You are on page 1of 2

Глаголи

Граматички категории кај глаголите

Глаголи се менливи видови зборови кои означуваат дејство, работа или


состојба.

Пр. копа, стои, спие, сонува

Граматички категории кај глаголите се: лице, број, време, вид, начин.

Граматички категории лице и број

Глаголите можат да се менуваат во три лица , во еднина и множина.

Еднина

1л Јас - лицето кое зборува (говорителот)

2л Ти - лицето со кое зборува говорителот (соговорник)

3л Тој/Таа/Тоа - лицето за кое зборува говорителот

Множина

1л Ние- лицата кои зборуваат

2л Вие - лицата со кои се зборува

3л Тие - лицата за кои се зборува

Граматичка категорија време кај глаголите

Глаголите разликуваат три основни глаголски времиња : минато, сегашно и идно


време.

Минато време означува дејство кое се случило пред моментот на зборување.

Пр. Маја сакаше да игра со другарките.( сакаше -3л еднина, минато време)

Сегашно време означува дејство што се случува во моментот на зборување.

Пр. Наставничката зборува а ние ја слушаме.


1
зборува- 3л еднина , сегашно време,

слушаме- 1л множина, сегашно време


Јас сакам да излезам од часот.

сакам- 1л еднина, сегашно време

излезам- 1л еднина, сегашно време

Идно време означува дејство што се случува по моментот на зборување.

Пр.Марко ќе оди на излет со другарите.

Граматичка категорија начин кај глаголите

Глаголите можат да се искажуваат на три начини: исказен, заповеден и можен


начин.

Исказен: Учениците пишуваат во тетратките.

Заповеден: Трчај кон вратата!

Можен : Децата би сакале да одат на 10 минути одмор.

You might also like