You are on page 1of 18

Во светот на басните

ЛИСИЦА И ШТРК
Што знаеме за штркот?

 голема преселна птица


со долги нозе и долг
портокалов клун,
 телото му е покриено со
бели и црни пердуви,
има долга опашка и
големи крилја,
 живее крај бари и
мочуриштата
 се храни со жаби,
риби, црвја,инсекти
Што знаеме за лисицата?

 Не е многу голема, телото


и е покриено со светло-
кафеаво крзно, има долга
опашка,зашилени уши,се
движи на 4 нозе
 Диво, шумско, месојадно
животно, се храни со
птици,зајаци,а често е
гостинка и во селските
дворови каде ги напаѓа
домашните птици
Лисицата и штркот,се знае дека не се сакаат
многу. Но,и покрај тоа кога ќе се сретнат се
прикажуваат како добри пријатели.
 Еден ден лисицата го
покани штркот на
ручек. Тој со задовол-
ство ја прифати пока-
ната. Беше многу љу-
бопитен да види како
изгледа домот на
лисицата.
 Стоп техника- Одговори на прашањата

 Кого го покани
лисицата на ручек?
 Дали штркот ја при-
фатил поканата од
лисицата?
 Зошто ја прифатил
поканата?
 Што мислиш дека ќе
се случи во домот на
лисицата?
 Но,штом седнаa на масата,штркот ја сфати
намерата на лисицата.Јадењето беше сервирано
во плитка чинија,па тој,со својот долг клун,не
можеше ниту еден залак да касне. Залудно се
обидуваше,но не можеше да голтни ништо од
чинијата. И се заблагодари за ручекот и гладен
си отиде дома.
 Стоп техника- Одговори на прашањата
 Како беше сервирано јадењето на масата?
 Зошто штркот не можел да голтни супа од
чинијата?
 Како се чувствувал штркот кога си заминал од
ручекот?
 Што мислиш дека ќе се случи понатаму во
басната?
Штркот решил да и врати на лисицата за
невкусната шега. По неколку дена ја сретна
крај барата ,па и тој ја покани лисицата на
ручек. Лисицата во ништо не се посомнева и
со нетрпение го чекаше времето за да оди на
гости кај штркот.
 Стоп техника- Одговори на прашањата

 Што решил да направи штркот?


 Дали лисицата ја прифатила поканата за ручек?
 Што мислиш дека ќе се случи во домот на штркот?
 Штркот живееше на врвот на една планина.
Лисицата мораше да искачи многу скали,па
кога стигна кај штркот беше многу изморена и
изгладента. Но,се надеваше дека добро ќе
закрепне од ручекот кој и го подготвил штркот.
 Стоп техника- Одговори на прашањата

 Каде живееше штркот?


 Како се чувствувала лисицата кога се искачила
по високите скали?
 На што се надевала лисицата?
 Што мислиш дека ќе се случи на вечерата?
 Штркот подготвил чудесни јадења,но беа серви-
рани во тесни и длабоки садови,прилагодени за
неговиот клун.Но, не и за муцката на лисицата
Така лисицата,залудно се мачеше. Не успеа да
касне ништо и остана гладна.
 Стоп техника- Одговори на прашањата

 Какви јадење имал подготвено штркот?


 Како биле сервирани јадењата ?
 Зошто лисицата не можела да касне од
јадењата?
 По ручекот,откако убаво се најаде,штркот ја
поздрави лисицата. Таа се врати дома
размислувајќи како успеа штркот да ја надитри
неа,која е позната како најголема итрица.
 Стоп техника- Одговори на прашањата

 Како се чувствувала лисицата по вечерата?


 Што си помислила таа?
 Што мислиш за постапката на штркот?
 Поука

Не му го прави на друг тоа што не сакаш тебе да ти го


прават!
Во светот на басните-
ЛИСИЦА И ШТРК

Се надевам дека ви
се допадна басната и
ја сфативте поуката
од истата.
Внимавајте како се
однесувате кон
пријателите бидејќи
секој ќе го добие тоа
што го заслужува

You might also like