You are on page 1of 4

Волфганг Амадеус Моцарт

В. А.Моцарт, австриски композитор ( Салзбург 1756 – Виена 1791)

Од седумте деца родени во фамилијата Моцарт, само Мариа Ана Нанер и Волфганг
Амадеус успеале да останат живи. Леополд Моцарт бил човек со длабоки познавања од
литературата, медицината; човек кој зборувал неколку странски јазици, одличен учител.
Студирал филозофија и право, но неговата предиспозиција за музика победува и со неа си
обезбедува место како капелмајстор во катедралата во Салзбург.

Кон крајот на 1759 година на Леополд му станува јасно дека неговиот син е музички
“vunderkind”, па така следните неколку години тој ќе го придружува Волфганг на турнеите во
Холандија, Швајцарија а покасно во Италија. На патот кон Парис во 1778 година , Моцарт бил
придружуван од страна на неговата мајка, бидејќи неговиот татко бил приморан да остане во
Салзбург. Резултатот од ова патување може да се резимира на следниот начин:после
притигнувањето во Парис неговата мајка умира, а тој не успева да најде ангажман. Но треба да
се каже дека овој неуспех на Волфганг во Парис, помеѓу другото, се должи и на нешта што
биле надвор од негова контрола, како на пример, филистерскиот карактер на француските
музичари и публика.

Моцарт заминал од Салзбург како младич со огромен талент, со извонредни


композиции што го предскажувале неговиот талент, како што е импозантната “Хафнер
Серенада”, со масивни симфониски ставови, модерниот Концерт за пијано бр.9 во Еs-dur, како
и неколку впечатливи црковни композиции, Виенските квартети напишани под влијание на
новиот инструментален стил на Јозеф Хајдн, Симфонијата бр. 25 во g-moll, Симфонијата бр.29
во A-dur, Концертот за фагот во B-dur, Серенадата во D-dur, Сонатите за пијано, операта
“Ќерката на градинарот”, Сонатата за пијано бр.6, петте Концерти за виолина и оркестар,
Концертите за пијано бр.6 и бр.8, три Миси итн. Кога се вратил во Салзбург, за време од две
години (1779 – 1780) создал еден нов и посебен музички јазик, со кој се изразувал во многу
музички форми. Во моцартовиот каталог од овој период се запишани дела со единствена и
посебна убавина: Мисата “Крунисување” во C-dur – најпопуларното дело на Моцарт од овој
жарн, Симфонијата бр.32 која продолжува со увертирата во G-dur која е полна со блескавост,
нежни чувства и носталгија, Симфонијата бр.33 во B-dur - која е напишана во традиционален
австриски стил на камерните симфонии, каде што во оркестрацијата фалат трубите и
тимпаните, Симфонијата бр34 во C-dur - компонирана во тоналитет кој ја асоцира моќта на
духот и времето. Помеѓу 1779 и 1780 година Моцарт ја завршува финалната верзија за едно
сценско дело. Станува збор за драмската музика за Thamos , Konig in Agupten “. Додека
инструменталните и хордките делови делуваат магично на духот, постои и еден дел кој што
ужаснува. Овој свет на “демони”, кој што е илустриран во една оркестарска нумера која се
изведува по четвртиот чин, многу брзо ќе стане светот на операта “Идоменео”. На крајот на
летото од 1780 година, Моцарт примил од страна на принцот Карл Теодор порачка за една
серија на опери по подов карневалот во Минхен. Тоа бил оригиналот на операта Идоменео,
изведена за прв пат во јануари 1781 година. За оваа прилика, композиторот требало да патува
за Минхен. Заминал во ноември 1780 година, а го напуштил градот во март 1781 година по
наредба да се сретне со Колердо – набискуп од Виена, каде Моцарт работел како
концертмајстор на новосоздадениот оркестар. Во мај и јуни настанале различни инциденти
кои што ги разнишале веќе тензичните односи помеѓу газдата и вработениот. Тогаш Моцарт
дефинитивно ја напуштил работата, преферирајќи да остане во Виена како независен музичар.
Кај вдовицата Вебер каде што се сместил, се наоѓала помалата сестра на Алојзија (сопран во
Царската опера во Виена и првата љубов на Моцарт), Констанца. Неговата душа не закаснила
да се разгори за Констанца, па така на 4 август 1782 година ќе ја земе за жена.

Првиот голем интернационален успех на Моцарт од неговиот прв виенски период ќе


биде одбележан преку операта “Грабнување од сарајот” германска опера порачана од
императорот Јозеф Втори. Оваа опера е голем придонес за виенскиот “singspiel”.Треба да се
потенцира дека во оваа опера Моцарт покажува дека во операта е потребно поезијата да и
биде слуга на музиката. Во неа музиката комплетно доминира, додека зборовите се напишани
само за музичките идеи на композиторот. Римата е избегната затоа што према мислењето на
Моцарт “мизерната рима не помага абсолутно со ништо за театарската презентација, туку баш
напротив пречи”. “Грабнувањето од сарајот” триумфирала низ цела Европа, секаде каде што се
зборувал гермаскиот јазик.

Во 1782 Моцарт почнал да се движи во куќата на баритонот Ван Свиетен во Виена,


личност која спротивно на сите свои современици бил пасиониран од Бах и Хендел. Токму за
овој период, во почетокот на 1782 година, хронолошки се повезуваат делата како што се
“Прелудиум и фуга за пијано во c-moll” додека во декември бил завршен “Квартетот за жичани
инструменти во G-dur” првиот од шесте посветени на Хајдн. До нивното завршување,
поминале повеќе од 2 години од животот на Моцарт во кои се создадени повеќе големи
дела:”Серенада во c-moll”,” Симфонија бр.35 –Хафнер”,” Концертите за пијано бр.11,12 и 13”,
“Миса во c-moll” , “Симфонија бр.36” , “Фуга за две пијана”, “Концертите за пијано бр.
14,15,16,17,18 и 19”, “Соната за пијано и виолина”, “Соната за пијано бр.14”

Моцарт се смета за револуционер во компонирањето на серенадата за дувачи. Една од


првите серенади која се смета за најуспешна е Серенадата во B-dur за 13 инструменти. Во оваа
серенада како и во другите важни Серенади во Es-dur и c-moll, Моцарт покажува дека веќе го
асимилирал јазикот и загосподарил со специфичните проблеми во компонирањето на
музиката за дувачки инструменти. Но, најхрабрата музика за дувачки инструменти се појавува
во концертите за пијано. Токму овој аспект на оркестрација е еден од најзначителните
иновации во концертите за пијано. Во најспектакуларните примери, наоѓаме цели минијатурни
серенади за дувачки инструменти, како што е на пример бавниот дел на Концертот бр.22 каде
пијаното и жичаните инструменти имаат пауза од цели 28 такта, оставајќи ги дувачките
инструменти да манипулираат со вниманието на слушателите.

Моцарт работел на “Свадбата на Фигаро”, кога на почетокот на 1786 година од страна


на Јозеф Втори примил порачка за еден зингшпил во еден чин тн. “Директорот на театарот”.
Скоро после три месеци покасно, на 1-ви мај во “Burgtheater” била одржана премиерата на
“Свадбата на Фигаро”. Релативно добро примена, прикажана 9 пати во Виена во 1786 година,
ова ремекдело следната година била прикажана во Прага, со многу поголем успех. Исто така
за Прага е напишана и безвремената „Дон Џовани“.

Едновремена со „Дон Џовани“ е и познатата „Kleine Nachtmusik“ (Мала серенада) која


се наоѓа во каталогот на композиторот. Во 1786 година, Моцарт им го понудил на меломаните
од Прага првото преслушување на монументалната своја Симфонија бр. 38, која ја маркира
кулминацијата на симфониската уметност, не само за периодот пред Бетовен, туку и една
кулминација на сите времиња.

Во 1789 Моцарт влегува во најтешкиот период од својот живот. За него, како и за


сите„чесни луѓе“ од времето на завршетокот на 18 век, воопшто не се разговарало за
експонирање на приватните проблеми во јавност. Така се објаснува како тој ја компонира
операта „Така прават сите“, полна со свежина, нежност и чии трагични аспекти никогаш не ни
биле презентирани на виолентен начин.

Во 1791 година Моцарт напишал толку ремек дела како да му биле дадени нови и
неискористени сили. „Концертот за пијано и оркестар“, „Квинтетот за жичани инструменти во
B-dur“, „Аve Verum“, „Волшебната флејта“, Концертот за флејта“, „Реквиемот“ (незавршен) кој
што преставува биланс на неговата последна етапа, на моцартовото креатоско патување по
патот на убавината и вистината.

На крајот на овој капитол би сакала да се концентрирам на карактерот на Моцарт


анализиран од страна на еминентниот доктор Питер Дејвис. Тој направил научна анализа за
личноста на Моцарт искажувајќи дека има веродостојни докази за неговата предиспозиција
кон депресија. Овие манијако-депресивни скриени удари почнале од адолесцентниот период,
каде се забележани хронични промени на расположението и кои се присутни додека неговата
смрт. Хипоманијалното расположение траело цели денови и месеци, и многу пати биле
измешани или заменети со депресивни периоди. Оваа нерамнотежа засадена многу длабоко
во личноста Моцарт ни дава единствено објаснување за серија комплетно депресивни дела
компонирани во молски тоналитети. Ако нешто можело да му донесе олеснување, тоа било
„терапијата на компонирање“ на овие тажни дела. Ова е селекција на дела копонирани во
молски тоналитети во период од 10 години:

1782 – Серенада во c-moll за дувачки инструменти


– Квартет во d-moll
– Фуга во c-moll за кларинет
1783 – Миса во c-moll
1784 – Соната за пијано во c-moll
1785 – Концерт за пијано бр.20 во d-moll
– Фантазија запијано во c-moll
– Квартет за пијано во g-moll
- Масонска музика за погреб во c-moll

1786 - Концерт за пијано бр.24 во c-moll

1787 - Рондо за пијано во a-moll

- Квинтет во g-moll

- Квинтет во g-moll

1788 - Адаџо за пијано во c-moll

- Адаџо и фуга за жичани инструменти во b-moll


- Симфонија бр.40 во g-moll

1791 - Реквием во d-moll

И покрај тоа што е добро позната констатацијата дека трагедијата не е задолжително


поврзана за молските тоналитети, како и тоа дека Моцарт многу често е копнежлив и остар и
во дурски тоналитети, посебно во бавните делови, сепак овој голем избор на дела напишани
во молски тоналитети од виенскиот период, треба да се третираат како дела што содржат
многу поголема димензија во експресијата. Во овие дела Моцарт ја декларира
најпроблематичната, најалармантната и може да се каже најопасната музика.

You might also like