You are on page 1of 2

Ученикот активно учествуваше во дополнителна и додатна настава како и во сите

наставни и воннаставни активности.

Преку слободниот изборен предмет -,,Игри за разрешување на конфликти”,ученикот


научи да препознава конфликтни ситуации кои се случуваат во секојдневниот живот како
и да изнаоѓа позитивен пристап и идејни решенија за разрешување на конфликтна
ситуација.

Преку слободниот изборен предмет-,,Заштита на животната средина”-ученикот научи


како да ја одржува животната средина која претставува услов за живот на живите
организми;го научи значењето на водата и нејзино рационално користење,како и начини
на кои може да се спречи загадувањето на водата .Научи да идентификува и препознава
отпад и прифати дека треба да учествува во рециклирање на отпадот.

Ученикот ги примени сите воннаставни активности и активностите од наставното планирање


според своите интереси и и можности.Поседува интерес,упорност, истрајност и одговорносткој се
важни за спроведување на задачите за личен и социјален развој. Активно учествуваше во
одделенски и училишни акции.Вложуваше труд за подигање на еколошка свест за
зачувување на чистата околина. Учествуваше во еколошки акции за уредување на
училницата и училишниот двор, чистење на околината , како и во одбележувањето на
денот на пролетта.

Развива љубов и почит кон татковината, учествуваше во хуманитарни и собирни акции,


развива хумани чувства, чувство за еднаквост, инклузивност, почитување, меѓусебно
помагање и поддршка.

Со размена на книги и сликовници развива љубов кон пишаниот збор , книгите и


сликовниците. Активно учествуваше во одбележување на месецот на книгата преку
подарени книги за училишната библиотека.

Со одбележување на Денот на планетата Земја ја развиваше љубопитноста и


истражувачките способности, позитивни емоции, почит кон другарчињата, развивање
интерес за природата, градење еколошки навики, позитивен однос кон нашата животна
средина, развој на еколошка свест, другарство, соработка, толеранција, емпатија, почит.

Својата ликовна уметничка креативност ја развиваше преку учество на есенска,


новогодишна, осмомартовска, велигденска и работилница по повод 1 Април.

Преку учеството во долготрајните активности драмско – литеартурна и музичка секција


развива позитивни чувства како и способност за правилно глумење и изведување на
креативни музичко ритмички изведби.

You might also like