You are on page 1of 2

Училиштето вреди толку колку што вреди наставникот

,,Ако училиштето назадува-кривицата е во наставникот, ако напредува, единствената


заслуга ја има наставникот “- изјавил реномираниот германски наставник и педагог Адолф
Дистервег, човек кој целиот свој живот успешно ги промовирал педагошките идеи на
Песталоци и другите мислители. Со оваа мисла ја потенцира важноста на наставникот во
воспитно – образовниот процес.
На сите места на кои бил директор во училиштата, тој многу барал од наставниците,
обидувајќи се од нив да направи личности кои ќе бидат пример на учениците како треба
да се напредува и работи во животот и да се биде успешен. Наставникот требало да биде
сестрана личност со познавања од сите наставни предмети, воедно и со одлични
познавања од областа на педагогијата, психологијата, логиката и специјалната методика.
Покрај широките познавања, сметал дека наставникот треба постојано да се надоградува
и усовршува.
Освен образованието, наставникот требало успешно да ги воспитува и дисциплинира
учениците, со што и самиот требало да биде добро воспитан, за да може да им укаже на
учениците на грешките во говорот, однесувањето, размислувањето и рассудувањето.
Неговата сестраност требало да се манифестира и на други активности во рамките на
заедницата во која живеел наставникот, како соработка со библиотеките и институциите
кои има овозможувале образование на возрасните, со цел да биде активен учесник во таа
заедница.
Ако кон сите овие квалитети кои од наставниците ги барал Дистервег ги додадеме и
вештините на наставникот да го сослуша ученикот, да проба да го разбере и да му
помогне да се соочи и да ги совлада сите проблеми во учењето и во животот со кои
ученикот не ретко се соочува, како и да се обиде да биде нивен пријател и замена за
родител додека се на училиште, тогаш добиваме лик на современ наставник во едно
современо општество. Денес има многу вакви наставници кои успеваат да го постигнат
приматот на ,, добар ,, наставник и да одговорат на сите должности и обврски кои од нив
се бараат. Таквите наставници се пример за добри и посветени луѓе меѓу учениците,
пример за љубов кон професијата и успешност во животот.
Токму тоа го истакнувал и Коменски во своите педагошки принципи и идеи, изјавувајќи
дека наставникот воспитувач воспитува со својот целокупен изглед. Важна е облеката што
ја носи, начинот на кој што зборува и комуницира, начинот на кој оди и гестикулира и
секако најважни се неговите дела на полето на професијата. Таквиот наставник лесно
станува идол на учениците и ги привлекува во своето училиште со што допринесува за
напредокот и реномето на училиштето. Лошите наставници негативно влијаат на добриот
глас на училиштето и некако будат одбојност кај учениците да бидат дел од училиштата во
кои тие работат.
Ако еден ден бидам лик на добар наставник воспитувач, тогаш мојот сон за успешна
иднина ќе биде целосно исполнет, а јас ќе бидам горда на себеси и своите достигнувања
и воедно на своите ученици. Ми преостанува да вложам многу труд истото да го
постигнам.

Ангела Фичуроска
Одделенска М – бр. на индекс 12612

You might also like