You are on page 1of 7

ПИШУВАЊЕ ТЕКСТ

Некои од правилата при пишување текст се:


• пишувањето на знакот од тастатурата започнува на местото
на курсорот (покажувач) – вертикална трепкачка цртичка

• една голема буква се испишува со Shift + буквата

• сите букви се испишуваат големи со вклучување на тастерот


Caps Lock

• на тастерите на кои што има по 2 знаци горниот знак се


испишува со Shift + тастерот (се притиска тастерот Shift, се држи
притиснат и се притиска соодветниот тастер)

• празно место помеѓу зборовите се остава со најдолгиот тастер -


Space

• во нов ред се преминува со тастерот Enter

• низ текстот се движите и со копчињата за движење од


тастатурата, означени со стрелките:  (налево),  (нагоре), 
(надолу) и  (надесно), кои ја означуваат насоката на
движењето.

• Tab – да го започнете пасусот, така што првиот ред да биде


повлечен надесно.
Како да пишувате на кирилица?
Македонската поддршка се избира со:
• лев клик на иконата En во десниот дел од лентата, до
часовникот и од менито што се отвора се бира Mk – македонска
поддршка,
• со комбинација на копчињата Alt + Shift.

Копчиња за некои букви од македонската


кирилица при работа со македонска поддршка се:
љ–q њ–w џ–x ѕ–y ч-; ж-\

ѓ-] ш–[ ќ–‘


УРЕДУВАЊЕ ТЕКСТ

Менито Home

Алатки Фунција на алатката

Copy / Paste Кппираое текст

Cut / Paste Преместуваое текст

Кппираое на фпрматираоетп пд еден на друг


пбјект

Задебелуваое текст

Накпсуваое текст

Ппдвлекуваое текст

Избпр на фпнт (изглед на буквите)

Гплемина на текстпт

Згплемуваое на текстпт

Намалуваое на текстпт
Ефекти на текст

Бпја на текст

Маркираое текст (бпеое на ппзадината на


текстпт)
*Не ја мешај оваа алатка со алатката за боја
на текст
Ппрамнуваое на текстпт (левп, централнп,
деснп, пд двете страни)

Набрпјуваое (сп знаци, сп брпеви)

Избпр на прпред (растпјание ппмеду редпвите)

Впвлекуваое на текстпт (на левп, на деснп)


Корекции во текстот
Во реалниот живот секоја промена на рачно напишан текст или
текст напишан со машина за пишување на хартија, обично бара
повторно пишување на целиот текст.
Менувањето и корекциите на текстот со програмаат Word може да се
прават онаму каде што е потребно и онолку често колку што е
потребно и при тоа останатиот дел од текстот не трпи никакви
промени.
Поправките се прават со бришење на стар текст и/или вметнување на
нов текст.

Позиционирање во текстот
Курсорот се поставува на потребното место во текстот каде ќе се
прават промени. Поставувањето на курсорот на потребното место во
документот се вика позиционирање во текстот. Позиционирањето на
курсорот најчесто се прави со:
• лев клик на глувчето,
• стрелките за позиционирање (горе, доле, лево и десно),
• копчето Home од тастатурата за одење на почетокот од редот,
• копчето End за одење на крајот од редот.

Селектирање на делови од текстот


Селектирање е означување или избирање на дел од текстот со кој
ќе се работи.
Селектирањето се прави со:
- лев клик со глувчето на почетокот од потребниот текстот
- влечи до крајот на текстот
- пушти.
Бришење
Користење на копчињата од тастатурата и наредбата од менито за
бришење.
Бришење на знак или селектиран текст се прави со:
• Тастерот BackSpace за бришење знак лево од курсорот
• Тастерот Delete за бришење знак десно од курсорот.
• Означете го текстот што сакате да го избришете. Притиснете го
копчето Delete или Del.

Во зборот ИНФОРМАТИКА според позицијата на покажувачот со


Backspace ќе се избрише буквата Р , а со Delete ќе се избрише
буквата М.
Отсечување, копирање и вметнување текст

Дел од текстот можеш да го отсечеш или копираш и да го


пренесеш на друго место во документот.

Разликата меѓу отсечувањето и копирањето е во тоа што со


отсечувањето текстот се отстранува од старото место и се пренесува
на новото, а со копирањето текстот останува и на старото место и се
поставува и на новото место. Делот од текстот привремено се чува во
меморијата и потоа се повикува и се прилепува на новото место.

Наредбите Cut (сечи) , Copy (копирај) и Paste (прилепи)


можеш да ги повикаш од менито Home.

Копирање и вметнување текст - Copy-Paste

♦♦ Означи го текстот што сакаш да го копираш.


♦♦ Копирај го текстот со наредбата Copy. Означениот текст се
сместува во меморијата и истовремено останува на истото
место.
♦♦ Постави го курсорот на местото каде што сакаш да го
копираш текстот.
♦♦ Вметни го текстот со наредбата Paste. Текстот ќе го има
двапати.

Отсечување и вметнување текст- Cut-Paste


♦♦ Означи го текстот што сакаш да го пренесеш.
♦♦ Избери ја наредбата Cut. Означениот текст се сместува во
меморија и го снемува од местото каде што бил прикажан.
♦♦ Постави го курсорот на местото каде што сакаш да го
пренесеш текстот.
♦♦ Вметни го текстот со наредбата Paste. Текстот ќе се појави
на новото место.

You might also like