You are on page 1of 1

Домашна работа

Импресионизам
Андреј Ристиќ 1-3

1. Импресионизмот го добил името според уметнички критичари кои ја


критикувала сликата на Клод Моне “ soleil levant”- “ Импресија, изгрев
на Сонце”. Првиот критичар Луи Лерој изведбата кадешто била сликата
на Клод ја нарекол “Изведба на импресионисти” – во негативна
конотација, а подоцна друг критичар рекол дека е жива и целосна, а не
само импресија. Од тогаш зборот импресионизам останал во употреба
за нов правец во уметноста.

2. Бил сметан за шокантен бидејќи биле користени светли и “ живи” бои


проследени со светлина ( одрази од вода, прозори итн.), дури и сенките
не биле само црни , сиви или кафени.

3. Делата биле одбивани бидејќи биле експериментални, “вулгарни” со


силни бои и го претставувале животот и природата, а не се раководеле
спроед античката култура од Грција и Рим ( која била сметана за главно
поле на изучување од страна на академијата) – митологијата и
фасцинантните борби биле изучувани и барани, што било спротивно од
тоа што правеле импресионистите. Затоа импресионистите се здружиле
и одржале своја изложба во поранешно студио, кадешто биле слободни
и ги прикажале своите дела.

4. Користеле многу светлина и посветли пигменти во сликите што


довело до зголемување на светлината, форматот бил намален за да се
види животот и да нема центар, туку различни агли кои ја покажуваат
реалноста.

5. Изразот “en plein air” значи дека делата биле сликани во природата
наместо во студијата.

6. Фотографијата укажала на нов начин на создавање слики –


небалансирани, блиц композиции кои покажувале обични луѓе правејќи
обични работи

7. Берте Морисо и Мери Касат.

You might also like