You are on page 1of 9

Народни приказни за животни и басни- Во науката за народната книжевност не постои

никакво двоумење околу прашањето кој е настар вид од народните приказни, секако тука
станува збор за приказните за животни . Се смета дека овој вид на народни приказни се
појавиле како први раскажувања на човекот, некаде во периодот на дивјаштвото. Имено
приказните за животни се појавиле како своевидни синкретични репродукции на
најраните доживувања и искуства на човекот со животните. Овие човекови искуства со
животните се изразувале низ самите контакти , судири, борби со нив, во беспоштедната
секојдневна борба за опстнок во тогашните животни услови. Приказни за животни –
слични со басните, но се подолги од нив.
Басни
Сказни- Сказните во науката се сметаат за најстар вид усна проза, покрај приказните за
животните. Познати и под терминот фантастични и волшебни народни приказни ,
сказните настанале на интернационални простори, од ирационалните основи на
верувањето и митот. Во науката на литературниот фолклор дури и постојат мислења
дека треба да се први дистинкција(разлика) помеѓу терминот сказна и фантастична
народна приказна , бидејќи може да се направ разграничување помеѓу светот на
сказната кој е чудесен а во кој желбите на јунаците најчесто се остваруваат и тој на
фантастичната приказна во кој јунаците неретко остануваат само со нереализирани
свои копнежи, мечти и настојувања.

Според Проп најважни се функциите.

Претходник на Проп е рускиот научник Александар Веселовски, тој за сказната говори


малку, но значајно. Најважна негова теза е дека мотивот примарен, а сижето е
секундарно (второстепно по значење). Според Веселовски, мотивот е најмало расказно
единство. Сиже е серија од мотиви. За Веселовски сижето е креативен акт, или акт на
соединување. Тој препорачува сказните да ги анализираме по мотиви, а не според сижеа.
Дотогаш, во фолклористиката, сказните се истражувале според сижеата.

Но, Проп не се сложувал со Веселовски дека мотивот е најмало расказно единство.


Веселовски сметал дека мотивот е неразделлива единица на раскажувањето. Проп се
решава тоа да докаже дека тоа не е така. Дава еден пример со кој што се обидува да го
демантира Веселовски. Примерот е: „Змејот ја граба царевата ќерка’’. Проп вели дека
мотивот може да се подели на помали делови или сегменти:

1. змеј = ѓавол, виор, ламија, сокол, вошебник, кочијаш, разбојник, гангстер, мафијаш и
др.

2. ја граба (грабање) = киднапирање, нанесување на штета итн.

3. ќерка = принцеза, сестра, вереница, жена, мајка, попадија, итн.

4. цар = крал, принц, чорбаџија, поп, кмет, политичар, претседател.

Што докажа Проп со ова? Со ова докажа дека мотивот не е едночлен, туку дека има
повеќе елементи и дека мотивот е разложлив. Секој од овие делови може да се замени и
со него добиваме ново сиже.

И двајцата сметаат дека најважни се дејствата, а второстепени се ликовите.


Анегдоти
Легенди и преданија
Слични на митовите се легендите. Тие се творби со фантастична содржина, но за разлика
од митот тие се со реалистична основа, со вистински настани.

Преданијата се слични со легендите, но се уште поблиску до историската вистина. Може


да бидат историски и етиолошки. Историски - се однесуваат на историски настани и
личности. Етиолошки - за потеклото.

Кратки народни умотворби


Гатанки - Гатанката е метафорично прашање преку кое се бара точен одговор. Најчести се
во нашата традиција. Народна умотворба која е важна за развивање на интелигенција.
Тие се интересни и добри за учење, но и за смеа. Дека имала обреден карактер потврдува
фактот што се кажувала во одредено време и при одредени дејности, а дека имала и
иницијациски карактер потврдува фактот што момчето и девојката, дури откако ќе
одгатнеле одреден број гатанки, се сметале за зрели личности што можат да оформат дом
и семејство. Може да се однесува за предмети и појави од непосредната човекова
околина, деловите на човечкото тело, алатите за работа и сл. Пр. Ни ткано, ни предено,
преку греди префрлено. - Кожув

Пословици и поговорки - кратки мудри изреки со поента. Тие меѓусебно се слични по


формата и содржината, а со нив се искажува некоја народна мудрост. Пословицата е со
двочлен состав, а поговорката - едночлен состав. Тие се многу популарни кај нас.

Пример за пословица: „Кучињата лаат, карванот си врви“. Пример за поговорка: „Бели


пари за црни дни; Брза кучка, слепи кучиња раѓа.“

Клетви – луѓето искажуваат ложи мисли, жалби.


Благослови – искажуваме убави желби и мисли. Нашата традиција е богата и со едно и со
друго.

You might also like