You are on page 1of 2

Враќањето на Темпларите

Цели седум векови поминаа кога започнал еден од најголемите конфликти кој во голема мера
ја обликувал подоцнежната историја на стариот континент, но и на самата планета. Тогаш на
13 – ти октомври 1307 година започнал конфликтот меѓу католичката црква и вишешко-
монашкиот ред на витезите Темплари, кои во тоа време била една од најмоќните сили во
Европа.
Темпларите се основани во 1118 година во Ерусалим и биле заштитници на Христовиот гроб, а
ги нарекувале и "ред на сиромашни Христови витези". Како што објаснува историчарот др.
Миодраг Јанковиќ, биле основани од Иг де Пајен и Жофроа де Сен Омер, а препознатливиот
амблем кој го имале на плаштовите бил црвен крст на бела позадина. На нивниот печат се
вгравирани двајца витези на еден коњ како симбол на меѓусебната солидарност и скромност.
Сите витези биле монаси, под врховна власт на папата.
- Кралот Балдвин II им дал дел од сопствениот дворец кој бил изграден а местото на
Соломоновиот храм – објаснува Јанковиќ. Од тука доаѓа и името на редот – храмовци или
темплари. Редот многу брзо се ширел и за кратко време стигнал до 10.000 темпларски
братства кои имале своја флота, банкарски филијали и огромно богатство.
Тоа било една од причините што францускиот крал Филип IV Убавиот почнал да се
спротивставува на овој ред. Желен за власт и хегемонија, именувал нов папа Клемент V и
решил да ги уништи витезите и нивниот Ред. Некои историчари тврдат дека тоа било поради
тоа што витезите одбивале да го примат во своите редови, но сигурно е дека на францускиот
монарх најголем мотив му било нивното огромно богатство.
Во петокот на 13- ти октомври 1307 година почнува прогонот на темпларите, кога многумина
биле убиени, осудени, а голем број наводно со богатството успеале да избегаат. Најмногу од
нив заминале во Шкотска, преку Португалија, каде и останал еден дел од нив. Во Шкотска
нашле засолниште кај кралот Роберт Брус кој великодушно ги прифатил. Иако истражувачите
како Џон Робинсон тврдат дека постојат траги за учество на темпларите во многу битки, тие
формално исчезнуваат од историската сцена. Неколку векови подоцна се појавуваат низ
различни асоцијации, па така првите масонски ложи во Лондон се обединуваат во 1717 година,
а многумина тврдат дека неколку ја продолжуваат темпларската традиција.
Во 2007 година во Ватикан е промовирана луксузна книга која прикажува оригинални документи
од тајните архиви од судењето на овие витези. Како што кажува Јанковиќ, "приказните за
темпларите се извор на легенди кои ќе ја хранат и хранат европската мистика". Книгата содржи
копии од оригиналните документи напишани на пергамент и носи латински назив "Процеси
против темпларите" и е доста луксузна. Печатена е во 800 примероци од кои првиот е даден на
папата Бенедикт XVI, а цената на секој примерок е 5.900 евра, од кои 500 примероци биле
продадени за една седмица.
Резервираните помеѓу упатените тврдат дека ова не е тргнување на анатемата од темпларите,
туку од католичката црква која бил обвинета за нивното прогонување и пропаст. Покрај
останатото, Јанковиќ потсетува дека нивниот последен Голем Мајстор Жак де Моле исто како и
многу негови следбеници, брутално биле запалени на пламена клада на 18 март 1314 година.
За важноста на книгата, на промоцијата која ја пренесувала италијанската телевизија,
професор Барбара Фрејл, експерт за Тајните архиви на Ватикан кажала дека "научниците до
сега немале прилика да видат ниту еден оригинален документ за судењето на темпларите".
Меѓутоа, експертите блиски до темпларскиот ред кажуваат дека книгата прикажува копии на
документите, а на никого не му е даден увид на оригиналите од Тајните архиви, па се останува
на довербата која читателите ја имаат кон ватиканските издавачи.
За влијанието на темпларите на историјата Јанковиќ истакнува бројни докази. По нивниот
пример е основано братството на германските витези кои станале познати како “Тевтонски
ред”, а кога крстоносците изгубиле надеж дека ќе ја одржат контролата над Светата Земја,
заминале на Кипар, потоа на Родос, па на Крит и на крај на Малта каде е создаде и редот на
малтешките витези од страна на нивните претходници витезите Хоспиталци.
- Тие значајно влијаеле на Русија чиј цар Павле добива титула "протектор на верата на
малтешките витези" – додава Јанковиќ. – Во традицијата на темпларите војводата Рене
Анжујски го основал "Редот на лилјанот", кој во Србија оставил длабок траг. Во 1444 година
витезите на овој ред му помогнале на Ѓураѓ Брановиќ да ја врати деспотовината и градот
Смедерево. Српскиот деспот бил член на овој ред.
Можеби најдобар коментар за модерната историја во која нејасно се надзира и влијанието на
разни дискретни, тајни и езотерични друштва кои биле формирани на традицијата на
темпларите (масони, илуминати, розенкројцери...) дал американскиот индустријалец Хенри
Форд кој своевремено изјавил дека "целокупната историја е обична бесмислица"...

Петок 13 - ти

Многу преданија поврзани со темпларите се "исткале" во современите обичаи, иако тоа


многумина не го знаат. Така почетокот на прогоните на овие витези бил во петокот на 13 - ти
октомври, па така и денес овој датум го сметаат за баксузен и несреќен. Знакот за почетокот на
апсењето на темпларите бил во една француска крчма во која оодседнале темпларите, еден
од заговорниците го свртил лебот наопаку. И денес во многу наши краеви ваквиот гест се
смета за непожелен.

Војската
После прогоните, темпларите се "маскираат" и во Португалија формираат нов ред на тнр.
Војска на Исус Христос. Помеѓу нивните големи мајстори се издвојуваат Хенри Морепловецот,
Бартоломеј Дијаз, Фернандо Магелан и Кростофор Колумбо. Овој последниот се упатил на "пат
за Индија", носејќи карти на Мартин Блајхајм, картограф и темплар од Нирнберг.
Темпларската легенда кажува дека Колумбо знаел каде тргнал, иако историјата кажува
поинаку. Така, пред неговата пловидба во Рослин во Шкотска е изградена Рослинската капела,
чија изградба е завршена во 1486 година најпознат темпларски храм, на чии ѕидови биле
прикажани алое вера и пченка, иако во тоа време тие исклучиво растеле на тлото на Америка!
Темпларите постојат и денес, а нивниот најголем центар е градот Порто во Португалија.

You might also like