You are on page 1of 13

ЗАЈАЧЕТО, ЛИСИЦАТА И ПЕТЛЕТО

(руска народна приказна)


Си биле една лисица и едно
зајаче. Еден ден Лиса му рекла на
зајачето:
– Ајде, зајаче да направиме две
куќички една до друга и да
живееме убаво како пријатели.
– Добро Лиске! – се согласило
зајачето.
Зајачето собрало кора од дрвја и
си направило дрвена куќичка, а
лисицата куќичка од мраз.
Дошло пролет. Огреало сонцето и
куќичката од мраз се стопила.
Останала Лиса без куќичката. Таа
отишла кај зајачето и го замолила:

– Те молам, зајаче, пушти ме да


преноќевам во твојата куќичка!
Зајачето се сложило и ја пуштило
да преноќи, а лисицата влегла во
куќичката, седнала до ќумбето и
извикала:
– Што стоиш тука, што не одиш!
Излегувај! Куќичката е моја!
Зајачето заплакало и
излегло од својата
куќичка. Одело по патот и
плачело. Го сретнало
кучето и го прашало:
– Зошто плачеш зајаче?
– Како да на плачам – му
одговорило зајачето. –
Имав дрвена куќичка, а
Лиса од мраз. Ме замоли
Лиса да ја пуштам внатре
да преноќева. Јас ја
пуштив, а таа влезе и ме
истера од мојата куќичка.
– Не плачи зајаче – му
рекло кучето – јас веднаш
ќе ја избркам.
– Не, не ќе можеш да ја
избркаш!
– Ќе видиш, јас ќе ја
избркам!
Дошло кучето до куќичката
и почнало да лае:
– Ав,ав, ав! Излегувај Лисо
надвор од куќичката на
зајачето!
А лисицата одвнатре му
одговорила:
– Не ме викај, не ме лути,
оти ако станам ни влакно
нема да ти остане на
кожата!
Кучето се исплашило и
избегало во шумата.
Зајачето продолжило да
плаче. На патот го сретнала
мечката и го прашала:
– Зошто плачеш зајаче?
– Како да на плачам - му
одговорило зајачето. – Имав
дрвена куќичка, а Лиса од
мраз. Лиса ме замоли да ја
пуштам внатре да
преноќева. Јас ја пуштив, а
таа влезе и ме истера од
мојата куќичка.
– Не плачи зајаче – рекла
мечката – јас веднаш ќе ја
избркам.
– Не, не можеш, кучето ја
бркаше, но не можеше да ја
избрка. Не ќе можеш ни ти!
– Ќе видиш, ќе ја избркам!
Дошле до куќичката и мечката
силно замумлала:
– М-м-м! Излегувај од
куќичката на зајачето!
А лисицата одвнатре и
одговорила:
– Не ме викај , не ме лути , оти
ако ти станам, влакно нема да
ти остане на кожата!
Мечката се исплашила и
побегнала.
Зајачето останало само, седнало на
едно трупче и натажено
размислувало. Одеднаш се чуло:
„Кукуригу!” Тоа било петлето со
жолти чизмичиња, со црвено бајраче
и со коса на рамо.
– Зошто плачеш, зајаче? – го
прашало петлето.
–Како да на плачам -му одговорило
зајачето. –Имав дрвена куќичка, а
Лиса од мраз. Ме замоли Лиса да ја
пуштам внатре да преноќева. Јас ја
пуштив, а таа влезе и ме истера од
мојата куќичка!
– Ах, таа Лиса! Смири се, не плачи
зајаче! Јас веднаш ќе ја истерам.
– Не, не можеш: кучето ја бркаше –
не ја избрка, мечката ја бркаше, но и
таа не можеше да ја избрка, па не ќе
можеш ни ти да ја избркаш?
– Е, јас, ќе ја избркам! – рекло
петлето.
Кога се доближило до куќичката,
петлето почнало да удира со нозете,
да плеска со крилјата. Силно
извикало:
– Кукуригу! Јас на рамо коса носам,
тебе Лисо ќе те косам! Излегувај,
Лисо, надвор!
Лисицата се исплашила и рекла:
– Сега, да ги обујам чевлите!
Петлето уште посилно извикало:
– Кукуригу! Јас на рамо коса носам,
тебе Лисо ќе те косам. Излегувај,
Лисо, надвор!
А лисицата одговорила:
– Еве, сега, да го облечам
кожувчето!
Петлето извикало уште посилно:
– Кукуригу! Јас на рамо коса носам,
тебе Лисо ќе те косам. Излегувај,
Лисо, надвор!
Лисицата се исплашила,
рипнала од прозорецот и
избегала далеку во
шумата.
И така зајачето и
петлето останале да
живеат заедно во
куќичката.
 
Одговори на прашањата:

1. За кого се раскажува во приказната?

2. Што се договориле лисицата и зајачето?

3. Кој се обидел да ја избрка лисицата?

4. Кој ја избркал лисицата од куќичката на


зајачето?

You might also like