Professional Documents
Culture Documents
Туризам и трговија во Македонија
Туризам и трговија во Македонија
СТРУГА
ИЗРАБОТИЛА:
МАТЕА ТРАЈКОВСКА VII-3 одделение
СТРУГА
Местоположба
Струга е сместена е во подножјето на планината Јабланица, во
Охридско-Струшката котлина, на северниот брег од Охридското Езеро,
непосредно на местото каде се излива реката Црн
Дрим од Охридското Езеро. Оддалечена е 15 км од Охрид, 50 км
од Ресен, 52 км од Дебар, 62 км од Кичево и 171 км од Скопје.
Клима
Според географската положба на Струга, климата односно
температурите, Струга има суптропска клима, но влијание има со
своите воздушни струи и континеталната клима. Заокруженa со
планински предели на запад се наоѓа Јабланица, на
североисток Караорман и на југоисток Галичица, како и отвореноста на
Струшкото Поле по долината на реката Црн Дрим и Сатеска кон север,
условиле пониски годишни температури. Максималните воздушни
температури во месеците јули и август можат да варираат од 28°С -
33°С. Во летната сезона односно месеците јули и август, температурата
на водата може да достигне дури 26,4°С.