You are on page 1of 1

Реализмот и карактеристики

Правецот реализам се појавува во услови на целосен напредок на науката, во триесеттите години


од XIX век. Најпрво, реализмот се појавува во Франција, но набрзо се раширува и во другите
европски земји.

Особености на реализмот

1. Главната особеност на раздобјето на реализмот е одразување на животната


стварност, но не како буквално фотокопирање, туку како обопштување (од повеќе
слични ситуации или личности се прави избор и се создава еден, односно се
обопштува)
2. во реализмот се анализира, се критикува и се бара разрешување
3. создавање типични карактери во типична средина (типизирање – обопштување;
од особините на повеќе татковци се создава лик на типичен татко) е особина на
реализмот;
4. расказот и романот се најпогодни форми на израз за овој правец.
Подвидови реализам

1. Класичен – ја прикажува вистинската слика на капиталистичкото општество


2. Натурализам – опишување на мрачната страна на човекот (Емил Зола)
3. Демократски (критички) – преку критика ги откриваат негативните страни на
општеството
4. Социјалистички (Максим Горки)
5. Психолошки реализам (Достоевски).
Претставници на реализмот се:

 Анри Бел (Стендал), Оноре де Балзак, Емил Зола, Ги де Мопасан, Густав Флобер од
Франција;
 Чарлс Дикенс од Англија;
 Лав Николаевич Толстој, Николај Василевич Гогољ, Фјодор Михаилович
Достоевски од Русија;
 Џек Лондон од САД.

You might also like