You are on page 1of 18

Туризам и трговија во Македонија

СТРУГА
СТРУГА

Струга — град во југозападниот дел на Република Македонија и


центар на Општина Струга. Градот Струга лежи во рамнината на
Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот
брег на Охридското Езеро. Има 16.559 жители (2002 г.) и се наоѓа на
171 километар југозападно од главниот град Скопје.
Етимологија

Античкото име на градот е Енхалон кој на старогрчки


значи јагула и во тоа време градот бил мала населба. Подоцна
населбата го добива името Струга.
Името на Струга од чист и карактеристичен словенски збор.
Народот од Струшко и Охридско дава две свои објаснувања за
потеклото на ова име.
Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од
отворената географска положба на градот: место каде што
постојано струже (дува) ветер.

Едрилици кај Струга


Втората легенда вели дека некогаш, одамна, македонските словени
Брсјаци и Мијаци во струшкиот регион се занимавале со сточарство и
овците ги носеле на стрижење токму на истекот на Црн Дрим од
Охридското езеро. Од стрижењето на овците се доаѓа до зборот Струга.
Меѓутоа, тоа може многу пологично да се поврзе со преминот низ
ограда за молзење овци, наречен струга (страга, стронга).
Некои автори тврдат дека градот е наречен така заради тоа што Црн
Дрим поминува низ далјаните (турски збор за место заградено со трски
и друг материјал за лов на јагули и риби воопшто).
Можеби е најблиску до вистината објаснувањето дека Струга значи
речен ракав, притока (во случајов истек на Црн Дрим) и тоа на место со
уреди за риболов.
За првпат под словенското име Струга, градот се споменува во еден
документ од XI век. Во друг документ од XVI век (Калимановата
грамота) е дадена една царска повелба „приходите од рибното
ловиште на град Струга да се испраќаат на Зографскиот манастир“.
Географски карактеристики

Местоположба
Струга е сместена е во подножјето на планината Јабланица, во
Охридско-Струшката котлина, на северниот брег од Охридското Езеро,
непосредно на местото каде се излива реката Црн
Дрим од Охридското Езеро. Оддалечена е 15 км од Охрид, 50 км
од Ресен, 52 км од Дебар, 62 км од Кичево и 171 км од Скопје.
Клима
Според географската положба на Струга, климата односно
температурите, Струга има суптропска клима, но влијание има со
своите воздушни струи и континеталната клима. Заокруженa со
планински предели на запад се наоѓа Јабланица, на
североисток Караорман и на југоисток Галичица, како и отвореноста на
Струшкото Поле по долината на реката Црн Дрим и Сатеска кон север,
условиле пониски годишни температури. Максималните воздушни
температури во месеците јули и август можат да варираат од 28°С -
33°С. Во летната сезона односно месеците јули и август, температурата
на водата може да достигне дури 26,4°С.

Панорама на Струга и Струшкото Поле


Просечниот број на денови со летна температура на воздухот повисока од
25°С и на површинскиот дел на водата од езерото од 20°С, изнесува од 73-
78 денови, со најголем интензитет во јули и август. Во зимскиот период од
годината средните месечни температури се над нулата. Во планинските
делови над 1600 м.н.в. температурите пониски од 0 степени започнуваат
од декември до крајот на март.
Географската положба на Струга, отвореноста на Струшката Котлина,
планините околу градот како и близината на езерото, овозможуваат во
Струга да дува ветар од сите страни. Ветровите се делат на постојани и
локални. Во постојаните ветрови спаѓаат ветровите што доаѓаат од југ и од
север. Ветровите од север обично доаѓаат по долината од реката Црн
Дрим и носат свежина, ги има низ целиот период на годината, но најчесто
во зима. Јужниот ветер дува обично во март и април,а поретко во мај.
Јужниот ветер е погоден за лов на јагула, плашици, грунец. Локалните
ветрови се производ на нееднаквото загревање на копното и езерската
водена маса. Карактеристичен ветер за Охридското Езеро е ветерот
Стрмец. Доаѓа од околните планини и затоа е студен, дува преку цела ноќ
до изгрејсонце со тивок ветер и полн бран.
Религија
Поради различната етничка структура на градот во Струга најзначајни
и најраспространети се двете конфесии: православието и исламот. Во
Струга постојат 5 цркви и тоа:
Црква „Св. Ѓорѓи“-Црквата посветена на Великомаченикот Свети
Ѓорѓија во Струга е единствена соборна црква во градот. Се наоѓа на
западниот, некогаш христијански дел на градот, а сега во неговото
централно градско подрачје. Нејзиниот патронен празник е вториот
ден од Ѓурѓовден и таа е најстарото литургиско седиште во градот во
кое редовно се одржува црковна богослужба. Црквата импонира со
својата големина која доаѓа до израз во нејзината внатрешност, а
особено со својата акустичност. Најстаро познато сликарско дело
е иконата Свети Ѓорѓија која датира од 1267 год. од истоимената црква.

Црква Св. Ѓорѓи


Црква „Св. Никола Дримени“
Црквата Свети Никола Дримени се наоѓа на левата страна на реката Црни
Дрим. При ѕидањето на црквата се откриени темелите на старата црква, но не
се зачувани податоци за нејзината форма. Нејзиниот патронен празник е 19
декември кога редовно се изведува црковна богослужба. Се претпоставува
дека првата црква Св. Никола Дримени била изградена во стара Струга, која ја
покажуваат 15 минути одење југозападно од денешната крај Езерото, каде што
постоел некаков вид на параклис. Се смета дека стариот град се
викал Дримени и дека бил голем град со 16 000 куќи и 24 цркви, со плоштад и
палати на столбови. Навистина, и денес кога е бистро езерото можат во него
да се видат калдрми и ѕидови. Од оваа населба се претпоставува дека дошло и
името на црквата Свети Никола Дримени.

Црква „Св. Никола Дримени“


Од исламската култура посебно се издвојува:

Хелвети теќе се наоѓа во близина на центарот на Струга и е


изградено на почетокот на XVIII век од Хасан Баба. Петте соби кои ја
формираат буквата Т содржат: соба за молење во која има „минаре"
и балкон, соба за кафе, летна соба и соба за прием. Минарето има
осморебрест облик кој ја прикажува Шаховската круна а во исто време
ги симболизира осумте врати на рајот. Ова теќе е местото каде
припадниците на исламската вероисповед се собираат да ги прослават
своите верски празници Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам.
Друг важен исламски објект е Амамот која се наоѓа во близина на
центарот на градот.
Култура и уметност
Спомен- куќа на браќата Миладиновци

Спомен-куќата на браќата Димитар и Константин Миладиновци се


наоѓа во центарот на Струга. Реновирана е врз темелите на старата
куќа на Миладиновци. Во неа се наоѓаат материјали од животот и
делата на овие знаменити македонски преродбеници, добитници
на Златен венец на поезијата. Во чест на нивните поетски
достигнувања и збирки на народни песни и умотворби, објавени во
познатото дело Зборник на народни песни, денес се одржува
познатата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата.
Манифестацијата традиционално започнува со незаборавната
поема Т’га за југ од Константин Миладинов, напишана додека
престојувал во Москва.
  Отворањето на меѓународната поетска манифестација Струшки
вечери на поезијата,  која за прв пат се одржала 15 јули 1961 година,
традиционално отпочнува пред платото на Центарот за култура „Браќа
Миладиновци" во Струга. Центарот за култура „Браќа Миладиновци" е
центар на повеќе случувања: концерти на класична музика, ликовни
изложби, театарски претстави, јавни трибини.
Калишта
На пет километри југозападно од Струга, веднаш на брегот на
езерото се наоѓа селото познато по старите цркви и манастири и
рибните специјалитети. Во Калишта, на самиот брег на Охридското
Езеро, во природен карпест амбиент се наоѓа манастирот Рождество
на пресвета Богородица, меѓу народот познат како Калишки манастир.
Во склоп на комплексот влегуваат една пештерска и една нова црква
посветени на Рождеството на Пресвета Богородица, црквата посветена
на светите апостоли Петар и Павле и пештерската црква посветена на
св. Атанасиј. Новата црква е обновена во 1977 година, а темелите
датираат од XIII век. Во манастирот има монаштво и активен монашки
живот.
Манастирот „Успение на
Пресвета Богородица“ во
Калишта
Туризам
Поради Охридското Езеро и богатото културно-историско минато,
Струга има развиен езерски и културен туризам. Самата
манифестација Струшки вечери на поезијата привлекува голем број на
домашни и странски туристи за време на летото. Во Струга исто така
сеуште има автокампови, меѓу кои попознати се: Автокамп
"Ливадишта”, “АС” и други. Во летната сезона во Струга и околните
места престојуваат илјадници туристи, претежно од Република
Македонија, но и голем број на туристи од Албанија, Косово и Грција.
Старите стружани за туризмот велат:

"Кога ќе пукне туристичката сезона, Струга наеднаш се


изменува, небаре низ чаршијата пројурил Св. Ѓорѓија на бел коњ и
со копје им ја пуштил застојаната крв, и сè се разживеало"
Фото галерија на градот

You might also like