Professional Documents
Culture Documents
Delovno Planiranje I Organiziranje
Delovno Planiranje I Organiziranje
Предметен наставник:
Проф. Д-р Љубен
Дудески
0
Вон. проф. д-р Јасмина
Чалоска
Предметен наставник:
Проф. Д-р Љубен
Дудески
Вон. проф. д-р Јасмина
Чалоска
Ментор: Изработил:
СОДРЖИНА
ВОВЕД ……………………………………………………………………….……………… 2
1. Суштина и важност на планирањето ................................................................ 3
1
2. Целите како производ на деловното планирање ............................................ 5
2.1 Поделба на целите ……………………….............……………………….….. 6
3. Деловната политика како производ на деловното планирање .................... 8
3.1 Деловна политика, стратегии и тактики ......................................................... 9
4. Планот како производ на деловното планирање ........................................... 10
4.1 Класификација на деловни планови ............................................................... 10
4.1.1 Стратегиски планови .............................................................................. 10
4.1.2 Тактички планови ................................................................................... 11
4.1.3 Оперативни планови ............................................................................... 11
4.1.3.1 Еднократни планови ................................................................... 11
4.1.3.2 Трајни планови ............................................................................ 11
5. Организирање ....................................................................................................... 12
6. Деловно планирање и бизнис план на компанијата Адидас ....................... 13
ЗАКЛУЧОК ....... ................................................................................................................. 14
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ………………………………………………………….. 15
[437270849.doc]
ВОВЕД
Разумниот процес кој го насочува човековото однесување кон
рационално постигнување на однапред поставена цел е планирање. Многу автори во
стручната литература ја заемаат за предмет потребата и значењето на деловното
планирање. Потребата да се планираат активностите на претпријатието
произлегува од окружувањето и неговата динамика. Концептот на деловното
2
планирање има свој долг еволутивен развој. Тој минал низ многу фази. Исто така можат
да се истакнат повеќе карактеристики кои ја сочинуваат природата на деловното
планирање. Пред сѐ, тоа е ментална активност на менаџерите, дејност со која тие
размислуваат за развој на претпријатието. Деловното планирање во својот состав ја
вклучува и деловната политика на претпријатието. Менаџерите пред да започнат била
каква активност планираат односно најнапред поставуваат цели кои тежнеат
да ги исполнат, начини на кои ćе ги остварат истите, средствата, во кое време и
слично. Во денешните услови на стопанисување кои се карктеризираат со
големи технолошки промени, зголемена неизвесност во работењето, зголемена
конкуренција планирањето претставува неопходност и неизбежност.
Претпријатието мора промените да ги антиципира, да се бори и да ги искористува, за
да преживее.
Планирањето е примарна функција на управувањето со организацијата во која што се
донесуваат плански одлуки за целите, политиките и плановите. Првиот финален
производ на процесот на планирање се целите односно тоа е резултатот кој
организацијата се стреми да го оствари. Вториот финален производ се политиките како
начини на кои што целите на најефикасен начини ќе бидат остварени. И, третиот
финален производ се плановите кои претставуваат конкретизација на целите и на
деловната пoлитика, во кои квалитативно и квантитавно се прецизирани задачите за
престојниот период и носителите на одговорноста за нивното извршување.
[437270849.doc]
3
маркетиншки стратегии. Во било која организација планирањето игра важна улога и таа
важност се зголемува со текот на времето поради следните причини:
Примарност на планирањето: Планирањето им претходи на сите други
менаџерски функции. Бидејќи останатите менаџерски функции се дизајнирани за
да го поддржат исполнувањето на организациските цели, планирањето, логично,
и претходи на интерпретацијата на тие менаџерски функции. Иако сите функции
се испреплетуваат во практиката како систем на акција, планирањето е уникатно
бидејќи ги формира целите кои се неопходни за целиот групен труд. Другите
функции се извршуваат за да се постигнат целите сетирани во процесот на
планирање.
Ги надоместува несигурноста и промените: Во животната средина постојат
континуирани промени и организацијата мора забрзано да работи за да ги
надомести тие промени. Овие промени се рефлектираат во материјални и
нематеријални форми. Материјалните промени се промени во поле на
технологијата, пазарната сила, владините регулации и така натаму.
Нематеријалните промени се рефлектираат во однесувањата, вредностите,
културата и така натаму. Со цел да се справи со барањата на ваквите промени,
организацијата мора да гледа напред во својот иден курс на дејствување кој е во
основа овозможен преку процесот на планирање. Планирањето не ги запира
промените во животната средина но ја менаџира организацијата да превземе
соодветни акции при исполнувањето на намислените цели.
Помага при координација: Иако сите менаџерски функции водат кон
координација во организацијата, вистинскиот почеток се прави на ниво на
планирањето. Добрите целокупни планови ги унифицираат интердепартмалните
активности. Координацијата е важна во менаџментот, а планот е нејзината база.
[437270849.doc]
4
треба да се дефинира попрецизно. Кога е превземана активноста на планирање,
овие цели се претвараат во поконкретни и повидливи. Целите се дефинираат на
поразбирливи услови за да можат да се исполнат менаџерските активности. На
пример, иако организационата цел е заработка на профит, планската активност
треба да специфицира колку профит треба да се заработи гледајќи на сите
олеснувачки и ограничувачки фактори.
Помага при контролата: Контролата вклучува мерка на исполнетите настани
наспроти планираните и корекција на девијациите за да се осигура исполнување
на сите објективи поставени преку плановите. Така, контролата е ставена во
контекст на планирањето како стандарди за реалните резултати наспроти
резултати кои биле планирани. Во контролната фаза, се прави обид за
набљудување на перформансот врз континуирана основа така што доколку
нешто не е по план, се превземе брза акција.
Зголемување на организациската ефикасност: Планирањето ја осигурува
ефикасноста на организацијата на неколку начини. Концептот на ефикасност е
содржан во тоа организацијата да е способна да ги оствари своите цели во
рамките на своите ресурси. Така, за ефикасноста, не само што е потребно
ресурсите да се искористат најефикасно туку и тие да бидат поставени на начин
што осигурува нивен максимален допринос за целите на организацијата.
Всушност, правилниот и соодветниот начин на планирање може да го овозможи
тоа. Планирањето ги зацврстува целите на организацијата во контекст на
дадените ресурси. Од тоа следува дека секој ресурс во организацијата има
специфична употреба во специфично одредено време. Така, планирањето заедно
со контролата осигурува ресурсите да се стават во акција на начин што е
соодветен.
[437270849.doc]
5
биде загрижен за секој аспект на неговиот бизнис и мора да оформи јасни цели за
компанијата. Имањето на сеопфатна листа на деловни цели е фундаметална основа на
деловното планирање. Најважните цели, зборувајќи глобално, се:
Профитабилност: Одржувањето на профитабилноста значи осигурување дека износот
на приходи е над износот на расходи. 1 Фокусот треба да биде насочен врз
контролирањето на трошоците на производство и оперативните трошоци додека се
одржува профитната маргина на продадените производи;
Продуктивност: Тренирањето на вработените и одржувањето на постоечката и
купувањето на нова опрема се акумулира во продуктивноста на компанијата. Целта
треба да биде да се овозможат сите овие ресурси за вработените да останат
најпродуктивни што може;
Опслужување на клиенти: Доброто опслужување на потрошувачите помага во
задржување на клиентите и генерирањето на приходи. Одржувањето на потрошувачите
среќни треба да биде примарна цел на една организација;
Задржување на вработените: Ротацијата на вработените чини пари и изгубена
продуктивност. Трошоците за стекнување на нови вработени вклучуваат трошоци за
огласи за вработување како и провизии за агенциите за вработување. Одржувањето на
продуктивна и позитивна работичка средина го подобрува задржувањето на
вработените во тоа место;2
Основни вредности: Мисијата на компанијата е опишана во нејзините основни
вредности. Тие се сумаритет на верувањата на компанијата во поглед на интеракцијата
со потрошувачите, одговорноста кон општеството и задоволството на вработени. Преку
нив се креира корпоративна култура;
[437270849.doc]
Раст: Растот е планиран врз база на историски податоци и идни проекции. Растот бара
внимателна употреба на ресурсите на компанијата како што се финансии и
персонал;3
Оддржување на финансиите: Дури и компанија со добар паричен тек бара
финансиски контакти кога е потребен капитал за да се прошири организацијата.
Одржувањето на способноста за финансиски операции значи дека постои
1
“Entrepreneur”; 25 Common Characteristics of Successful Entrepreneurs, James Stephenson
2
Dun and Bradstreet: Business Plan Basics: Vision Statements, Mission Statements and Objectives
3
“Entrepreneur”; 15 Reasons You Need a Business Plan; Tim Berry, March 2006
6
способност за подготовка на долгорочни проекти и краткорочни потреби како што
се плати и сметки;
Менаџмент на промени: Менаџментот на промени е процес на подготовка на
организацијата и креирање процеси што ефикасно ќе се справат со развојниот
пазар. Целта на менаџментот на промени е создавање на динамична организација
подготовена да ги пресретне сите предизвици на индустријата;
Маркетинг: Маркетингот е многу повеќе од креирање на реклама и стекнување на
потрошувачи при промена на производите. Маркетингот значи разбирање на
трендовите во потрошувачката, способноста да се антиципираат продукциските
потреби на дистрибуцијата и развивањето на деловно партнерство што ќе и
помогне на организацијата да го подобри својот удел на пазарот;
Конкурентна анализа: Сеопфатната анализа на активностите на конкуренцијата треба
да биде тековна деловна цел на организацијата. Разбирањето на која позиција на
ранг листата на пазарот се наоѓаат продуктите на компанијата помага во добрата
детерминација тоа како да се подобри положбата меѓу консументите и да се
зголеми приходот.
7
Пример за тоа може да биде релоцирање во нови простории од 2000 м 2 до Март 2018
година.
Секако, среднорочните цела со текот на времето ќе се претворат во краткорочни цели и
треба да бидат разгледувани и надоградувани во тој контекст.
Долгорочните цели се обично поаспиративни по природа и тендираат да се поврзани
со период 5 години и повеќе. Често, за сопствениците и/или менаџерите овие цели
може да се спојат близу до нивните лични цели и животен/работен баланс.
Пример за ова може да биде продавање на бизнисот за 10 милиони долари пред
сопственикот/менаџерот да наполни 60 години.
2. Според значењето на целите, тие се делат на: Примарни и секундарни цели.
Всушност, постои хиерархија на целите, со серија на примарни и серија на
секундарни суборднинатни цели кои треба да се комбинираат за да се осигура
првично постигнување на примарните цели:
Примарните цели за еден бизнис се всушност финансиските цели за максимизација на
профитот и зголемување на богатството на акционерите. Профитот претставува
помали трошоци за остварување на приходи. Тој го мери создавањето на
вредноста, во смисол на врската на инпутите со аутпутите, а тоа значи цената на
инпутите (труд, материјали и финансии) да биде пониска од крајниот аутпут кој е
генериран приход. Профитот ги соединува трошочниот и приходниот перформанс
за целата организација. Врската меѓу профиотот и богатството на акционерите
може да биде максимизирана доколку профитот е заработен на прифатливо ниво
на ризик: фокусирање единствено на максимизирање на профитот и игнорирање
на ризикот може да води кон намалено богатство на акционерите и финансиски
колапс. Профитот е една од неколкуте мерки што може да бидат споредени ширум
организациите и тој не може да биде заработен по било која цена.
[437270849.doc]
8
Развојот на производот ги вклучува: новите производи, развојот на производниот
ранг, инвестирање во истражување и развој и обезбедување на квалитетни
производи на задоволително ценовно ниво;
[437270849.doc]
9
менаџмент секогаш кога треба да се донесе некаква одлука. Деловната политика е
водич развиен од организацијата. Таа ги дефинира границите во кои одлуките
мораат да бидат донесени. Деловната политика исто така се справува со
аквизицијата на ресурси со кои целите треба да бидат постигнати. Деловната
политика е студија на улоги и одговорности на врвниот менаџмент, значајните
проблеми што го засегаат успехот на организацијата и одлуките што ја засегаат
организацијата на долг рок.
Ефективната деловна политика треба ги има следните карактеристики: специфична
одреденост, јасност, униформност, соодветност, едноставност, целокупност,
флексибилност и стабилност.
Терминот „политика“ не треба да биде синоним на терминот „стратегија“. Разликата
меѓу политика и стратегија е содржана во тоа што:
1. Деловната политика претставува модел на организационите активности кои се
повторливи/рутински по својата природа. Стратегијата се занимава со оние
организациски одлуки кои досега не биле донесени претходно во истата форма.
2. Формулацијата на деловната политика е одговорност на врвниот менаџмент, а
формулацијата на стратегијата е обично одговорност на менаџерите од средно
ниво.
3. Деловната политика се занимава со рутински активности важни за ефикасно и
ефективно водење на организација, додека стратегијата се занимава со
стратегиски одлуки.
4. Деловната политика се занимава со мисловни активности, додека стратегијата
само со обични активности.
5. Деловната политика го дефинира она што треба да се прави и она што не треба
да се прави, додека стратегијата е методологија користена за да се постигне цел
препишана од политиката.
6. Со политиката се дефинираат целите, а со стратегијата начинот на нивно
остварување. Деловната стратегија е резултат на стратегиското планирање.
[437270849.doc]
4
Реченица кажана од Benjamin Franklin, често нарекуван татко на менаџментот.
10
Комплексноста на денешното окружување и неизвесноста во врска со иднината
придонесуваат многу менаџери да се фокусираат на повеќе на оперативни
проблеми и краткорочни резултати отколку на долгорони цели и планови. Како и
да е, планирањето генерално позитивно влијае на перформансите на
претпријатието.
Менаџерите често се наоѓаат себеси планирајќи ги сите видови на нешта. Затоа,
планирањето како една од најголемите функции на менаџментот му дава на
менаџерот можност да гледа напред во некоја идна организациска цел. Целите и
плановите им помагаат на вработените да се идентификуваат со организацијата и
да се мотивираат преку знаење што точно им се одредува и што треба да
постигнат. Организациската мисија опишува кои се причините за постоење на
организацијата и има влијание на вработените, овозможувајќи им да станат
посветени на организацијата бидејќи тие можат да се идентификуваат со нејзината
причина и намера за постоење.
11
Тактичките планови ги поддржуваат стратегиските планови преку нивна
конверзија во специфични планови релевантни за одделни области на
организацијата. Тактичките планови се однесуваат на одговорноста и
функционалноста на пониските департмани и нивно исполнување на деловите од
стратегискиот план. Обично, тактичките планови имаат пократок временски
хоризонт отколку стратегиските од над една година.
437270849.doc]
12
5. Организирање
Организирањето е функција на менаџментот која вклучува развивање на
организациона структура и алоцирање на човечки ресурси за да се осигура
исполнување на целите. Структурата на организацијата е рамката во чии граници се
координира трудот. Одлуките што се носат за структурата на една организација обично
се именуваат како организациони дизајнерски одлуки.
Организирањето исто така вклучува и дизајн на индивидуални работи во рамки на
организацијата. Организирањето на ниво на организација вклучува и одлуки за тоа како
најдобро да се поделат работите во департмани за трудот да се координира ефикасно.
Има многу различни начини за поделба, вклучување организирање по функција,
производ, географска зона или потрошувач. Многу големи организации користат разни
методи на департманизација.
Во последно време, многу организации пробуваат да најдат баланс меѓу потребата за
работна специјализација и потребата за работници со разновидна автономија. Многу
работни места сега се базираат врз принципот на моќ, збогатување на работното место
и тимска работа.
Организациската структура може да се смета како начин за создавање и уредување на
меѓусебниот однос на составните делови во една организација. Организациската
структура го определува урнекот во кој се дадени задачите, начинот на нивно
определување, системот на одговорности. Организациската структура дава податоци за
поделбата на работата, нивото на специјализација на работните активности,
организациската хиерархија, постојните врски. Групирањето на вработените и нивните
активности по сектори, овозможува поголема ефикасност во процесот на надгледување
на работата од страна на менаџерите. Од избраната организациска структура зависи
нејзината успешност
Својата организациска структура, претпријатието мора да ја дизајнира во согласност со
потребите на потрошувачите за подобро задоволување на нивните барања со одредени
производи и услуги. Затоа разбирањето на односите на производителите на производи
и/или услуги на претпријатијата со барањата на купувачите (т.е. потрошувачите) е битен
фактор за адаптирање на организациската структура воопшто и организацијата на
маркетингот како работни функции посебно.
[437270849.doc]
13
6. Деловно планирање и бизнис план на компанијата Адидас
Групацијата Адидас е една од глобалните лидери во инудстријата за спортски
добра, нудејќи широк ранг на производи. Со седиште во Германија, групата има повеќе
од 42.000 вработени и генерирала продажби од 10,4 билиони евра во 2009 година.
Врз основа на силните брендови на Групацијата, врвните производи, екстензивното
глобално присуство и посветеност на иновациите и потрошувачите, оваа
компанија има амбиции да го надмине целосниот пазарен развој (БДП и пазарот
на спортски добра) и да продолжи да расте побрзо. Додатно на тоа, компанијата
планира да постави темели за лидерство во индустријата за спортски добра преку
надминување на главниот конкурент во наредните 5 години. Компанијата
таргетира одреден годишен раст на заработката од 15% и сака да постигне
оперативна маргина од 11% одржливост.
Успехот на брендот за адидас значи успех за целокупната групација, така што тие ги
поставуваат нивните деловни цели јасно, базирани на силното и неспоредливо
портфолио на брендови.5 Тие сакаат да постигнат квалитетен и одржлив раст
преку градење на посакувани, лидерски брендови за перцепцијата на
потрошувачите и консументите. Во текот на наредните неколку години, тие ќе
ивестираат во брендот за да ги постигнат нивните амбиции кои се реалистични
цели. Извршниот директор е убеден дека стратегискиот бизнис план ќе ги води во
нова ера на успеси за компанијата.
Како дел од стратегискиот бизнис план, адидас и рибок земаат јасни позиции на
пазарот. Додека адидас е таргетиран како конкурентна спортска опрема во
дивизијата за спортски перформанси, основан врз иновација и технологија, рибок
ќе стане фитнес бренд за активни и секојдневни спортови.
Областите во рамките на адидас и рибок што се идентификуваат како клучни
доприносители за развојот на групацијата адидас вклучуваат: постигнување на
поголема продажба и пазарен удел, поделба на перформансите, проширување на
адидас во бизнисот на брзата мода преку NEO adidas, како и лидерство во
индустријата во полето на персонализација и меѓуактивност.
Овој стратегиски бизнис план е најсевкупен план што групацијата адидас некогаш го
објавила, инкорпорирајќи ги сите брендови и канали на продажба,
5
Herbert Hainer, извршен директор на Адидас.
14
[437270849.doc]
ЗАКЛУЧОК
Од изнесените факти во овој семинарски труд, заклучивме неколку релевантни
сознанија:
Секое претпријатие оперира во едно динамично и турбулентно опкружување
кое се карактеризира со висока неизвесност на условите на работење и голем
број на неочекувани промени. Затоа планирањето претставува процес кој
постојано се повторува и се приспособува на промените во окпружувањето.
Деловното планирање не е статичко туку тоа се приспособува на
променливите услови на работење. Денес, најважниот сегмент на деловното
планирање се промените, кои можат да се решат со плановите.
Како значајна карактеристика на плановите претставува нивната
приспособливост кон промените во опкружувањето, но за тоа не треба да се
доведе во прашање остварувањето на целите на претпријатието. Плановите
на едно едно претпријатие треба да ги опфатат сите активности на ниво на
организациони единици, сектори и претпријатието во целина и секоја акција
треба да се конкретизира по динамика, носители, време на започнување и крај.
Концептот на деловното планирање има свој долг еволутивен
развој. Тој минал низ многу фази.
Може да се истакнат повеќе карактеристики кои ја
сочинуваат природата на деловното планирање. Пред сѐ, тоа е
ментална активност на менаџерите, дејност со која тие
размислуваат за развој на претпријатието.
Деловното планирање во својот состав ја вклучува и
деловната политика на претпријатието.
15
[437270849.doc]
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:
1. http://www.marketing91.com/importance-of-planning/
2. http://smallbusiness.chron.com/business-planning-objectives-2543.html
3. http://smallbusiness.co.uk/moving-abroad-legal-issues-27627/
4. http://study.com/academy/lesson/types-of-planning-strategic-tactical-operational-
contingency-planning.html
5. http://www.adidas-group.com/en/media/news-archive/press-releases/2010/adidas-
group-presents-2015-strategic-business-plan/
6. http://www.global.adidas.com/
10. Richard L. Daft Vanderbilt, University, The New Era of Management International
Edition, Nashville, Tennessee, January 2006
16