You are on page 1of 8

РУСИЈА

Изработиле: Стефан Костенчев, Хадис Бекиров, Марко Стојановиќ


КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ШТО РУСИЈА НЕМА ДОБРА
ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА?
Русија е евроазиска земја. Тихоокеанските рабни мориња се
оддалечени од стопански најразвиени делови на Русија, а северните
мориња повеќе месеци во годината се замрзнати и ја отежнуваат
пловидбата по нив. Затоа Русија има континентален карактер во однос
на географската положба. Поповолна географска положба има
европскиот дел европскиот дел, кој преку Источноевропската Низина
сообраќајно е поврзан со останатите делови на Европа.
РЕЛЈЕФ НА РУСИЈА
Речиси три четвртини од површината на Русија е низински а
европскиот дел го зафаќа Источноевропската Низина. На исток од
планината Урал до реката Енисеј се простира Западносибирската
Низина. Таа е сосема рамна и поголемиот нејзин дел е препокриен со
мочуришта. Целата е под иглолисни шуми – руска тајга. Источно од
Енисеј до Тихиот Океан се простира Источен Сибир. Таму се
издвојуваат Средносибирска Висорамнина помеѓу реките Енисеј и
Лена, и Планинската област на исток од Лена. На карта најди ги
планините од таа област. Полуостровот Камчатка е вулканска област,
каде е живиот вулкан Кључевскаја Сопка. Јужниот дел на Русија,
главно е исполнет со високи планини.
НАСЕЛЕНИЕ НА РУСИЈА
Од вкупното население 80% се Руси чие потекло е словенско. Од
други Словени има Украинци и Белоруси. Други народи кои живает
во Русија се Татари, Чуваши ,Башкири, Ермени, Чеченци,Вепси,
Ижори.

Кои простори се густо а кои ретко населени во Русија?

Просечна густина и изнесува9 жители на 1 км2. Најгусто се


населени централните делови од европскиот простор,
потоа Поволжјето и Урал, а во азискиот дел - просторот
покрај Трансибирската железница, Приамурјето и
приморскиот дел на исток. Тундрата, тајгата, полупустините
и високите планини се најретко населени простори.
КОИ ИНДУСТРИСКИ ГРАНКИ СЕ ПОРАЗВИЕНИ?
• Најразвиени индустриски гранки во Русија се: металургија, метална,
машинска, автомобилска, бродоградбена, електронска, дрвна,
авионска, прехрамбена, космичка и текстилна индустрија. Главни
центри се: Москва, Санкт Петербург, Архангелс, Горки, Ростов,
Кујбишев, Волгоград, Омск, Новосибирско др.
СО КАКВИ ЕНЕРГЕТСКИ ИЗВОРИ РАСПОЛАГА
РУСИЈА?
• Русија е индустриско земјоделска земја. Таа е богата со енергетски
извори: нафта, земен гас, јаглен, ураниум и водена сила.
КОИ ПОЛЈОДЕЛСКИ КУЛТУРИ НАЈМНОГУ СЕ ОДГЛЕДУВААТ?
Земјоделството е најразвиено во европскиот дел каде релјефните,
почвените и климатските услови се поволни. Најмногу се
произведува: житарици, шеќерна репка, сончоглед, винова лоза, а во
Црноморското Приморје и суптропски растенија и овошје.
БЛАГОДАРАМ ЗА
ВНИМАНИЕТО

You might also like