You are on page 1of 14

Универзитет ,,Св.

Кирил и Методиј“
Стоматолошки факултет
Катедра за болести на устата и парадонт

Семинарска работа

Тема:
Клинични симптоми на фокални инфекции во организам
(продромален стадиум)

Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Силвана Георгиева Бобан Зафировски
Скопје,2019

Содржина
- Вовед стр.3
- Клинички симптоми на фокалните инфекции стр.6
- Заклучок стр.12
- Користена литература стр.14

2
Вовед

Оралната микробиологија е наука за микроорганизмите кои ја сочинуваат


микрофлората на усната празнина и интеракциите меѓу овие орални микрооганизми меѓу
самите себе и меѓу домаќинот човек или животно. Тие претставуваат итерес за микробниот
систем во усната празнина без разлика дали се нормални или патогени. Овој микробиот е
малку проучуван. Според научниците овие микроорганизми се јавуваат во слободна форма
или планктонска но некои особено престојуваат во колонии и организиран биофилм.
Благодарение на комплексните интеракции меѓу видовите кои ја колонизираат усната
празнина изменувајќи некои карактеристики, некои други пак споменуваат микробна
орална екологија.

Оралниот микробиот на бебето се збготува од неговото раѓање и ќе се развива со


појавата на забите кои ќе прифаќаат нови бактериски видови. Оралниот микробиот најпрво
се состои од бактерии кои развиле стратегија за отпорност и прифаќање на околината
дозволувајќи им да го модифицираат домаќинот во корист на микробот ( на пример забниот
кариес).

3
Тој е повеќе или помалку различен според возраста и индивидуите. Преку четкањето
на забите може да се направат негативни и позитивни модификации, внесување на алкохол,
исхраната, внесување на антибиотици.

1.Анаеробни бактерии кои во голем број се наоѓаат во усната празнина, се :

 Actinomyces

 Arachnia

 Bacteroides

 Bifidobacterium

 Eubacterium

 Fusobacterium

 Lactobacillus

 Leptotrichia

 Peptococcus

 Peptostreptococcus

 Propionibacterium

 Selenomonas

 Treponema

 Veillonella

4
2.Примери за габична микрофлора во усната празнина

Некои родови на микрогаби кои фреквентираат во усната празнина се:

 Candida

 Cladosporium

 Aspergillus

 Fusarium

 Glomus

 Alternaria

 Penicillium

 Cryptococcus

Оралните бактерии можат да се акумулираат врз или во тврдото и мекото непце на


усната празнина, речиси секогаш формирајќи биофилм бактериски или габичен, кој се
сомничи за создавање на феномени на антибиорезистенција. Феноменот на биохемиско
прикачување на бактериите од биофилмот има значење за бактериите во усната, особено
врз забите.1

1
-Белазалковска З, Георгиева С., Фокална Инфекција: фокалозис, Стоматолошки факултет, Скопје, 2008

5
Клинички симптоми на фокалните инфекции

Фокус е хронично воспалително жариште, ограничено од околните ткива, слабо


прокрвено и со слаба надворешна комуникација, а со присуство на организми со помала
вирулентност. Фокалното жариште е во состојба повремено да егзацербира (да се засили,
активира) и со своето штетно дејство да предизвика заболување на различни органи и
системи.

За да се формира фокус од некое воспалително жариште, мора да се исполнат


следните услови:

воспалението да има хроничен еволутивен тек


често е потребно да биде ограничено од околината, со што неговите штетни агенси ќе
бидат распространувани низ организмот по крвен или лимфен пат. ( Постојат и т.н.
„отворени жаришта“ како на пример длабоки пародонтални џебови кои се во некаква
комуникација со надворешната средина)
микроорганизмите да се слабо вирулентни (со слаба моќ да предизвикаат инфекција)
жариштето да е слабо прокрвено со што тие микроорганизми на некој начин се
заштитени од општото дејство на одбрамбените механизми на организмот
имунолошките сили на организмот да се на доволна висина со што не може да дојде до
акутно воспаление

За начинот на кој едно фокално жариште може да го изрази штетното дејство има
повеќе теории, кои за причинители ги земаат:

микроорганизмите од фокалното жариште


бактериските токсини (отрови) кои се создаваат во жариштето

6
изменетите реакции на нервниот систем, кои под дејство на фокалната инфекција имаат
пореметена функција

алергените супстанции кои се создаваат во фокусот. Овие супстанции го поттикнуваат


организмот на создавање на антитела кои реагираат со антигените, и во зависност од
местото на реакцијата антиген-антитело се јавува различно заболување, на различен орган
или систем во орагнизмот

Воспалителните промени поврзани со забите според некои истражувачи се


одговорни за 70% од сите фокални заболувања. Фокусите истотака можат да бидат
лоцирани и на други органи, како на пример во крајниците (т.н. тонзилогени фокуси),
носните синуси, матката, простатата и други органи.

Дентални фокални жаришта можат да бидат:

хронични пародонтални заболувања


цисти
депулпирани заби
импактирани заби (заби кои немаат можност да никнат поради недостаток на простор)
пародонтали џебови
заостанати грануломи

Како се манифестира фокалозата?

Активноста на примарното жариште е пратено со општи, неспецифични,


некарактеристични симптоми – замор, малаксаност, слабеење, главоболки, несоница,
поспаност, слабо покачена температура навечер. Овие општи симптоми им претходат на
главните симптоми , а тоа се симптомите на зафатениот орган.

Главните симптоми се различни и зависат од органот кој е зафатен:

7
зглобови (болки, пореметено движење) - артритис
срце (појава на шум на срце) - ендокардитис
бубрези (појава на протеини во урина) - нефритис
очи ( болки, солзење, црвенило) - иридоциклитис, невритис на очниот нерв

Која е терапијата на фокалните заболувања?

Кај вистинските фокуси, терапијата се состои во отстранување (хируршко) на фокалното


воспаление, и терапија на последиците од влијанието на фокусот на другите органи или
системи.

Зошто е важно знаењето за фокалните заболувања?

Потребата за поголеми знаења за овие заболувања кај пациентите е важна заради


потенцирањето на поврзаноста на здравјето на забите и ткивата на устата со општото
здравје. Иако современата стоматологија има се' подобри методи за третирање на
заболувањата во устата, не треба да се заборави дека болестите на забите и устата се болести
на целиот организам. Грижата за здравјето на забите и устата е воедно грижа и за целосното
здравје на организмот.

Парадонтологија е гранка на стоматологијата која се занимава со проучување и


лечење на потпорниот апарат на забот (парадонт), односно на забното месо, коските и
влакната кои го поврзуваат забот за коската. Во усната шуплина можеме да пронајдеме и
повеќе од 400 видови на бактерии, а за 20 врсти точно се знае дека се причинители на
болести на парадонтот.

Поради лошото одржување на оралната хигиена на забите останува плак. Него го


населуваат бактерии кои се причинители на парадонтот. Плакот во близина на забното месо
предизвикува воспален имунолошки одговор, а тоа резултира со уништување на
потпорното ткиво на местото на воспалението, па со тоа настануваат парадонтни џебови и
губиток на коски околу самиот заб. Забен камен е втор фактор кој придонесува за развој на

8
парадонтни болести. Забниот камен всушност е калцифициран забен план, тој самиот не
доведува до воспаление, но неговата порозна градба е погодна за населување на бактерии.2

Некои од бактериите кои се поврзани со парадонтните болести се Porphyromonas


gingivalis, Prevotella intermediae, Actinobacillus actinomycetemocomitans и Bacteroides
forsythus. Гингивитис е воспаление кое го опфаќа забното месо. Забното месо станува
ранливо, отечено, болно и лесно крвари при четкање. Гингивитис кој што не се лечи може
да премине во многу поозбилна состојба – парадонтитис.

Парадонтитис е честа болест – може да се појави во секој период од животот, иако


најчеста е кај личностите постари од 40 години и кај нив е водечки причинител за губиток
на забите. Знаејќи дека е причинет од бактерии и го опишуваат воспалителните и
имунолошките реакции, истражувањата го поврзуваат парадонтисот со многу системски
болести. Поради тоа потребно е да се реагира на време и да се спречи понатамошно
пропаѓање на парадонтното ткиво.

Иницијална терапија – вклучува отстранување на забниот камен и забните наслаги,


полирање на забните вратови и промена на лошите забни пломби, коронки, мостови и
слично. Во текот на парадонтолошката терапија една од најважните работи е соработката и
мотивираноста на пациентот за терапијата, бидејќи добрата орална хигиена е од пресудна
важност во текот на терапјата.

Пушење – силно влијае на терапијата за парадонтитис. Престанокот со пушење може


да ја врати нормалната парадонтална функција и да го забави губитокот на алвеоралната
коска. Пушачите имаат најголема шанса да добијат парадонтална болест бидејќи кај нив
најчесто се наоѓа голема количина плак и забен камен.

2
Димитровски В., Поповска-Спасовска М., Основи на оралната пропедевтика, 2002

9
Конзервативно или „нехируршко“ лечење е вториот дел од иницијалната терапија, а
вклучува затворено чистење на парадонталните џебови. Во ова лечење ги вбројуваме
чистење на површината на коренот од плак и забен камен, стругање на слоевите цемент на
површината на коренот кои содржат бактерии, полирање на коренот, киретажа на мекото
ткиво и „full money therapy“. Сите овие постапки се нарекуваат „затворена киретажа“
бидејќи се спроведуваат без отстранување на гингивите и без непосреден увид во џебот или
површината на коренот.

Ваквиот начин на терапија е сигурна и стандардна постапка за лечење на почетен


или умерен парадонтитис, а покажува добри резултати и поволно е за ткивото.
Нехируршкото лечење често е потпомогнато со антимикробната терапија или
антисептичката терапија на целата уста.

Халитозата или здивот се резултат на претерано размножување на бактерии во


усната шуплина, што може да биде резултат од незадоволителна орална хигиена. Стресот,
пушењето, рефлуксот на киселини и одредени прехрамбени производи можат
дополнително да ја влошат состојбата, а најчест виновник за лошиот здив се кариозните
заби, гингивитис и парадонтитис. Поради недоволната орална хигиена, која често ја
извршуваме по навика и на брзина, доаѓа до насобирање на плак и забен камен кои создаваат
идеална подлога за населување и размножување на многу видови бактерии. Гингивитисот
и парадонтитисот се сериозни проблеми кои исто така предизвикуваат појава на лош здив
и во тие случаи потребна е прилагодена терапија за секој пациент поединечно. Растворите
за плакнење или гумите за џвакање можат привремено да го решат овој проблем, или
подобро кажано – да го прекријат, но бактериите рапидно продолжуваат со своето штетно
влијание. Со редовните контроли кај стоматолог и стручно отстранување на забнниот
камен и плак како и одржување на оралната хигиена во домашни услови, овој проблем може
успешно да се реши.

Парадонтолошките хируршки постапки се дел од целината која ја нарекуваме


парадонтолошко лечење. Тие се забележуваат во втората, корективната фаза на лечење, по
постигнувањето на резултати со други обични терапии. Пациентот мора да биде мотивиран
за одржување на постигнатите резултати, а контролата на плакот мора да биде засилена.
Целта на парадонталните хируршки постапки е отстранување на инфицираниот џеб што не

10
можело да се постигне со други применети методи или антимикробни лекови, па
хируршките постапки ги користиме кај многу длабоки џебови, дефекти во внатрешноста
на коските и кога губитокот на коските и забното место се зафатени со поголеми површини
на корените.

Освен тоа, целта исто така е да се поправат дефектите на гингивата и коските за да


се олесни ефективната контрола на денталниот плак(посебно се мисли на просторите
помеѓу поединечни заби).3

Парадонтолошките хируршки постапки се дел од целината која ја нарекуваме


парадонтолошко лечење. Тие се забележуваат во втората, корективната фаза на лечење, по
постигнувањето на резултати со други обични терапии. Пациентот мора да биде мотивиран
за одржување на постигнатите резултати, а контролата на плакот мора да биде засилена.
Целта на парадонталните хируршки постапки е отстранување на инфицираниот џеб што не
можело да се постигне со други применети методи или антимикробни лекови, па
хируршките постапки ги користиме кај многу длабоки џебови, дефекти во внатрешноста
на коските и кога губитокот на коските и забното место се зафатени со поголеми површини
на корените. Освен тоа, целта исто така е да се поправат дефектите на гингивата и коските
за да се олесни ефективната контрола на денталниот плак(посебно се мисли на просторите
помеѓу поединечни заби).

3
Белазалковска З, Георгиева С., Фокална Инфекција: фокалозис, Стоматолошки факултет, Скопје, 2008

11
Заклучок

Оралното здравје е важно, како за општото здравје така и за квалитетот на животот.


Здравата орална средина го превенира гастроинтестиналното нарушување и придонесува за
благосостојбата на човековото тело. СЗО го дефинира како состојба каде ќе има отсуство
на орална или фацијална болка, отсуство на карцином, орална инфекција, рани,
периодонтална (гингивална) болест, кариес на заби, губиток на заби и други заболувања и
нарушувања кои го ограничуваат одгризувањето, џвакањето, смеењето, зборувањето и
психосоцијалната благосостојба. Добрата орална хигиена е важна за сите, но особено за
лица со гастроинтестинални заболувања. Гастроинтестинални заболувања се оние кои го
афектираат било кој дел од гастроинтестиналниот тракт, од устата па се до анусот. Најчести
гастроинтестинални заболувања се: езофагеален рефлукс, абдоминална хернија,
иритабилен цревен сидром, констипација, камења во жолчката итн. некои од
гастроинтестиналните заболувања имаат орална манифестација како што се: крвавење од
гингивата, пролиферациија на гингивата, абразија на заби, улцерација, болка итн. Тие имаат
потреба од специјална орална грижа и хигиена за да превенираат влошување на состојбата
(заболувања на заби или на гингивата). За да се превенира влошување и на главното
гастроинтестинално заболување и на оралната состојба потребно е комбинација од терапија
12
за гастроинтестиналното нарушување, но и одржување на орална хигиена. Стоматолозите
треба да советуваат одржувања на подобра орална хигиена со специјални меки четки за заби
со соодветна големина, со цел избегнување и на кариес на забите но и на гингивитис и на
периодонтално заболување.

Под поимот соодветна орална хигиена се подразбира одржување на оралната


средина правилно и тоа: четкање на забите 2 пати дневно со флуоридна паста за заби,
користење забен конец барем еднаш дневно, соодветна балансирана исхрана со намален
внес на грицки помеѓу оброците, користење на средства за одржување орална хигиена кои
содршат флуор, вклучувајќи паста за заби, користење антисептичка вода за плакнење на
уста 2 пати на ден, откажување од цигари итн.

Најважна навика за намалување на ризикот од влошување на состојбата е редовната


посета на стоматолог за контрола и професионално чистење на забите. Професионалното
чистење на забите треба да е најмалку 2 пати годишно. А редовните контролни прегледи
треба да се на секои 3 месеци за да се согледа состојбата на оралната средина и
дијагностицира напредокот на оралната манифестација на гастроинтестиналното
заболување. Ние препорачуваме одржување на оралното здравје со соодветна орална
хигиена во комбинација со соодветна терапија за гастроинтестиналното заболување, со цел
да се превенира влошување на систематското нарушување.

13
Користена литература

- Белазалковска З, Георгиева С., Фокална Инфекција: фокалозис, Стоматолошки


факултет, Скопје, 2008
- Димитровски В., Поповска-Спасовска М., Основи на оралната пропедевтика, 2002
- Dragoljub Đajić, Parodontologija i tzv., "fokalna infekcija“, Draslar partner, 2006

14

You might also like