да биде предвиден спроводникот се определува од:

I e3
I e' 3 
k p k
кp- фактор на положување на кабелот, к- температурен коефициент

Ќе се користат 2-4 жилни кабли во развод од тип C кои се затворени и се влечат


паралелно.
Од табела 2.2. се определува корекциски фактор за температурата k=1, а за фактор
на положување на каблите се определува kp=0.7 од табела 2.4.

I e3 42.5
I e' 3    60.71А
k p k 0.7
Од табела 2.3. се избира соодветниот кабел и пресекот на спроводниците според:

I td  I e' 3
Каде Itd е трајно дозволената струја.

Од табела 2.3 се избира кабел со PVC изолација и бакарни спроводници со пресек 16


mm2 . Значи треба да се инсталира кабел PP-Y 5x16 mm2 со Itd=73 A. Максималнaта
должина на водот е 20 m.
Изборот на осигурач се врши според следната формула:

I e 3  I 0  I td
42.5  I 0  73 А

104
 
 

Од табела 2.12. се избира во ДРO1 да се постави осигурувач со топлив вметок тип D,


за номинална струја I0= 63 A.

Сл. 7.3. Еднополна шема на домашниот приклучен ормар 1 (ДПО1)

7.4.3. Димензионирање на каблите од ДПО1-ДПО2

Едновремената моќност на целата зграда , три стана по три спрата се пресметува


според:

10
Pez  k ez  Pе
n 1
Во едновремената моќност на зградата е внесена и заедничката потрошувачка
на зградата како еден дополнителен стан. Коефициентот на едновременост на
вклучување на потрошувачите се пресметува според:
1  k
k еz  k   k  0.25 n-број на станови
n
1  k 1  0.25
k еz  k    0.25   0.48
n 1 10
Заедничката потрошувачка на зградата е внесена како потрошувачка на еден
дополнителен стан во изразот n  1 .
За едновремената моќност на зградата се добива:
10
Pez  k ez  Pе  0.48  10  13644  65491.2 W
n 1
Едновремената струја на зградата се пресметува според:
Pez 65491
I ez    99.62 A
3  380  cos  657.4

Струјата за која треба да биде предвиден спроводникот се определува од:


I ez
I ez' 
k p k
кp- фактор на положување на кабелот, к- температурен коефициент
Разводот е од тип D со спроводници кои се влечат паралелно

105
 
 

I ez 99.62
I ez'    142.31 А
k p k 0.7

Од табелата 2.5. се бира соодветен кабел и пресек согласно:

I td  I ez'
Каде Itd е трајно дозволената струја.

Од табелата 2.5. се избира кабел од вмрежен полиетилен и бакарни спроводници со


пресек 70 mm2 и со трајно дозволена струј Itd=178 A, PP00 4x70 mm2. Максималната
должина на водот е 12 m.
Изборот на осигурувач се врши според следната формула:
I ez  I 0  I td
99.62  I 0  178 А

Од табела 2.14. се избира во ДПO2 да се постави високоефикасен ножест осигурувач


за I0=125 A.
Од табела 2.6. се определува корекциски фактор за температурата k=1, а за фактор
на положување на каблите се определува kp=0.7 од табела 2.4.

Сл. 7.3. Еднополна шема на домашниот приклучен ормар 2 (ДПО-2)

7.4.4. Димензионирање на каблите од ДПО2-ДПО3

Едновремената моќност на две згради со по три спрата каде на секој спрат има три
стана се пресметува според:
20
Pez 2  k ez 2  Pе
n 1
Во едновремената моќност на зградата е внесена и заедничката потрошувачка
на зградата како еден дополнителен стан.
Коефициентот на едновременост на вклучување на потрошувачите се
пресметува според:

106
 
 

1  k
k еz  k   k  0.25 n-број на станови
n
1  k 1  0.25
k еz  k    0.25   0.42
n2 20
За едновремената моќност на двете згради се добива:
20
Pez 2  k ez 2  Pе  0.42  20  13644  114609 W
n 1
Едновремената струја на двете згради се пресметува според:
Pez 2 114609
I ez 2    174.3 A
3  380  cos  657.4
Струјата за која треба да биде предвиден спроводникот се определува од:
I ez 2
I ez' 2 
k p k
кp- фактор на положување на кабелот, к- температурен коефициент
Разводот е од тип D со спроводници кои се влечат паралелно
I ez 2 174.3
'
- I ez 2    249 А
k p k 0.7
Од табелата 2.5. се бира соодветен кабел и пресек согласно:
I td  I ez' 2
Каде Itd е трајно дозволената струја.

Од табелата 2.5. се избира кабел од вмрежен полиетилен и бакарни спроводници со


пресек 150 mm2 и со трајно дозволена струјa Itd=271 A. Треба да се користи кабел од
вмрежен полиетилен 3x150 mm2+70. Максималнaта должина на водот е 12 m.
Изборот на осигурувач се врши според следната формула:
I ez 2  I 0  I td
174  I 0  271 А
Од табела 2.14. се избира во ДПO3 да се постави високоефикасен ножест осигурач за
I0=200 A.

Сл. 7.4. Еднополна шема на домашниот приклучен ормар 3 (ДПО3), сместен во третата зграда
која е најблиску до трафостаницата

107
 
 

7.4.5. Димензионирање на каблите од трафостаница-ДПО3


Едновремената моќност на трите згради со по три спрата каде на секој спрат има три
стана се пресметува според:
30
Pez 3  k ez 3  Pе
n 1
Во едновремената моќност на зградата е внесена и заедничката потрошувачка
на зградата како еден дополнителен стан.
Коефициентот на едновременост на вклучување на потрошувачите се
пресметува според:
1  k
k еz 3  k   k  0.25 n-број на станови
n
1  k 1  0.25
k еz 3  k   0.25   0.387
n3 30
За едновремената моќност на трите згради се добива:
30
Pez 3  k ez 3  Pе  0.387  30  13644  158407 W
n 1
Едновремената струја на трите згради се пресметува според:
Pez 3 158407
I ez 3    241 A
3  380  cos  657.4
Струјата за која треба да биде предвиден спроводникот се определува од:
I ez 3
I ez' 3 
k p k
кp- фактор на положување на кабелот, к- температурен коефициент
Разводот е од тип D со спроводници кои се влечат паралелно
I ez 3 241
I ez' 3    344,28 А
k p k 0.7
Од табелата 2.5. се бира соодветен кабел и пресек согласно:
I td  I ez' 3
Каде Itd е трајно дозволената струја.
Од табелата 2.5 се избира кабел од вмрежен полиетилен и бакарни спроводници со
пресек 300 mm2 и со трајно дозволена струјa Itd=396 A. Треба да се користи кабел од
умрежен полиетилен 3x300+150 mm2. Максималнaта должина на водот е 25 m.
Изборот на осигурувач се врши според следната формула:
I ez 3  I 0  I td
241  I 0  396 А
Од табела 2.14. се избира во ДПO3 да се постави високоефикасен ножест осигурувач
за I0=315 A.

7.4.6. Димензионирање на каблите во станот


Номиналната струја за еднофазно струјно коло се пресметува според:
Pi
In 
U nf
Каде Pi е инсталираната моќност на струјното коло а Unf=220 V.
Номиналната струја на трифазното струјно коло се пресметува според изразот:
Pi
In 
3U nl
Каде Pi е инсталираната моќност на струјното коло а Unl=380 V.
Пресeците на каблите од бакар за PVC изолација се усвоени согласно препораката:
- за струјни кругови на осветлување q=1.5 mm2

108
 
 

- за останатите струјни кругови q=2.5 mm2


Од разводната табла се водат 19 паралени водови, тип C и за корекциони фактори се
усовојуваат кp=0.7, к=1.
Изборот на осигурувач се врши според следната формула:
I n  I 0  I td
Се бираат осигурувачи согласно табела 2.12.
Од таблицата 2.3. трајно дозволената струја за пресек q=1.5 mm2 изнесува 17 А а за
q=2.5 mm2 изнесува Itd=23 A.
За поединечните струјни кругови во станот резултатите се дадени табеларно како и
распоредот на оптоварувањата по фази.
Табела 7.3. Преглед на инсталациите внатре во станот
потрошувач Pi(W) In (A) q mm2 Itd (A) I0 (A) l (m)
1 електричен шпорет 7500 11.41 2.5 23 16 12
2 машина за перење 2200 10.00 2.5 23 16 12
3 панелна греалка-детска соба 1000 4.55 2.5 23 16 5
4 панелна греалка –дневна соба 2500 11.36 2.5 23 16 16
5 панелна греалка-спална соба 2000 9.09 2.5 23 16 11
6 греалка бања 1200 5.45 2.5 23 16 10
7 клима уред 2200 10.00 2.5 23 16 15
8 акумулационен бојлер 2200 10.00 2.5 23 16 12
9 проточен болјер 2500 11.36 2.5 23 16 12
10 осветлување 1 780 3.55 1.5 17 10 30
11 осветлување 2 1000 4.55 1.5 17 10 36
12 утикачи кујна 1500 6.82 2.5 23 16 10
13 утикачи бања 1000 4.55 2.5 23 16 10
14 утикачи дневна 1500 6.82 2.5 23 16 16
15 утикачи дневна-трпезарија 1000 4.55 2.5 23 16 14
16 утикачи спална 1500 6.82 2.5 23 16 12
17 утикачи детска соба 1500 6.82 2.5 23 16 8
18 утикачи ходник 1000 4.55 2.5 23 16 10
19 ѕвонче 30 / 1.5 17 10 1
Вкупната инсталирана моќност се распределува приближно еднакво на сите три фази.
Табела 7.4. Преглед на оптоварувањето по фази
L1 L2 L3

1 2500 2500 2500


2 2200
3 1000
4 2500
5 2000
6 1200
7 2200
8 2200
9 2500
10 780
11 1000
12 1500
13 1000
14 1500
15 1000
16 1500
17 1500
18 1000
19 30
вкупно (W) 10930 11700 11480
вкупна инсталирана моќност во 34110
станот (W)

109
 
 

7.5. Проверка на падовите на напони


7.5.1. Проверка на падовите на напони од трафостаницата до ДПО3

Должината на кабелскиот вод со бакарни спроводници и изолација од вмрежен


полиетилен со димензии 4x300 mm2 од трафостаницата до домашниот приклучен
ормар 3 изнесува 25 m под претпоставка на овој кабел да се приклучени трите згради
со едновремена моќност од 158407 W.

l  Pеz 3
U ТС  ДПО 3 [%]  Rl  X l  tg   100
U n2
Каде:
Rl-е подолжниот омски отпор /km
Xl-подолжен индуктивен отпор /km
l-должина на водот во km
Од табелите 2.8. и 2.9. се определува Rl=0.06 /km и Xl=0.068 /km.
Факторот на моќност cos е пропишан да биде 0.95. Следствено tg e 0.32. Со
внесување на бројните вредности се добива:
0.025  158407
U ТС  ДПО 3 [%]  2
0.06  0.068  0.32   100  32378 .4  0.22%
380 144400
U ТС  ДПО 3[%]  0.22%

7.5.2. Проверка на падовите на напони од ДПО3 до ДПО2

За овој дел од инстацијата е предвиден кабел од вмрежен полиетилен и бакарни


спроводници со пресек 150 mm2 и со трајно дозволена струјa Itd=271 A. Треба да се
користи кабел од вмрежен полиетилен 3x150 mm2+70. Максималнaта должина на
водот е 12 m. Едновремената моќност на овој дел од мрежата е 114609 W. Падот на
напонот на оваа делница се пресметува според:
l  Pеz 2
U ДПО 3 ДПО 2 [%]  Rl  X l  tg  100
U n2
Од табелите 2.8. и 2.9. се определува Rl=0.124 /km и Xl=0.069 /km.

0.012 114609
U ДПО 3 ДПО 2 [%]  2
0.124  0.069  0.32  100  20090 .5  0.139%
380 144400

U ДПО 3 ДПО 2 [%]  0.139%

7.5.3. Проверка на падовите на напони од ДПО2 до ДПО1

За овој дел од инстацијата е предвиден кабел од вмрежен полиетилен и бакарни


спроводници со пресек 70 mm2 и со трајно дозволена струјa Itd=178 A. Максималнaта
должина на водот е 12 m. Едновремената моќност на овој дел од мрежата е 65491 W.
Падот на напонот на оваа делница се пресметува според:
l  Pеz1
U ДПО 2 ДПО1[%]  Rl  X l  tg  100
U n2
Од табелите 2.8. и 2.9. се определува Rl=0.268 /km и Xl=0.075 /km.

0.012  65491
U ДПО 2 ДПО1[%]  2
0.268  0.075  0.32  100  22948  0.16%
380 144400
U ДПО 2 ДПО1[%]  0.16%

110
 
 

7.5.4. Проверка на падовите на напони од ДПО1 до МРО

За овој дел од електричниот развод е предвиден кабел со PVC изолација и бакарни


спроводници со пресек 16 mm2. Значи треба да се инсталира кабел PP-Y 5x16 mm2 со
Itd=73 A. Максималнта должина на водот е 20 m. Едновремената моќност изнесува
27956W. Падот на напонот на оваа делница се пресметува според:
l  Pе 3
U ДПО1 МРО [%]  Rl  X l  tg  100
U n2
Од табелите 2.8. и 2.9. се определува Rl=1.15 /km и Xl=0.09 /km.
0.02  27956
U ДПО1 МРО [%]  2
1.15  0.09  0.32  100  65909  0.45 %
380 144400
U ДПО1 МРО [%]  0.45 %

7.5.5. Проверка на падовите на напони од МРО до РТ

За овој дел од електричната инсталација е предвиден кабел со PVC изолација и


бакарни спроводници со пресек 6 mm2 . Значи треба да се инсталира кабел PP-Y 5x6
mm2 со Itd=40 A. Должината на делницата е 12 m. Едновремената моќност изнесува
13644 W. Падот на напонот на оваа делница се пресметува според
l  Pе
U МРО  РТ [%]  Rl  X l  tg  100
U n2
Од табелите 2.8. и 2.9. се определува Rl=3.08 /km и Xl=0.1 /km.

0.012 13644
U МРО  РТ [%]  2
3.08  0.1  0.32  100  50431,4  0.35 %
380 144400

7.5.6. Проверка на падовите на напони во станот

При пресметка на падовите на напони во спроводници кои се со напречен пресек


помал од 16 mm2 може да се занемари индуктивноста и тогаш пресметката оди по
формула:

2 100 Pi  r  l
u  за еднофазни струјни кругови
U n2
100 Pi  r  l
u  за трифазни струјни кругови
U n2
Каде Pi е инсталираната моќност.

Проверката на падот на напонот треба да се изврши за најнеповолен случај на


најодалечена приклучница оптоварена со најголемата инсталирана моќност по
приклучно место 2500 W кое е на одалеченот од 20 m. До ова приклучно место е
предвиден кабел 3x2.5 mm2 чија отпорност согласно табела 2.8 изнесува 7,41  / km .

2  100 Pi  r  l 2  100  2500  7.41  0.02 74100


u С     0.51%
U n2 380 2 144400
За осветлувањето падот на напонот се пресметува според максималното осветлување
на една просторија во станот во дадениот случај дневна соба со инсталирана моќност
од 600 W за спроводници 1.5 mm2 чија подолжна отпорност согласно табела 2.8.
изнесува 12.1 /km при што напојувањето се врши со кабел со должина 20 m.

111
 
 

2 100 Pi  r  l 2 100  600 12.1  0.02 29040


u С1     0 .2 %
U n2 380 2 144400
Вкупниот пад на напон од трафостаницата до најодалечниот потрошувач изнесува:

u  uТС  ДПО 3  u ДПО 3 ДПО 2  u ДПО 2 ДПО1  u ДПО1МРО  u МРO РТ  uС за утичници

u  uТС  ДПО 3  u ДПО 3 ДПО 2  u ДПО 2 ДПО1  u ДПО1МРО  u МРO РТ  uС1 за


осветлување

Падот на напон согласно погоре дадените формули изнесува:

за утикачи:
u  uТС  ДПО 3  u ДПО 3 ДПО 2  u ДПО 2 ДПО1  u ДПО1 МРО  u МПР РТ  uС 
 0.22  0.139  0.16  0.45  0.35  0.51  1.83%

за осветлување:
u  uТС  ДПО 3  u ДПО 3 ДПО 2  u ДПО 2 ДПО1  u ДПО1 МРО  u МРO РТ  uС1 
 0.22  0.139  0.16  0.45  0.35  0.2  1.519%

Дозволениот пад на напон за осветлување е 3 % а за останатите потрошувачи е 5 %.


Добиените падови на напони ги задоволуваат дадените барања бидејќи и во двата
случаја се помали од 3 %.

7.6. Пресметка на струите на куси врски

7.6.1. Куса врска во трафостаницата

Податоци за трансформаторот кој ја напојува зградата се:

Pn=630 kVA; Un=10/0.42 kV/kV; Pcun=6.5 kW; Pfe0=1.3 kW; uk=6 %.

Активната компонета во напонот на куса врска изнесува:

Pcun 6500
ur  100  100  1.03%
Sn 630000
Реактивната компонета во напонот на куса врска изнесува:
u x  uk2  ur2  62  1.032  36  1.061  5.91%

Резистансата на трансформаторот се определува од:

Pcun 6500 6500


RT  2
 2
  2.8 m
 Sn   630000  2250000
   
Un   420 
Реактансата на трансформаторот се определува од:

u xU n2 5.91  4202 1042524


XT     16.5m
100S n 100  630000 63000000
Un- номинален напон на нисконапонската страна на трансформаторот

Импедансата на куса се пресмeтува според изразот:

112
 
 

Z d  RT2  X T2  2.82  16.52  7.84  272 .25  16.7 m

Струјата на трополната куса врска се пресметува според:


U nf 220
I 3 pks    13.2 kA
Z d
16.7  10 3
Овој дел од инсталацијата ја штити високоефикасен топлив осигурувач за струја 315
А. Од струјно временската карактеристика за високоефикасни топливи осигурувачи
дадена на сл. 2.69 се гледа дека овој тип на осигурувач прекинува струја до 50 кА . Тоа
значи дека предложениот осигурувач ќе биде во состојба да прекине струја на куса
врска од 13.2. кА.

7.6.2. Куса врска на МРО

Реактансата и резистaнсата на трансформаторот се:

RT  2.8 m X T  16.5 m
Нултата реактанса и резистанса на трансформаторот се добиваат од:

RT 0  RT ; XT 0  XT
Должината на кабелскиот вод од ТС до ДПО1 во третата зграда по одалеченост од
трафостаницата, е 49 м (25 м од трафостаницата до првата зграда и уште 12 метри
меѓу секоја од трите згради). Должината на кабелскиот вод од ДПО1 до МРО е
максимално 20 m.

Резистансата и реактансата (ТС-ДПО1) која ќе ја означиме како Rv1 и Xv1 изнесува:

ТС-ДПО3: Rl=0.06 /km, Xl=0.068 /km, односно оваа делница е долга 25 m,


следствено RТС  ДПО 3  0.0015  ; X ТС  ДПО3  0.0017 

ДПО3-ДПО2: Rl=0.124 /km, Xl=0.069 /km, односно оваа делница е долга 12 m,


следствено R ДПО 3 ДПО 2  0.0015  ; X ДПО 3 ДПО 2  0.0008 

ДПО2-ДПО1: Rl=0.268 /km, Xl=0.071 /km, односно оваа делница е долга 12 m,


следствено R ДПО 2  ДПО1  0.0032  ; X ДПО 2  ДПО1  0.00085 

Rv1  RТС  ДПО 3  R ДПО 3 ДПО 2  R ДПО 2  ДПО1  0.0015  0.0015  0.0032  0.0062 

X v1  X ТС  ДПО 3  X ДПО 3 ДПО 2  X ДПО 2  ДПО1  0.0017  0.0008  0.00085  0.0034 

Нултата резистанса на водот помеѓу (ТС-ДПО1) ја означуваме со RN.

ТС-ДПО3: пресекот на нултиот спроводник е 150 mm2. Од табела 2.8. се добива


RN=0.124 /km, односно оваа делница е долга 25 m , резултат, RN ТС  ДПО 3  0.0031 .
ДПО3-ДПО2: пресекот на нултиот спроводник е 70 mm2. Од табела 2.8. се добива
RN=0.268 /km, односно оваа делница е долга 12 m , резултат RN  ДПО 3  ДПО 2  0.0032  .
ДПО2-ДПО1: пресекот на нултиот спроводник е 70 mm2. Од табела 2.8. се добива
RN=0.268 /km, односно оваа делница е долга 12 m , резултат RN  ДПО 2  ДПО1  0.0032  .

113
 
 

RN  RN ТС  ДПО 3  RN  ДПО 3 ДПО 2  RN  ДПО 2  ДПО1  0.0031  0.0032  0.0032  0.0095 

Согласно формула (2.29.) важи:

Rv01  Rv1  3RN  0.0062  3  0.0095  0.0347 


Согласно формула (2.28.) важи:
X v01  3  X v1  3  0.0034  0.0102 
Должината на кабелскиот вод од ДПО1 до МРО е максимално 20 m а станува збор за
кабел 5 x16 mm2.

ДПО1-МРО: Од табела 2.8. односно 2.9. следува Rl=1.15 /km, Xl=0.09 /km, односно
оваа делница е долга 20 m, резултат R ДПО1 МРО  0.023  ; X ДПО1 МРО  0.0018

Значи Rv 2  23 m и X v 2  1.8 m

Од табела 4.1. следува:

Rv02  1.86  Rv 2  42.3 m X v02  17  X v 2  30.6 m

Вкупните импеданси се определуваат од:


Z d  ZTd  Z vd1  Z vd2  0.0028  0.0062  0.023  j (0.0165  0.0034  0.0018)
Z d  (0.032  j 0.0217) m
Z 0  ZT0  Z v01  Z v02  0.0028  0.0347  0.0423  j (0.0165  0.0102  0.0306)
Z 0  ZT0  Z v01  Z v02  (0.0798  j 0.0573) 
Zd  Zi

Струјата на еднополната куса врска се пресметува според изразот:

3  U nf 3  220
I1 pkv    3771 A
Z Z Z
d i 0
0.175

Во ДПO1 е поставен осигурувач со топлив вметок тип D, за номинална струја I0= 63 A и


од слика 2.66. се забележува дека овој осигурувач реагира за време многу пократко од
0.4 s колку што е предвидено со прописите. Значи дека осигурувачот е добро избран.

7.6.3. Куса врска на РТ

Во овој дел на електричниот развод предвиден е кабел 5x6mm2, а растојанието од


МРО до РТ е 12 m.

МРО-РТ: Од табела 2.8. односно 2.9 следува Rl=3.08 /km, Xl=0.1 /km, односно оваа
делница е долга 12 m, резултат RМРО  РТ  0.037  ; X МРО  РТ  0.0012
Значи Rv 3  37 m и X v 3  1.2 m
Rv03  Rv 3  3  RN  4  Rv 3  148 m
X v03  3  X v 3  3.6 m

Вкупните импеданси се определуваат од:

114
 
 

Z d  ZTd  Z vd1  Z vd2  Z vd3


Z 0  ZT0  Z v01  Z v02  Z v03
Zd  Zi
Z d  0.032  j 0.0217  0.037  j 0.0012  (0.069  j 0.023) 
Z 0  0.0798  j 0.0573  0.148  j 0.0036  (0.23  j 0.0609) 

Струјата на еднополната куса врска се пресметува според изразот:

3  U nf 3  220
I1 pkv    1764 A
Z Z Z
d i 0
0.374

Во МРO е предвиден осигурувач со топлив вметок тип D, за номинална струја I0=25 A и


од слика 2.66 се забележува дека овој осигурувач реагира за време многу пократко од
0.4 s колку што е предвидено со прописите. Значи дека осигурувачот е добро избран.

7.6.4. Куса врска на потрошувачи

Во овој дел од пресметката ќе набљудуваме за најодалечениот потрошувач поврзан


на приклучница. Должината на кабелскиот вод (3x2.5mm2) за најодалечениот
потрошувач изнесува 16 m (табела 7.3). Резистансата и реактансата на водот до
потрошувачот изнесуваат:

РТ-потрошувач: Од табела 2.8. односно 2.9. следува Rl=7.41 /km, Xl=0.104 /km,
односно оваа делница е долга 16 m, резултат RРТ пот  0.118  ; X РТ пот  0.00166
Значи Rv 4  118 m и X v 4  1.66 m
Rv04  Rv 4  3  RN  4  Rv 4  472 m
X v04  3  X v 4  4.99 m

Вкупните импеданси се определуваат од:

Z d  Z Td  Z vd1  Z vd2  Z vd3  Z vd4


Z 0  ZT0  Z v01  Z v02  Z v03  Z v04
Zd  Zi
Z d  0.069  j 0.023  0.118  j 0.00166  (0.187  j 0.025) 
Z 0  0.23  j 0.0609  0.472  j 0.00499  (0.702  j 0.06589) 

Струјата на еднополната куса врска се пресметува според изразот:

3  U nf 3  220
I1 pkv    611 A
Z Z Z
d i 0
1.08

Предвиден е автоматски осигурувач за струја I0=16 A, со карактеристика B кој


исклучува при (3-5) In, што значи дека сигурно ќе исклучи за пресметаната струја на
куса врска.

115
 
 

ЛИТЕРАТУРА:

[1] Ranko Goić (2008) Distribucija električne energije. Fakultet elektrotehnike,


strojarstva I brodogradnje , Split, interna skripta.
[2] Драгослав Рајчиќ (1995) Вовед во дистрибутивни електроенергетски
системи. Електротехнички факултет, Скопје.
[3] Тони Велков, Игор Митев (2013) Осветлување и инсталации. Министерство
за образование и наука, Скопје.
[4] Amir Halep (2005) Električne instalacije i osvetlenje. Planjax, Saraevo.
[5] http://zastitanaradu.com.hr/novosti/Zastita-elektricnih-instalacija-niskog-napona-
osiguracima-27.
[6] https://www.scribd.com/document/363218526/INSTALACIONI-
OSIGURA%C4%8CI.
[7] Željko Despotović: Elementi, karakterisitke i selektivnost zaštite od kratkih
spojeva u niskonaponskim energetskim instalacijama. Visoka škola elektrotehnike I
računarstva strukovnih studija. Beograd: Најдено на
www.viser.edu.rs/download.php?id=17823.
[8] Končar: Ulošci i podnožja osigurača: Најдено на http://www.koncar-
nsp.hr/docs/koncarnspHR/documents/68/2_1/Original.pdf.
[9] https://www.scribd.com/document/55280793/ELEKTRICNA-POSTROJENJA-7-p
[10] V. Drinčić (2008) Elektrotehnika i zaštita, Beograd, skripta.
[11] http://www.enciklopedija.hr/natuknica.aspx?ID=44404.
[12] Драгослав Рајчиќ (1993) Електрично осветление. Електротехнички
факултет, Скопје .

116
 
 

БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ
Василија Шарац е родена во Скопје каде што завршува и
Електротехнички факултет. Магистрира во 2000 година на
Електротехничкиот факултет во Скопје и на истиот факултет
докторира во 2005. Од декември 2009 година е вработена на
Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип и е задолжена за изведување
на настава по група предмети од областа на електротехниката.
Автор е на поголем број на научни и стручни трудови во
меѓународни списанија и учесник во неколку научно-истражувачки и
стручно-апликативни проекти.

117
ISBN 978-608-244-531-1

You might also like