You are on page 1of 6

„ЛИСИЦАТА И ШТРКОТ“

-басна

Тања Метикош
Лисицата и
штркот станале
пријатели. Еден ден
лисицата го
поканила штркот на
гости: - Дојди, куме,
дојди, драги! Да
знаеш колку слатко
ќе те нагостам!
Пристигнал штркот,
поседеле,
поразговарале, како
што е редот.
Дошло време за вечера.
Станала лисицата ја ставила
слатката каша што ја зготвила во
две плитки чинии и го поканила
штркот : - Јади, куме, јади, ! Добро
ми дојде! Ти се допаѓа кашата?
Сама ја зготвив! Штркот ја гледал
кашата во плитката чинија, чукал
со клунот по чинијата, но бидејки
клунот му е долг ништо не можел
да изеде. За тоа време лисицата
слатко си ја излижала целата
чинија со каша. Потоа рекла: - Се
извинувам, куме, тоа е тоа. Немам
што друго да ти понудам! Штркот
и одговорил: - Ти благодарам кумо
и за тоа!
По некој ден штркот
и се јавил на лисицата и и
рекол: „Повели кумо утре
и ти на гости кај мене, и
јас да те нагостам!“
Лисицата ја прифатила
поканата.
Следниот ден
лисицата отишла на
гости на штркот.
Тропнала на вратата
а штркот и отворил.
„Ооо, повели кумо
влези, раскомоти се
сега ќе јадеме.“
рекол штркот.
Штркот ставил млеко во садови со
високо и тесно грло, ги ставил на
масата, надробил леб и почнал да ја
кани гостинката: - Добро ми дојде,
кумо! Ајде да јадеме, што има, што
сум приготвил! Јади, кумичке, јади! Да
ти е наздравје! Лисицата се вртела од
ваму од таму, го лижела грлото на
садот , но ништо не можела да јаде.
Нејзината голема глава не можела да
влезе во тесното грло. А штркот
бидејки има долг клун слатко си ја
изел целата попара. Лисицата се
налути и си рече: „Мислев дека ќе се
најадам за цела недела, а сега треба да
се вратам гладна дома.“

You might also like