Professional Documents
Culture Documents
Ментор: Изработил:
1
Содржина
2
Вовед за системите во облак
Поимот системи во облак претставува систем кој што е базиран на Интернет
и кој што обезбедува споделување компјутерски ресурси и податоци до други
компјутери и уреди по барање на корисникот.
3
Што значи зборот облак?
Зборот облак е метафора што се однесува на мрежи, посебно на интернетот,
кои веќе некое време се застапени во областа на инженерството и мрежните
цртежи. Во реалноста, облак е најновиот концепт кој бил именуван во минатото како
ASP(Application service provider), на барање нови компјутери и како услуга (Софтвер
како услуга, Инфраструктура како услуга).
Видови облаци
Постојат три различни видови на облаци. Трите вида на облаци се: приватен
облак, јавен облак и хибриден облак.
Приватен облак
Приватниот облак е облак кој се користи исклучиво за една организација, без
разлика дали е управуван внатрешно или од трети лица, или дали е хостиран
внатрешно или надворешно. Преземањето на проект за приватен облак бара
значително ниво и степен на ангажираност за виртуелизација на деловното
опкружување, и бара организацијата да ги преиспита одлуките за постојните
извори. Кога ќе биде направено точно, може да го подобри бизнисот, но секој чекор
во проектот ги зголемува проблемите со безбедноста кои мора да се решат за да
се спречат сериозни слабости. Самоуправуваните центри за податоци се обично
капитално интензивни. Тие имаат значителни физички димензии, кои бараат
распределба на просторот, хардвер и контрола на животната средина. Овие
средства треба да бидат периодично обновувани, што резултира со дополнителни
капитални расходи. Тие привлекле критика затоа што корисниците сеуште треба да
купат, изградат и да управуват со нив, а со тоа немаат корист со помалку раце за
4
управување, евентуално недостасува економичен модел што може системскиот
облак да го направи интересен концепт. Како примери за приватни облаци може да
ги земеме: Еукалиптус (каде што е искористен неговата инфраструктура за
серверот на Убунту), Еластра.
Јавен облак
Облакот е наречен јавен облак кога услугите се извршени преку мрежа која
е отворена јавно. Услугите за јавните облаци може да бидат бесплатни. Технички
може да има малку или воопшто да нема разлика помеѓу архитектурата на јавниот
и приватниот облак, како и да е, безбедноста може да биде значително различна
за услугите (апликации, складирање и други средства) кои се ставени на
располагање од страна на давателот на услугата за јавната публика и кога
комуникацијата е извршена во текот на не доверлива мрежа.
Општо земено, давателите на јавни облак услуги како Amazon Web Services
(AWS), Microsoft и Google поседуваат и работат на инфраструктурата во нивниот
центар за податоци и пристапот до нивниот облак е само преку интернет.AWS и
Microsoft, исто така, нудат директни услуги на директно поврзување наречено "AWS
Direct Connect" и "Azure ExpressRoute" односно, како врска бара корисници да
купуваат или закуп на приватна врска со точка за споделување понудени од страна
на давателот на облакот. Примери за јавни облаци: Amazon Elastic Compute Cloud
(EC2), IBM's Blue Cloud, Sun Cloud, Google AppEngine и Windows Azure Services
Platform.
Хибриден облак
Хибридниот облак е спој од два или повеќе облаци (приватен облак, облак
заедница и јавен облак) кои остануваат различни лица, но врзани заедно, кои нудат
бенефити од повеќе распоредени модели. Хибридниот облак може да значи
можност за поврзување на колокација, управуван и/или посветен на услуги за облак
со извори. Gartner Inc. дефинира хибриден облак како системски облак со услуга
што е составена од комбинација од приватни, јавни и облак заедница услуги, од
различни даватели на услуги.
5
Услугата за хибридниот облак минува низ изолација и граница на давателот
што не може едноставно да се стави во една категорија на приватниот, јавниот или
целокупната заедница. Таа му овозможува да се прошири или во капацитетот или
во способноста на облак услугата, од страната на агрегација, интеграција или
прилагодување со уште една услуга во облакот.
Облак за складирање
Облак за складирање е модел на чување на податоци во која дигиталните
податоци се зачувани во логички базени, физичкиот простор се протега на повеќе
сервери (и чести локации), а физичката средина е обично во сопственост и
6
управувана од страна на хостинг компанијата. Овие даватели на облак скалдирање
се одговорни за чување на достапните податоци и физичката средина да биде
заштитена и да работи. Луѓето и организациите купуваат или позајмуваат капацитет
за складирање од давателите на услуги поврзани со облакот.
1
1цент~2денари
2
„Зелен“бизнис, или оддржлив бизнис е претпријатие кое има минимално негативно влијание на
глобалната или локалната околина, заедница, општество или економија.
7
копија од важните податоци. Тие податоци се зачувани на локација која може
да се пристапи само со интернет конекција.
3
$1~58 денари
8
Трите најдобри складирачки облаци
Во овој дел направено е истражување со кое ќе ги дознаеме
карактеристиките на трите најдобри складирачки облаци. Тоа се Dropbox, iCloud и
Google Drive. Тие се и најкористените складирачки облаци во последните години.
Dropbox
Dropbox е еден од наједноставните и по елегантните складирачки облаци и
услуги за синхронизација на податоци. Ни овозможува достапност до нашите
податоци од било каде. Можеме да инсталираме Dropbox на кој и да е компјутер
или телефон по наш избор. За лично користење, тој работи едноставно и без
никаков напор. Тој го поддржува заедничка соработка на дадени документи и
ресурси, истите можеме да ги пристапиме и да ги уредуваме во исто време и да ги
видиме промените од другите кога ќе бидат направени. DropBox е одличен избор
за онлајн меморија, за жал тој за многу малку не води во конкуренција со Google
Drive и Microsoft OneDrive. На почетокот со бесплатната корисничка сметка
добиваме 2GB меморија, но сеуште можеме да добиеме меморија со покана на
пријатели (500MB за еден поканет пријател, па се до 16GB меморија) и други
активности како поврзување со Твитер, поврзување со камера на телефонот и
други. За добивање повеќе меморија, имаме уште една опција, а тоа е да платиме
во вредност од $9,99 месечно или $99 годишно за да добиеме 1TB меморија.
iCloud
Тој е дел од облакот со услуги за складирање на Apple кој започна во 2011
година. Овој облак ни овозможува да ги зачуваме нашите фотографии, видеа,
докумнети, музика и податоци од апликации. Не само што ни овозможува да ги
зачуваме сите наши податоци на едно место, но и ни овозможува достапност до
сите податоци од нашиот IOS уред, Mac и Windows компјутер и ги чува сите тие
податоци во фолдери сортирани според датум на сите уреди. Исто така, ни
овозможува да креираме нови податоци и папки. Можеме да зачуваме било каков
податок во iCloud драјв, се додека е помал од 15GB меморија и не ја поминува
ограничената меморија која ја имаме на нашиот облак. Ако се регистрираме на
iCloud, ќе добиеме бесплатно 5GB меморија за Меил, резерви, iCloud библиотека
9
со слики и iCloud драјв. Ако ни е потребна поголема меморија на нашиот облак,
можеме да наградеме до вкупно од 50GB за $0.99, 200GB за $2.99, 1TB за $9.99.
Google Drive
Google Drive е повеќе од облак наменет за меморија и услуга за
синхронизација. Исто така тој ни овозможува да создаваме, уредуваме, зачувуваме
и да соработуваме со документи. Услугата е навистина импресивна во тоа како
можеме да ги создаваме и уредуваме документите независно дали работиме сами
или како дел од тим. Овој облак е бесплатен за користење ако имаме своја Google
корисничка смета, а со тоа следува и меморија од 15GB. Податоците кои ги
создаваме со користење Google Docs, Sheets и други in-Drive апликации не ги
вбројува кон таа квота, дури ниту споделенети податоци. Други работи кои не
спаѓаат во таа квота се испратените е-маил прикачувања и примените Gmail
пораки. Ако сакаме да платиме за повеќе, добивањето повеќе меморија започнува
од цената по $1.99 месечно за 100GB меморија. За 1TB потребно е да се плати
$9.99 месечно и за 10TB меморија по цена од $99.99 месечно.
10
меморија на нашиот облак, можеме едноставно да го надоградиме и тоа без
да мораме да одиме до продавница.
Останете организирани - Немате потреба од зачувување цел хард диск на
облакот. Само најважните податоци, фотографии, бизнис портофолија и
многу други видови на податоци. Од нас зависи што ќе остане на облакот, а
што не. Оваа функција ќе ни помогне да останеме организирани со тоа што
може да креираме фолдери и самите да ги подредуваме нашите податоци.
70
60
50
40
30
20
10
0
Достапност на Олеснување во Заштита од губење Достапност на Достапност до
податоци од повеќе споделувањето на податоци голем простор за големи библиоетки
уреди или локации податоци со други меморија од музика и видеа
луѓе
11
Заклучок
Големите компании кои што креираат софтвери и апликации веќе голем дел
од функционалностите од своите придукти ги поставуваат во облак. Така на пример,
компанијата Microsoft во облак го има поставено целиот пакет на добро познатите
канцелариски алатки Microsoft Office. Како што е прикажано во самата проектна
задача, дури и креираните документи како на пример Word документи, се сместени
во облакот и кон еден документ можат со наша дозвола да пристапат повеќе
корисници и директно да го уредуваат самиот документ. Истот важи и за
споредлувањето на ресурси.
12
Користена литература
13