You are on page 1of 1

Историја на филм, филмска музика

Филмската уметност се смета за најнова од останатите гранки на уметноста (сликарство,


архитектура, скулптура, литература, музика итн...)
Сѐ започнува со пронаоѓањето на првата филмска камера, во доцните 1880ти години, за
денес да прерасне во главен извор за забава на народите, како и медиуми и медиумска
покриеност.
На почетокот не постоела технологија за синхронизацијата на сликите со звукот, но сепак
постоел интерес филмовите да се прават без звук.
Ова е познато како тивка ера на филмот (the silent era) – неми филмови*. Немите филмови
најчесто биле придружувани со музичари кои свиреле во живо,а понекогаш имало и
звучни ефекти. Нарацијата исто така одела во живо, во текот на проекцијата имало човек
што читал за време на филмот, а подоцна таа нарација се заменила со текст (титлови) во
самата слика од филмот.
*Неми филмови – филмска снимка која не содржи звучен запис (снимање без аудио).
-Звучна ера
Експериментирањето со звучната филмска технологија, за снимање и репордукција, било
речиси константно за време на тивката ера, но двојниот проблем за точна синхронизација
и доволно засилување на звукот бил тежок за надминување. Во 1926 год,, во нивното
студио, браќата Вoрнер (Warner Bros. Pictures), го претставиле „Витафон“ системот,
произведувајќи кратки филмови, додавајќи звучни ефекти и оркестарски изведби. Некаде
на крајот од 1927 год., Warner Bros. го објавиле филмот „Џез пејачот“ („The Jazz Singer“),
кој претежно бил тивок, но содржел она што генерално се смета како прв синхронизиран
дијалог и пеење во еден игран филм.

You might also like