You are on page 1of 4

Издршката како институција е прифатена во семејните права ширум сметот, па

така таа претставува дел и од нашето семејно право. Во нашето семејно право е
предвидена обврската за издржување пред се на родителите спрема децата, но
исто така и под определени услови со законот се предвидува и издржување на
родителите од страна на нивните деца, а во определени случаи таа обврска
постои и помеѓу другите роднини.

Имено, тука спаѓаат: брачниот другар кој нема доволно средства за живот има
право на издршка од својот брачен другар, право на издршка има и понарешниот
брачен другар по разводот на бракот највеќе во рок до 5 години, потоа децата
имаат право на издршка од страна на своите родители како малолетните така и
полнолетните деца имаат право на издршка се до завршувањето на редовното
школување односно до навршувањето на 26 годишна воздраст како и
полнолетните деца кои поради болест не се способни да работат. Право на
издршка имаат и родителите од своите деца кога тие ќе се најдат во оскудна
ситуација без доволно средства за живот а неспособни се за работа или согласно
нивната воздраст и стручни квалификации неможат да си најдат работа во
догледно време и доколку такви средства за свое издржување неможат да
остварат од имотот со кој тие располагаат, и други лица кои имаат право на
издршка кои се опфатени со овој закон такви се и другите роднини по права
линија односно бабите и дедовците, браќата и сестрите , очувот и маќеата и
пасторците

Поимот издршка се заснова на идејата за подмирување на секојдневните


егзистенцијални потреби, а опфаќа и елементи кои зависат од начинот на живот и
нивото во кое се наоѓа општеството.

Обврската за издршка има императивен карактер и државата го уредува ова


прашање пропишувајќи императивни правни норми и на тој начин се настојува
оваа обврска секогаш да се извршува. Определеното законско издржување
произлегува од односните што се формираат во рамките на семејството и
преставува обврска на едно или повеќе лица – членови на едно семејство да му
обезбедат средства на лице кое е дел од истото семејство, а нема основни
средства за егзистенција кои му се потребни.

Издржувањето предвидено со Законот за семејство претставува вид на семејна


солидарност. Семејна солидарност од поблиските роднини е со цел на
необезбедените членови од семејството кои не работат и не се во можност во
догледно време да се вработат поради болест, старост и сл., исто така доколку
тие неможат да си обезбедат средства за егзистенција од имотот кој го
поседуваат останатите роднини имаат обврска да ги издржуваат под определени
услови и согласно нивните можности како што е утврдено со одредбите од
Законот за семејсвто.

Имено, постои и друг начин за обезбедување на средства неопходни за


егзистенција на лицата за нивна социјална сигурност и тоа со помош на мерки за
општествена солидарност. Со Законот за социјална заштита се регулира
општествената солидарност која се определува одкако ќе се исцрпат сите
можности за необезбеденото лице да добие семејна солидарност. Согласно
Законот за социјална заштита право на постојана парична помош има лице
неспособно за работа и материјално необезбедено, кое не може да обезбеди
средства за својата егзистенција врз основа на други прописи.

Законското издржување своја основа има во член 40 ст. 3 од Уставот на


Р.Македонија според кој родителите имаат право и должност да се грижат за
издржување и воспитание на децата, а децата се должни да се грижат за старите
и изнемоштени родители.

Иако само издршката меѓу родителите и децата има своја правна основа во
одредбите од Уставот на РМ, меѓутоа сепак во законот за семејство воспоставена
е и обврска за издржување и на брачните другари кои немаат доволно средства за
лично издржување како и се воспоставува обврската за издршка помеѓу другите
крвни роднини – таа обврска се воспоставува во права линија без ограничување и
во странична линија меѓу браќата и сестрите и роднините по сватовство, доколку
се исполнети условите предвидени со законот.

Основните карактеристики (воедно и начела) на законски определеното


издржување се

1.Таа е строго лична обврска, како на страна на лицето кое треба да дава издршка
така и на страна на издржуваното лице и не може да се наследи,

2.Откажувањето од правото на издршка нема правно дејство

3. Правото на издржување кое е определено со закон не застарува, но може да


застарат во рок од три години наплатата на одделните втасани рати меѓутоа
додека трае родителското право, застареноста не тече како што не тече меѓу
брачните другари и меѓу вонбрачните другари додека трае вонбрачната заедница

4.Не настанува обврска исплатеното издржување да се врати во случај


издржуваното лице да се здобие со средства

5. Во судски спор издржувањето се досудува за во иднина и досуденото


издржување може да се менува,
6.Издржувањето ужива предност при наплата во постапката за присилно
извршување според ЗИ,

7.Издржувањето не може да се компензира со долгови на издржуваното лице.


Според тоа ако должникот на обврската за издржување стане доверител на својот
доверител по некој друг правен основ, нема да може да дојде до пребивање.

Целта на ваквото определеното издржување со одредбите од Законот за


семејство е да се обезбедат необезбедените членови во семејството со средства
неопходни за нивна животна егзистенција и за основните културни – образовни
потреби од страна на лицата од неговото семејство како што се брачниот другар,
вонбрачниот другар, децата или други роднини определени со закон. Овие
должничко- доверителски односи се облигациони односи настануваат помеѓу
членотите на семејството и другите роднини, притоа овој однос настанува по
повод издржувањето и овој однос не е како секој друг облигационен однос,
првенствено поради целта која се остварува во овој должничко доверителски
однос.

Од овие причини законодавецот во нашата земја има формулирано императивни


одредби кои се применуваат согласно позитивното право со цел за да се оствари
целта која произлегува од овие должничко доверителски односи по повод
издржувањето. Воедно овие правила се основ за разликување на овој
облигационен однос од другите видови на облигациони односи. Имено, издршката
како облигационен однос има личен карактер, односно правата и обврските кои
произлегуваат од овој однос се од личен карактер, што пред се е основна
карактеристика на издршката.

Должникот и доверителот во овој однос не се лица кои случајно се наоѓаат во овој


облигационен однос туку тие се семејно поврзани, поврзани со раѓањето,
заедницата на живот или со правен акт за чие настанување од големо влијание
биле личните чуства на доверителот и должникот. Земајќи го во предвид фактот
дека тие лица се брачни другари односно вонбрачни другари или роднини тие
имаат својство на должник и доверител во овие облигациони односи кои се
воспоставуваат врз основа на законски предвидената издршка.

Се додека постојат претпоставки за издржување предвидени со законот, правото


на издржување може да се побарува. Тоа произлегува од целта на издржувањето
како обврска за подмирување на егзистенцијалните потреби на едно лице кое
нужно му се потребни средства за основна животна егзистенција.

Определената издршка се дава за идно време. Односно доколку едно лице кое
има право да бара издржување, но истото не го побарало односно остварило тоа
свое право на издржување подого време ќе се смета дека истото не му било
потребно односно дека во периодот кога не побарало издржување тоа имало
доволно сопствени средства за себеси да си обезбеди егзистенција, па одтука
произлегува дека издржувањето неможе да се бара за некое минато време. Ова е
така определено бидејќи во спротивно истото би било спротивно на целите на
издржувањето и би претсавувало голем товар за должникот односно давателот на
издршка. За изминатото време евентуално би можело да се бара надомест на
давањето на издршка од страна на лице кое не било должно да дава издршка
односно од страна на лице кое наместо друго лице давало издршка и за тоа
изминато време лицето кое давало издршка стекнува право за барање на регрес
за дадената издршка.

You might also like