You are on page 1of 19

БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

ДИДАКТИЧКИ НАСОКИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА

септември, 2020
Eфективната педагогија за настава на далечина треба да се стреми кон настава во
која ученикот е во центарот на наставниот процес

Tри принципи за ефективна настава на далечина:


1. Учениците работат повеќе. Ако учениците се повеќе ангажирани со содржината
повеќе ќе учат.
2. Интерактивноста е срцето и душата на ефективната настава.
3. Присуство на когнитивни, социјални и поучувачки елементи.
Стратегии за постигнување на основните принципи за ефективна настава на далечина
1. Користење различни средства, техники и методи, измешано или хибридно учење.
2. Колаборативен пристап за конструирање на учењето кој ќе поттикнува соработка меѓу
учениците (дискусии, видео и аудио снимки за содржината, вежби со текст или кратки видео
содржини)
3. Користење автентични и релевантни мултимедијални и други образовни ресурси
4. Поголема „контрола“ врз учениците, поголем избор на алатки и независност имајќи ги во
предвид нивните предзнаења и можности
5. Пристап до ресурсите од секое место, во секое време и со дизајн за различни потреби
6. Нови форми на оценување (е-портфолио, соученичко оценување, самооценување, преку
проекти)
7. Самонасочено учење (насочување на учењето со други образовни ресурси, за стекнување
нови но и проширување на знаењата)
СОГЛАСНО ПРЕПРОРАКИТЕ НА УНЕСКО, ОЕЦД И ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
ПОТРЕБНО Е
развивање на СЛЕДНИТЕ вештини за 21от ВЕК
1. критичко размислување
2. решавање проблеми
3. креативност
4. соработка
5. јазични и комуникациски вештини
6. дигитални вештини
7. претприемачки вештини
8. социјална и етичка одговорност

СЕ ПРЕПОРАЧУВА КОРИСТЕЊЕ НА БЛУМОВА ТАКСОНОМИЈА ПРИ КРЕИРАЊЕ


СОДРЖИНИ, ЗАДАЧИ И ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИТЕ
РЕЗУЛТАТИ.
ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА

1. ХИБРИДНО ИЛИ МЕШАНО


Вреднувањето на постигањата/напредувањето на учениците при настава на далечина треба да се
усогласи со целите, односно резултатите од учењето според наставните програми, а во
конкретниот случај со скратените наставни програми за 159 дена што ќе се реализираат во
учебната 2020/21 година. Исто така, треба да се запазат видовите на оценување (формативно,
сумативно), изборот на наставните методи и техниките за оценување, инструментите за
оценување соодветни за настава на далечина, односно расположливите онлајн алатки за
оценување на учениците.
ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА

НАСТАВАТА на далечина ИМА МАЛКУ можности за директен вербален и визуелен контакт и


следење на напредокот на учениците. Затоа, потребно е прилагодување на формативното и
сумативното оценување на новата ситуација. Наставниците треба да им дадат јасни насоки на
учениците во врска со очекуваните резултати од учењето и начинот на следење, контролирање и
вреднување на нивното постигнување (како да проверуваат колку научиле, кои докази треба да ги
собираат, како самостојно да учат, како ќе се проверува наученото, како ќе се формира оценката).
ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА

Поттикнување на дополнително/длабинско учење: Кога некои ученици покажуваат достигнувања


побрзо од останатите треба да им се обезбедат  можности за индивидуален развој, да се
поддржува зголемениот интерес и посебности. Во спротивно, на овие ученици може да им стане
здодевно и да престанат да ги завршуваат задачите. Состаноците/часовите во реално време треба
да го олесни размислувањето на учениците за концептите, да се реализираат интересни
активности со поврзување на искуства од реалниот свет (креативно размислување).
ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА

ДА СЕ ВОДИ грижа за социјалниот и емоционалниот развој: да се ​провери како се развива


ученикот е од клучно значење, особено за време на овој предизвик (КОВИД -19). Важно е
наставникот да е достапен за секој ученик во секое време. Организирањето на средби/часови  со
учениците во училница го поддржуваат следењето на социјалната и емоционалната состојба на
учениците, како и нивниот академски развој. 
- ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА

На пример: Кога учениците ќе побараат повеќе време за решавање задачи или можност за
повторно решавање или ревидирање на некоја задача, наставникот треба да го овозможи тоа.
Иако можеби има ученици кои претеруваат со вакви барања, наставникот треба да претпостави
дека повикот за помош е вистински за повеќето ученици). Наставникот не знае низ какви можни
стресови поминува ученикот дома, затоа наставникот треба да биде поддржувач, а
не дополнителна пречка.
На овие средби/часови се вреднуваат практични вештини што тешко можат да се демонстрираат
во виртуелна училница.
- ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА

Формативно и сумативно оценување на учениците при настава од далечина

Наставникот применува формативно и сумативно оценување на учениците при


реализација на наставата преку учење од далечина, исто како при реализација на
наставата со физичко присуство на учениците во училиште.
- ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА

Формативно оценување на учениците при настава од далечина

Пишана форма или аудиоформа или видеоформа која ПРИКАЖУВА ПРОЦЕСИ И


СОДРЖИНИ ПОВРЗАНИ СО НАСТАВАТА
Директен разговор со ученикот
ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА

СУМАТИВНО оценување на учениците при настава на далечина

- Валидност (проверување на сите очекувани резултати од учењето).  Се обезбедува така што се


проверуваат само оние очекувани резултати за кои учениците се поучувани преку далечинското учење.
При изборот на методите на оценување се имаат предвид и методите преку кои учениците биле поучувани.

- Веродостојност (колку оценката ги одразува постигањата на ученикот).  Задоволителен степен на веродостојност на


оценката во оценувањето на далечина може да се обезбеди доколку се задаваат автентични задачи што ја отежнуваат
можноста за наоѓање готови одговори во наставните материјали или во други извори на информации, а во задачите со
кои се проверува познавањето и разбирањето на фактите треба да се обезбеди контрола на времето за решавање на
задачите.

- Објективност (дали при повторно оценување ученикот би добил иста оценка). Објективноста на оценките се
обезбедува доколку доследно се почитуваат однапред изготвените конкретни критериуми за оценување.

- Правичност/непристрастност. Објективното оценување истовремено е и непристрасно/правично (на оценката не


влијаат други фактори што не се поврзани со она што се оценува, на пример:  пол, социјално потекло). 
       ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА
Методи и техники на оценување при настава на далечина

- Објективни тестови со избор од понудени одговори


- Тестови со краток одговор
- Есејски прашања 
- Дискусии
- Студија на случај
- Изведбени активности
- Онлајн игри
- Ученички списанија, блогирање и градење вики (wiki) 
- Електронското портфолио (збирка на ученички творби што ги  покажуваат резултатите
постигнати од ученикот преку различни активности во наставниот процес, на пр. есеи, постери,
фотографии, видео и аудио записи, ликовни творби и сл.)  и др .
• РЕАЛИЗАЦИЈА И ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА
ОДДЕЛЕНСКА И ПРЕДМЕТНА НАСТАВА - НАСТАВНИОТ ЧАС ТРАЕ 30 МНИУТИ

активнос
минути
т

5 вовед

Презентациј
10 а или видео
запис
 
 
5-10 дискусија
.

5-10 заклучок
•РЕАЛИЗАЦИЈА И ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА
ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА - НАСТАВНИОТ ЧАС ТРАЕ 30 МНИУТИ
- Наставникот при реализацијата на учењето на далечина или, пак, при користењето на
платформата за реализација на настава во училница во одреден дел од часот користи е-содржини.
Тој може самиот да подготвува/прилагодува содржини соодветни за наставниот предмет по кој
реализира настава или да користи изработени е-содржини што се на располагање на платформата.
- Наставникот ги презентира подготвените е-содржини, а потоа објаснува, разговара со
учениците, поставува прашања и им дава насока за самостојна работа.
- Домашните задачи/самостојните задачи за учениците што ги задава наставникот треба да
бидат „димензионирани“ во согласност со возраста на учениците .
- Наставникот за време на реализација на наставата треба со користење на планираните
инструменти да ги бележи постигањата на учениците споредбено со планираните резултати од
учењето како и активноста на ученикот, да користи систем за бележење на присуството на
учениците на наставата.
• РЕАЛИЗАЦИЈА И ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА
ПРЕДМЕТНА НАСТАВА - НАСТАВНИОТ ЧАС ТРАЕ 30 МНИУТИ

Наставникот при реализацијата на програмата треба да користи, покрај технологијата (игри,


задачи, прашања, сложувалки, асоцијации и слично, компјутерски дизајнирани) и активни методи
на учење. Предлагаме во повисоките одделенија да се користи на пример, таканаречениот
комбиниран пристап на учење, со педагошкиот пристап кој се вика превртена училница преку
кој учениците најпрво самостојно ги читаат материјалите, а потоа на заедничкиот час ги
објаснуваат и прошируваат знаењата заедно со наставникот.
РЕАЛИЗАЦИЈА И ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА
ПРЕДМЕТНА НАСТАВА - НАСТАВНИОТ ЧАС ТРАЕ 30 МНИУТИ
Наставникот при реализацијата на програмата треба да користи, покрај технологијата (игри, задачи, прашања,
сложувалки, асоцијации и слично, компјутерски дизајнирани) и активни методи на учење. Предлагаме во СЕДМО,
ОСМО И ДЕВЕТТО одделениe да се користи на пример, таканаречениот комбиниран пристап на учење, со
педагошкиот пристап кој се вика превртена училница преку кој учениците најпрво самостојно ги читаат
материјалите, а потоа на заедничкиот час ги објаснуваат и прошируваат знаењата заедно со наставникот.
ВОВЕДЕН ДЕЛ-5 МИНУТИ, ГЛАВЕН ДЕЛ – МАКСИМУМ 15-20 МИНУТИ, ЗАВРШЕН ДЕЛ – 5-10 МИНУТИ –
РЕФЛЕКСИЈА
Она што особено треба да се нагласи е дека при планирањето на часовите за настава на далечина сите
сегменти од часот треба да се осмислени и наставникот да има подготвено активност плус, задача или прашања кои
можат да произлезат од содржината. Иако не е секогаш лесно да се предвиди текот на еден наставен час, сепак,
потребно е да се има дополнителни примери. Усната и писмената повратна информација за учениците е
задолжителна за секој час и наставникот ја упатува во афирмативна форма кон учениците со цел поттикнување и
поддршка во процесот на учење.
РЕАЛИЗАЦИЈА И ОЦЕНУВАЊЕ ПРИ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА

СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ- НАСТАВНИОТ ЧАС ТРАЕ 35 МНИУТИ


ВОВЕДЕН ДЕЛ-5 МИНУТИ, ГЛАВЕН ДЕЛ – МАКСИМУМ 20-25 МИНУТИ, ЗАВРШЕН ДЕЛ
– 5-10 МИНУТИ – РЕФЛЕКСИЈА

На часовите за вежби треба да се решаваат примери слични на оние разработени на часовите за


усвојување нови знаења, но и да се прошират со примери во кои учениците ќе го применат
усвоеното знаење во нови ситуации, па дури да решаваат и нерутински проблеми и прашања.
При реализацијата на часовите за повторување, утврдување, систематизирање и проверка на
знаењето на учениците треба да се користат различни стратегии соодветни за наставниот предмет
кои ќе овозможат активирање на повисоките когнитивни процеси, т.е. примена, анализа, евалуација
и синтеза. На овој вид часови треба да се зајакне усвоеното знаење, да се примени и да се поврзе и
систематизира.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ, СНИМАЊЕ


НА
ЛИЦА УЧЕСНИЦИ НА ОНЛАЈН СЕСИИ НЕ Е ДОЗВОЛЕНО И ИСТОТО Е
ПОДЛОЖНО НА ЗАКОНСКИ ПОСЛЕДИЦИ. ИСТО ТАКА, ЗБИРКАТА НА
ПОДАТОЦИ КОЈА МОЖЕ ДА СЕ ОБРАБОТУВА ВО УЧИЛИШТАТА НЕ СОДРЖИ
ФОТОГРАФИИ, СНИМКИ И СЛИЧНО (Член 97 од ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО
ОБРАЗОВАНИЕ и Член 9-в од ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ).
СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОВИТЕ КАМЕРИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ДА
СЕ ИСКЛУЧЕНИ И ОПЕРИРАЊЕТО СО НИВНИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ДА СЕ
ОДВИВА СТРОГО СПОРЕД ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА. 

You might also like