You are on page 1of 1

ООУ “Даме Груев” – Куклиш

Мислење

Од Благородна Јанева професор по географија во ООУ “Даме Груев” – Куклиш ментор на Блажо
Јанев во ООУ “Кирил и Методи”- Дабиље

Oд соработката и честите меѓусебни контакти со Блажо Јанев, како ментор и приправник може да
канстатирам дека станува збор за една позитивна и темпераментна личност, искрена и секогаш
спремна да помогне секому.
Во текот на работењето, Блажо Јанев, одговорно и редовно ги извршува своите задачи.
Неговиот час е успешно организиран бидејќи ги применува сите фази од наставниот час. Сметам
дека умее да создаде позитивна атмосфера во паралелката. Користејќи современи наставни
методи и форми, ја потикнува љубопитноста и активноста на учениците создавајќи им навики и
умеење за практична примена на знаењето.
Има авторитет кај учениците , но не стекнат со строгост, туку со благ и пријатен однос кон
учениците, со своите знаења од областа на географијата,објективноста и доследноста.
Се грижи учениците да научат, ги охрабрува и им помага да ја засакат географијата, умее да ги
сослуша, секогаш смирен и е уреден.
Теоретските знаења од областа на законско-нормативната регулатива во основното образование
ги усвои до степен што обезбедува успешно користење во наставата. Моја канстатација е дека
Блажо Јанев е успешно оспособен за самостојно реализирање во наставата ие подготвен за
успешно полагање на стручен испит.

Струмица Ментор

_____________________________

Благородна Јанева

Учебна година 2017/2018

You might also like